Фудбалерот на актуелниот италијански првак Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч, објави денеска англискиот клуб. Договорот меѓу двата клуба вклучува и опција Нотингем Форест да го откупи договорот на италијанскиот напаѓач за сума од 34,8 милиони фунти. „Лоренцо е играч кој носи специфични квалитети во нашиот тим и многу сме задоволни што ни се придружи. Тој играше на највисоко ниво во различни ...

Шпанските медиуми објавија денеска дека тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, му соопштил на дефанзивецот Трент Александар-Арнолд дека веќе не му се потребни неговите услуги. Според „Ел Насионал“, Арбелоа се сретнал лично со англискиот фудбалер и го информирал 27-годишниот Александер – Арнолд дека треба да најде нов клуб. Медиумите наведуваат дека раководството на Реал размислува за продажба на дефанзивецот во летниот преоден рок. Во ...

Познатата албанска новинарка Даниела Зиси посвети посебна објава на социјалната мрежа Фејсбук за документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, проект реализиран од Центарот Казус, со поддршка на Агенцијата за поддршка на невладиниот сектор, пренесува весникот на македонски јазик во Албанија, Илинден, под водство на Никола Ѓурѓај. Во својата реакција, Зиси го оценува документарецот како важно ...

Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната супервелеслаломска трка од Светскиот куп во Кицбил, пред сонародникот Фрањо фон Алмен заврши втор и Австриецот Стефан Бабински, кој заврши третопласиран. Одермат, кој победи на супервелеслаломот во Кицбил и лани, ја мина патеката со време од 1:08,41, што беше за три стотинки побрзо од резултатот на Фон Алмен, додека Бабински заостана 25 стотинки. За Одермат ова беше 53 победа во Светскиот куп во ...

Унгарската машка ватерполо репрезентација се пласираше во финалето на ЕП во Белград, откако вечерва во првото полуфинале извојува победа над Грција со 15-12 (3-4, 5-4, 4-2, 3-2). Кристијан Манхерц ја предводеше Унгарија до победата со четири голови, Вендел Вигвари постигна три, а Адам Наѓ и Акош Наѓ постигнаа по два. На крајот од натпреварот, грчкиот селектор Теодорос Влахос беше исклучен поради навреда на судиите. Противник на Унгарија во ...

Хрватска ја забележа првата победа во рамки на главната фаза на Европското ракометно првенство, откако вечерва во Малме го совлада Исланд со 30-29 во рамки на воведното коло во групата 2. Хрватска водеше во поголемиот дел од натпреварот, во неколку наврати и со четири голови разлика, но во последните пет минути влезе со гол предност. Во драматичен финиш, хрватските ракометари, сепак, освоија важни бодови. Матео Мараш ја предводеше хрватската ...

Американката Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА кошаркар Денис Родман, стана најплатената фудбалерка во светот откако потпиша нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави денеска Би-Би-Си. Според новиот договор, кој важи до крајот на 2028 година, Тринити Родман ќе заработува два милиони долари по сезона, вклучувајќи ги и бонусите. „Тешко е да се опише како се чувствувам. Мислам дека ова е пресвртница во женскиот фудбал. Многу сум ...

Кумановци кои работеа во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи, барајќи поддршка од институциите за обезбедување на докази за платените даноци. Ним им се приклучија и група граѓани од Тетово. Граѓаните потенцираат дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против одредена институција или личност, туку, како што велат, претставува борба за правична и ...

Кај градскиот пазар во Крива Паланка ќе биде изградена катна каража со финансиски средства од Владата преку Министерството за транспорт. Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја својот фејсбук профил објави видео за овој проект, вели дека целта е да се реши проблемот со паркирање во централното градско подрачје. – Проектот за поставување на урбана опрема и изградба на монтажно-демонтажен објект – катна гаража кај Градскиот пазар во Општина Крива ...

Комисија во Македонската опера и балет (МОБ) на дисциплинска постапка ќе ги утврдува околностите и ќе донесе одлука за обоистката во оркестарот Татијана Петрушевска. Таа на 16 јануари беше привремено суспендирана од работа од директорот на МОБ, Оливер Арсовски, поради нарушување на работниот процес додека тој ден оркестарот имал проба со диригентот Едуард Амбарцумјан. Според изјавата на диригентот гостин и од други членови во оркестарот, ...

Во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска се одржува забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан од Општината. Градоначалник на Општина Аеродром Дејан Митески ја отвори манифестацијата и истакна дека Тоше Проески беше пример за тоа какви луѓе треба да бидеме. Денеска се собравме овде за да му одадеме чест на ...

Номинираните за 98-то доделување на наградите „Оскар“, во сите 24 категории, беа објавени во живо од театарот „Сeмjуел Голдвин“ на американската Академија за филмски науки и уметности во Лос Анџелес. Актерката претходно номинирана за „Оскар“, Даниел Брукс, и нејзиниот голега Луис Пулман ги објавија номинациите. Меѓу нив е и најновата категорија за оваа година – кастинг. Свеченото доделување на „Оскарите“ и оваа – втора година по ред ќе го ...

Со извлекување на двојките во ФФМ денеска беа одреди двојките за четвртфиналните дуелот од Куп натпреварувањето, како и потенцијалните полуфиналиња. Бранителот на Купот Вардар за противник ја доби екипата на Охрид, додека Струга Трим Лум за ривал ја доби Шкендија Тетово. Шкендија Арачиново во четвртфиналето ќе игра против Работнички, а второлигашот Детонит Плачковица е домаќин на Силекс. Одредени беа и потенцијалните полуфиналиња. Во првото ...

днината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму е неизвесна. Договорот на фудбалерот му истекува во 2027 година, иако во последно време се зборува и за напредок во преговорите за продолжување на соработката. За услугите на играчот интерес има и од клубови од Саудиска Арабија. – Не се чувствував добро, особено кога ми свиреа од трибините. Имаат парво на тоа дека плаќаат скапи влезници. Му верувам на претседателот и сакам да останам што е ...

Утре времето ќе биде променливо облачно, со појава на магла во претпладневните часови по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планинските предели ќе има снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен Целзиусов, а максималните дневни ќе достигнат од 6 до 12 степени. Според прогнозата на УХМР, повремените локални ...

Продолжува соработката меѓу Општина Кисела Вода, осумте општински основни училишта и општествено одговорни правни субјекти, која има за цел да им обезбеди поддршка на децата од семејства во социјален ризик. Оваа соработка се реализира во рамки на проектот „Грижа и сигурност за секое дете“, кој Општина Кисела Вода континуирано ќе го спроведува и во текот на учебната 2025/2026 година, информираат од локалната самоуправа. Во рамки на проектот, ...

Дел од фаворитите на Австралија опен без поголеми проблеми ја минаа пречката во третото коло. Првиот носител кај мажите Карлос Алкараз го совлада Французинот Корентин Муте со 3:0 во сетови. За разлика од него првата носителка Арина Сабаленка одигра два долги сета за да ја совлада натурализираната Австријка Анастасија Потапова со 2:0 во сетови (7:6(4) и 7:6(7)). Со пресврт до победа од 2:1 во сетови стигна Американката Коко Гоф со триумфот над ...

Карате-клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање меѓународен турнир во карате во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставниците на клубот остварија средба со градоначалникот на општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот турнир ќе се одржи на 28 февруари и ќе го носи симболичниот назив „63 ...

Дизајнерот на машка облека за модниот бренд „Луј Витон“, Фарел Вилијамс претстави нова колекција со дискретна елеганција во придушени тонови, отворајќи ја Модната недела во Париз со своја ревија. Есенско-зимската ревија се одржа во огромна коцка пред Фондацијата „Луј Витон“, којашто зад својата фасада чува уметнички дела дизајнирани од покојниот канадско-американски архитект и дизајнер Френк Гери. Гостите се собраа додека веста за неговата ...

Појавувањето на францускиот претседател Емануел Макрон со пилотски очила за сонце од моделот „анри жулијан пасифик С 01“ (Henry Jullien Pacific S 01), на Светскиот економски форум во Давос предизвика неочекувано голем интерес во јавноста поради што веб-страницата на францускиот луксузен бренд привремено беше недостапна, а и понатаму работи со намалена брзина. Очилата, чија цена изнесува 659 евра, станаа предмет на многубројни коментари на ...

На екипата на Јута во дуелот со Сан Антонио не и помогна да дојде до победата ниту извонредната партија на Јусуф Нуркиќ. Тој дуелот го заврши со 17 поени; 11 скокови и 14 асистенции (трипл-дабл), но сепак неговиот тим загуби со 109:126 на домашен терен. Ова беше негов втор „трипл-дабл“ во низа откако претходно имаше со Минесота, a вкупно трет во кариерата. За Сан Антонио ова беше важна победа и остана на втората позиција во Конференцијата, а ...

Екипите од Саудиска Арабија повторно покажуваат интерес за ангажман за фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах. Играчот на „црвените“ има договор со тимот од Енфилд до летото 2027 година. Но, случувањата од пред АФКОН кога имаше недоразбирање со менаџерот Арне Слот доведоа до момент неговото заминување повторно да се актуализира. Екипи како Ал-Итихад, Ал-Наср и Ал-Хилал сметаат дека можат да го „обезбедат“ потписот на Салах. Што се однесува до ...

Шкотскиот премиерлигаш Глазгов Ренџерс ја оствари првата победа сезонава во Лига Европа откако синоќа пред своите навивачи го совлада Лудогорец со 1:0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во победникчката екипа настапи од 64.минута, а во игра влезе при резултат 1:0. За екипата на Глазгов Ренџерс ова беше прва европска победа сезонава. Важна победа и пласман во нок-аут фаза обезбеди и Црвена Звезда на гостувањето против малме со 1:0, ...

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ги соопштува добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, што традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, и на неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, се наведува во денешното соопштение на организаторите. Се додава дека наградата „Гоцева мисла“ е ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот Регион се одржува од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови во кината во целиот регион и онлајн. Програмата на зимското издание почна синоќа, со бесплатни кино проекции во Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Херцег Нови и во Скопје, а од ...

Филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска денеска и утре ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стон“. Визуелно силниот и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела што менуваат животи ќе го види прилепската публика, која покажа голем интерес. Билетите се веќе распродадени. „Прказната за Силјан“ постигна голем меѓународен успех и е откупен од „Нешнл џиографик“. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот ...

Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ од идната седмица ќе почне со издавање дозволи за рекреативен риболов на езерото за 2026 година. Како што се посочува во соопштението од Здружението, секој што сака рекреативно да лови риба од Охридското Езеро нема да мора да плаќа дополнителни трошоци како членарина за Здружението, туку само да си ...

Репрезентацијата на Германија со победа ја стартуваше втората фаза од Европското првенство. Германските ракометари ја совладаа Португалија со 32:30 и сега имаат четири бодови во групата, а Португалија остана со два. Натпреварот од групата 1 беше максимално изедначен, а ниту една репрезентација не успеа да оствари водство поголемо од два разлика. Резултатот често беше нерешен, а Германија од средината на вториот дел дојде до предност од два ...

Управата на Тотенхем е подготвена за продажба на својот играч од одбраната Мики ван де Вен. Неколку големи клубови покажуваат интерес на 24-годишниот фудбалер. Премиерлигашот од Лондон е подготвен да го продаде својот играч за 120 милиони евра. На листата на потенцијални клубови за холандскиот репрезентативец се двата тима од Премиер лигата Ливерпул и Манчестер Јунајтед, потоа Реал Мадрид и Баерн. Играчот важи за еден од најдобрите одбранбени ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Ако се земе предвид колкава држава сме и кои ни беа ривали во групата, треба да сме задоволни со 14. место. Секогаш може подобро, но и овој резултат е успех. Би сакал и во другите спортови да сме со такви постигнувања на Европските првенства. Можеби некои очекуваа ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19