Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор повторно го отвори прашањето дали во текот на вооружениот конфликт во 2001 година постоел план за етничка поделба на Македонија и колку далеку стигнале разговорите за него, анализира „Цивил“. Темата ја отворија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски на панел-дискусијата организирана од ДУИ на 13 август во Скопје, по повод 25 години ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи ја опозицијата за ширење, како што велат, дезинформации и создавање паника кај граѓаните во врска со безбедноста на водата за пиење. „СДС изгуби компас, не знае каде тера, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата го обвинува Филипче дека додека тој, според нив, престојува во ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи. -Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради ...
„Фероинвест“ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност. Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат таму е детектиран случај. Има ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од одмор, обвинувајќи го дека наместо конкретни резултати, повторно понудил низа изјави и обвинувања кон опозицијата, земјоделците и други чинители. Од партијата иронично го нарекоа неговото патување „научно-образовна екскурзија“, посочувајќи дека Мицкоски, според нив, се претставува како експерт за економија, туризам, авиосообраќај, технологија, ...
Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години. Не е првпат, а сигурно ниту последен. Едноставно во прашање се здравствените проблеми. Имам проблеми особено кога влажноста е голема и со висока температура. ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Тропската бура „Лала“ прерасна во ураган од прва категорија додека се приближува кон Големиот Остров на Хаваи, соопштија американските метеоролошки служби. Максималната постојана брзина на ветерот достигна 120 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Претходно, мерна станица во близина на Саут Поинт регистрирала постојан ветер со брзина од 66 километри на час и налети до 102 километри на час. Ураганот носи силни ...
Кандидатите коишто ќе се борат за претседателската номинација на Демократската партија на САД во 2028 година ќе мора уште на самиот почеток да се докажат во сојузните држави каде што Афроамериканците, Латиноамериканците и членовите на синдикатите се клучни гласачки групи, покажува календарот за внатрепартиските избори одобрен од партијата. Новиот распоред ја отстранува Ајова од традиционалното прво место и на чело ја поставува Јужна Каролина, ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар. Автобусот паднал во канал и се превртел рано наутро во недела во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави ...
Каролин Ливит, 28, ја напушта својата напорна работа како прес-секретарка на Доналд Трамп за да помине повеќе време со своите две мали деца и нејзиниот 60-годишен сопруг. Според објавата на Трумп, Ливит ќе ја напушти својата улога на крајот од месецот и ќе служи како еден од „врвните надворешни советници“ на Трамп. Со други зборови: официјалната верзија на настаните е дека Ливит поднесува оставка под свои услови од семејни причини, а не затоа ...
Недостатокот на пресретнувачки ракети за системите Патриот ја става Украина во тешка зима со висок ризик за критичната инфраструктура, предупредува Џек Ватлинг, виш истражувач по применета воена наука во Кралскиот институт за обединети служби во Лондон (RUSI). Според Ватлинг, ефикасноста на воздушната и ракетната одбрана на Украина се урна како резултат на исцрпувањето на залихите на ракети Патриот. Уделот на успешно пресретнати руски ракети ...
Руските сили започнаа ракетен напад врз Киев во раните утрински часови, предизвикувајќи пожари во најмалку две населби во украинскиот главен град, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко објави преку апликацијата за пораки Телеграм дека паѓачките остатоци од ракетата предизвикале пожар во дел од северните предградија што не е наменет за домување. Неколку автомобили беа изгорени, а друг пожар избувна во област јужно од центарот на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, ...
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини од својата програма – музичка џез-вечер со британскиот состав „Kiiōtō“ и театарската претстава „Уна“ од Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Во рамки на џез-програмата ќе настапи „Kiiōtō“, музичкиот проект на наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс, позната и како членка на британскиот бенд „Лемб“. На сцената со нив ќе биде и ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП ...
Разликите во искуството на меѓународното патување низ светот се огромни – додека во Шведска и Холандија речиси секој возрасен патувал во странство барем еднаш, во Индија тоа го направиле само три проценти од испитаниците. Според податоците од Истражувачкиот центар Пју, визуелизирани од Visual Capitalist, повеќе од 99 отсто од возрасните анкетирани во Шведска и Холандија посочиле дека патувале надвор од нивната земја, ставајќи ги овие две ...
Претседателот Доналд Трамп верува дека Александра Окасио-Кортез ќе се кандидира за претседател, но во исто време ја вклучи меѓу левичарските политичари кои, како што тврди, сега се откажуваат од своите претходни радикални ставови бидејќи стануваат политички товар, пишува Њујорк пост. На прашањето дали Окасио-Кортез ќе се кандидира, Трамп во петокот за Фокс њуз за време на посетата на Лонг Ајленд изјави: „Мислам дека ќе се кандидира“. Неговите ...
Германскиот пливач Јоханес Либман е новиот светски и европски рекордер на 1.500 метри слободно откако попладнево на Европското првенство во Париз го собори рекордот на Американецот Боби Финки за 3.88 секунди поставен на Олимписките игри во Париз. Тој на убедлив начин стигна до златниот медал откако во текот на целата трка беше лидер и постигна време 14:26.79 минути. Среброто му припадна на Жалан Саркањи од Унгарија, а бронзата на Оливер ...
Во заднина на тековната руска инвазија на соседна Украина, Полска традиционално го одбележа Денот на вооружените сили во саботата со парада на војници и ултрамодерна воена опрема која се протега на неколку километри. Околу 2.000 војници маршираа низ центарот на Варшава, објави новинската агенција ПАП. Изложени се и бројни видови воени возила и воена опрема, меѓу кои и модерни јужнокорејски тенкови К2 Блек Пантер, од кои 180 беа купени од Сеул ...
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и Турција“. Претходно овој месец украинскиот ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Видео од хотелска соба со поглед директно кон теренот на Етихад стана вирално на социјалните мрежи. „Хотелска соба во стадионот на Манчестер Сити. Ова е лудо“, гласи насловот на објавата на EuroFoot на X, која прикажува една од новите соби создадени како дел од големата реконструкција на домот на Манчестер Сити. Видеото е автентично. Станува збор за новиот хотел Radisson Blu Medlock, кој е директно поврзан со Етихад. Специјалитет на хотелот ...
Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна Суматра, на оддалеченост од 126 ...
Основачот на списанието „Плејбој“, Хју Хефнер, повеќепати го контактирал Федералното истражно биро (ФБИ) поради обвинувања за сексуални злосторства против финансиерот Џефри Епстин, но федералните власти не реагирале на неговите предупредувања, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на материјали од судска постапка. Според судските документи, Хефнер го контактирал ФБИ во 2005 година, откако манекенката на „Плејбој“, Одра Лин Кристијансен, му ...
Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку ...