Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја – соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб. Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од вчера, а во неговото сузбивање се вклучени локалните пожарникари, ...

БИТОЛА – Пелагониските земјоделци, производители на жито се незадоволни од откупната цена на пченицата која се движи од 10 до 9,5 денари за килограм и бараат од државата доплата од 5 денари по килограм, средства од Интервентниот фонд. Здрженијата на земјопделци се со став дека оваа година жетвата поминала со катастрофално ниски цени кои не им ги покриваат трошоците за производство на лебното жито. На средбата во Прилеп што се одржа синоќа, ...

Сараево – Актерката Сара Климоска, годинава, членка на жирито во главната програма, синоќа, во бел необичен ансамбл и одличниот англиски јазик, блескаше на отворањето на 32. Сараево филм фестивал, кој со црвениот килим наликуваше на Холивуд. Жирито на натпреварувачката програма – долгометражен филм на најпрестижниот филмски фестивал во регионот го предводи актерката Емили Вотсон (претседател), два пати номинирана за Оскар, а покрај Климоска ...

Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, ...

Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута. Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми. Марокански безбедносни извори ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш порано ...

Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни метри, а вредноста на проектот изнесува 19.410.970 денари. Министерката им ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција. Таа посочи дека прво било најавувано дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август, а сега, под притисок на јавноста, ...

Франција, Германија и Велика Британија работат на создавање свој преговарачки формат за решавање на украинскиот конфликт, стравувајќи дека ќе бидат исклучени од процесот од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на европски претставници. Европските дипломати развиваат формат за идните разговори што би им дал приоритет на европските земји. Париз и Берлин играат водечка улога ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...

Универзитетот Харвард е на првото место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Во најновото рангирање за 2026 година се анализирани повеќе од 2.500 институции, и е објавена и листа на 1.000 најдобри универзитети во светот. На прво место и оваа година е Универзитетот Харвард, по него следуваат Стенфорд, Масачусетски институт за технологија (МИТ), Кембриџ и Беркли. На листата на 10 најдобри светски универзитети се наоѓаат и ...

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...

Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за ...

Триесет и второто издание на Сараевскиот филмски фестивал беше свечено отворено синоќа во главниот град на БиХ. Во наредната недела, од 14 до 21 август, Сараево ќе биде домаќин на бројни филмски работници, актери, продуценти и љубители на филмот. Ѕвезден сјај на црвениот тепих Фестивалската атмосфера се чувствуваше на секој чекор, особено пред Националниот театар, каде што црвениот тепих беше преполн. Бројни гости, филмски професионалци и ...

Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 часот, по што во 21:30 часот ...

Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната ...

Од 9:00 часот утрово во Претор почнува инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, наменета за лица со и без попреченост, љубители на природата и рекреативци што сакаат да го доживеат Преспанскиот регион на поинаков и пристапен начин. Од Претор учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата е предвиден заеднички пикник, дружење и можност учесниците да разменат искуства во ...

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...

Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската област Гранада, објави „Паис“. Земјотресот е почувствуван ...

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година, претставува една од најзначајните пресуди во последните години во областа на образованието, верските слободи и родителските права. Станува збор за случај во кој родители го тужат училишниот округ Монтгомери во сојузната држава Мериленд, поради неможност нивните деца од прво до петто одделение да бидат изземени од наставни ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. ...

Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...

Четириесет од германските компании кои го сочинуваат берзанскиот DAX индекс објавија рекордна оперативна добивка во вториот квартал, а воедно намалија повеќе од 40.000 работни места, според студијата на консултантската фирма EY објавена во петокот. Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) се зголеми за речиси 16% на 52,6 милијарди евра (60,7 милијарди долари), околу 7 милијарди евра повеќе од претходната година и 10% над ...

Моќен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија рано во саботата, при што загинаа најмалку пет лица, предизвикувајќи масовна паника и уривање згради и домови во регион склон кон смртоносни земјотреси. Властите издадоа предупредување за цунами, кое оттогаш е укинато, но имаше десетици последователни потреси, вклучувајќи еден со јачина од 6,1 степени. Цунами бранови помали од еден метар беа регистрирани во неколку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по поразот на Иран, ќе го прогласи Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Тој ја изговори реченицата со насмевка, со тон што остави впечаток дека се шегува. „Откако ќе завршиме со победата над Иран, кој претрпе тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп за време на митингот одржан во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75