Со мечевите од 10. коло стартуваше пролетната полусезона во Трета лига – Јузапад, а првата пролетна рунда донесе промени во врвот со тоа што сега Влазними е осамен на врвот, а пак Караорман заврши од прво на трето место, тоа го искористи Славеј од Мешеишта кој е втор. Но, разликата не е многу голема, бидејќи само три бодови е разликата од прво до трето место. Влазними од Струга е со отворени амбиции за бараж за Втора лига и сака влез во ...

Екипата на Овче Поле од Свети Николе го презеде врвот на табелата во Трета лига – Исток со 31 бод на своето конто, два повеќе од непоразената Победа Валандово која сега е втора, но „калинкарите“ имаат два меча помалку од „овчарите“. Ударник е трет со 26 бодови, со тоа што има меч помалку од лидерот Овче Поле, а пак има меч повеќе од тимот од Валандово. Откажувањето на Рудар и Светлост од натпреварување направи доста „компликации“, по три ...