Охрид, 21. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Alok ги здружи силите со Khalid на новиот сингл „Dive Into Me“, соработка што ја спојува електронската музика со современ R&B елемент и го потврдува нивното значајно меѓународно партнерство. „Dive Into Me“ се издвојува по својата продукција, каде препознатливиoт dance ритaм на Alok се среќава со топлиот и експресивен глас на Khalid. Резултатот е песна што ги балансира мелодијата и ритамот, создавајќи ...
Охрид, 21. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Таа е американска пејачка, композитор и актерка, родена во Детроит, Мичиген. Нејзиното име е Melissa Viviane Jefferson, ја знаеме како Lizzo, а најновиот сингл со кој го врти вниманието на светската музичка јавност врз себе е „Don’t Make Me Love U“, песна која доаѓа со специјално музичко видео за кое веќе се дискутира. Во визуелниот дел од песната, таа се соочува со постара верзија од себе, поточно со Lizzo ...
Охрид, 20. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот британски изведувач Peter Gabriel го објави Dark-Side миксот на „What Lies Ahead“, како трет официјален сингл од неговиот претстоен албум насловен „o\i“ – проект кој треба да биде комплетно завршен во текот на 2026 година, со посебни изданија кои ќе бидат објавувани секој месец. Песната „What Lies Ahead“, првично беше објавена на 3 март, за време на „Worm Moon“, како дел од неговиот оригинален ...
Охрид, 20. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во време кога не стивнува дебатата за тоа кој е најдобриот рапер на сите времиња, Nas постојано нè потсетува зошто неговото име е редовно на самиот врв. Заедно со легендарниот Dj Premier, тој го претстави новиот проект кој како да ги поврзува минатото и сегашноста, одржувајќи ја автентичната hip-hop естетика жива и релевантна. Нивниот нов музички спот за песната „GiT Ready“, од заедничкиот албум ...
Охрид, 20. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Take That ја претставија новата песна „You’re A Superstar“, која беше дел од одјавната шпица на нивната неодамнешна документарна серија од три дела на Netflix. Бендот сакаше да им понуди неочекувано, но пријатно изненадување на своите обожаватели, поврзувајќи ја својата музика со телевизискиот наратив. Поп-триото, составено од Gary Barlow, Howard Donald и Mark Owen, ја искористи „You’re A Superstar“ како ...
Охрид, 22. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Vanessa Paradis го објави синглот „Les Initiales Des Anges“, кој е дел од нејзиниот последен албум „Le retour des beaux jours“, кој беше издаден во октомври 2025 година. – Песната е за сеќавањето, љубовта и желбата за враќање на идеално, речиси „магично“ место. Референците за Лос Анџелес и „иницијалите на ангелите“ функционираат како поетски симболи на љубовта што останува неизбришлива со текот на времето, ...
Охрид, 22. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Lorine Zineb Nora Talhaoui, професионално позната како Loreen, покрај Johnny Logan е единствениот артист и првата жена на која и’ успеало да победи на изборот за песна на Евровизија два пати. Таа беше најдобра во 2012 и 2023 година со песните „Euphoria“ и „Tattoo“. Loreen најавува нов креативен период со нејзиниот нов сингл „Coming Close“, кој е најава за претстојниот албум „Wildfire“. Песната означува ...
Охрид, 22. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – По една деценија, Alessia Cara се враќа со својот нов албум насловен „Love or Lack Thereof“, проект кој за неа служи како своевидна уметничка рефлексија, повторно претставувајќи дел од нејзините најголеми хитови пред публиката, но сега на поинаков и позрел звучен начин и пристап. Песни како „Here“ и „Scars to Your Beautiful“ добиваат нов живот преку влијанија од џез и соул, истакнувајќи ја нејзината музичка ...
Охрид, 23. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Германската ѕвезда Leony ги здружи силите со мултиплатинскиот британски хитмејкер Calum Scott на нивниот прв заеднички сингл насловен „Stay“. Соединувајќи едни од најистакнатите европски вокали, оваа песна нуди динамичен и енергичен поп момент исполнет со мелодична топлина и огромна, позитивна енергија. Со милијарди стримови и светски хитови зад нив, Leony и Calum Scott ја комбинираат харизмата и емоциите во ...
Охрид, 24. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со кариера што трае повеќе од пет децении, Barry Manilow останува една од најзначајните фигури во модерната музика и човек кој продаде повеќе од 85 милиони албуми ширум светот, има 52 Топ 40 синглови, од кои 13 го достигнаа врвот – и со статус број 1 за современ уметник за возрасни на сите времиња на Billboard. Тој го најавува својот прв студиски албум по 15 години „What A Time“, кој треба да излезе на 5 ...
Охрид, 24. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната Bonnie Tyler се враќа со сосема нова песна, потврдувајќи го уште еднаш своето безвременско присуство на музичката сцена. „Only Love“ беше официјално издадена неодамна, во саботата, на 21 март 2026 година. Песната е продуцирана од David Mackay и Patrick Schmiderer, кои за неа создадоа модерна, но емотивно набиена песна. Bonnie Tyler, родена како Gaynor Sullivan (родена Hopkins) на 8 јуни 1951 ...
Охрид, 24. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Dead Can Dance се враќаат со нов сингл, претставувајќи ја „Our Day Will Come“, песна со силен политички и симболичен карактер што поврзува два народи преку концептот на солидарност и споделено историско искуство. „Our Day Will Come“ е јасна референца на ирското мото „Tiocfaidh ár lá“, кое ја изразува безвременската желба на ирскиот народ за единство и независност од каква било форма на странска доминација. ...

