
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Пожарот во Кочани денеска ја зеде 62-та жртва. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено - медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, информираа надлежните на прес-конференцијата што се одржа попладнево во Министерството за здравство. Професор Андријан Карталов, раководител на КАРИЛ, појасни ...
Реваншот од четвртфиналето против Интер (2:2) беше последен за напаѓачот на Баерн Томас Милер во Лигата на шампионите како играч на клубот од Минхен. По последниот судиски свиреж, 35-годишниот Германец се прости од навивачите на тимот кои присуствуваа на гостувањето во Милано. На почетокот на април се дозна дека Баерн нема да му го обнови договорот на Милер кој истекува ова лето. Фудбалерот помина 25 години во клубот. Милер одигра 163 ...
На ниво на држава, пријавени се 283 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот, за време на 15. недела од 2025 година, односно од 7 до 13 април. Тоа претставува 11,3 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 15. недела од минатата сезона, е зголемен за 95,2 отсто, а во споредба со бројот за 15. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од ...
Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање биле изречени 517 платни налози, а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци. Според статистичките бројки, соопштија денеска од МВР, се изречени 103 прекршоци по основ на ...
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи имал повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар - основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди - директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи - извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и ...
Зоран Заев поседува златна виза во Дубаи, но ја повикуваме неговата верна сенка и чувар на лидерското столче во СДС, Венко Филипче, да објасни дали тој поседува иста таква виза. Со оглед на тоа што ова е документ кој се добива со инвестиција, која е од неколку милиони, прашањето е колку милиони однесе во Дубаи Венко Филипче? Дали тоа е ќарот од ковид кризата, и криминалот направен во тоа време? СДС да одговори прецизно, дали Филипче има златна ...
СДС со години ја туркаше тезата дека ако Македонија го смени Уставот и ги внесе Бугарите, нема да има нови барања од Бугарија, тоа сега испука како меур од сапуница и се покажа како најголема лага. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на наивноста и лековерноста на СДС, но и нивната криминогена матрица да прифатат се само за ден повеќе власт. За сега 2 години потоа, бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, да упати официјална порака дека ...
„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“. На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година. Ова признание претставува особена чест за нас и уште една ...
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска во Софија учествуваше на форумот „ЕУ го среќава Балканот“, во организација на Атлантскиот клуб од Бугарија и АЛДЕ групацијата од Европскиот парламент, соопшти Демократскиот сојуз. Во дебатата со министри и заменици министри за надворешни работи или за Европа на земјите од Западен Балкан, Романија и Турција, заменик министерот Димитровски истакнал дека ...
Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица. Од Министерството за здравство попладнево информираа дека согласно информации од Воено - медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година. - Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, ...
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Алкалоид в недела го очекува нов европски предизвик, првиот натпревар од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Противник на Алкалоид ќе биде норвешки Рунар Сандефјорд. Тренерот на тимот од Автокоманда, Кирил Лазаров очекува тежок меч против незгоден противник. - Во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плејофот. Доста го анализиравме ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по повод денешниот руски напад врз градот Дњепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва. „Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Треба да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите можности. ...
Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска пристигна во Москва, каде ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин и двајцата ќе разговараат за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, пренесе руска новинска агенција. Катар направи неколку обиди да посредува меѓу Киев и Москва и помогна да се вратат децата од двете страни, одвоени од нивните родители за време на војната. Претходно оваа недела, Русија и Катар објавија ...
Речиси 800 жалби се поднесени против резултатите од германските избори на 23 февруари, објави парламентот, јави ДПА. Повеќе од половина од овие приговори, околу 430, се однесуваат на проблеми поврзани со гласањето на Германците кои живеат во странство. Граѓанското здружение „Повеќе демократија“ го критикуваше скратувањето на роковите за испраќање поштенски пратки, тврдејќи дека многу гласачки ливчиња од странство веројатно не стигнале на време. ...
Околу 68.000 работни места во Италија може да бидат укинати поради царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска италијанската Парламентарна буџетска канцеларија. Како што јави италијанската новинска агенција АНСА, канцеларијата предупреди дека на целата италијанска економија може да се соочи со негативни последици поради овие трговски мерки. Најпогодени сектори би биле фармацијата, рударството, автомобилската ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток. „Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин. Додаде дека во билатералните односи е изградена ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика. Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни ...
За 24 правни лица за кои е констатирана неправилност и во законските определени рокови не постапиле денеска доставивме списи до Секторот за урбанизам при Општина Струмица со насоки за постапување. Компаниите кои не постапиле според констатираните забелешки на инспекторите го губат правото да добиваат одобрение за користење јавна површина, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот, Костадин Костадинов. Тој им се заблагодари на сите ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил работна средба со претседателството на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која бил детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година. На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити ја истакнал важноста на ...
Велигденска креативна работилница денеска беше организирана во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград каде деца изработуваа велигденски честитки и украсуваа велигденски јајца што ќе бидат подарени на секое од лицата кои се лекуваат од пожарот во Кочани во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. На креативната работилница учествуваа десетина деца од претшколска и школска возраст под менторство на м-р Ирена Ѓукиќ. Тие ...
Вечер во Битола со концерт на францускиот уметник Лорент Колондри, почнува 8. издание на интернационалниот Џез фактори фестивал. Колондри е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката, добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници, информираа прганизаторите на фестивалот. -Ние почнавме во 2011 година и ако изброиме се повеќе од 14 години, со работилниците Jazz Factory for ...
Во рамки на урбаниот ден на Општина Ѓорче Петров, завршени се градежни активности за комплетна реконструкција на дел од најстарите и најоштетени улици во населба Дексион. Се работи за улици кои повеќе од пет децении немале ниту еден обемен зафат на санација. Во текот на изминатиот период, во оваа населба се реконструирани: ул. Црногорска 2 – во должина од 600 метри и површина од 2.000 м² ул. Љубин – 150 метри / 900 м² ул. Александар Македонски ...
Ве информираме дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе ...
Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 1.1 % во февруари 2025 година во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2025 година во однос на февруари 2024, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4 %, додека опаѓање има кај Капитални производи за 4.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.7 % и Нетрајни ...
Вкупните депозити на годишно ниво во март бележат раст од 12,7%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, се зголемени за 12,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Во март 2025 година, паричната маса забележа месечен раст од 0,6%, во најголем дел ...
На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179 661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 737 ученици ја завршиле годината, соопшти Државниот завод за статистика. На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181 311, што претставува намалување за 0.5 % во однос на претходната учебна година. Во истата учебна година основно образование ...
Државниот буџет доминантен извор за финансисрање на изборните кампањи за Претседателските избори 2024 година. Од вкупните приходи на седумте кандидати за претседател во износ од 461.470 илјади денари, 354.257 илјади денари се обезбедни од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. -Учесниците во изборна кампања за претседателските избори во најголем дел обезбедија почитување на ...
Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, ја пофали важноста на тренерот Микел Артета за „топчиите“. Арсенал синоќа го победи Реал Мадрид со 2:1 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и со вкупни 5:1 избори пласман во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување. -Имаме целосна доверба во нашиот тренер Микел Артета. Тој е неверојатен. Знаевме дека ќе го победиме Реал Мадрид, напиша Рајс на неговата страница на ...
Поранешен Формула 1 возач Хуан Пабло Монтоја верува дека Макс Верстапен ќе го напушти Ред Бул во блиска иднина доколку тимот не ја подобри ситуацијата. Истовремено, Монтоја смета дека поради влошувањето на резултатите, Верстапен веќе потенцијално ќе загуби пари со менување на тимови во однос на актуелниот договор со Ред Бул. -Да бев на местото на Макс, ќе бев загрижен за ситуацијата. Пред само шест месеци, тој можеше да побара од кој било тим ...
Во март годинава цените на јајцата во Европската Унија во просек беа за 6,7 отсто повисоки во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат во пресрет на Велигденските празници. Според податоците на Евростат, минатиот месец на годишно ниво јајцата најмногу поскапеле во Чешка и тоа за 46 отсто, по што следуваат Словачка со 29,8 и Унгарија со 26,1 проценти. Спротивно на ова, цените на јајцата споредено ...