Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ги засили своите редови пред стартот на пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со репрезентативецот на Малави, Јан Коуаку. Дваесетишестгодишниот центарфор, како што соопшти Брера, веќе му се приклучил на тимот на подготовките во турска Анталија. Коуаку, кој е роден во Брегот на Слоновата коска, а поседува француски пасош, во ноември лани дебитираше за репрезентацијата на Малави. Во ...

Поранешниот фудбалер Реал Мадрид и белгискиот репрезентативец Еден Азар верува дека ѕвездата на шпанскиот клуб, Килијан Мбапе, ќе ја освои „Златната топка“. -Килијан ќе треба да ја освои Лигата на шампиони и шпанската титула, а, исто така, да оди што е можно подалеку со Франција на претстојното Светско првенство. Воопшто не се грижам за него – тој, исто така, ќе ја освои „Златната топка“, изјави денеска за шпанските медиуми Азар, кој го ...

Лондонскиот премиерлигаш Фулам понуди 28 милиони фунти за напаѓачот на холандски ПСВ Ајндховен, Рикардо Пепи, јавија денеска британските медиуми. Според Би-Би-Си, понудата за 23-годишниот американски фудбалер е пониска од онаа што ја побара холандскиот клуб, околу 30 милиони фунти, но оти Фулам верува дека договор ќе биде постигнат. Пепи постигна осум голови на 15 натпревари во холандското првенство и уште три на пет натпревари во Лигата на ...

На веб-страницата на Општина Неготино е објавен јавен повик за организирање на јавна презентација и јавна анкета за нацрт план, целта е предвидување површина за доградба за сала за венчавки, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Целта за донесување на ваков вид на документација е со цел да се предвиди површина за градење за идна доградба на општинската зграда за сала за венчавки, информираа од Општина Неготино. Од локалната ...

Последната етапа од Светскиот куп во брзо лизгање пред стартот на Зинските олимписки игри 2026 донесе историска трка на 5.000 метри во која светскиот рекорд беше два пати соборуван, а Норвежанецот Сандер Ејтрем стана првиот кој ја мина патеката за помалку од шест минути. Ејтрем постави време од 5:58,52 минути, речиси две секунди побрзо од претходниот рекорд, што пресметано значи дека Норвежанецот лизгаше со просечна брзина од над 50 километри ...

Американскиот тенисер Лернер Тиен се пласираше во четвртфиналето на Австралија open во Мелбурн, откако денеска го совлада Русинот Данил Медведев (АТП-12) со 6:4, 6:0, 6:3. Тиен (АТП-29) победи по еден час и 42 минути игра и прв пат во кариерата стигна до грен слем четвртфинале. Во првиот гем од првиот сет, Тиен направи брејк и ја зачува предноста за водство од 1-0. Американецот потоа го доби вториот сет без загубен гем, додека во третиот сет, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен без борба, откако неговиот противник во осминафиналето Јакуб Меншик од Чешка се повлече денеска од турнирот во Мелбурн поради повреда. Осминафиналниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Меншик беше закажан за в понеделник. Меншик објави на социјалните мрежи дека се повлекува поради повреда на стомачниот мускул, која се влошила за време на претходните натпревари. Чешкиот ...

Десетици фудбалски навивачи белградска Црвена Звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во тепачка што се случи синоќа во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец. Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи. Полицијата уапсила 93 лица, кои биле ...

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. – Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако денеска го победи Американец Томи Пол (АТП-20) со 3:0 во сетови (7:6, 6:4, 7:5). Најдобриот светски тенисер до победата дојде по два часа и 44 минути. Алкараз досега нема пласман подалеку од четвртфиналето на Австралија опен, кој е единствен грен слем турнир што го нема освоено во кариерата. Негов противник во ...

Лос Анџелес Лејкерс синоќа триумфираше на гостински терен над Далас Маверикс со 116-110, предводени од Словенецот Лука Дончиќ, кој реализираше 33 поени, 11 асистенции и осум скокови против својот поранешен тим. Во првото полувреме, Лејкерси го контролираа натпреварот и имаа највисоки +14, но Далас го сврте резултатот со феноменална трета четвртина и дојдоа до предност од идентични +14. Сепак, Лејкерси прво возвратија со серија од 14:3, пред ...

Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, Виница, Демир ...

Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје, променливо облачно време претпладне со ...

Италијанецот Џовани Францони победи на денешниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека Штрајф во австриски Кицбил. Францони ја мина патеката во должина од 3.312 метри за 1:52,31 минути, минувајќи прв низ целта со седум стотинки предност пред Швајцарецот Марко Одермат. Третопласираниот Французин Максенс Музатон заостана 39 стотинки зад победникот. Францони ја прослави својата втора победа во Светскиот куп на брзата ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп (АТП-75), во три сета со 6:3, 6:4, 7:6, за два часа и 46 минути. Четвртиот тенисер во светот, го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем, а потоа го почна вториот сет со водство од 3:0. Ван де Зандшулп побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе ...

Кошаркарот на Барселона, Кевин Пантер, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во натпреварите од 24. во Евролигата. Пантер забележа 31 поени, четири асистенции, два скока, две украдени топки, пет изнудени фаули и индекс на корисност од 34 во победата над Асвел од 98-91, највисок од кој било играч во претходното коло и втор највисок во неговата кариера. Ова е петто признание МВП во неговата евролигашка кариера, а второ оваа сезона. ...

Општина Неготино попладнево ја објави програмата за овогодинашното одбележување на „Свети Трифун“ – „Недела на виното 2026“, што ќе трае од 12 до 15 февруари. Во четврток, 12 февруари, ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители. За во петок, 13 февруари, најавени се традиционална изложба и ликово изразување на ученици. На „Свети Трифун“, 14 февруари, предвидено е да има отворени штандови – промоција и ...

Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на 5 инспектори за животна средина, техничка и теренска ревизија на сите издадени „А“ и „Б“ дозволи, како и сите постоечки елаборати за заштита на животната средина, зголемен буџет за заштита на животната средина, обезбедување материјални средства за 100 проби во акредитирана лабораторија, поставување камери на дивите депонии и јавно објавување и отчет за работата ...

На редовниот приемен ден во Општина Кисела Вода средба со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствариле околу 50 жители на општината. На средбите, како што соопштија од локалната самоуправа, се разговарало за тековни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како и за нивните предлози за подобрување на условите за живеење. Според градоначалничката, приемните денови се можност за директен контакт со ...

Јапонката тенисерка Наоми Осака објави денеска дека се повлекува од Австралија опен пред дуелот од третото коло против домашната тенисерка Медисон Инглис. „Морав да донесам тешка одлука да се повлечам со цел да се справам со нешто за кое на моето тело му беше потребно внимание, по мојот последен натпревар. Бев толку возбудена што ќе продолжам и овој настап ми значеше најмногу, па затоа запирањето тука ми го крши срцето“, напиша Осака на ...

Кошаркарите на Партизан направија неверојатен пресврт во 24 коло од Евролигата совладувајќи го Хапоел Тел Авив со 104-101 по продолжение синоќа во Минхен, откако Израелците имаа водство од 27 поени на почетокот на второто полувреме. Најголемиот резултатски пресврт во историјата на Евролигата останува победата на Монтепаски на гостински терен против Проком во сезоната 2012/13, откако италијанскиот тим беше во негатива од 28 поени. Хапоел ...

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига Вардар ги засили своите редови со Аргентинецот Лукас Иан Пулеио Араја со кого потпиша двегодишен договор. Дваесетиседумгодишниот Араја доаѓа во Вардар од индонезиски Арема, откако претходно настапуваше за црногорскиот прволигаш Дечиќ. Араја е првото засилување во зимскиот преоден рок во редовите на Вардар, кој, воедно, ги продолжи договорите за уште две години со дефанзивците Мислав Матиќ и ...

Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“. Средбата, информираат од Министерството за култура и туризам, беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на ...

СКРМ внимателно и одговорно ги следеше сите случувања во текот на вчерашниот ден, вклучително и прес-конференциите на колешката Татијана Петрушевска и директорот на Националната опера и балет, г. Оливер Арсовски, како и јавните реакции на уметниците од оркестарот на Операта. Со оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето членство и пред јавноста, јасно и ...

Иницијативата „Сапорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3 153 204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15 968 денари, а кај други 19 лица, кај секој, распределени се по 45 992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319 292 денари. Ова вчера го соопштија волонтерите од „Сапорт ...

Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција, па дури и со подолг живот. Имено, според нови испитувања од американскиот универзитет „Јејл“, луѓето што редовно читаат книги живеат во просек 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат. Новиот научен труд е објавен во „Журналот ...

Иако постои општоприфатено верување дека мачките се надмени, суетни, себични – тоа, се чини, е далеку од вистината. Можеби едно од најчесто поставуваните прашања е: Зошто му го крадат местото на седење на својот сопственик, откако тој/таа ќе стане? Не станува збор за топлината… Ветеринарот Марк Вест од Ветеринарната клиника во Вестернпорт, Викторија, Автралија, објаснува дека мачките, всушност, покажуваат љубов со тоа што „го крадат“ местото ...

Недостатокот на квалификувани работници е голем проблем во Германија. Додека многу работни места остануваат непополнети поради ниски плати или тешки услови, постојат и професии со високи примања кои малкумина сакаат да ги работат. Според германските медиуми, пет такви професии се: Месар- Месарите можат да заработат до 49.400 евра годишно, но работата со месо и мртви животни е физички напорна и непопуларна. Гробар- Работата вклучува ...

Доколку сте активни на социјалните мрежи, тешко е да не сте го забележале трендот на објавување фотографии од 2016 година. Илјадници корисници, инфлуенсери и јавни личности се навраќаат на тој период, споделувајќи стари фотографии и спомени, поттикнати од силно чувство на носталгија. Една од најчесто споменуваните причини е културното влијание на Кајли Џенер, која токму во 2016 година важеше за најпопуларна креаторка во светот на модата и ...

Во селото Гљев, под падините на планината Камешница во Хрватска, постои необична и впечатлива традиција. Карневалското здружение Диди од Камешница, составено од маскирани мажи, изведува ритуал со кој ја брка зимата. Тие приредуваат настап што вклучува удирање во ѕвона, извикување и танцување, одејќи од куќа до куќа, со цел да ја истераат зимата и да донесат успешна и плодна година. Здружението, секој јануари тргнуваат во потрага по младоженец ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Цинк

0.00