Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,48 метри надморска височина. Тоа е за 13 сантиметри над просекот за јануари утврден на 693,35 метри надморска височина или 38 сантиметри над дозволениот минимум ( 693,1). Добрата „кондиција“ на водостојот на езерото се должи на значително подобрената севкупна хидролошка ситуација, последица на интензивните врнежи што го зафатија регионот изминатиот период. Само за последните ...
Непријатно изненадување им приредија фудбалерите на Манчестер Сити на своите навивачи на гостувањето во Норвешка во дуелот со Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ дуелот го загубија со 3:1. Навивачите не го криеа бесот кон своите навивачи по очајната претстава особено што претходно во текот на викендот загубија и од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. На трибините имаше 374 навивачи на Манчестер Сити, а капитените на клубот се ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти вечерва АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Прецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која е во прва официјална посета на Охрид. На средбата на присуствувала и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола, Пецаков ги запознал соговорничките со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на ...
Иднината на трудот се менува брзо- технологијата, климатските промени и новите стилови на живот создаваат потреба за работни места кои денес изгледаат невозможни. Стручњаците предвидуваат дека до 2030 година ќе се појават работни позиции кои ќе бидат предизвик за компаниите и поединците. Меѓу нив се: Тренер за вештачка интелигенција-човек кој ќе го учи роботот да размислува и донесува етички одлуки Дизајнер на виртуелни светови- креатор на ...
Сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон – Брижит Макрон ги покажа своите ди-џејски вештини и танцувачки движења на забава во „Дизниленд“, организирана за младите пациенти од тамошната болница и нивните семејства. Снимките од настанот ја покажаа г-ѓа Макрон како свири „буги-вуги“ и врти диџејски сет пред околу 300 деца и нивните семејства во тематскиот парк во Париз. Француската прва дама, инаку позната по својата љубов кон ...
Извршниот директор на Ауди, Џонатан Витли, зборуваше за амбициите на германскиот производител на автомобили, кој ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година. Тимот претходно се натпреваруваше како Заубер. -Не сме тука за да седиме настрана – ова е амбициозен проект. Во исто време, имаме скромен пристап, знаеме од каде почнуваме и каде сакаме да бидеме. Сакаме да го направиме Ауди најуспешниот тим во Формула 1 во историјата. Има предизвици по ...
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој е директор за фудбалски операции во групацијата Ред Бул, коментираше за гласините што го поврзуваат со можно назначување во Реал Мадрид. Германскиот тренер изјави дека во моментов нема планови да се врати на тренерската работа, но не ја исклучува можноста во иднина. – Во моментов, би рекол „не“, но не можам да кажам „никогаш“. Не мислам дека ќе го сменам мислењето. Имам мислење, но не знам. Се ...
На превојот Плетвар нема никакви проблеми со снегот и сообраќајот се одвива без застој за сите видови возила. Екипите го одржуваат патот и се подготвени за секакви временски промени. – Во утринските часови до 10 часот имавме забрана за тешките товарни возила. Сега превојот е прооден за сите видови возила. Со механизацијата го исчистивме снегот и го посипавме коловозот и не остана снег на него. Ја следиме ситуацијата. Попладнето се најавени ...
Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија апелира на зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување ...
Во полиција биле пријавени случаи на фрлање отров низ Неготино и газење кучиња со возила. Од Секторот за внатрешни работи – Велес попладнево информираа дека вчера во 11:20 часот во ОВР – Неготино, од Општина Неготино било пријавено дека во периодот од 1 јануари до моментот на пријавување, на повеќе локации во Неготино било извршено расфрлање на отров и прегазување на кучиња со возила. – Според пријавеното, сите кучиња биле подложени на хуман ...
Француските сообраќајни закони и прописи сега дозволуваат казнување на оние лица што користат уреди и инструменти што го нарушуваат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. Пред неколку дена се прошири веста дека во Франција маж е казнет со 200 евра затоа што зборувал премногу гласно на мобилен телефон. Лицето познато само како Давид разговарало со сестра си со вклучен звучник на железничка станица во Нант, ...
„Нетфликс“ (Netflix) надмина 325 милиони претплатници ширум светот. Компанијата вчера го објави своето прво ажурирање за бројот на клиенти за оваа година. Во последното тримесечје, „Нетфликс“ бележи зголемување на приходите за 17,6 отсто на годишно ниво – на нешто над 12 милијарди долари. Нето-добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од речиси 29 отсто во однос на претходната година. За споредба, американската стрим-услуга ...
Првиот светски рекет, Арина Сабаленка искажа пофални зборови за облеката што ја носеше Наоми Осака во првото коло на Отвореното првенство на Австралија. – Убавината на модата е во тоа што можете да се изразите. И тоа е прилично слободен свет – нема осудување, само различни перспективи. Облеката на Наоми совршено го изразува нејзиниот карактер, нејзината култура и многу повеќе. Беше кул. Би сакала и Најк да ми дозволи да правам вакви работи. ...
Франција нема планови да го бојкотира Светското првенство во Соединетите Американски Држави. Француската министерка за спорт Марина Ферари изјави дека нејзиното министерство нема планови да го бојкотира Светското првенство 2026 поради политиката на САД. – Во оваа фаза од нашите дискусии, нашето министерство нема намера да го бојкотира ова големо натпреварување. Сепак, не давам никакви предвидувања за тоа што може да се случи. Слушнав секакви ...
Голманот Марк-Андре тер Штеген нема да може да брани за Жирона против Барселона поради условите на неговата позајмица, освен ако клубот не плати отштета. Барселона го позајми 33-годишниот Германец на Жирона до крајот на сезоната. Според „The Athletic“, договорот вклучува клаузула со која му се забранува на голманот да учествува во натпреварот на тимот во Ла Лига закажан за 15 февруари. Жирона може да ја заобиколи оваа клаузула со плаќање ...
Холивуд во 2026 година очигледно игра на сигурно. Дури 37 филмски продолженија, преработки, ребутови и приквели се најавени за оваа година, носејќи ги назад на големото платно некои од најпознатите и најомилени ликови, меѓу кои Спајдермен, Баз Лајтјер, Миранда Пристли и јунаците од „Одмаздниците“. Филмската индустрија, соочена со зголемени трошоци и неизвесна заработка, сè почесто се потпира на проверени франшизи и наслови со силна ...
Нетфликс“ (Netflix) ја засили својата понуда за купување на студијата на „Ворнер брос“ (Warner Bros) и платформите на „Ејч-би-о“ (HBO), обидувајќи се да го спречи „Парамаунт“ (Paramount), предводен од извршниот директор на „Скајденс“ (Skydance) – Дејвид Елисон, да го попречи договорот. Стрим-гигантот ја ревидираше својата понуда којашто сега вклучува и целосно плаќање во готово, отстранувајќи една од клучните предности на соперничката понуда ...
Лука Дончиќ им помогна на Лос Анџелес лејкерс да го победат Денвер нагетс ноќеска на гостински терен со 115:107. Словенецот натпреварот го заврши со 38 поени, 13 скока, 10 асистенции и две украдени топки. Ова беше петти трипл-дабл за Дончиќ во тековната сезона. Воедно, тој го одигра својот седми натпревар оваа сезона со 35 поени, 10 асистенции и пет или повеќе скока, надминувајќи го Џери Вест (6). Кошаркарот на гостите, Леброн Џејмс додаде 19 ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е задоволен од нерешениот резултат со Копенхаген. Наполи синоќа на гости во Данска одигра 1:1 во 7. коло од Лигата на шампионите. -Разочарани сме. Требаше да победиме и да се пласираме во нокаут фазата. Имавме целосна контрола врз ситуацијата бидејќи имавме предност. Заморот не е изговор. Мора да победуваме на вакви натпревари, изјави Конте за сајтот на УЕФА. Италијанскиот клуб е на 23. место во ...
Тренер на Интер, Кристијан Киву не е премногу засегнат од синоќешниот пораз (1:3) на домашен терен од Арсенал во 7. коло од Лигата на шампионите. – Не сум загрижен, размислувам што треба да направиме. Знаевме дека оваа сезона во Лигата на шампионите ќе биде тешка. Ги гледам позитивните страни, ставот на играчите, нивниот напор. Знаевме дека Арсенал е добар. Тие имаат вештина, брзина, физичка подготвеност и силни играчи. Кога Интер ги губеше ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори дали се плаши од реакција од некои навивачи по неговите неодамнешни коментари во одбрана на претседателот на клубот, Флорентино Перез. Тренерот претходно изјави дека оние кои го исвиркуваат шефот на „Лос Бланкос“ не го сакаат тимот, нарекувајќи го Перез една од најважните личности во историјата на Реал Мадрид. – Како поранешен производ на младинската академија, играч, а особено како тренер, ...
Во Кинотека на Македонија од денеска до сабота ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на „Киненова“ како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат ...
Новиот македонски долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинешниот 76. Берлински филмски фестивал. Како што информира „Црна мачка продукција“, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма. Во филмот ...
Во „Кинотека“ вечер почнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“, соопштија утрово организаторите. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови што беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на гран при на МФФ „Киненова“, првиот филм на победникот на последното издание на Берлиналето, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни палестински ...
Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег. Минималните утрински ...
ЈП Комунална хигиена спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие. Активности за расчистување на снегот и мразот биле реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и ...
Во време кога секоја секунда се мери преку продуктивност, а екраните ја избришаа границата меѓу работата и приватниот живот, сè повеќе луѓе почнуваат со употреба на поинаков начин на комуникација. Пишувањето писма, калиграфијата и користењето ретро прибор за пишување повторно стануваат популарни, особено меѓу младите. Дигиталните пораки сè почесто се заменуваат со рачно напишаните писма, но токму тактилните активности, како пишувањето со ...
Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир. Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно ...
Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег континуирано се чистат со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт. Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта. Се ...