Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за личен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата. Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување. „Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше ...
Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција SAHA Expo 2026, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата беше потврдена силната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни ...
Деновиве македонската јавност е сведок на повеќе немили настани на насилство кон невини заробени животни, кое се случи во скопската зоолошка градина а најзагрижувачки од се е тоа што главни инстигатори на ова насилство се малолетници, односно деца. Имено, станува збор за два посебни инцидента во кои деца – ученици од основно училиште со камења ги гаѓале заробените слонови и заробениот нилски коњ како и инцидент во кој млада девојка качена до ...
Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола. Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и ...
На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД прерасна во национална годишна традиција која докажува дека ...
Во понеделник, на 11 мај, со почеток од 20 часот, во Кинотека проекција на филмот ПРЕКУ ЕЗЕРОТО/ Across the Lake, на Антонио Митриќески / Македонија / 1997 / 83 мин Уште при самиот почеток на филмот, авторите укажуваат на фактот дека тој е инспириран од вистински настан, а времето на збиднувањето опфаќа период од неколку децении. Местото на збиднувањето, со исклучок на почетокот и на крајот на филмот, е Албанија во времето кога беше „голем ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски. Во јавноста, наместо целосна транспарентност и институционална доследност, со години се менуваат ставови, се ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Ибрахим Јумакли, домаќин на 5-тиот Меѓународен форум за води, кој се одржува во Истанбул. Разговорот беше насочен кон конкретни можности за унапредување на билатералната соработка, особено во делот на модернизација на системите за управување со води, јакнење на капацитетите и користење на современи ...
ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство. СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието. Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. Само уште не ...
Собраниската Комисија за култура и туризам го одбележа 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески на кое присуствуваше директорката на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик Менче Андреева. Со поздравно обраќање, настанот го отворија Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам ...
Синоќа во просториите на НЛБ Галерија, во присуство на високи претставници на институциите, дипломатскиот кор и бизнис секторот, се одржа хуманитарната продажна изложба именувана како „Уметноста на инклузијата“. Настанот, организиран од Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ) во партнерство со НЛБ Банка, беше круна на еден исклучителен креативен процес во кој атлетите на СОМ твореа заедно со вработени од Банката и ученици од ДСУЛУД ...
На 5 мај 2026 година се одржа редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница, Извршниот одбор донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна ...
Бујар Османи во Брисел наводно ги штител правата на Албанците во Северна Македонија, кои, според него, биле загрозени затоа што тој повеќе не е министер. Пародија! Со кој легитимитет Бујар Османи може да ги застапува Албанците, кога пред само неколку месеци изгуби дома, во Чаир, од своите? Од 22 години власт на ДУИ со СДСМ и ВМРО, Бујар Османи помина 3.670 дена во министерства, во власт и во дипломатски салони. Толку е навлечен на фотелја ...
Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Во врска со овој случај, на ...
Со пригоден настан во законодавниот дом, Комисијата за култура и туризам го одбележа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонскиот јазик од Круме Кепески. Настанот го отворија Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието. Имери-Стафаи, како филолог и наставник по англиски јазик, ...
Во рамки на 5-тиот Меѓународен форум за води во Истанбул, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со министерката за животна средина на Република Косово, Фиторе Пацоли. На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина и управувањето со водните ресурси, како и за заеднички пристап кон регионалните предизвици поврзани со ...
Македонскиот јазик е темел на нашиот национален идентитет, нашата култура, историја и државност. Тој е јазикот на нашите предци, јазикот на нашата борба, нашата песна, нашата мисла и нашето постоење. На овој ден се потсетуваме дека македонскиот јазик е аманет што сме должни да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Во време кога се соочуваме со обиди за оспорување и негирање на македонската посебност, нашата должност е уште ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод 5- мај, Денот на македонскиот јазик. “Во име на Собранието на РС Македонија и во мое лично име, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава. Покрај тоа што овозможува комуникација, македонскиот јазик е и средство за институционално функционирање и ...
Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам. Комисијата за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ ...
Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7-ми мај (четврток), во раните утрински часови, информираат од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „оскар“. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, ...
Во текот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 2750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош. Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира 14 915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан. Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување Според неа, силната регионална ...
На 7 мај 2026 година (четврток) со почеток во 20 часот, во организација на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – редок инструмент во Македонија и еден од најзначајните инструменти на барокната епоха. Концертот со наслов „Музиката на европските дворови на XVII век“ ќе го изведат Јована Топалов (Србија) – чембалистка со меѓународно образование и фокус на историски информирана изведба и сопранот Ана ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции. Со оваа иницијатива, Владата на Република Северна Македонија има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во ...
Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на МИТЕМ во Будимпешта со претставата „Амадеус“ во режија на Андреј Цветановски. МИТЕМ важи за еден од најзначајните европски театарски фестивали, на чија сцена низ годините гостувале врвни автори и режисери, како: Роберт Вилсон, Ејмунтас Некрошјус, Силвиу Пуркарете, Теодорос Терзопулос и Диана Добрева. Ова е второ последователно учество на Турскиот театар од Скопје на фестивалот, по ...
Денес ја одбележуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев, најголемиот македонски револуционер, човекот кој се бореше за слобода, правда и рамноправност на сите. За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов „наследник“, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата Христијан Мицкоски. Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт. Денешното ВМРО се бори ...
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија, вечер во 18 часот во „Cinema Galeries“ во Брисел ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ од Ѓорче Ставрески. По проекцијата ќе следува сесија на прашања и одговори со актерот Благој Веселинов, кој ја толкува главната улога во филмот. Проекцијата е дел од пошироката програма на „Деновите на македонската култура“, чија цел е да ја афирмираат македонската уметност и култура ...
Анима Мунди со години предупредува дека системот за пријавување и обесштетување за наводни каснувања од бездомни кучиња е сериозно компромитиран и опасно отворен за злоупотреби, манипулации и можно организирано криминално дејствување. Денес, врз основа на бројни дојави и искуства од терен, јавно прашуваме дали пред очи ни се одвива добро разработена шема во која жртви се животните, граѓаните и јавниот буџет? – се наведува во реакцијата на ...