Борко Ристовски вчера наполни 43 години. Поранешниот ракометар и сегашен министер за спорт ја дувна роденденската свеќичка на мала прослава со сопругата Нина и двете деца. Неговата сакана сподели фотографии на кои по гласањето за градоначалник славеа со торта и слатки со синчето Душан и ќеркичката Анастасија. „Среќен роденден. Ти си моја, наша гордост многу години наназад, да си жив и здрав и да ти се радуваме уште многу. Те сакаме“ – напиша ...

Синди Крафорд и Каја Гербер крадеа најмногу погледи на синоќешната свеченост „Уметност + Филм“ во Музејот на уметноста во Лос Анџелес (LACMA). Популарниот супермодел позираше пред фоторепортерите со својата наследничка и многумина коментираат дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка. 59-годишната Синди носеше долг златен фустан додека 24-годишната Каја фасцинираше во црвена тоалета. И двете креации се дело на модната куќа Гучи. Ова е ...

Иако се разделени повеќе од шест години, Ирина Шајк и Бредли Купер секоја година заедно со нивната ќеркичка се маскираат за Халовин. И овогодишната Ноќ на вештерките не беше исклучок. Поранешните партнери беа фотографирани во Њујорк заедно со 8-годишната Леа во „страшни“ маски. Тие го водеа за рака пораснатото девојче низ улиците на кои сите беа маскирани. Еве дел од нивните костими во изминатите години: Ирина и Бредли беа во врска од пролетта ...

По цели 16 години, Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги спојуваат гласовите и музичката хемија во новиот дует „Адреналин“, песна што ветува да стане вистински есенски хит. Двајцата музичари, кои пред повеќе од деценија и пол ја снимија незаборавната „Слаба точка“, сега се враќаат со нешто помодерно, побрзо и поенергично. Во видеоспотот за „Адреналин“, популарните пејачи се придружени од две атрактивни девојки, совршено доловувајќи ја страста ...

Космосот во ноември го менува ритамот и нè насочува кон нови почетоци, но само откако ќе се соочиме со она што сè уште нè држи назад. Месецот започнува со возбуда што се чувствува во воздухот, па очекувајте силни страсти, пресврти и судбински средби. На 4 ноември Марс влегува во Стрелец и ќе почувствуваме прилив на храброст и огнена енергија. Време е за нови потфати, нови љубови и нови почетоци. Еден ден подоцна, т.е. на 5 ноември, полната ...

Антониа Гиговска повторно привлече внимание со својот впечатлив изглед. 24-годишната пејачка заедно со сопругот Роберт Спасенцовски вечерва ќе настапи во хотел „Епинал“ во Битола, каде публиката очекува вистинско музичко шоу. Двојката се фотографираше пред настапот во усогласени кожни стајлинзи. Антониа избра црн кожен костум кој совршено го отслика нејзиниот модерен стил, додека Роберт се одлучи за лежерен, но впечатлив рокерски изглед. ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 14%, што ги надмина нашите првични проекции и ...

Некои моменти се незаборавни. Токму таков момент успеа да сними Џина Перез непосредно по породувањето. Во моментот кога нејзините родители влегоа во болничката соба за да го запознаат новороденото внуче, Џина им соопшти дека бебенцето го доби името на татко ѝ. Емотивниот дедо, кој носеше маица со натпис: „Не можам да се смирам, ќерка ми роди бебе“, не можеше да си ги задржи солзите. „Кога конечно ќе му кажеш на татко ти дека твоето прво бебе е ...

Лара Иванова го објави спотот за песната „Доминантен“, со којашто се претстави на 40-годишниот јубилеј на „Макфест“. Во него, младата македонска пејачка танцува и пее во атрактивни изданија. Автори на музиката за „Доминантен“ се Лара и Андреј Николов, текстот е дело на Андреј Поповски и Робин Зимбаков, а за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Андреј Николов. Видеоспотот е во режија на Стефан Димитриевски. Погледнете го: Со комбинација на ...

По три децении смеење, провокации, хумор и реплики кои станаа дел од секојдневниот јазик, легендарните К-15 конечно добиваат свој документарен филм. По три распродадени настапи во Арената „Борис Трајковски“, ова е следниот голем чекор – да се открие целата приказна на големо платно. „К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот ...

Видео, во кое брачeн пар го слуша отчукувањето на срцето на покојниот син, но во градите на друго детенце, насолзи многу очи низ светот. Во него, ужалените родители со силни емоции го слушаат срцебиењето во градите на момчето кое доби нов живот благодарение на трансплантацијата на срце. По трагичната загуба на синот, родителите одлучиле да го донираат неговото срце и да спасат друг живот. Неколку месеци подоцна, ги запознале родителите и малиот ...

Мартинијан Кириловски го објави спотот за „Без да кажеш збор“. Откако за првпат ја отпеа песната пред публиката на „Макфест 2025“, 29-годишниот музичар на YouTube го сподели видеозаписот за истата. Музиката, текстот и аранжманот на „Без да кажеш збор“ се дело на Илија Ќосевски, а за спотот бил задолжен Томислав Живковиќ. „Секое срце го чувствува ритамот на „БЕЗ ДА КАЖЕШ ЗБОР“! Благодарен за секој аплауз, секоја насмевка и секој миг на ...

Емра Куртишова и Петар Стојанов со слатко видео го одбележаа вториот роденден на нивната ќеркичка Лена. Македонските актери направија компилација со фотографии од растењето на малата ќеркичка, од првиот момент по раѓањето во болницата, па сè до денес. Во описот на видеото на Instagram, Емра напиша: „Среќен роденден мајкино. Секоја фотографија – една мала приказна за љубовта наречена Лена“. View this post on Instagram A post shared by Emra ...

Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска. 41-годишната пејачка и 53-годишниот поранешен канадски премиер викендов за првпат се појавија како пар во јавност. Новите партнери беа фотографирани додека се држеа за раце во Париз, каде го славеа нејзиниот роденден. Пери и Трудо присуствуваа на кабаре-шоуто „Crazy Horse Paris“, каде што го одбележаа специјалниот ден на славната музичарка. Поранешната сопруга на Орландо Блум го истакна своето ...

Саша Ковачевиќ се вери. Српскиот пејач клекна на едно колено и со елегантен прстен ја побара за жена долгогодишната девојка Зорана Тасовац. Во видео објавено на социјалните мрежи, 40-годишниот музичар сподели снимки од приватни моменти со Зорана и нејзината ќеркичка Искра, а на крајот следуваше и запросувањето. Видео @sashakovacevic Moje si danas, moje si sutra! ♬ original sound - Sasa Kovacevic Саша секогаш отворено зборувал за односот со ...

Во Штип синоќа згаснаа рефлекторите, но фестивалската магија продолжи да пулсира во воздухот. Со емотивна и гламурозна завршница, фестивалот „Макфест“ го заокружи своето јубилејно 40. издание. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, се вратија истакнати имиња и отпеаја хитови кои спојуваат генерации. Непосредно пред манифестацијата, дел од учесниците и организаторите застанаа пред објективите на фоторепортерите, а потоа заедно со публиката ...

За време на втората вечер на јубилејното 40. издание на „Макфест“, наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали ѝ беше доделена на Антониа Гиговска за „Жена“. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ѝ врачи ваучер во вредност од 120.000 денари, како признание за успехот и популарноста на песната кај публиката. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, младата ѕвезда се појави во впечатливо издание. Драматичната црвена креација од ...

Фестивалската треска е пред кулминација во Штип. Синоќа се одржа втората вечер од јубилејното 40. издание на „Макфест“. Пред почетокот на манифестацијата во Градот под Исарот, учесниците и дел од организаторите позираа за фоторепортерите. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, настапија победниците од првата вечер на дебитантите, а ним им се придружија и веќе утврдени имиња на македонската сцена како Јанг Дади, Лара Иванова, Коки, Димитар ...

Откако дефилираа на ревијата на Victoria’s Secret, Џиџи и Бела Хадид отпатуваа во Лос Анџелес за да присуствуваат на свадбата на нивната сестра Алана. Популарните модели беа трогнати до солзи за време на церемонијата на која Алана стапи во брак со продуцентот Рос Вилијамс. Како и невестата, Џиџи и Бела беа босоноги на венчавката која се одржа во дворот на имот на нивниот татко Мохамед. И двете носеа долги елегантни фустани во зелени нијанси. ...

Мирослав и Ивана Кацаров уживаат во прекрасниот период додека го очекуваат нивното прво заедничко дете. Неполн месец пред да го запознаат синчето Тадеј, познатиот водител и неговата убава сопруга решија да ги овековечат среќните моменти со нежна и емотивна фотосесија. Во неа им се придружи и малата Миа, која Ивана ја има од првиот брак, а која Миро ја гледа како свое дете. „Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“ – напиша тој во описот на ...

Моника Црнокрак уживаше во егзотичен одмор со својот сакан во Хургада. 26-годишната манекенка сподели фотографии од патувањето во египетскиот туристички рај, на кои позира во бикини, истакнувајќи ја својата одлична фигура. Ќерката на Светлана и Мики Црнокрак беше во друштво на својот партнер Виктор, со кого е во врска повеќе од пет години. „Ги завршувам летните фотографии со овој египетски ‘photo dump’“ – напиша таа во описот. Моника и Виктор се ...

Марјана Станојковска блескаше на сцената на јубилејното 40-то издание на „Макфест“. Македонската убавица влезе во улога на водителка на Фестивалот на забавни мелодии заедно со колегата Димитар Атанасовски. На првата вечер од свеченоста во Штип, Марјана избра бела светкава креација од ателјето Bianka Sposa. „40 години музика. 40 години емоции. 40 години насмевки и солзи. 40 години љубов, среќа и тага. 40 години историја, традиција...“ – рекоа ...

ОКТА АД - Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории ...

Само месец и половина по раѓањето на второто дете, Александра Пријовиќ примами многу погледи на промоцијата на новиот албум на Наташа Беквалац. На настанот во Белград, 30-годишната пејачка се појави во елегантно кратко црно фустанче кое го надополни со високи чизми над колената и кожен мантил. Пријовиќ сподели дека најмногу ѝ се допаднала песната „Мама“, а најави и свој камбек на музичката сцена. Запрашана од новинарите кога повторно ќе се ...

Горан Трајковски објави нежна семејна фотосесија со своите најмили. Докторот, кој веќе неколку години живее и работи во Германија, ја сподели првата фотосесија со новородениот син Константин. Со него позираат и братчето Себастиан, како и сопругата Александра. „Најдобрите подароци од Господ“ – напиша популарниот доктор кој на Инстаграм има речиси 60 илјади следбеници. Трајковски, кој секојдневно споделува медицински совети и инспиративни пораки ...

Димитар Атанасовски ѝ го честиташе 35-тиот роденден на својата сопруга, Сара Мејс, со забавни фотографии и видеа, придружени со слатка порака на социјалните мрежи. Македонскиот водител сподели моменти од нивниот семеен живот со ќеркичката Илина и синот Кирил, полни со смеа, авантури и љубов, а во описот напиша: „Среќен роденден кралица наша, најсекси и најжестока мама, мојата сродна душа, најинспиративната партнерка за цел живот“ – напиша ...

Радосна вест одекна од Клиниката за детски болести во Скопје. Јунакот Амир ја доби битката со тешката болест и победнички заѕвони на ѕвончето. Тој беше испратен со силен аплауз од вработените, малите пациенти кои се лекуваат таму и нивните родители. „Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме ...

Влатко Лозаноски го чува личниот живот далеку од очите на јавноста и ретко открива детали од неговата приватност. Досега, 40-годишниот пејач го немаше покажано лицето на синчето Марко, но сега одлучи да сподели преслатки фотографии од роденденот и крштевката во Марков Манастир. Марко пред три дена наполни една година. „(18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“ – напиша Лозано во описот. ...

Невеста стана хит на социјалните мрежи откако вчера отиде на гласање во венчаница. Сандра Матеска од Скопје сподели видео и фотографии од моментот кога го оствари своето избирачко право во невестинско издание. Заедно со неа беше и нејзиниот сакан Денис, кој исто така беше облечен свечено, во елегантен костум. „Гламурозна за гласање“ – напиша Сандра со доза на хумор под објавата, која брзо се прошири по социјалните мрежи и доби бројни коментари. ...

Пред неколку дена се навршија 18 години од смртта на нашиот славеј Тоше Проески. Во негова чест, пејачот Денис Димоски и неговата ученичка, 7-годишната Ива Пауновиќ, ја отпеаја песната „Немир“, која Тоше ја сними со Каролина Гочева. Талентираното дуо доби бројни пофалби и комплименти на социјалните мрежи. „Во чест на нашиот Тоше, ви ја претставуваме нашата изведба на ‘Немир’, заедно со една од моите најмлади ученички ИВА“ – напиша Денис. Еве ја ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1021
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1025
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
6.69
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
7.0
77%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
7.2
88%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
73%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
76%
1024
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 13ᴼ
1.54
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225