Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година најавија денеска дека цените на билетите ќе бидат прифатливи, истакнувајќи оти еден милион влезници ќе бидат достапни по цена од 28 долари. „Олимписките игри мора да бидат достапни и инклузивни, бидејќи им припаѓаат на сите. Тоа значи дека цените на билетите мора да бидат прифатливи“, изјави претседателот на Организацискиот комитет на ЛОИ и Параолимписките игри 2028, ...

Лидерот во домашната Супер лига, Вардар 1961, потпиша денеска долгогодишен договор со еден од најперспективните македонски ракометари, 17-годишниот Бобан Поповски. Талентираното десно крило ја почна кариерата во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, а актуелната сезона настапуваше за Мулти Есенс. Поповски, кој е стандарден член на македонските младински селекции, треба да биде наследник во редовите на Вардар 1961 на ...

Шкотскиот премиерлигаш Хартс објави вечерва дека не е загрижен од тврдењата на скопски Вардар дека прифатил понуда за продажба на репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато, на друг клуб во јануарскиот преоден рок. Реакцијата на шкотскиот тим доаѓа откако Вардар денеска објави дека ја прифатил понудата на американскиот Спортинг Канзас за услугите на Мато, наведувајќи дека станува збор за милионски трансфер. Ден претходно, Хартс објави дека Мато ...

Актуелниот европски кошаркарски првак Фенербахче го продолжи договорот со литванскиот стратег Шарунас Јасикевичиус за уште три години. „Шарунас Јасикевичиус е еден од луѓето кои најмногу придонесоа за историските успеси што ги постигнавме. Сакаме овој договор да биде корисен за клубот и нашиот главен тренер и се надеваме на сезони исполнети со победи и титули“, објави Фенербахче на социјалната мрежа Икс. Јасикевичиус, кој беше назначен за ...

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар, објави денеска дека прифатил милионска понуда од американскиот клуб Спортинг Канзас за трансфер на својот напаѓач и репрезентативец на Уганда, Роџерс Мато. „ФК Вардар АД реши да ја прифати милионската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити, клуб што се натпреварува во најсилната МЛС фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе ...

Со клопотарци и страшни маски џоломарите бркаат лоши духови во неколку села во Тиквешијата. Традиционално на ваков начин се почитува исконската традиција за Василица. – Традицијата која трае најмалку неколку векови, се повеќе привлекува туристи и го става овој крај на туристичката мапа, како реткост која мора да се посети. Со страшни маски и клопотарци врзани околу половините правејќи врева, џоломарите од неколку тиквешки села низ ритуали со ...

Зголемен е бројот на пациенти во Ургентниот центар во Куманово, соопштија денеска лекарите од таму. Граѓаните најчесто бараат помош за компликации поврзани со сезонскиот грип и состојби слични на грипот. Во Ургентниот центар, како и во амбулантите, секојдневно се регистрира зголемен број прегледи, особено во попладневните часови и за време на викендите кога примарното здравство не работи. Најчести симптоми кај пациентите се покачена телесна ...

Етапите на Тур де Ски ќе се одржат во три земји сезоната 2026/27. За првпат Франција ќе биде организатор на етапа од престижното натпреварување. Стартот ќе биде во Ле Русе (Франција), а трките ќе се одржат и во Оберздорф (Германија), и Вал ди Фиеме (Италија). Етапната трка ќе заврши со планинско искачување на врвот на Алпе Серми (Италија). Целата тура ќе трае една недела. Post Views: 5 јануари 14, 2026 Етапите на Тур де Ски ќе се одржат во ...

Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер. Алваро Арбелоа би можел да остане на чело на Реал Мадрид и следната сезона. Четириесет и двегодишниот Арбелоа го презеде тимот во понеделникот, по заминувањето на Чаби Алонсо од функцијата главен тренер. Според Marca, Арбелоа потпиша договор кој важи до крајот на сезоната 2026/27. Сепак, тој ќе остане на својата сегашна позиција и по завршувањето на тековната сезона, доколку раководството ...

Мобилна апликација којашто добива сè повеќе популарност во Кина, остава многу малку простор за сомнеж за тоа колку осамен и мрачен може да им изгледа современиот живот на некои луѓе. Имено, ако корисникот не „се пријави“ два дена по ред, апликацијата автоматски испраќа е-пошта до назначениот контакт третиот ден. „Дали си мртов?“ (Are you dead?) е платената апликација број еден во кинеската продавница за апликации на „Епл“ (Apple) во мигов. За ...

К-поп-суперѕвездите „БТС“ ќе тргнат на светска турнеја, со што ќе го одбележат своето враќање претстојнава пролет. Нивната прва турнеја по четири години, ќе почне на 9 април во Гојанг, Јужна Кореја, со уште два концерта планирани во матичната земја, пред да се упатат кон соседна Јапонија, соопшти нивната издавачка куќа. Најуспешниот музички поп-состав од Јужна Кореја е на пауза од 2022 година, додека членовите не ја завршија својата воена ...

Мелезот Танк, комбинација од пит бул и чивини (чивава + дачунд) стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откога неговата сопственичка, Кендал Кларк од Портланд, Орегон, ја сподели неговата приказна на „Редит“ на почетокот на јануари. Неговата глава потсетува на пит бул, а телото, долго и ниско, личи на дачунд, што веднаш ги освои корисниците на интернет. Кларк откри дека Танк дошол од случајно легло. Таткото е чивини, мешавина од ...

Минатата година беше трета најтопла година во историјата на глобално ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој раководи со климатската служба „Коперник“ (C3S). Глобалните температури беа за 1,47 степен над прединдустриското ниво (1850 – 1900), што е за нијанса постудено од 2023 година и за 0,13 степени под рекордната 2024 година. Сепак, просечната температура во периодот ...

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, членот на Ред Бул, Макс Верстапен зборуваше за своите планови за првиот тест во Барселона. Оваа година, Формула 1 ќе види радикални промени во прописите: поточно, половина од моќноста на моторот ќе биде обезбедена од електричната компонента. – Никој од нас не знае како ќе се покажат новите автомобили и мотори. Мислам дека ќе поминеме повеќе време во боксовите отколку на патеката на првиот тест во ...

Шефот на македонската делегација на ЕХФ ЕУРО 2026 ги искажа своите очекувања за настапите на нашиот национален тим на претстојниот континентален собир. – Играме во исклучително тешка група, со Данска, Португалија и Романија. Ние ќе се обидеме да ги изненадиме големите противници. За Данска не треба многу да зборуваме. Дури и тие што не знаат многу ракомет, знаат дека Данска се големи фаворити. Сепак, ние нема да калкулираме против нив и ќе го ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ФА на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска не ја поддржуваат идејата за промена на правилото за офсајд, објавува „The Times“. Претходно беше објавено дека Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) има намера да разгледа промена на правилата за офсајд на состанокот во Лондон на 20 јануари. Иницијативата ја иницираше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на ФИФА за ...

Навивачи на Хаити, Иран, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал може ги пропуштат натпреварите на Светското првенство во 2026 година поради забраната за влез во САД за граѓаните на овие земји, објави „Фокс њуз“. Исклучоци се дозволени само за играчи, тренери и членови на официјални делегации. Натпреварите за сите горенаведени репрезентации ќе се играат во градови низ САД. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од ...

Поранешниот голман на чешката репрезентација во хокеј на мраз, Доминик Хашек, по масовното откажување на своите билети од страна на навивачите за натпреварите од Светското првенство во 2026 година, побара на САД да им се одземе организацијата. „Роја њуз“ претходно објави дека приближно 17.000 навивачи ги откажале своите билети за Светското првенство преку ноќ по повиците за бојкот на турнирот поради политиките на САД. -17.000 откажани билети ...

Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ. Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп. Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб. Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 ...

Богати авантуристи сега може да резервираат одмор на Месечината преку новоформирана компанија со седиште во Калифорнија, која се стреми кон развивање нови идеи и услуги, а една од нив е и отворање хотел на Месечината до 2032 година. Компанијата „ГРУ спејс“ (Galactic Resource Utilization Space), основана од дипломираниот студент на Универзитетот „Беркли“, Скајлер Чен, пред два дена ја активира својата веб-страница за резервации и ги откри ...

Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени. Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени, кои во 2021 година десетина месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите. Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на ...

Фосилизирани коски и заби, стари речиси 773.000 години, откриени во пештера во Мароко, даваат подлабоко разбирање за потеклото на хомосапиенс во Африка претставувајќи ги остатоците од праисториските луѓе, кои можеби му биле блиски предци на нашиот вид. Истражувачите велат дека фосилите – долните вилици на двајца возрасни и дете, како и заби, бутна коска и неколку прешлени – се пронајдени во пештерата Грот а Хоминид, во градот Казабланка. ...

По внимателно размислување Владо Милев (39) одлучи да се повлече од клубот – и како претседател, и како играч. Оваа одлука е донесена во согласност со неговите принципи и визија, прифаќајќи дека продолжувањето на соработката со дел од управата, со различни вредности и пристапи, не е во согласност со тие принципи, соопштија од ОК Струмица долгогодишен македонски одбојкарски шампион и освојувач на купот. Во соопштението се наведува дека ...

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за победата од 2:0 над Њукасл синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Сè е во ред. Тоа беше првиот чекор кон финалето. Настапот на Семењо? Знаеме дека Борнмут заврши неверојатна работа со него и секој пат кога топката ќе стигне до него, таа секогаш завршува на вистинското место. Вториот поништен гол поништен? Четири судии и ВАР не можеа да ...

Кумановците што работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да ги земат предвид документите (пасоши, печати, потврди од работодавци), да се направи ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса укажувајќи дека не бегаат од плаќање даноци и дека бараат правична и законска примена. Некои ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк. – Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е ...

Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени. Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од ...

Дел од традиционалните обичаи поврзани со празникот Василица и прославата на Старата Нова година постепено исчезнуваат во кумановскиот регион, предупредуваат етнолозите. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно брашно, кој се служел со сланина и ...

На 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...

По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари во Дебар ја продолжија вековната традиција карактеристична за овој крај. Тие ги посетија православните домови, пеејќи „сура, сура година, до година повесели“, а за убавите и искрени детски желби домаќините ги даруваа со пари и слатки. Некогаш, кога во градот живееле голем број православни, имало повеќе групи по десеттина деца, но последните години традицијата ја ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
67%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.77
85%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
75%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
74%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
62%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
74%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
57%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Калај

43.91

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19