Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Американецот Лернер Тиен во четвртфиналниот натпревар на Австралија опен со 6:3, 6:7 (5:7), 6:1 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 3 часа и 13 минути. Зверев сервираше 24 аса, направи една двојна грешка и реализираше три од осум брејк топки. Тиен сервираше 11 аса, направи девет двојни грешки и не реализираше ниту една од три брејк топки. Германецот стана првиот полуфиналист на Австралија ...
Лос Анџелес лејкерс го победи Чикаго булс на гостински терен ноќеска со 129:118. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна дабл-дабл со 46 поени и 11 асистенции. Лејкерси се петти во Западната конференција на НБА по 45 натпревари. Чикаго е деветти на Истокот по 46 натпревари. На другите средби играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати: Кливленд – Орландо 114:98 Бостон – Портланд 102:94 ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е блиску до потпишување на нов долгорочен договор со Каталонците. Според инсајдерот Фабрицио Романо, договорот ќе важи до летото 2031 година, по што ќе заврши интересот на Челзи за играчот. Дваесет и двегодишниот Шпанец, производ на академијата на Барселона, се појави како едно од најголемите откритија во сезоната 2025/26 под водство на Ханси Флик. И покрај тоа што пропушти натпревари ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе ...
Ракометарите на Данска се пробија на првата позиција во групата 1 од Главната фаза на Европското првенство откако вечерва ја совладаа Германија со 31:26. Со оваа победа Данска е првиот полуфиналист бидејќи конкурентите во групата не се во можност да ги надминат особено што во последното коло од групата меѓу себе играат Германија – Франција. Во дербито на групата Данска имаше предност во првиот дел, а по 13:13 на стартот од вториот дел до ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер постави уште еден рекорд на Австралија опен. Тој со максимални 3:0 во сетови го совлада Лучано Дардери и во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон. Синер има серија од 18 победи против некој сонародник, односно нема пораз во меч со италијански тенисер. Тој на истиот меч постави уште еден рекорд со 19 ас сервиси на еден Гренд слем турнир. Победата во мечот со сонародникот Дардери му овозможи на ...
Ракометарите на Шпанија ја постигнаа првата победа во главната фаза на Европското првенство откако го совладаа европскиот првак Франција со 36:32. За Шпанците ова се и првите бодови, додека Франција по денешниот пораз ги намали шансите за пласман во полуфиналето и одбраната на титулата. „Црвената фурија“ победата ја најави во првиот дел откако во неколку наврати имаше предност од шест разлика (20:14 полувреме), а во вториот дел имаа предност ...
Македонскиот ракометар Филип Талески во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Татабања. Унгарскиот тим Талески го претстави како засилување. Играчот доаѓа како слободен агент. Левиот бек по заминувањето од Вардар тренираше индивидуално, а сега ќе има неколку недели заеднички подготовки со играчите од новиот клуб до продолжението на унгарското првенство односно по завршувањето на Европскиот шампионат. Во редовите на ...
Првиот денешен натпревар на Европското првенство од групата 1 меѓу Португалија и Норвешка заврши нерешено 35:35. Со овој резултат двете селекции ги намалија шансите за повисок пласман во групата. Инаку, самиот дуел беше изедначен, а двете селекции имаа највисоко водство од три разлика Норвешка (8:5) во првото полувреме, а Португалија во вториот дел (31:28). Последните два напада по еден за секоја репрезентација заврши без реализација. Луис ...
Управниот одбор на Кошаркарската Федерацијата донесе одлука за именување на Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, ...
Бразилската фудбалска федерација размислува за продолжување на договорот со актуелниот селектор Италијанецот Карло Анчелоти. Претседателот на Бразилската фудбалска федерација Самир Шауд за медиумите потврди дека Анчелоти би можел да остане на селекторската позиција. – Преговорите се во тек, а двете страни имаат желба за продолжување на соработката. Тоа ќе биде исклучително важно за Бразил, нов договор да имаме пред почетокот на Мундијалот. ...
Во Општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес во тек се градежни зафати за реконструкција на дворната површина позади училишната зграда.Средствата се обезбедени од Општина Велес,информира денеска градоначалникот Марко Колев. – По завршувањето на овие зафати учениците ќе добијат уште еден функционален простор за одвивање на наставните активности, како и за одмор и рекреација. Децата се нашата иднина. Инвестициите во ...
Општина Пробиштип денеска организираше средба со претставници на Средното Општинско училиште (СОУ) „Наум Наумовски – Борче“ и локални приватни компании, а темата на состанокот беше унапредување на дуалното образование. Од кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип информираат дека целта на настанот е согледување на потребите од воведување нови струки во средното образование, во согласност со реалните барања на пазарот на труд, како и ...
Околу 50 возачи на товарни возила денеска излегоа на мирен протест на граничниот премин Делчево, со кој дадоа поддршка на барањата на нивните колеги од земјите на Западен Балкан, поврзани со ограничувањето на престојот во Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена. Протестот е реакција на воведувањето на електронскиот систем за евиденција на влез и излез (Entry/Exit System – EES), кој, според возачите, ќе резултира со тоа голем број ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одржаа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во работа на системот „Безбеден град“, соопштија од градот. На состанокот било истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна улога во неговата имплементација, со цел унапредување на редот, дисциплината и безбедноста во ...
На прв поглед, обичната сообраќајница над вода се претвора во вистински тест за нервите на многу возачи. Причините стануваат јасни дури кога ќе се тргне по мостот. Станува збор за Лејк Поншартрен Козвеј (Lake Pontchartrain Causeway) во американската сојузна држава Луизијана – најдолгиот континуиран мост над вода на планетата, долг речиси 39 километри. Мостот ги поврзува местата Метари и Мандевил, а неговата изградба започнала среде минатиот ...
Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, преку претседателот во оставка Марјан Ристевски, достави покана до Фудбалската федерација на Македонија за одржување на вонредно изборно собрание на ОФС Кичево, закажано за 23. јануари 2026 во 18:00 часот, во „Куќа на уметноста“ во кичевско Кнежино. Овластени претставници на Фудбалската федерација на Македонија навремено беа присутни на закажаното собрание. Сепак, истото не се одржа поради немање кворум за ...
Екипата на Манчестер Јунајтед ги доби последните два дерби натпревара во Премиер лигата против Манчестер Сити (дома) со 2:0 и вчера против Арсенал (гости) 3:2. Шест бодови се освоени под водство на новиот менаџер Мајкл Керик. – До крајот на сезоната да ги добие сите натпревари, не би му ја дал работата. Два натпревара одлични, но секој може да победи два натпревара, а јас сметам дека човек за тоа место. Апсолутно не. Треба да дојде тренер ...
Претпладне во источните делови од земјата се очекуваат слаби врнежи од дожд во пониските предели, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда кон крајот на денот, како и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Од петок се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби ...
Општина Штип распиша јавен повик за доделување финансиски средства на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации што се одржуваат на територија на општината. Повикот трае до 28 јануари. Во соопштението од Општината се наведуваат и услови кои треба да ги исполнат спортските клубови, здруженија и институции. Треба да имаат годишна Програма за ...
На Пониква месецов има доволно снег и пријатни услови за рекреативно скијање, но ски-лифтовите во моментов не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши на 28 јануари. За време на сезоната во овој регионален зимски центар, oсебно фреквентна е патеката во близината на одморалиштето на МВР. Таму, ски-школите активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите ...
Иако е нормално телото на жената да се менува за време на бременоста, ново истражување посочува како таа состојба влијае и на мозокот на жената. Истражувачите, имено, го проучувале мозокот на здрава 38-годишна трудница низ целата нејзина бременост и две години по породувањето. Тие направиле 26 магнетнорезонантни скенирања и крвни тестови. Сѐ тоа е споредено со податоци од осум лица кои не биле бремени. Според порталот „Кликс“, наводите ...
Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“, повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка. Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од синдром на заклучување или псевдокома, што се однесува на способноста да реагира ...
Петтиот светски рекет, Лоренцо Мусети, ноќеска го победи Тејлор Фриц во четвртото коло на Австралија опен. Натпреварот заврши со резултат 6:2, 7:5 и 6:4. Ова е четвртото учество на Италијанецот во четвртфиналето на Грен слем, а негово прво на Австралија опен. Тој, исто така, ја обезбеди својата 15. победа над играч од Топ 10. Неговиот биланс против играчи од Топ 10 сега е 15:34. Оваа победа над Фриц е само негова втора на Грен слем турнирите ...
Одредени се сите четвртфинални двојки во женска конкуренција на Австралија опен. Првиот светски рекет, Арина Сабаленка (Белорусија) ќе се соочи со Ива Јовиќ (29-та носителка) од САД. Втората светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан (5. на светската ранг-листа). Во другите два четвртфинални пара ќе се сретнат: Џесика Пегула (6. носителка) САД – Аманда Анисимова (4. носителка) Коко Гоф (САД 3. ...
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос, и група инвеститори што тој ги предводи, се согласија да ја купат Севилја. Според „Карусел Депортиво“, договорот е вреден приближно 400 милиони евра. Триесет и деветгодишниот Шпанец ќе стане претседател на клубот од каде што доаѓа. Рамос играше за сениорскиот тим на Севилја од 2004 до 2005 година и во сезоната 2023/24. Тој играше и за Реал Мадрид, ПСЖ и Монтереј. Фудбалерот ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, проговори за заминувањето од клубот на Дро Фернандез. – Непријатна ситуација. Имавме друг договор, но неговиот агент рече дека не можеме да го почитуваме, изјави Лапорта. Претходно беше објавено дека 18-годишниот фудбалер од средниот ред е блиску до трансфер во ПСЖ. – Ќе коментираме за ова кога сè ќе биде финализирано. Тој објави дека нема да остане. Беше неочекувано. Се договоривме за друго решение ...
Итан Хоук можеби „не виси“ од облакодери и не се држи за авион в лет, како Том Круз во „Невозможна мисија“, но беше подготвен да ги прави каскадерските задолженија во рамки на својата улога во „Товар“ (The Weight) – историско-акциона драма којашто денеска премиерно се прикажува на Филмскиот фестивал „Санденс“ во САД. Во приказната од ерата на Големата депресија во 1930-тите, Хоук го глуми Семјуел – вдовец одвоен од својата ќерка и испратен во ...
Австрискиот формула 1 тим Ред Бул објави видео и фотографии од својот нов болид РБ22. Првите претсезонски тестови во Формула 1 ќе започнат денес во Барселона. Холанѓанецот Макс Верстапен и француско-алжирскиот возач Исак Хаџар ќе возат за Ред Бул во сезоната 2026. Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец е четирикратен шампион во Формула 1. Минатата сезона заврши втор во шампионатот на возачи. Хаџар го ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја процени својата физичка состојба пред четвртфиналето на Австралија опен. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ стигна до оваа фаза по повлекувањето на Чехот Јакуб Меншик, со кого Ѓоковиќ требаше да се соочи во четвртото коло. – Се чувствувам одлично, особено физички. Веројатно сум во најдобрата форма во последно време. Го очекував ова, особено со оглед на времето што го имав за одмор и подготовка за овој Грен слем ...