
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



ИСТАНБУЛ (АА) - Молитвата за Курбан Бајрам со голема посетеност се одржа во џамиите во Истанбул, известува Анадолу. Жителите на Истанбул во утринските часови почнаа да ги исполнуваат Големата џамија „Аја Софија“, џамиите „Фатих“, „Сулејманије“, „Султанахмет“, „Ејупсултан“, „Таксим“ и „Бујук Чамлиџа“ за да ја извршат молитвата за Курбан Бајрам. Голем број луѓе, вклучувајќи локално население, домашни и странски туристи, дојдоа во Големата џамија ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина, што се одржа во понеделникот во Истанбул, претставува „историски чекор“ кон завршување на војната што влезе во својата четврта година, јавува Анадолу. Изразувајќи надеж за брзо завршување на нестабилноста во различни делови од светот, особено во Газа, Судан и Сомалија, турскиот претседател рече дека Анкара вложува максимални ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Муслиманите се собраа во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим за да се помолат за Курбан Бајрам, јавува Анадолу. Илјадници муслимани во џамијата Ал-Акса во Стариот град на Источен Ерусалим, првата кибла на муслиманите, се помолија по повод празникот Курбан Бајрам. Во меѓувреме, група израелски доселеници кои ги узурпираа палестинските земји, беа забележани како шетаат во областа на Стариот град на Источен Ерусалим. ...
СКОПЈЕ (АА) - Градот Милано вчеравечер прати силна порака на солидарност со палестинскиот народ, проектирајќи ја пораката „Сите погледи кон Газа“ („All Eyes on Gaza“) на фасадата на историската градска палата Марино, јавува Анадолу. Иницијативата, организирана од градскиот Совет на Милано, има цел да го привлече вниманието на јавноста кон хуманитарната катастрофа во Појасот Газа, каде што израелската војска спроведува жестока офанзива од ...
СКОПЈЕ (АА) - Во пресрет на празникот Курбан бајрам, муслиманите во Северна Македонија продолжуваат со последните подготовки за празникот. Анадолу го посети „Бит-пазар“, како и Старата скопска чаршија, каде што многу граѓани често ги прават своите последни подготовки. Бајрамската атмосфера се чувствува и во слаткарниците и продавниците за бонбони. Не можејќи да подготват баклава дома, многу домаќинства купуваат баклава од слаткарниците, додека ...
АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски денес за прв пат откако ескалираа тензиите меѓу нивните земји поради тарифите, соопшти кинеската државна новинска агенција Синхуа, јавува Анадолу. Телефонскиот повик се одржал на барање на Вашингтон, објави кинеската новинска агенција. Трговските преговори меѓу САД и Кина беа прекинати кратко време по нивниот договор на 12 мај за ...
СИРМИОНЕ (АА) - Најголемото италијанско езеро, Гарда, и понатаму привлекува голем број туристи, а историското гратче Сирмионе се издвојува како едно од најпопуларните дестинации во регионот, јавува Анадолу. Сместено на границата на Ломбардија, Венето и Трентино-Алто Адиџе во северна Италија, езерото Гарда е познато по своите кристално чисти води, живописни пејзажи и шармантни крајбрежни села. Меѓу нив, Сирмионе останува омилен избор како за ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 54.677 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во болниците во последните 24 часа донесени се 70 тела, додека 189 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 125.530. „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на ...
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Париз оствари работна средба со министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, јавува Анадолу. Средбата се одржа во рамки на работната посета на шефот на македонската дипломатија на Франција и беше фокусирана на унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со акцент на ...
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Една од најголемите депонии во Индија, позната како „планината од отпад на Њу Делхи“, привлекува внимание на Светскиот ден на животната средина 2025 година, кој се одбележува под мотото за борба против загадувањето со пластика, јавува Анадолу. Депонијата Газипур во главниот град, Њу Делхи, се протега на речиси 70 хектари и се издига на околу 61 метар, содржи над 14 милиони тони акумулиран отпад. Според Програмата на Обединетите ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (AA) - Израел вооружува „криминални банди“ во Појасот Газа, кој е разорен од војната, изјави денес поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, јавува Анадолу. „Израел им префрли автоматски пушки и лесно оружје на криминалните банди во Газа“, изјави Либерман, лидерот на десничарската партија Јизраел беитеину, за јавниот радиодифузен сервис КАН. Тој рече дека оружјето било префрлено на бандите по наредба на израелскиот ...
ГАЗА (АА) - Четворица новинари се убиени во напад на израелската Армија врз дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од извор во здравствениот сектор кој побара да биде анонимен, израелската Армија го бомбардирала дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во градот Газа со беспилотни летала. Во израелскиот напад се убиени четворица новинари, Самир ел-Руфаи, Сулејман Хуџаџ, Исмаил Бад и Ахмед ...
СКОПЈЕ (АА) - Конститутивната седница на Собранието на Косово и денес беше прекината, по уште еден неуспешен обид за избор на Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Собранието, известува Анадолу. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, го закажа продолжението на седницата за сабота, 7 јуни, во 11 часот. Денешниот дел од конститутивната седница започна со околу 20 минути задоцнување. Претседавачот Авни Дехари ги повика ...
ДУБАИ / АНКАРА (АА) – Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, „Емирати“, од следниот месец ќе ги обнови летовите кон Дамаск, главниот град на Сирија, јавува Анадолу. Во соопштението објавено денес компанијата информира дека првиот лет за Дамаск ќе се реализира на 16 јули. Првично, авиокомпанијата „Емирати“ ќе оперира со три лета неделно, со план да го зголеми бројот на летови на четири неделно почнувајќи од август. Компанијата ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА меѓу Германија и Португалија се игра денес, известува Анадолу. Учесниците во финалето на Лигата на нации на УЕФА што ќе се одржи во Германија ќе бидат познати по средбите што се играат денес и утре на 5 јуни (четврток). Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации, Германија и Португалија ќе ги одмерат силите на „Алијанц арената” во Минхен. Натпреварот започнува во ...
МЕКА / ИСТАНБУЛ (АА) - Речиси два милиона муслимански верници денес се искачија на ридот Арафат во близина на саудискиот град Мека како дел од годишниот аџилак, јавува Анадолу. Минувајќи ја ноќта во молитва и споменување на Бога во шаторскиот град на Мина - првиот дел од петдневниот аџилак - аџиите, облечени во бела облека што ја потенцира рамноправноста без оглед на социјалниот статус или националноста, се подготвија за престојувањето на ридот ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, известува Анадолу. Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека за време на телефонскиот разговор биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Иран, како и регионалните и глобалните прашања. Претседателот Ердоган изјави дека продолжуваат да работат на чекори што ќе ја зајакнат ...
ПРИШТИНА (АА) – Политичките партии во Косово се согласија редовните локални избори во земјата да се одржат во октомври 2025 година, јавува Анадолу. По консултациите што претставниците на политичките партии ги имаа со претседателката на Косово, Вјоса Османи, во нејзиниот кабинет во Приштина, тие изјавија дека разговарале за неколку датуми за одржување на локалните избори, сите во октомври 2025 година. Албулена Хаџиу, претставничка на Движењето ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се состанаа денес во Брисел за да разговараат за целите за развој на одбранбените капацитети, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, јавува Анадолу. „Денес е клучен ден бидејќи ќе одлучиме за целите на капацитетите, а ова е важен темелник за да се одлучи за парите што ќе ги потрошиме за одбрана наредните години“, рече Руте. Тој нагласи дека алијансата мора да се ...
СКОПЈЕ (АА) - Рихан Шераб, Палестинка од градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, се обидува да го внесе духот на Курбан бајрам и покрај израелските напади, изработувајќи рачно направени играчки, јавува Анадолу. Поради војната, таа заедно со семејството избегала во камп со шатори во областа Меваси, каде што изработува овци од филц специјално за Курбан бајрам. Овие рачно изработени играчки Шераб не им ги подарува само на своите деца туку им ги ...
БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес остро предупреди дека секој можен напад од Русија врз Балтичкиот Регион ќе биде пресретнат со „разорен“ одговор, повторувајќи ја силната заложба на алијансата за одбрана на секој сантиметар од нејзината територија. На прес-конференцијата во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи во четврток во Брисел, Руте ја истакна неопходноста од зајакнување на ...
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе ѝ даде „безусловна“ поддршка на Русија во сите области, вклучително и во нејзината војна во Украина, објави денес државната севернокорејска новинска агенција, пренесува Анадолу. Ким ја потврди поддршката на Северна Кореја за време на средбата со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, која се одржа во средата во Пјонгјанг, соопшти Корејската централна новинска ...
ГАЗА (АА) - Хамас објави дека употребата на правото на вето од страна на САД за резолуцијата поднесена до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за прекин на огнот во Газа директно го поддржува геноцидот на Израел врз палестинските цивили во Појасот Газа, известува Анадолу. Во пишаното соопштение Хамас го осуди ветото на САД со единствен глас против резолуцијата поднесена до СБОН за прекин на огнот во Газа. Во соопштението се вели: ...
СКОПЈЕ (АА) - Неколку лица беа приведени за време на пропалестинскиот протест во близина на градското Собрание во Ротердам вчера, според полициските извештаи, јавува Анадолу. Протестите беа организирани со цел осуда на наводната улога на данската бродска компанија „Маерск“ и пристаништето во Ротердам во олеснувањето на испораката на компоненти за борбените авиони Ф-35 во Израел. Полицијата одговори на протестот со сила, распоредувајќи полициски ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Речиси два милиона муслимански верници денес го започнаа духовното патување на годишниот аџилак во Саудиска Арабија, јавува Анадолу. Верниците прво го извршија обиколувањето околу Ќабата, светиот храм во срцето на Мека, а потоа тргнаа кон Мина – огромен шаторски град на патот кон Мека – означувајќи го првиот чекор од ритуалите за аџилак. Тие ќе ја поминат ноќта во Мина во молитва и богослужба, подготвувајќи се за искачување на ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 54.607 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците се донесени 97 тела, а 440 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 125.341. „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на ...
АНКАРА (АА) - Јапонската полиција пронашла повеќе од 100 мртви мачки во дом на жена што работела за група за заштита на животните, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу. Групата „Анимал Асист Сенју“ потврди и се извини на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од куќата преполна со ѓубре во југозападниот град Кумамото, велејќи дека трагедијата ја сфаќа „многу сериозно“. Полицијата влегла во куќата откако градскиот центар за ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Русија очекува „јасен одговор“ од САД и Велика Британија за неодамнешните украински напади врз нејзини стратегиски бомбардери, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, предупредувајќи дека натамошниот молк може да доведе до идна ескалација. „Дејствувањата на Киев очигледно имаат цел дополнително влошување на состојбата. Заедно со своите европски сојузници тие прават сѐ за да ја попречат ...
ЛОНДОН (АА) - Илјадници демонстранти, кои протестираат поради продажбата на оружје на Израел од страна на Обединетото Кралство, формираа симболичен „црвен ѕид“ пред зградата на Парламентот во главниот град Лондон, облечени во црвена облека и држејќи црвено платно, известува Анадолу. Во протестот организиран со заеднички повик на голем број организации на граѓанското општество во Обединетото Кралство под слоганот „Црвена линија за Палестина“, ...
СКОПЈЕ (АА) - Денес 26. пат е прекината седницата за конституирање на косовскиот Парламент без да се избере претседател на Собранието, известува Анадолу. Конститутивната седница на косовското Собрание започна во 11:20 часот, а претседавачот на седницата, Авни Дехари, ги замоли пратениците да седнат на своите места за да се утврди бројот на присутни. Откако беше утврдено дека има доволен број пратеници во салата, Дехари нагласи дека има кворум за ...