Европската комисија може да даде мислење за усогласеност на содржината на некој документ со законодавството на ЕУ, вклучително и за Договорот за соработка во областа на туризмот и изградбата на недвижности што Црна Гора го потпиша со Обединетите Арапски Емирати, изјави денеска портпаролот на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие. Ваквата изјава на Мерсие претставуваше одговор на новинарско прашање дали ...

Европската комисијата денеска предложи прва листа на безбедни земји на потекло на ниво на ЕУ, што ќе овозможи забрзување на имплементацијата на одредени аспекти на Пактот за миграција и азил и ќе им помогне на членките на Унијата побрзо и поефикасно да ги обработуваат барањата за азил, соопшти денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт. - Комисијата предлага да се изработи првата листа ...

Со 153 гласа „за“ и 46 „против' српскиот Парламент денеск аја избра нопвата влада што ќе ја предводи Ѓуро Мацут, јави дописникот на МИА од Белград. На гласањето не беа присутни 51 пратеник. За новата Влада на Србија гласаа членовите на владејачката коалиција од листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да застане“, Социјалистичката партија на Србија, Обединета Србија, ПУПС, Социјалдемократската партија на Србија и Сојузот на војводинските ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф од денеска до 18 април ќе го посетат Париз за да разговараат со своите европски партнери за прекин на војната на Русија против Украина, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент. Преговорите што ги иницираше американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот меѓу завојуваните страни досега не дадоа никаков ...

Украина денеска ја обвини Русија дека извршила повеќе од 30 напади врз нејзината енергетска инфраструктура откако двете земји се договорија во март привремено да ги прекинат нападите врз овие објекти, пренесуваат светските агенции. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георгиј Тихи изјави дека Русија во изминатите 24 часа ги нападнала енергетските капацитети во градовите Херсон и Николаев на југот на земјата, како и во ...

Финска денеска соопшти дека нејзината граница со Русија ќе остане затворена до натамошно известување. Финска ги затвори своите копнени граници со Русија на крајот на 2023 година, по порастот на пристигнувања на мигранти од земји како Сирија и Сомалија. Според финските власти, Москва ја користи миграцијата како оружје против оваа нордиска земја како одмазда за нејзиниот пристап во НАТО, тврдење кое Кремљ го негираше. „И натаму постои висок ризик ...

Саудиската управа за контрола на недозволени супстанции, во соработка со локалната Агенција за даночна и царинска контрола, спречи обид за шверц на 147 килограми метамфетамин скриен во контејнери во пристаништето Џеда, објави саудиска новинска агенција. Властите ги уапсија примателите на пратката, кои се тројца државјани на Пакистан и еден државјанин на Саудиска Арабија. Органите за безбедност на Саудиска Арабија ја повикаа јавноста да пријави ...

Украина и САД постигнаа „значаен напредок“ во преговорите за договорот за ретки минерали и ќе потпишат соодветен меморандум во блиска иднина, рече првиот заменик-премиер и министер за економија на Украина, Јулија Свириденко. Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го склучи билатералниот договор за ретки минерали како дел од неговите обиди да го запре конфликтот во Украина. Трамп гледа на таквиот договор како средство за враќање на ...

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави дека ќе поднесе тужба поради царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го доведува во прашање овластувањето на Трамп да воведе царини од 10 отсто за сите стоки увезени во САД. Калифорнија ќе побара од судот веднаш да ги блокира сите царини, пренесуваат агенциите. Њусом рече дека царините предизвикуваат хаос меѓу жителите на Калифорнија и ги загрозуваат нивните ...

Во просториите на Викимедија МКД во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера се одржа официјалното доделување на наградите и сертификатите за најуспешните учесници од уредувачкиот натпревар „Запознајте ја Словенија“. Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер ги врачи наградите и сертификатите на петтемина најуспешни уредувачи. Добитниците на награди се Емилија Добрева, Горазд Војнески, Михаил Милевски од СУГС Гимназија „Јосип ...

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец. -Како континуирани промотори на принципите на општествена и корпоративна одговорност, трите институции ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ЈП Службен весник на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство насочено кон подобрување на пристапот до правни информации и унапредување на информирањето во јавен интерес. Како што информираат од ЗНМ, преку соработката членовите на ЗНМ ќе добијат бесплатен пристап до сите релевантни закони, подзаконски акти и правни документи преку мобилната ...

Актерот на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски е добитник на наградата за најдобра споредна машка улога на четвртото издание на Театарскиот фестивал „5РЕ” во Велес. Наградата ја доби за улогата на Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“ во продукција на Драмски театар Скопје. -Наградата за најдобра споредна машка улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски и во образложението на ...

Македонскиот народен театар по регионалната турнеја веднаш продолжи со својата динамична програма. Вчера на IV Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ настапи со актуелната претстава „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Како што соопштија денеска од МНТ, во согласност со едногласната одлука на жири-комисијата, во состав на Александар ...

НУ Гостиварски театар ја започна новата сезона со подготовки на две претстави. Денес на првата проба се собра актерската екипа која ќе ја игра комедијата „Манијак“. Гостиварски театар започна со реализација на програмата за оваа година, информираше директорот на установата, Сулејман Рушити на конферција за новинарите. Планот за оваа година е да се подготват пет претстави од кои една за деца. Во процес на подготовки веќе е претставата ...

Иако првпат во кариерата настапува во Лигата на шампиони, 29-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Серху Гираси, сезонава е најдобар стрелец во елитното европско клупско натпреварување со 13 голови. Зад него се ѕвезди како Рафиња, Роберт Левандовски (Барселона), Хари Кејн (Баерн), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе (Реал Мадрид). Репрезентативецот на Гвинеја ја потврди својата голгетерска форма во вторникот во ...

Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, објави повик за пријавување филмови. Од ИФФК „Браќа Манаки“ соопштуваат дека јавниот повик ќе биде отворен до 27 јуни до кога филмските работници со свои проекти може да обезбедат учество на 46 издание на фестивалот и да конкурираат за главните или почесните награди на фестивалот. Како што е ...

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и ...

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад - од 64 проценти - е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 пристигнувања ...

Од 1 мај ќе важи 50 отсто попуст на пристанишните такси за сите пристаништа во земјата и за концесионерите и тоа директно ќе влијае на билетите за траект, со задржување или дури и намалување на цените, рече министерот за поморство на Грција Василис Кикљас, кој утрово го посети атинското пристаниште Пиреас, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас се осврна на цените на билетите, со оглед на тоа што од следниот месец европска регулатива ...

Јужна Кореја и Виетнам соопштија дека се согласиле на блиска соработка, по објавувањето на американските царини кои претставуваат голем предизвик и за економиите и за компаниите како „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) со големи инвестиции во Виетнам. Виетнамското Министерство за надворешни работи соопшти дека двете земји се обидуваат да ја зголемат билатералната трговија на 150 милијарди долари и да одржат таков трговски биланс. „На ...

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. -Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението. Предлогот ги наведува мерките ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави. Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата. „Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив“, рече тој. Трамп вети дека ќе депортира рекорден број илегални имигранти во ...

Парламентот на Малдиви усвои амандман на законот за имиграција, со кој се забранува влез во земјата на секој со израелски пасош поради војната во Газа. Амандманот претходно беше одобрен од претседателот Мохамед Муизу, се вели во соопштението од неговиот кабинет. Одлуката беше донесена пред околу една година, но беше официјализирана дури оваа недела. „Ратификацијата ја одразува цврстата позиција на владата како одговор на континуираните ...

Во близина на мостот на Серменинска река во гевгелиското село Мрзенци, синоќа во 20.00 часот на земјен пат полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. - ...

Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. - Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти - и двата пациента кои примија бубрег и пациентот кој ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани. Обвинителството ќе предложи на седуммина осомничени да им се определи мерки на претпазливост. Останатите тројца осомничени, потенцираат ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и членовите на македонската делегација што ја предводи состaвена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, Игор Јанушев - генерален секретар на Владата и Гоце Димовски - директор на Дирекцијата на ТИРЗ, денеска во Абу Даби имаа средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на „Мубадала“, инвестициска компанија од Обединетите Арапски ...

Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година. При презентацијата на извештајот еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт истакна дека ...

Претстојните велигденски празници и продолжениот викенд ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера. Исполнетоста на хотелските капацитети се очекува да биде 60 до 70 отсто, а голема е исполнетоста и во приватните сместувања, како и викенд становите. Поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден ќе ги врати и печалбарите во своите огништа, што значително ќе ја зголеми фрекфенцијата на движење во двата крајезерски града. Според првиот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.55
84%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
62%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
80%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
88%
1019
Currency

61.53

Currency

55.1097

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1038.23

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68