Никој досега или не сакал или немал капацитет да ја реализира идејата за јавно-приватно партнерство за заживување и заштита на културното наследство, што како модел постои во Законот за заштита на културно наследство уште во 2004, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Дневникот на ТВ Сител. Појасни дека тоа, главно, се однесува на изградба на инфраструктура – патишта и осветлување, отворање сувенирници, кафетерии, книжарници ...

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф. -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, потврдуваат од МВР. Од МВР додаваат дека ...

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните ...

До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи, упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки. -Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни ...

Медиумската информативна агенција демантира дека снимила интервју со премиерот Христијан Мицкоски, во кое тој говори за апликација за тргување со биткоин и со други криптовалути. На социјалните мрежи е објавен линк со наслов „Христијан Мицкоски: Милионерите полудеа! Тие создадоа апликација која овозможува секој да се збогати“, во кој е објавена лажна информација, дека главната и одговорна уредничка Ана Цветковска разговарала со премиерот ...

Прифатилиштето „Хачико“ кое работи во состав на ЈП „Комуналец“-Битола на вонреден состанок и во соработка со надлежни институции одлучи да изврши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот а со цел заштита на граѓаните и зголемениот број на туристи во Битола. Акцијата на ЈП „Комуналец“ доаѓа по најновиот немил настан во центарот на Битола кога куче скитник нападна две годишно дете, а претходно идентичен инцидент се случи и на ...

Советот на Народната банка го усвои Годишниот извештај за 2024 година, во кој, како што соопшти НБ, се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност. Иако условите сѐ уште се неизвесни, добрите трендови кај ...

Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес - служба. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго. На средбата, како што објави Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил, истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека поддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да ...

Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда. Агендата 2030 на ЕУ е активна, а перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, кажа на денешната дебата на тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на ...

Извршниот директор на „Опен-АИ“ (OpenAI), Сем Алтман откри дека учтивоста кон „Чет-ГПТ“ (ChatGPT), којашто ги вклучува зборовите „ве молам“, „благодарам“ и сл., ја чини компанијата - „десетици милиони долари“ оперативни трошоци. Алтман одговори на прашање на корисник на „Икс“ за тоа: колку компанијата потрошила за струја поради тоа што луѓето се „учтиви“ со ВИ-модели? „Десетици милиони долари добро потрошени - никогаш не се знае“, одговори ...

Американското Министерство за трговија најави воведување царини до 3.521 отсто за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија - Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам. Предложените царини би биле одговор на обвинувањата дека Кина ги субвенционира производителите и наводно исфрла неправедно евтини производи на американскиот пазар. Одлука за конечните царини ќе донесе Американската меѓународна трговска комисија во јуни. Станува збор ...

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема конкретни планови за разговори помеѓу Русија и Украина. Зеленски вчера изјави дека Украина е подготвена за секаква форма на дискусии за да се стави крај на нападите врз цивилни објекти. - Украина продолжува да го одржува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сака и САД и Индија да растат и соодветно на тоа да можат да работат заедно во областите како што се трговијата, одбраната и енергијата за победничка соработка за двете земји, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на неговата посета на градот Џајпур, во северозападната индиска држава Раџастан. Венс, кој е во четиридневна посета на Индија, вчера имаше средба со индискиот премиер ...

Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во кумановската полиција, информираа денеска од СВР Куманово. Во 2024 година биле евидентирани 348 пријави, што е намалување за 56 во однос на 2023-тата година кога имало 404 пријави. - Во пријавените кривични дела од семејно насилство обично како жртва се појавува жена над која е употребена физичка сила од страна на сопруг, вонбрачен другар, разведени или во процес на бракоразводна ...

Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан испрати писмо со сочувство за упокојувањето на папата Франциск до кардиналот Кевин Јозеф Фарел во Светата Столица. - Со длабока тага, но и со силна надеж во Воскресението, токму во овие денови на взаемна пасхална радост на сите христијани во светот, ја примивме веста за упокојувањето на Наговата Светост, папата Франциск. Дозволете Ни од свое име, и од името на Светиот архијерејски синод ...

Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика. Во образложението за ...

Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, забележа трипл-дабл во вториот натпревар од првото коло од НБА плејофот против Клиперс (102:105). Србинот на натпреварот одигран во утринските часови имаше 26 поени, 12 скока и 10 асистенции. Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, трет најдобар резултат во историјата. Резултатот во серијата Денвер – ЛА клиперс е 1:1 во трката прв до четири победи. Повеќе од Јокиќ во оваа ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина ќе биде вклучен во руските учебници, изјави Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското воено историско друштво. „Извонредните напори што ги прави новата американска администрација за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, воопшто, неверојатните трансформации во ...

Телото на папата Франциск утре изутрина би можело да биде преместено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, најави портпаролот на Ватикан Матео Бруни. На првиот состанок на конгрегацијата на кардиналите беше одлучено погребот на папата да се изврши во сабота, а по последната желба на понтифот тој ќе биде погребан во папската базилика Санта Марија Маџоре, на ридот Есквилин, околу еден километар оддалечен од ...

Поранешниот американски потпретседател, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија. Говорејќи на митинг по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, Гор рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја претпочитана верзија на реалноста за да ги постигне своите сеопфатни цели слични на Нацистичката партија на Адолф Хитлер во 1930-тите и 1940-тите, пишува Политико. "Многу добро ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Каско што најавуваат од УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и ...

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам го сподели Јавниот повик на Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) на кој можат да аплицираат невладини организации. ГЦЕРФ е фонд кој поддржува проекти во врска со спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во повеќе држави, вклучително и во Република Северна Македонија. Во таа насока се остварува тесна соработка и со ...

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска се одбележа 110 години од загинувањето на македонски револуционер и војвода Јане Сандански, име кое е патрон и со гордост го носи штипската касарна. Командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски истакна дека во историјата постојат два вида на личности едни што ја создаваат и други што ја следат. - Денес, после 110 години од неговата смрт, дефинитивно можеме да потврдиме ...

Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - 2 фаза, Министерството за локална самоуправа набави ИТ опрема за сите осум центри за развој на планските региони. Овој проект, како што денеска соопштија од Министерството, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на центрите и нивната способност да обезбедат поефикасен и поквалитетен сервис за граѓаните. Во ...

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата, како што информираат од СОЗР, биле разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари. -Враќањето на ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 73,50, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство ...

Димитар Ковачевски како премиер и претседател на СДС тврдеше дека уставните измени се последна пречка за влез на Македонија во ЕУ. СДС водеше кампања со која не убедуваше дека само што не сме влегле во ЕУ, а пречка за тоа се уставните измени, после кои се ќе се смени. ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш кажа дека СДС, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, ...

Членството во ЕУ е единствена алтернатива на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Реформската агенда е повеќе од листа на реформи туку стратешка рамка со јани цели и утврдени рокови, но најважно од се таа е патоказ на земјата кон институционални социјални и економска трансформација. Собранието ја има клучна улогата во нејзината имплемнетација и треба да покаже визија и мудрост со сеопфатна соработка серизоност и искрена волја за ...

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име. Тоа претседателство ќе формира и статут, според кој ќе се избира претседател и партиски тела. - Треба да имаме еден заеднички орган кој ќе одлучува понатаму, статутарна комисија ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.4
73%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
82%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.61
77%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.27
69%
1019
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.23
78%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
85%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
53%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.59
78%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.63
77%
1022
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
84%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
73%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.51
68%
1020
Currency

61.53

Currency

55.1097

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1038.23

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68