Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска. Македонската репрезентација остана на истата позиција како и на претходното рангирање со идентичен број на бодови – 1378.57. Шпанија е сè уште на врвот, пред Аргентина и Франција. Топ 10 ранкинг на ФИФА: 1 Шпанија 1877,18 2 Аргентина 1873,33 3 Франција 1870,00 4 Англија 1834,12 5 Бразил 1760,46 6 Португалија 1760,38 7 Холандија 1756,27 ...
На 90-годишна возраст денеска почина Сенка Велетаниќ, објави на Фејсбук нејзиниот син, Васил Хаџиманов. „Мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти утрово по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што и доликува“, напиша Хаџиманов на Фејсбук. Родена е на 27 мај 1936 година во Загреб, каде што дипломирала на Економскиот факултет. Имала три години кога почнала да пее на радио, а за време на студиите пеела во познати ...
Од околу 100 верници кои денеска влегоа во ладните осветени води на Вардар во Велес крстот го фати 23- годишниот Стојан Илчевски. Тој во водите на Вардар од под Мало Мовче влезе со неговиот брат. Стојан четврти пат влегува на празникот Водици во Вардар, ама првпат го фаќа осветениот крст. Илчевски, кој е хемиски техничар, е невработен. На сите православни верници им посака здравје и среќа.Тој во наредните 30 дена со осветениот крст и иконата ...
Православниот празник Богојавление – Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се положува крстот во сите девет села. Во Пустец, седиште на Општината, по ...
Даниел Летников го фати светиот крст положен во водите на браната Моклиште кај Ваташа. Овој 24-годишник посака среќа и благослов за сите луѓе. Од името на локалната самоуправа, му честиташе претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов. Притоа му врачи ваучер, а Летников доби и други подароци. – Многу верба во верата, тоа е единственото нешто што како нација ни значи обединување за сите нас кон подобро утре, порача Рамов во ...
Со традиционална свеченост и во духот на православната традиција, денеска во Македонска Каменица беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици. Во присуство на голем број верници се одржа осветување на водите на Каменичка Река и спуштање на чесниот крст. Светиот чин го изврши надлежниот архиереј, епископот Делчевско-каменички г. Марко. Најсреќен меѓу учесниците во традиционалното фрлање по крстот беше Иван Јанковски, кој ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3:0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.). За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100. победа на Австралија Опен во кариерата. „Што да кажам, ми се допаѓа како звучи – „сентурион“. Навистина убаво чувство“, рече 24-кратниот грен слем шампион, по стартната победа во ...
Водечкиот тим во германската втора лига Шалке сака во зимскиот преоден рок да го доведе во своите редови 39-годишниот босански централен напаѓач Един Џеко, кој има скромна минутажа во Фиорентина, јавија денеска германските медиуми. По испаѓањето од Бундеслигата во 2023 година, Шалке имаше две разочарувачки сезони во втората лига, завршувајќи на 10. и 14. место. Сепак, оваа сезона клубот од Гелзенкирхен би можел да се врати во елитното ...
Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. – Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште двајца пациенти на Детското одделение. Хоспитализираните се во добра состојба, не се на ...
Во водите на реката Бошава во Демир Капија се одржа чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Меѓу бројните учесници, Анџело Илиевски го фати светиот крст. Тој доби и подароци. Нека оваа чест му донесе здравје, духовен мир, мудрост, радост и успех, а благословот од денешниот ден да го следи во текот на целата година, му посакаа од Општина Демир Капија. Притоа изразија благодарност до сите учесници, верници и граѓани ...
Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележа во седумнаесет демирхисарски села, а централната манифестација се одржа во населбата Мургашево каде во водите на Стара Река беше положен светиот крст. Годинава најсреќен и највешт учесник беше Давид Цветановски, кому градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски му врачи пригоден празничен подарок. Во едно од седумнаесетте населени места, светиот крст го фати Лина Најдовска која ...
Петар Карбински е најсреќниот меѓу дваесетината млади пехчевци кои денеска учествуваа во традиционалното осветување на водите на реката Писа и успеа да го фати светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Церемонијата се одржа во присуство на голем број верници и граѓани на Пехчево, кои и годинава масовно ја проследија манифестацијата што од година во година привлекува сè поголемо внимание. Дваесетина храбри ...
Марио Димитријевски денеска го извади крстот од водите на езерото кај хотелот „Белви“. По повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст. Како што информира Општина Илинден, настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општината. Во традиционалното фаќање на ...
Светиот крст што во водите на Вардар во Гостивар, годинава беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Бобан Симјаноски. Овој триесетидевет годишен професионален војник во АРМ беше најсреќен меѓу четириесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Симјаноски им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го ...
Христијан Џеповски денеска на Водици го извади светиот крст од осветените води на Преспанско Езеро. Меѓу бројните верници, младото момче Христијан Џеповски како највешт учесник успеа најбрзо да го пронајде светиот крст на традиционалната манифестација поддржана од Општина Ресен. Првите честитки и пригодна награда, ваучер во вредност од 30.000 денари на Џеповски му врачи градоначалникот Јован Тозиевски. Post Views: 3 јануари 19, 2026 ...
И годинава Васко Дрвошанов од селото Куклиш го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 16 граѓани, а најбрз беше Дрвошанов. Тој од градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, доби пригоден подарок, како и подароци од спонзорите. Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите ...
Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во прилепскиот хотел „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп. На Ангелески ова му е прво учество и токму на именденот. Очекува и посакува среќа за сите. – Ова ми е прват, и, очигледно прва среќа. Огромно е задоволството, но и честа да се учествува на манифестацијата за ...
Премиерлигашот Кристал Палас ја отфрли понудата на Јувентус за трансфер на францускиот напаѓач Жан-Филип Матета (28), јавија денеска италијанските медиуми. Јувентус понуди два милиони евра за шестмесечна позајмица и 28 милиони за откуп на договорот на крајот од сезоната, при што откупот е задолжителен доколку италијанскиот клуб обезбеди најмалку пласман во Лига Европа. Медиумите наведуваат дека Кристал Палас е повеќе заинтересиран за продажба ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му беше поништен гол. Потоа, сенегалскиот тим го напушти теренот во знак ...
Со традиционална свечена црковна церемонија и во присуство на илјадници верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Бојан Ѓеоргиевски беше најсреќен и највешт и успеа од четириесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст. Традиционално, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски на среќниот фаќач на светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 ...
Младиот тинејџер Христијан Бошевски (16) од Битола е најсреќното момче учесник на традиционалната манифестација, пронаоѓање на светиот крст во водите на црковниот базен во Храмот „Свети Велиомаченик Димитриј“ во Битола. Меѓу дваесеттината учесници, Бошевски успеа прв да скокне во базенот и да го пронајде спуштениот свет крст, чин организиран од свештенослужители на преспанско-пелагониската епрахија. -Мојата традиција почна минатата година, а ...
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените води во Струга. Осветувањето на водите прв пат годинава го вршеше новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија г. Георги, а на одбележувањето на големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици во Струга присуствуваше претседателката на државата Гордана ...
Дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици. -Бог се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава. Посакувам и мир да завладее во светот, посака Божиновски, кому му се насмевнува среќата. Значајна порака испрати и ...
Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление – Водици. Во водите на реката Брегалница, пред многубројни верници и учесници, најсреќен беше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст – симбол на благослов, надеж и духовна сила. -По повод празникот, Општина Берово го награди најсреќниот учесник со вредносен ваучер од 15.000 денари, а ...
Богојавление е празник на духовно прочистување, вели Анита Стојчевска, кустос-советник од Националната установа Музеј Куманово. Еден од најзначајните христијански празници поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител. Со овој празник симболично завршува периодот на т.н. „некрстени денови. Во моментот на крштевањето, според библиското предание, се појавува гулаб, симбол на Светиот Дух, што се ...
Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град. – Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов. Осветувањето на ...
Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река, од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј” по што беа осветени водите на Крива Река. – Нека светите води ни донесат здравје, мир и ...
Во Општина Карбинци од утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на три локации. Водите во реките кои поминуваат низ оваа мала рурална општина се осветуваа во селата Карбинци, Долни Балван и Таринци. Иван Мицевски во село Карбинци го фати светиот крст во водите на реката Брегалница, кои беа осветени во Општина Карбинци. Тој вели дека првпат успеал да го извади светиот крст од осветените води, а досега се обидувал ...
Марјан Заов денеска го фати светиот крст во осветените води на Кочанска Река, кај Крушарскиот мост на традиционалната црковно-верска манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици. Тој беше најсреќен и прв успеа да го извади крстот од Кочанска Река. Во овј црковно-верски обичај годинава учествуваа 47 пријавени момчиња. Триесет и двегодишниот Марјан рече дека ова за него е голем успех. Нека дава Господ здравје, среќа и ...
Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел ...