
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, соопшти дека утре сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот. Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре ќе работат со следниот временски распоред: Пункт Пролет - двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт ...
Судијката Марија Маневска од Основниот суд во Струмица прифатила да биде делегирана и да биде веде претседател на ОС Берово, а судијката Анита Стојанова се враќа во Апелациониот суд. Во Основниот суд во Кичево поради алрмантната состојба со бројот на судии се делегираат тројца судии од Основниот суд (ОС) Гостивар, од кои еден судија од ОС Гостивар кој и претходната година бил делегиран и работел на граѓански предмети прифатил да остане да ...
Скопската полиција синоќа лишила од слобода три лица кои се сомничат дека со закана одзеле пари од малолетници. -На 16 април 2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници ...
Полициски службеници вчера во Кичево го привеле Е.З.(28), кој прво со закана со остар предмет сопрел такси возило и му се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. Потоа нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет, соопшти МВР. Подоцна, откако бил ...
Тетовското Основно обвинителство вложи жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7-ми овој месец со која обвинетиот М.П., кој со возило го усмрти пешакот Тетодора Ристовска, беше осуден на казна затвор во траење од две години, поради тоа што смета дека е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот. -Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот ...
Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки од 3 април годинава, нагласи за време на денешната изјава за медиуми, Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на здружението. Божиновска рече дека аптеките не треба да се третираат како обични трговци. - Сакаме да потенцираме дека аптеките не се класични малопродажни објекти, туку здравствени установи на ...
Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на настанот „Зајакнување на вештачката интелигенција во дигиталните јавни услуги во Албанија“, ги коментираше и кибер нападите од Иран. Според него во текот на минатата година извршени се 42 сериозни напади врз државни институции, но оти истите се одбиени без поголеми штети. -Иран не е случаен хакер. Тоа е една од најголемите сили на дигиталниот терор. Нападот го одбивме без поголема штета. Само минатата ...
Шестмина пратеници во Европскиот парламент од словачката опозициска партија Прогресивна Словачка (ПС) упатија отворено писмо до премиерот на Словачка, Роберт Фицо, со кое бараат од него да се откаже од планираното присуство на воената парада на 9 мај во Москва и на останатите прослави по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна. Европратениците во писмото нагласуваат дека е неприфатливо присуство на прослави во Москва во ...
Официјални претставници на Белата куќа веруваат дека трговскиот договор со Велика Британија може да биде постигнат во рок од три недели, објави британскиот весник „Телеграф“. Извор запознаен со ситуацијата рече дека Лондон има добра позиција за брзо склучување договор. Ова доаѓа еден ден откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предвиде дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе постигне „одличен“ трговски договор со Велика Британија ...
Поројни дождови наврнаа над северна Италија, при што многу реки се излеаа од коритата, а властите во некои области затворија цели области и патишта покрај нивните брегови, јави ДПА. Ситуацијата е особено лоша во северозападниот регион Пиемонт, со главниот град Торино, каде што локалните жители се повикани да останат дома. Поплавите на железничките линии предизвикаа големи доцнења во возниот сообраќај меѓу Италија и Швајцарија. Неколку возови се ...
Советот на јавни обвинители на денешната седница едноглано го избра Никола Јолески за в.д. Основен јавен обвинител во ОЈО Струга. Како што информираше претседателката на Советот, Душица Димитриеска, заклучно со 24 овој месец на Стојанчо Арнаудовски му истекува мандатот како в.д. основен јавен обвинител во ОЈО Струга, а поради отсуство на дел од членовите на Советот и немање кворум за избор, ќе се избере вршител на должност. Јавниот обвинител ...
Контролите на летање на Северна Македонија и Албанија работат на јакнење на соработката со цел зголемување на безбедноста на авиосообраќајот. Посебен фокус е подигнување на размената на радарски податоци на повисоко ниво, како дел од регионалните напори за оптимализација на оперативната функционалност на податоците, соопштија од МНАВ по средбата на директорите на воздухопловна техника на М-НАВ и Албконтрол, Климент Чепуњоски и Сокол Мукај. На ...
Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи. Минималните утрински температури ќе се спуштата до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени ...
До Министерството изминатиот период пристигнале околу 1 600 понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште, а донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2 862 хектара. Доставени биле и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади и донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој ...
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија објави повик за доделување студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија. Како што денеска соопштија од Амбасадата на Јапонија, кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16-ти мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни. За повеќе информации за ...
Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сеознски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат. За оваа цел е веќе изготвен посебен календар ...
Од Јавното обвинителство тврдат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. - Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, велат од Обвинителството. Утринава, Демократската унија за интеграција во соопштение до јавноста наведе дека информациите оти еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања ...
На Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа дводневна едукативна работилница на тема „вградливи микропрокомпјутерски системи“. Настанот, кој е дел од проектот „Технологија за тебе“, се реализира во соработка со Логинг Електроникс и обединува ученици, професори и експерти од областа на технологијата. Во рамки на работилницата се одржаа голем број активности: ...
Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за ...
Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ изјави дека во секоја друга земја се чувствува побезбедно отколку во БиХ, но и дека покрај се чувствува задоволство бидејќи знае дека е во право и дека со многу волја и енергија се брани од неправдата. Тој истакна дека и пред пресудата на, како што го нарече, „несутавниот суд“ се чувствувал небезбеден во БиХ. -Јас сум човекот кој имал најголем број закани досега во БиХ, и од луѓе од внатре во БиХ ...
Претседателот на Самостојниот синдикат Солидарност, Крешимир Север, вели дека цените во Хрватска постојано растат, дека за најскромната потрошувачка кошничка во Хрватска и покрај заштитените цени се потребни 122 евра, што е пет отсто повеќе од лани, а за вистинска празнична потрошувачка кошничка се потребни дури 435 евра. Север посочува дека оваа празнична шопинг кошничка е недостижна за повеќето граѓани и додава дека за оние со помали примања ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните велигденски празници. -Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовна радост, и за време на истиот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска активно се вклучи во регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), насочена кон јакнење на женското лидерство на највисоките управувачки нивоа – во управни одбори, извршни совети и клучни институции, соопшти нејзиниот кабинет. Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот, каде во фокус ...
Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја пратила министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. Политиките коишто ги спроведуваме, додала таа, се ...
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави (цитирам) "уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот". Оваа негова изјава значи врел шамар за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни. „Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ. Продолжувањето на ...
Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. - Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото ...
Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат откако вчера коалицијата излезе со став дека одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да одат со посебни советнички листи за советници на претстојните избори е донесена во интерес на ДУИ. Од коалицијата велат дека не го исклучиле Таравари, но дека тој со ваквата одлука се самоисклучил. Ваквиот чекор на Таравари, според коалицијата Вреди, значи проблем во Владата, но не прецизираат дали ...
Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски промени. Засега, април полека, но сигурно станува месец на политички турбуленции и промени во политичките кампуси во земјава. Македонскиот политички блок ги интензивира активностите за локалните избори, вклучувајќи ги тука и внимателно избраните медиумски објави за тоа кој што направил или не направил, додека кај ...
Далас маверикс рано утрово на гостински терен го победи Сакраменто кингс во плејин мечот во НБА-лигата со 120:106. Ниту 33-те поени на Демар Дерозан не ги спаси „Кралевите“ од пораз. Во победничкиот тим најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени. Во второто коло од плеј-инот Далас ќе игра против Мемфис за пласман во плејофот. Претходно ноќта среда кон четврток Мајами хит исто така на гостински терен го победи Чикаго булс со 109:90 и си закажа ...
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги посочи главните цели на мадридскиот клуб за остатокот од сезоната по елиминацијата од Лигата на шампионите. - Што ќе правиме во оваа ситуација? Во моментов се бориме за титулата во Ла Лига. Точно дека заостануваме, но ни претстои меч со Барселона. Исто така, финалето на Купот и Светското клупско првенство во оваа бесконечна сезона. Треба да ги кренеме главите и да учиме од нашите грешки, изјави ...