Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени ...

Во изненадувачки силен настап, десничарскиот аутсајдер Абелардо де ла Есприела ќе се соочи со левичарскиот кандидат сенаторot Иван Сепеда во вториот круг од изборите во јуни за да се одлучи за претседателството на Колумбија, поставувајќи ја сцената за битка за политичката иднина на земјата и насоката на нејзините односи со клучните меѓународни партнери, вклучувајќи ги и САД. Со повеќе од 99% од преброените гласови во првиот круг од ...

Управата за јавни приходи ја заврши обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои роковите за поднесување истекоа во март 2026 година. Анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, раст на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка, што укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 ...

Најмалку пет лица загинаа, 20 се повредени, а тројца се исчезнати во експлозија на бомба од Втората светска војна во Папуа, Индонезија, која уништи девет куќи и предизвика огнена топка. Во страшна несреќа што се случи во индонезиско село во источниот регион на Папуа, најмалку пет лица загинаа, додека 20 беа повредени. Полицијата се сомнева дека причина за несреќата е активирање на експлозивна направа останата од Втората светска војна. Силна ...

Бензинските пумпи во окупираниот Крим наводно престанале да продаваат ваучери за гориво на граѓаните, додека на станиците се формираат долги редици. Услугата за продажба на ваучери останува достапна само според постојните договори, според локалните извештаи што вчера ги објави каналот Севастопол Телеграм, пишува НВ. Во меѓувреме, каналот Кримски ветер Телеграм објави видео на кое се гледаат редици од десетици возила чии возачи се обидуваат да ...

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...

Отворен е конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2026. Годинава приоритетен вид е поезијата и опфаќа поетски преводни дела (поезија за возрасни и деца, драми во стих, итн.) објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година. Конкурсот е отворен до 1 јули 2026 година Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се ...

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денеска објави дека извршил одмазднички напади врз воздухопловната база што САД ја користеле за да започнат воен напад врз телекомуникациска кула на југот на Иран, објавија денеска иранските медиуми. Во соопштението се наведува дека иранските воздухопловни сили ја погодиле и уништиле воздухопловната база од која „агресивната американска армија“ започнала напад врз телекомуникациска ...

Европските разузнавачки агенции го реконструираа системот што го користеше Москва во последните години за дестабилизација на континентот – сеопфатна хибридна кампања што ги комбинира најевтините и најскапите методи на субверзија со цел да се поткопа западната поддршка за Украина и да се наруши европската кохезија. Обемот на кампањата го потврди и Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW), која објави дека спровела повеќе ...

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред македонското Собрание организа изведба на социјален танц театар подготвен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар по повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето. Местото на настанот е избрано поради тоа што е место на носење одлуки, со цел да се упати јасна порака дека заштитата на децата од насилство, нивната безбедност и благосостојба мора да бидат врвен ...

Општина Чаир официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија. ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11.јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите. На прес конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, член на Друштво на писателите на Македонија и претседател на Македонско научно друштво, со поддршка на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претстави македонската поезија на „Свето слово“ во Бургас, соопштија од македонскиот КИЦ во Софија. Со својот поетски настап, се наведува во соопштението на КИЦ – Софија, таа не само што го претстави сопственото творештво, туку достојно го пренесе ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на брз договор меѓу Вашингтон и Техеран, велејќи дека „ништо не ја оправдува актуелната ескалација во јужен Либан“. Макрон напиша на Икс дека имал телефонски разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед и египетскиот претседател, Абдел Фатах ел-Сиси, за ситуацијата на ...

Граѓаните на Македонија ќе платат милиони за најголемата прослава на независноста. Помпезно ќе се одбележува 35 годишнината од самостојноста на државата. Ќе гостуваат светски sвезди, веќе е најавен голем спектакл. Досега се познати настапите на оперската мега sвезда Хозе Карерас, светскиот диџеј Давид Гета и 120 домашни изведувачи, за публиката сѐ е „бесплатно“. Ќе се плати од државната каса која ја полнат граѓаните, а ги троши власта. Ќе има ...

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. Американската ...

Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност. ...

Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите од овој факултет. -Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја важноста на ...

Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат вечер, а настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца, Оливера Николова, се одржува на Меѓународниот ден на детето, кој во светски рамки се ...

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на нејзината земја, јави ДПА. „Ние не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја“, им рече Шајнбаум на поддржувачите синоќа на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа. Претседателката рече дека агенција на Министерството за правда на САД побарала апсење на 10 Мексиканци заради нивна ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...

По повод 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства, во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата. Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, со присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, ...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски. Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка. Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе ...

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани синоќа во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). Охриѓани ја слават историската победа, а најголема благодарност искажуваат на ...

Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.07
36%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
53%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.37
40%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.56
45%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.91
37%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
55%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
5.36
57%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.4
38%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
44%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.71
54%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 17ᴼ
8.68
77%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Калај

53.60