Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Репрезентацијата на Германија со победа ја стартуваше втората фаза од Европското првенство. Германските ракометари ја совладаа Португалија со 32:30 и сега имаат четири бодови во групата, а Португалија остана со два. Натпреварот од групата 1 беше максимално изедначен, а ниту една репрезентација не успеа да оствари водство поголемо од два разлика. Резултатот често беше нерешен, а Германија од средината на вториот дел дојде до предност од два ...
Управата на Тотенхем е подготвена за продажба на својот играч од одбраната Мики ван де Вен. Неколку големи клубови покажуваат интерес на 24-годишниот фудбалер. Премиерлигашот од Лондон е подготвен да го продаде својот играч за 120 милиони евра. На листата на потенцијални клубови за холандскиот репрезентативец се двата тима од Премиер лигата Ливерпул и Манчестер Јунајтед, потоа Реал Мадрид и Баерн. Играчот важи за еден од најдобрите одбранбени ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Ако се земе предвид колкава држава сме и кои ни беа ривали во групата, треба да сме задоволни со 14. место. Секогаш може подобро, но и овој резултат е успех. Би сакал и во другите спортови да сме со такви постигнувања на Европските првенства. Можеби некои очекуваа ...
Еден од играчите кој остави белег во Реал Мадрид последните десет години Германецот Тони Крос им упати порака на сегашните ѕвезди на „кралскиот клуб“, кои во дуелот со Леванте беа исвиркани од навивачите на Сантијаго Бернабеу. – Фудбалер, кому никогаш не му свиреле на Сантијаго Бернабеу не е голем играч. Тука секогаш играат големи фудбалски имиња. Ако пред почетокот на натпреварот те дочекаат свирежи, тоа не помага во тоа што сите го сакаат, ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во работна посета на Кралството Шпанија, денеска во Мадрид присуствуваше на свеченото отвoрање на 46. Меѓународен саем на туризам „ФИТУР 2026“. На саемот „ФИТУР 2026“ во Мадрид Македонија учествува со национален штанд, со кој од 21 до 25 јануари земјата се промовира како автентична туристичка дестинација, со посебен акцент на културниот туризам, еногастро ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари работна средба со директорот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во Скопје, Фатих Туркменоглу, на која беа разгледани тековните и идните проекти во областа на управувањето со отпадот и водната инфраструктура. Како што информира Кабинетот на Хоџа, на средбата беше ставен акцент на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира ...
Инженерите од Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД, развија роботско лице што може да научи да ги движи усните синхронизирано со говор, но и пеење, гледајќи се себеси во огледало и гледајќи луѓе во Јутјуб-видеа. Целта е човековидните роботи со вештачка интелигенција да изгледаат не толку „несмасно“ во интеракциите лице-в-лице. Написот за најновото научно достигнување е објавено во списанието „Сајенс роботикс“ (Science Robotics), а во него ...
На претстојните Зимски олимписки игри во Италија ќе настапат четири македонски спортисти. Честа да го носат македонскиот дрес ја имаат: Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км Јана Атанасовска – слалом и велеслалом Мирко Лазарески – слалом и велеслалом Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари. Post Views: 2 јануари 23, 2026 На претстојните Зимски ...
Реал Мадрид е на врвот на светската ранг-листа на фудбалски клубови со највисоки приходи трета година по ред. Ревизорската фирма „Deloitte“ ги анализираше приходите на фудбалските клубови ширум светот за сезоната 2024/25. „Кралскиот клуб“ минатата сезона заработ 1,161 милијарди евра. Нивните приходи за претходниот извештаен период изнесуваа 1,046 милијарди евра, што ги прави првиот клуб во историјата што заработил над 1 милијарда евра за една ...
Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина Кочани ќе се реконструира булеварот Теодосија Паунов. Опфатен е делот од потегот од спојот со улицата Киро Кикенски до спојот со улицата Генерал Апостолски, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот е 2.015 метри. – Со имплементацијата на овој проект граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија, која ќе ги зголеми ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска официјално го означија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Перо Наков“, со што по речиси три децении запоставеност почнува значајна инвестиција во унапредување на сообраќајната инфраструктура и квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните. Како што информираат од прес-службата на Град Скопје, проектот е насочен кон ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е прогласен за возач на годината од страна на „Austosport“. Во гласањето, тој ги победи шампионот на Формула 1 за 2025 година, Ландо Норис од Мекларен, Оскар Пјастри од Мекларен, возачот на ИндиКар, Алекс Палу, шампионот на Формула Е, Оливер Роуланд, и натпреварувачот во Мото ГП, Марк Маркез. На крајот од сезоната 2025, 28-годишниот Холанѓанец заврши втор во Шампионатот на возачи во Формула 1 со 421 поен. ...
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти УХМР. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник. Post Views: 2 јануари 23, 2026 До сабота времето ќе биде ...
Во тетовско Теарце денеска беа одбележани 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) во 2001 година во тамошната полициска станица врз која во 2001 година беше извршен терористички напад. Одборот на бранителите на Македонија организира комеморативен собир за настанот од 22 јануари 2001, кој се смета и за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а ...
Според раководителот на лабораторијата за генетски технологии за развој на лекови при Универзитетот „Сеченов“, Дмитриј Костјушев, веќе постојната генетска технологија за уредување на човечкиот геном, која може целосно да излекува хепатитис Б, во иднина би можела да се користи и за лекување рак. Костјушев за ТААС изјави дека технологијата за уредување на геномот има потенцијал целосно да ги излекува пациентите со хепатитис Б за разлика од ...
Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето. По темелно разгледување на акумулираната научна литература, работна група од 22 експерти од 10 земји, свикана од МАИР, ја класифицира консумацијата на црвеното месо како можно канцерогено за луѓето (Група 2А). Таков е заклучокот врз ...
Нетфликс“ одлучи дека готварската лајфстајл-емисија на Меган Маркл, со наслов „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan), нема да има трета сезона. Имено, шоуто што сопругата на британскиот принц Хари интензивно го промовира како нејзино големо враќање на малите екрани нема да добие продолжение. И покрај критиките, Меган претходно тврдеше дека публиката ја сака емисијата и оти негативните коментари се само обид на критичарите „да си ги платат ...
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект. – Во рамките на извршените активности набавени и монтирани се нови ЛЕД-рефлектори со моќност од 200 и 400 W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е ...
Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт. – Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 квадратни метри, во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со ...
Поп-пејачката Тејлор Свифт, на 36-годишна возраст ќе стане втората најмлада кантавторка некогаш примена во американската Куќа на славните текстописци, придружувајќи му се на Стиви Вондер, кој имал 33 години кога беше примен во 1983 година, објави организацијата денеска. Свифт ќе биде примена заедно со пејачите Аланис Морисет, Кени Логинс и членовите на рок-бендот „Кис“ – Пол Стенли и Џин Симонс. Свеченоста е закажана за 11 јуни во хотелот ...
Шеј Гилџеус-Александар постигна историски статистики против Милвоки Бакс. Тој на натпреварот одигран утринава на гостински терен ја предводеше Оклахома до победа од 122:102. Бекот мечот го заврши со 40 поени, 7 скока и 11 асистенции со 16 од 19 шутеви од поле (84%), 2 од 2 за тројка и 6 од 7 од линијата за слободни фрлања. Гилџус-Александар и Вилт Чемберлен остануваат единствените кошаркари со 40 поени, 10 асистенции и 5 скока со +80% шут од ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, изрази желба да се врати како главен тренер на Реал Мадрид, објави „The Touchline“. Тимот моментално го тренира Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо овој месец. Раководството на мадридскиот клуб го разгледува 66-годишниот Италијанец како алтернатива. Анчелоти претходно изјави дека по неговото време во бразилската репрезентација, единствениот клуб што би бил спремен ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше триумфот од 3:0 над Марсеј во 7. коло од вкупната фаза на Лигата на шампионите. Беше добар натпревар, заслужена победа, но сега веќе размислуваме за следниот натпревар. Со толку густ распоред, важно е да се избегне плејофот. Следната недела, сè ќе зависи целосно од нас. Треба да завршиме меѓу првите осум. Сега сме во удобна позиција, но сè ќе биде одлучено следната недела, изјави Ван Дајк ...
Состојбата со снегот во државата полека се стабилизира. Според информациите од Центарот за управување со кризи, без електрична енергија се жителите на селото Илино во општина Демир Хисар, каде што екипи на ЕВН веќе работат на отстранување на дефектот, а патиштата што водат кон селата се чистат. Во општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат и се очекува да бидат целосно исчистени во текот на денешниот ден. На ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари средба со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Како што информира Министерството за култура и туризам, на средбата биле разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив ...
Волонтерите на „Сапорт Кочани“ информираат дека имале чест да бидат домаќини на македонскиот артист Тајзи и на тимот на Let’s Spread Love од Куманово во рамките на нивната хумана мисиja. За нив, велат тие, оваа средба претставува потсетник дека уметноста, солидарноста и хуманоста имаат моќ да нè поврзат во моменти кога надежта ни е најпотребна. На наменската сметка на „Сапорт Кочани“ вчера се донирани нови 200.000 денари, со кои ќе бидат ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6:3, 6:2 и 6:2. Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки. Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи ...
По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза. Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал. Другите шест директни учесници во 1/8финалето, како и екипите кои ќе играат бараж за влез помеѓу 16-те најдобри ќе бидат познати по одигрувањето на 8. коло. Резултати на натпреварите од 7. коло играни ...
Ракометниот клуб Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар. Играчот „црвено-црниот“ дрес ќе го облече од доаѓа во Скопје веќе од следната сезона,. Љевар (24 години), е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Тој во Вардар доаѓа од словенечкиот клуб Слован, а имаше одлични настапи и успеа да постигне 44 голови. – Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква ...
Карлос Алкараз успеа да оствари нова победа и во второто коло го совлада Германецот Јаник Ханфман. Тој по натпреварот беше искрен и самокритичен. – Немав чувство дека играм добро. Но, по разговорот со тимот сфатив дека сум играл подобро отколку што мислев. Кога играш ги гледач само лошите работи. Затоа кога се гледа од страна е многу појасно, изјави Шпанецот, кој важи за фаворит за пласман во финалето. Алкараз притоа напомена и дека и ...