Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде на учесниците и гостите, истакнувајќи дека фестивалот претставува ...
Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда. ...
Селекторот на аргентинска репрезентација Лионел Скалони го објави списокот со 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој се најдоа 17 играчи со кои ја освои титулата на Мундијалот 2022 во Катар. Аргентинците во одбрана на титулата ќе ги предводи 38-годишниот Лионел Меси, за кого Мундијалот од 11 јуни во 19 јули во САД, Мексико и Канада ќе биде вкупно шести во кариерата. Меси е рекордер според бројот на одиграни мундијалски ...
Холандија воведува значително построги правила за службените автомобили кои не се целосно електрични од 2027 година. Новата такса ќе се применува на новопотпишаните договори за лизинг за возила со мотори со внатрешно согорување, како и хибриди, а целта на владата е дополнително да го забрза преминот кон мобилност на батерии. Од 1 јануари 2027 година, работодавците ќе мора да плаќаат дополнителна месечна такса на даночните власти за вакви ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави дека од ноќеска нуклеарната централа Запорожје привремено останала без надворешно напојување, што е 16-ти пат од почетокот на воениот конфликт во Украина. МААЕ во објава на Икс соопшти дека дизел генераторите за итни случаи автоматски се вклучиле за да обезбедат напојување на клучните безбедносни системи за време на едночасовниот прекин на електричната енергија, по што ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, се вели во соопштението од Левица. Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува ...
Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. -Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како ...
Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од ...
Пет филма беа наградени на затворањето на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој вчеравечер ги прогласи добитниците во категориите за долгометражни и краткометражни остварувања. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, наградата „Златен був“ од стручното жири ја доби филмот „Месечината ми е татко“ на грузискиот режисер Гиорги Овашвили, кој беше истакнат за неговата уметничка способност „тишината да ја претвори во јазик, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема ...
Високиот суд на Кенија привремено го запре планот на САД за поставување карантински центар во Кенија за луѓе изложени на вирусот ебола. Судијката на Високиот суд, Патриша Њаунди, во наредба издадена доцна синоќа, пресуди дека до завршувањето на судската постапка со која се оспорува договорот со САД, Кенија не смее да прифаќа луѓе кои биле изложени на ебола или заразени со болеста. Белата куќа објави дека САД воспоставуваат карантински центар ...
Еднодневниот штрајк свикан од неколку синдикати предизвика прекини во делови од Италија во петокот, влијаејќи на железницата, училиштата и болниците. Јавниот превоз во Милано работеше ограничено, бидејќи градовите низ целата земја се подготвуваа за протести. Синдикатите го свикаа штрајкот за да го зголемат притисокот врз десничарската коалициска влада на премиерката Џорџа Мелони. Нивните барања вклучуваат повисоки плати, надомест за ...
Францускиот производител на гуми „Мишелин“ ќе намали 1.500 од своите 17.000 работни места во Франција во следните три години. Одлуката за намалување на персоналот е донесена поради зголемувањето на трошоците за енергија и производство воопшто, како и „еден од најлошите даночни притисоци во индустријализираните земји“. Како што објасни компанијата, според француската новинска агенција АФП, две третини од планираните намалувања на работните ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „државен интерес на Унгарија“, објави истражувачкиот портал „ВиСквер“, повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според порталот, Груевски и понатаму престојува во Унгарија, а добивањето државјанство значително ја отежнува можноста за негова екстрадиција во Северна Македонија. Унгарскиот ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите – оценува претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласувајќи дека токму „послушноста“ во минатото довела до „разнишана правна држава и недоверба кај граѓаните“, додека денешната „нервоза“ кај политичките структури е показател дека Судот излегол од компромисноста и си ја врши работата. Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на ...
Светот е повеќе фокусиран на долговечноста од кога било досега. Иако многу се зборува за додатоци во исхраната, ладни бањи и други трендови, научниците истакнуваат дека основните навики на живот сè уште прават најголема разлика. Тие вклучуваат правилна исхрана, редовно вежбање и квалитетен сон. Хроничниот недостиг од сон е една од најчестите навики што може да го забрза стареењето. „Хроничното лишување од сон ја нарушува способноста на телото ...
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита ...
СДСМ обвини дека министерката за финансии Гордана Кочовска избегнала јавна дебата за состојбата на државниот буџет и јавниот долг, откако претходно самата ги повикала на средба.Од партијата велат дека веднаш ја прифатиле поканата, но побарале разговорот да се одржи јавно, пред камерите и пред граѓаните, за да се презентираат фактите и бројките поврзани со државните финансии. „Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, ...
По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната во женската Суперлига, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК официјално беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за заслуженото прво место во домашниот шампионат. Медалите на шампионскиот тим ги додели координатор на женската Суперлига, Силвана Карбеска, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски. ...
Белгија воведува построги правила за возачите и патниците: Ако едно лице во автомобилот не носи сигурносен појас, сите во возилото би можеле да ја платат казната. Иако носењето сигурносен појас е една од основните мерки за безбедност во сообраќајот, многу возачи и патници сè уште го сфаќаат тоа лесно. Ова особено важи за патниците на задните седишта, меѓу кои сè уште постои навика да возат без сигурносен појас. Во случај на судир, таквото ...
Побарувачката за енергија од центрите за податоци во Ирска додаде стотици евра на сметките за електрична енергија во домаќинствата, шема што би можела да се повтори низ цела Европа, открива нов извештај. Растечкиот број на центри за податоци во Ирска потрошил 22% од електричната енергија на земјата минатата година, повеќе од сите урбани домаќинства заедно, според Централниот завод за статистика. За споредба, САД и Велика Британија користат ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен. Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко ...
Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ дал наредба на израелската армија да ја заземе контролата врз 70% од Појасот Газа, потег што се заканува да го торпедира веќе кревкиот прекин на огнот и да создаде катастрофални хуманитарни услови на веќе опустошената територија. Според прекинот на огнот, посредуван од САД, во октомври, израелската армија се повлече до линијата на демаркација, што му даде на Израел директна контрола врз 53% од окупираната ...
Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...
Додека Владимир Путин зборува за „хибридна војна“ со колективниот Запад и ги обвинува западните држави за „сатанизам“, неговите помали деца се обучуваат од околу дваесет странски наставници и дадилки од Велика Британија, Германија, Австрија и Ирска, откри истражувачкиот проект „Система“. Новинарите добиле пристап до кореспонденција, фотографии, договори, банкарски извештаи и внатрешни документи поврзани со ангажирањето на персонал за децата ...
Кошаркарите на Сан Антонио израмнија на 3-3 во победи против Оклахома во финалната серија во Западната конференција од плејофот во НБА лигата, со убедлив триумф од 118-91 на домашен терен во шестиот натпревар, по што патникот во финалето ќе го даде седмиот натпревар што ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела во Оклахома Сити. Сан Антонио до победата го предводеше француски центар Виктор Вембањама, кој за 28 минути на паркетот постигна 28 ...