
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



ЊУЈОРК (АА) — Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Германија би станала директен учесник во војната во Украина доколку одлучи да му испорача ракети Таурус на Киев, јавува Анадолу. „Да, би станала,“ одговори Небензја на прашањето на новинар на Анадолу дали таквиот потег би значел дека Германија е директно вклучена во конфликтот. Тој ги обвини Германија и уште неколку западни земји дека и сега се ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои две деца и една жена, се убиени во синоќешниот израелски напад со беспилотно летало врз дом во северниот дел на Газа, велат палестински извори, јавува Анадолу. Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските беспилотни летала испукале неколку проектили врз семејна куќа во областа Тел ал Затар, предизвикувајќи штета и повредувајќи неколку лица кои се наоѓале во домот. Израелската армија ...
ВАШИНГТОН / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 38 лица, меѓу кои и пет здравствени работници, се убиени во американските воздушни напади врз јеменското нафтено пристаниште Рас Иса во областа Ал Худајда, соопшти телевизијата на Хуси, Ал-Масирах, јавува Анадолу. Телевизијата објави дека уште 102 лица се повредени во нападите, при што бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките операции се сѐуште во тек. Претходно, Ал-Масирах ...
СКОПЈЕ (АА) - Група про-палестински активисти одржаа протест во Вашингтон вчера, повикувајќи на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу. Облечени во бела облека со црвени детали кои симболизираат крв и носејќи бели маски, маршираа низ центарот на американската престолнина, носејќи транспаренти со пораки, против, како што го нарекуваат, геноцидот во Газа. Дел од нив држеа и кукли во форма на бебиња, потсетувајќи на ...
ЖЕНЕВА (АА) - Бројот на бездомници во белгискиот регион Брисел достигна 9.777 лица, што претставува пораст од 25 отсто во споредба со 2022 година, се наведува во најновиот извештај на истражувачкиот центар Брус'Хелп, јавува Анадолу. Од вкупниот број, 992 лица живеат на улица, се наведува во извештајот објавен вчера. Истражувањето за 2024 година открива мрачна слика за состојбата, нагласувајќи дека бездомништвото погодува различни и ранливи ...
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија очекува Европа и Украина на крајот да се насочат кон мирно решавање на конфликтот, но засега европските држави остануваат фокусирани на продолжување на војната, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, Песков истакна дека САД продолжуваат да соработуваат со европските партнери и со Украина за постигнување мировно решение. „Секако, ние би сакале да ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за домашна безбедност (DHS) денес упати закани до Универзитетот Харвард дека ќе му ја одземе дозволата за запишување странски студенти доколку институцијата не достави детални податоци за одредени странски студенти поврзани со неодамнешните пропалестински протести, јавува Анадолу. „Харвард со своето поклонување пред антисемитизмот - под водство на своето кукавичко раководство - создава живо легло на екстремистички ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина соопшти дека три лица се убиени, а 31 е повредено во руски напад со беспилотни летала врз југоисточниот град Днипро, јавува Анадолу. „Масовниот напад со беспилотни летала предизвика трагични последици. Три лица се убиени, меѓу кои и едно дете“, изјави гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, преку објава на Телеграм. Лисак додаде дека во нападот, кој се случил доцна синоќа, повредени се уште 31 лице, од кои 10 ...
СКОПЈЕ (АА) - Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 62. жртва. Почина пациент што се лекуваше во Белград, а уште од почетокот беше во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на Северна Македонија, јавува Анадолу. Денес Министерството информираше дека 23-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој со тешки изгореници бил пренесен на лекување во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, ја загубил битката со животот. ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Националниот истражувачки центар за поморско право при Универзитетот во Анкара (ДЕХУКАМ) ја објави првата академска студија за Поморско просторно планирање (МСП) на Туркије, со која земјата се стреми кон одржливо и ефикасно искористување на своите морски површини, јавува Анадолу. Турските напори за воспоставување поморско просторно планирање започнаа пред неколку години, со цел да се заштитат нејзините права и интереси во ...
БЕЛГРАД (АА) - Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ, јавува Анадолу. Примопредавањето се случи во зградата на српската Влада во Белград еден ден откако Народното собрание на Србија гласаше за избор на новата Влада. Подоцна во текот на денот новата српска Влада ќе ја одржи првата седница во новиот состав. На почетокот на неделата Мацут пред Собранието ги претстави ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската банкa денес објави дека загадувањето на воздухот ги одзема животите на околу 5,7 милиони луѓе секоја година, а 95 отсто од смртните случаи се во земјите со низок и среден приход, јавува Анадолу. Во извештајот насловен како Забрзување на пристапот до чист воздух на планета погодна за живеење, Банката процени дека загадувањето на воздухот предизвикува економска загуба еквивалентна на околу 5 отсто од глобалниот ...
ЛОНДОН (АА) - Полето со лалиња на фармата Талис во регионот Вест Сасекс, Англија, стана вистинска атракција за љубителите на природата кои го искористија убавото време за прошетка меѓу илјадниците расцутени цветови, јавува Анадолу. Во рамки на Фестивалот на лалиња, фармата ги отвори вратите за посетителите, нудејќи незаборавно визуелно доживување со повеќе од половина милион лалиња од над 100 различни сорти. Градината, украсена со автентични ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 40 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.065, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 73 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.505. „Многу ...
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, планира двојно да го зголеми капацитетот на најголемиот затвор во светот за да се сместат уште повеќе депортирани лица од САД, објави вчера „Волстрит џурнал“, пренесува Анадолу. За време на неодамнешната посета на американската секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, Букеле изјави дека има намера да го прошири Центарот за затворање терористи (Цекот), во кој моментно се наоѓаат ...
СКОПЈЕ (АА) - Планираниот граѓански протест што требаше да се одржи вчера во населбата Канапе-Верт во Порт-о-Пренс беше откажан поради зголемените тензии, при што илјадници граѓани се подготвуваа да излезат на улиците за да го изразат незадоволството од влошената безбедносна состојба во земјата, јавува Анадолу. Ескалацијата на насилството, растечкото влијание на вооружените банди и зголемената политичка нестабилност, особено во главниот град, ...
СКОПЈЕ (АА) - Бугарија ги демантираше информациите дека планира да се приклучи на договорот за одбранбена соработка потпишан минатиот месец меѓу Косово, Албанија и Хрватска, јавува Анадолу. Како што јави бугарската новинска агенција БТА, министерот за надворешни работи Георг Георгиев во вторникот изјавил дека информациите кои сугерираат дека Бугарија изразила неофицијален интерес за декларацијата за одбранбена соработка меѓу Косово, Албанија и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица се убиени, меѓу кои има и деца, во нападот на израелската армија врз шаторите во кои биле сместени раселени Палестинци во Појасот Газа, известува Анадолу. Според изјавите на очевидците, израелската армија ги бомбардирала шаторите на раселените Палестинци во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Газа. Во нападот животот го загубиле 10 Палестинци, меѓу кои има деца и жени, кои изгореле од настанатиот пожар. ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 500.000 Палестинци се раселени низ Газа откако Израел ја продолжи офанзивата по прекршувањето на договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, соопшти денес Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), јавува Анадолу. Израелската армија ги обнови нападите врз Газа на 18 март и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари. Од почетокот на нападите во октомври ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.025, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 89 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.432. „Многу ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека секој кој ќе биде пречка Сирија да постигне траен мир и стабилност, пред нив ќе ги најдат сириската влада и Туркије, известува Анадолу. Претседателот Ердоган, им се обрати на претставниците на медиумите по состанокот на претседателскиот кабинет. Во својот говор Претседателот Ердоган истакна: „Во период кога тензиите се зголемуваат и постојано се појавуваат нови кризи, ...
АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека израелската армија ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ во Појасот Газа во секој „привремен или постојан“ распоред, јавува Анадолу. „За разлика од минатото, (израелската армија) нема да се повлече од областите што ги расчисти и зазеде“, соопшти Кац. Тој нагласи дека армијата ќе остане во тие безбедносни појаси како тампон-зона помеѓу палестинските милитанти и ...
СКОПЈЕ (АА) – Катедралата Нотр Дам продолжува да привлекува посетители од целиот свет откако повторно ги отвори своите врати за јавноста, а туристите ги споделуваат емоциите и потсетуваат на длабокото културно и духовно значење на овој париски симбол, јавува Анадолу. По завршувањето на петгодишната реставрација по катастрофалниот пожар во 2019 година, катедралата Нотр Дам на 8 декември 2024 година повторно ги отвори вратите за посетителите. Овој ...
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелски борбен авион поради „технички дефект“ случајно исфрлил бомба во близина на населбата Нир Јицхак, на границата со Газа, соопшти израелската Армија, јавува Анадолу. Во соопштението се наведува дека муницијата паднала на отворено подрачје во близина на населбата и дека при инцидентот нема повредени лица. Случајот е предмет на истрага. Локални жители за весникот „Једиот ахронот“ изјавија дека не забележале ништо ...
БЕРЛИН (АА) – Четириесетгодишен лекар е обвинет за убиство на 15 пациенти што биле под негово медицинско згрижување, соопштија германските обвинители во Берлин, јавува Анадолу. Осомничениот лекар на одделот за палијативна нега, идентификуван само како Јоханес М., се товари дека од септември 2021 до јули 2024 година, без знаење или согласност од пациентите, им давал смртоносни комбинации на лекови. Жртвите биле на возраст од 25 до 94 години. ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици американски карго авиони со тешко вооружување и муниција слетаа во Израел во текот на изминатите денови, во екот на тековната војна во Газа и можната ескалација против Иран, јавија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. Според јавниот радиодифузен сервис КАН, транспортни авиони од типот Ц-17 донеле оружје и муниција од американски бази низ светот во воздухопловната база Неватим, која се наоѓа во јужниот ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сакаат да им дадат пари и авионски билети на нерегуларните имигранти кои планираат доброволно да ја напуштат земјата, известува Анадолу. Говорејќи за американската програма „Нотисијас“ на „Фокс њуз“, Трамп ја коментираше имиграциската политика. Претседателот на САД истакна дека во моментов продолжуваат да ги депортираат „лошите“ имигранти од земјата и најави дека работат на ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Трговските и царинските војни „нема да донесат победник“, порача кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес, на почетокот од неговата прва официјална посета на странство оваа година, што започна од Виетнам, јавува Анадолу. „Протекционизмот нема иднина и не води никаде“, се вели во официјалното соопштение пренесено од Пекинг. Коментарите на Си доаѓаат во време на интензивен трговски судир меѓу Кина и САД – двете најголеми светски ...
КОМ (АА) - Илјадници луѓе се собраа во иранскиот град Ком протестирајќи против нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Демонстрантите маршираа низ градот Ком во знак на поддршка на Палестинците во Појасот Газа кои 557 денови се жртви на израелските брутални бомбардирања и гранатирања. За време на маршот демонстрантите во рацете носеа ирански и палестински знамиња и извикуваа слогани против Израел и САД. На веб страницата на ...
КОМОТИНИ (АА) – Турците од Западна Тракија изјавија дека Грција продолжува да замижува пред кршењето на нивните права и дека нивната слобода на здружување се нарушува и покрај одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), известува Анадолу. Во соопштението што го објави Европската федерација на Турците од Западна Тракија, дадена е реакција на писменото соопштение што го издаде грчкото Министерство за надворешни работи како одговор на ...