Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. -Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. Ова е место во кое ќе има сигурност, грижа, разбирање и човечка топлина. Место во кое секој ...

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или ...

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.08.2026 година (вторник), во текот на денот ќе изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Градот Скопје ги ...

Леонардо Дикаприо и Виторија Черети продолжуваат да уживаат во европското лето, но токму најновото излегување на италијанската манекенка на Ибица предизвика љубопитност откако таа беше фотографирана како излегува од ресторан на плажа држејќи се за рака со шпанскиот моден креативец Марк Форне. Двојката беше видена како вечера со пријатели во Ел Чирингито во Ес Кавалет, Ибица, на 10 август, заедно со актерот Лукас Хас и актерката Лаура ...

Лос Анџелес – Никол Кидман во новата насловна сторија за британскиот „Вог“ изјави дека постојано била предупредувана да не се омажи за Том Круз бидејќи тоа може огромно да влијае на нејзината кариера. Двете ѕвезди од А-листата се запознале во 1989 година за време на продукцијата на филмот „Денови на грмотевици“ на Тони Скот, што го означи дебито на Кидман во Холивуд. Дуото се венчало една година подоцна и останало заедно 10 години. Кидман го ...

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, беше организирана експертска посета од страна на суб. спец. д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во ...

Македонија стави два противпожарни авиона на располагање на Европската Унија за справување со шумските пожари, со што земјата активно се вклучува во заедничкиот европски систем за цивилна заштита. Двата македонски авиона се дел од заедничката воздушна флота која во текот на летната сезона ќе биде ставена во функција според потребите на европските држави. Леталата ќе можат да бидат ангажирани во земји каде што пожарите ќе ги надминат ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница. Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во ...

Торонто – Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Мастерсот 1000 одигран во Торонто. Таа во финалето ја победи Елена Рибакина со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Шесткратната Гренд слем победничка одигра одличен турнир што треба да и донесе самодоверба пред УС опен. Проблем за Рибакина можеби беше тоа што таа три часа повеќе мина на теренот до финалето во однос на нејзината ривалка. Со титулата во Канада, осмата светска тенисерка Швјонтек ...

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 проценти зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 ...

Услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Според објавената мапа, појасот од Маврово, преку тетово, Скопје, до Крива Паланка е мирен, но сите други области се во ризик од невреме. Вчера, источниот дел на иакедонија, до крајниот југ беше зафатена со повремени дождови и некаде невреме. Така, во Кочани од силниот дожд, од шафтите извираше вода, а во Штип, ...

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, после три града и илјадници посетители, на 16 август пристигнува во Крушево на плато Гумење. „Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од ...

Москва – Минатата ноќ била една од најстудените во Москва од почетокот на летото, со температура што се спуштила до 9,7 степени Целзиусови, соопшти Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“. „Со делумно облачно небо и студени воздушни маси што продолжија да се движат кон централниот дел на европска Русија, ноќта во руската престолнина беше една од најстудените од почетокот на летото“, напиша Леус на својот канал на ...

Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета. Силните ветрови и екстремните температури дополнително ја отежнуваат битката на противпожарните екипи на терен. Најдраматично изминатото деноноќие беше во Хрватска, каде што беа вложени надчовечки напори и бројни противпожарни ...

Вашингтон – Одборот на Центарот Кенеди гласаше за додавање на името на американскиот претседател Доналд Трамп на фасадата на објектот за сценски уметности во Вашингтон, два месеци откако судија нареди негово отстранување. Членовите на одборот, од кои многумина се сојузници на Трамп, гласаа за додавање на „Реставрирано и реновирано од претседателот Доналд Џ. Трамп“ на формалното име на центарот во четврток, според демократската конгресменка ...

Мадрид – Според досегашните податоци од здравствените служби, немало сериозни здравствени последици директно поврзани со затемнувањето, додека конечните податоци од Канарските Острови сè уште се чекаат, објавува „Индепендент“. Здравствените власти процениле дека граѓаните генерално ги следеле препораките и правилно користеле заштитни очила. Најголем број интервенции е забележан во Каталонија, каде што здравствените служби им пружиле помош на ...

СДСМ се потсмева со „успесите“ на актуелната влада, како последниот – ранг листата на највалкани градови во Европа на која Скопје е на второ место. -Покрај тоа што сме „трета економија во Европа“, покрај тоа што сме „први по туризам“, покрај тоа што сме „лидери во авиосообраќајот“ и покрај тоа што аеродромот е „најбрзорастечки“, и покрај тоа што платите најбрзо ни „растеле“…Повторно сме втори на европската – црна листа. Овојпат по ѓубре. ...

Брисел– Одењето на одмор во време на сериозна политичка или социјална криза може да се покаже како многу ризично за европските лидери, особено за оние кои веќе се соочуваат со пад на популарноста, оценува „Политико“. Весникот наведува дека дури и кога државните институции имаат разработени механизми за реагирање на кризни ситуации, отсуството на врвни функционери може да остави впечаток кај јавноста за рамнодушност, политичка нечувствителност ...

Истанбул на 23 август ќе биде домаќин на Трката во пливање преку Босфор, која се одржува по 38. пат и е единствениот меѓуконтинентален натпревар во пливање на отворени води во светот. На патеката долга околу 6,5 километри, од Канлиџа на азискиот до Куручешме на европскиот брег, ќе се натпреваруваат 2.500 локални и меѓународни пливачи од 78 земји и пет континенти. Призната од Светската асоцијација за пливање на отворени води како „Најдобар ...

Монтреал – Во американското финале на Мастерсот во Монтреал Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6(4)) го совлада Брендон Накашима. Ова за него е втор освоен Мастерс 1000 и вкупно седма титула во кариерата. Ова беше прво американско финале на Мастерс 1000 по Синсинати 2003 година. – Да се игра на начинот на кој играв оваа недела е навистина добро. Особено е добро е што не изгубив ниту еден сет, мислам дека тоа многу зборува за трудот што го ...

Пет фитнесзони се планирани на територија на Општина Аеродром, а прв таква зона доби паркот „Патрик“. Поставена е првата од вкупно пет нови фитнес зони планирани за оваа година, во паркот „Патрик“. Во следниот период продолжуваме со поставување фитнес зони и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче“, порачаа од Општина Аеродром. Но, од фотографиите во прилог, се гледа дека околу партерот на игралиштето тревата е пожолтена, ...

Бургас – Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман ...

Рига – Борбени авиони од Мисијата на НАТО за воздушно патролирање рано утринава собориле дрон што навлегол во воздушниот простор на Летонија, соопштија летонските вооружени сили на социјалната мрежа „Икс“. Летонската армија соопшти и дека е укината тревога што претходно била прогласена во делови од земјата во близина на границата со Русија. Финска, исто така членка на ЕУ и НАТО и земја која дели граница со Русија, привремено воведе ...

Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството велат дека, во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. МНРиНТ повторно апелира до македонските државјани ...

Политичките партии во државава, што секојдневно бомбардираат со десетици соопштенија и ја користат секоја тема за да го фокусираат вниманието на јавноста кај што ним им одговара, никако да изгубат инспирација. Уште повеќе, почнаа да се надминуваат себеси, а по денешното драмски сработено соопштение – може и Вилијам Шекспир да им позавиди. Во него има и драма, и поезија, и заплет, и расплет, само релевантна информација не. „СДС закажа ...

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за откривање службени тајни во врска со нападот на активистите во Ново Село. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село, а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР.Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ...

ВЛЕН тврди дека обвнинението за Артан Груби ги зоврело страстите во ДУИ. „Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. Приказни за мали деца“, велат од Влен. Според нив, ДУИ веќе не можат да ја контролираат ситуацијата. „Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу ...

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ што се наоѓа во Тихиот Океан, се упатил кон Блискиот Исток по информациите за проблеми поврзани со менталното здравје на екипажот и снабдувањето на долго ангажираниот носач „Абрахам Линколн“. „Линколн“ е распореден на Блискиот Исток од јануари, каде во рамки на американските операции против Иран е на море повеќе од 240 дена. Продолжената мисија предизвика загриженост во Конгресот поради наводни ...

Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп побара да се исечат две стари дрвја за децата да не се лизнеле од лисјата, открива Зелена народна стража. Едниот од двата јавора е веќе исечен, а граѓаните не дозволуваат да се исече и вториот. „Директорката овој чин го смета за нешто убаво и дава бесмислени аргументи за негово отстранување. Доколку сте загрижени за здравјето на децата, тогаш фокусот треба да ви е на раззеленување на училиштето ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07