
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



АНКАРА (АА) - По меѓусебните обвинувања меѓу Илон Маск, американскиот бизнисмен и сопственик на ‘Тесла’ и ‘СпејсЕкс’, и американскиот претседател Доналд Трамп, Маск со јавноста ја сподели својата идеја за основање нова политичка партија наречена „Американска партија“, известува Анадолу. Маск идејата за основање нова политичка партија ја сподели на платформата X којашто ја поседува. Маск на оваа тема спроведе анкета на платформата X, прашувајќи ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот Институт за истражување на пазарот ИФО денес соопшти дека 27,1 отсто од компаниите во Германија очекуваат вештачката интелигенција (ВИ) да предизвика намалување на работните места во следните пет години, јавува Анадолу. „Само 5,2 отсто од компаниите очекуваат дополнителни работни места, додека две третини не очекуваат никакви промени“, се вели во соопштението на ИФО. Клаус Волрабе, раководител на анкетите во ИФО, рече ...
АНКАРА (АА) – Израелската Армија денес уби уште 20 Палестинци во близина на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош поддржан од Израел во централниот дел на Појасот Газа, додека продолжува израелската офанзива врз опколената палестинска енклава, јавува Анадолу. Повикувајќи се на медицински извори, официјалната палестинска новинска агенција „Вафа“ објави дека 20 лица биле убиени, а десетици други повредени во израелски оган во областа на ...
ЖЕНЕВА (АА) - Бројот на жртви од пукотницата во училиштето денес во австрискиот град Грац се искачи на 10, меѓу кои се ученици, наставник и осомничениот напаѓач, соопшти локалната полиција, јавува Анадолу. Пукањето се случило во училиште на Драјершуценгасе околу 10 часот наутро по локално време, што предизвикало брза евакуација. Учениците биле транспортирани до блиската болница Хелмут-Лист-Хале, каде што психолозите за итни случаи и персоналот ...
ЗАВИЈА (АА) - Конвојот на отпорот од Магреб, кој превезува стотици активисти со цел да ја пробие блокадата на Газа, пристигна во либискиот град Завија вчера, што е нивната прва станица во Либија, јавува Анадолу. Конвојот, составен од активисти од Алжир, Тунис, Мароко и Мавританија, планира да продолжи кон градот Мисрата, нивната следна дестинација во Либија, по заминувањето од Завија. Со 12 автобуси и 100 приватни возила, повеќе од 1.000 ...
ТРИПОЛИ/ИСТАНБУЛ (АА) – Активистите кои патуваат кон Газа во рамки на Конвојот на отпорот од Магреб повикаа на итен прекин на израелската блокада врз енклавата, апелирајќи до арапските влади да го осудат израелскиот геноцид над Палестинците, јавува Анадолу. Конвојот – составен од околу 2.000 активисти од Алжир, Тунис, Мароко, Мавританија и Либија – е дел од поширока меѓународна кампања за испорака на хуманитарна помош за Газа и зголемување на ...
АНКАРА (АА) – Израелските воени сили застрелаа и ранија четворица Палестинци, од кои двајца се во критична состојба, денес за време на воен напад во градот Наблус на Западниот Брег, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Палестинците се ранети кога израелските сили извршиле рација во стариот град Наблус, предизвикувајќи судири со гневните жители, објави официјалната новинска агенција „Вафа“. „Вафа“ објави дека израелските сили ги ...
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија санкционираше двајца министри од крајната десница во израелскиот Кабинет поради нивните коментари за Газа, објавија медиумите денес, јавува Анадолу. Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич ќе се соочат со забрана за патување и замрзнување на нивните средства како дел од мерките што ги објави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. Двајцата ...
БРИСЕЛ (АА) - Повеќе од 3.500 лица загинале или се водат како исчезнати при обид да ја преминат морската граница за да стигнат до Европа во 2024 година, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за основни права на Европската Унија (ФРА), објавен денес, јавува Анадолу. Извештајот на агенцијата за 2025 година ги истакнува клучните случувања и недостатоци во областа на човековите права низ ЕУ во текот на минатата година, при што миграцијата ...
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во Астана, главниот град на Република Казахстан, се сретна со Мурат Нуртлеу, заменик-премиер и министер за надворешни работи на оваа земја, пренесува Анадолу. Во фокусот на разговорите на двајцата министри биле можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на ...
- Сулејман ЕЛЧИН Младенчињата близнаци лавови по име Осимхен и Чиро, родени во „Беркем земјата на лавови“ во Анталија, станаа маскоти на паркот, зголемувајќи го бројот на посетители. Оваа година во паркот во кој живеат лавови, тигри, мечки, мајмуни и влекачи, сместен во месноста Манавгат, новородените лавчиња близнаци и тројката мечиња го привлекуваат вниманието на туристите што го посетуваат градот, но и на жителите на Анталија. Младенчињата, ...
СКОПЈЕ (АА) – Во Занзибар, полуавтономен регион на Танзанија во Индискиот Океан, риболовот претставува еден од главните извори на егзистенција и приходи за локалното население, јавува Анадолу. Рибарите во Занзибар го започнуваат својот ден уште со првите зраци на сонцето, заминуваат на отворено море и со традиционални методи успеваат да обезбедат храна и приход за своите семејства. Рибите што ќе ги уловат ги продаваат на локалните пазари, со што ...
МОСКВА (АА) - Третата рунда руско-американски консултации ќе се одржат во блиска иднина, објави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, јавува Анадолу. Иако не е одреден конкретен датум, постојат силни индикации дека настанот ќе се случи „многу наскоро“, изјави Рјабков за новинарите во рускиот туристички град Сочи. „Третата рунда билатерални консултации за иритирачки прашања е неизбежна. Иако е прерано да се прецизира ...
СКОПЈЕ (АА) - Настана пожар и одекнаа експлозии на бродот што плови под знамето на Сингапур, а индиската морнарица и крајбрежната стража веќе втор ден водат спасувачка мисија кај јужниот брег на Индија, јавува Анадолу. Бродот доживеал несреќа на околу 144 километри од брегот на јужната индиска држава Керала. Од бродот пријавиле внатрешна „експлозија на контејнер“ и последователен голем пожар. Потоа морнарицата и индиската крајбрежна стража ...
ВАН (АА) - Четири исцрпени младенчиња на волк пронајдени се во турската област Муш и земени се под заштита во Центарот за заштита и рехабилитација на диви животни при Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван, известува Анадолу. Четирите младенчиња на волк се пронајдени исцрпени од семејство кое се занимава со сточарство на висорамнината Искендер во турската област Муш и им биле предадени на екипите на Дирекцијата за зачувување на природата и ...
ВИЕНА (АА) - Најмалку 9 лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац денес, објави весникот „Кроне“, пренесува Анадолу. Повикувајќи се на полициски извори, весникот објави дека сторителот бил ученик во училиштето и се верува дека извршил самоубиство. Се вели дека напаѓачот влегол во две училници и отворил оган. Според весникот „Куриер“, полицијата не ја исклучила можноста за втор сторител. Беше објавено дека во нападот било ...
СКОПЈЕ (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 29. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу. Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српска листа да предложат свои членови за Комисијата за тајно гласање за ...
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Протестите и актите на насилство што траат веќе три дена во знак на поддршка на нерегуларните мигранти приведени од Службата за имиграција и царина (ICE) продолжија и синоќа во американскиот град Лос Анџелес, известува Анадолу. Маскирани демонстранти запалиле контејнери за ѓубре и возила на некои улици и авении во центарот на градот. Снимени се напорите за отстранување на остатоците од возилата изгорени на протестите во ...
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на трите главни политички групи во Европскиот парламент денес ја повикаа Европската Унија итно да преземе мерки за ослободување на активистите што беа приведени од израелските сили додека пловеа кон Појасот Газа со хуманитарниот брод на Коалицијата „Флотила за слободата“, јавува Анадолу. Во заедничката изјава лидерите на групите на зелените/ЕФА, социјалистите и демократите (С&Д), како и левицата, изразија „длабока ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во ноќниот напад со руски беспилотни летала врз југозападниот град Одеса и нејзиниот главен град Киев, јавува Анадолу. „За жал, бројот на жртвите од рускиот напад се зголеми на две. Тело на маж роден 1967 година беше пронајдено под урнатините. ... Девет лица се повредени, а четворица од нив се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, наведе гувернерот ...
АНКАРА (АА) - Во израелските напади низ Газа од утринава се убиени 23 Палестинци, а над 100 се повредени, вклучително и 17 жртви во близина на пункт за хуманитарна помош поддржан од Израел, според локалните медиуми, јавува Анадолу. Официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека најсмртоносниот напад бил извршен во близина на областа на коридорот Нецарим, јужно од градот Газа, каде што израелските сили отвориле оган врз цивилите што ...
ЊУЈОРК (AA) - Во Њујорк продолжуваат протестите во знак на поддршка на нерегуларните имигранти приведени од Службата за имиграција и царина (ICE) во Лос Анџелес, САД, известува Анадолу. На моменти настануваа тензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Полицијата презеде безбедносни мерки и со нејзина интервенција приведен е еден од демонстрантите. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од ...
АНКАРА (АА) - Извори од Министерството за надворешни работи на Турција информираа дека обезбедиле секаков вид конзуларна поддршка за турските државјани на бродот „Мадлин“, кој носеше хуманитарна помош за Газа, а беше задржан од Израел, додавајќи дека семејствата на овие лица се информирани за целиот процес, известува Анадолу. Според информациите добиени од извори од турското МНР, турските државјани на бродот задржан од израелските сили синоќа се ...
ВАШИНГТОН (АА) – Израелското Министерство за надворешни работи рано утринава соопшти дека активистите од хуманитарниот брод што се движеше кон Газа, а беше пресретнат од израелските сили, пристигнале на аеродромот „Бен Гурион“ за депортација, јавува Анадолу. Во соопштението се наведува дека волонтерите од бродот „Мадлин“, кој превезувал итни хуманитарни резерви за Појасот Газа, се подготвуваат да заминат од Израел и да се вратат во матичните ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Мало девојче почина вчера од глад и дехидрација во градот Хан Јунис, на јужниот дел на Газа, пренесуваат палестинските медиуми, јавува Анадолу. Тоа починало во болницата за деца и мајки како последица на тешка неисхранетост предизвикана од гладот што владее во регионот поради израелската блокада, јави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на медицински извори. Според медицински лица, илјадници деца во ...
ЛОНДОН (АА) - Ирскиот заменик-министер за надворешни работи Сајмон Харис денес го пофали хуманитарниот брод „Мадлин“, кој тргна кон Газа, но беше пресретнат од израелските сили, нагласувајќи дека е „срам за светот и меѓународната заедница“ што луѓето во Газа гладуваат, јавува Анадолу. „‘Мадлин’ беше обид да се достават храна и лекови до гладните луѓе во Газа – невооружена, цивилна мисија среде уништување и катастрофални хуманитарни услови“, ...
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека синоќа извршиле масовен напад врз воздухопловната база Дубно во украинскиот регион Ривне, каде што, како што велат, биле сместени тактички воени авиони, јавува Анадолу. Во соопштението се наведува дека во нападите било користено прецизно воздушно оружје со долг дострел, како одговор на, како што ги нарекуваат, „терористичките напади“ што ги извршил Киев врз руски воени аеродроми. ...
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција објави дека нападот врз бродот „Мадлин“, кој тргна да достави хуманитарна помош во Газа, уште еднаш докажал дека Израел е „терористичка држава“, известува Анадолу. Во писменото соопштение на турското МНР се вели: „Интервенцијата на израелските сили врз бродот „Мадлин“ додека пловеше во меѓународни води, а тргна да достави хуманитарна помош во Газа, во кој се наоѓаа и наши државјани, е ...
АНКАРА (АА) – Франција денес побара итно враќање на нејзините државјани што беа приведени од израелските сили откако го пресретнаа бродот со хуманитарна помош „Мадлин“ за Газа во меѓународни води, јавува Анадолу. Во соопштението на француското Министерство за надворешни работи се наведува дека Париз е во контакт со израелските власти, со цел да се обезбеди што побрзо враќање на француските државјани. Бродот што пловеше под британско знаме имаше ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Групата за човекови права „Амнести интернешнал“ денес го осуди пресретнувањето на хуманитарниот брод „Мадлин“ од страна на Израел, кој се обидуваше да ја пробие блокадата на Газа од Тел Авив, велејќи дека тоа претставува „кршење на меѓународното право“, јавува Анадолу. „‘Мадлин’, кој беше пуштен во мисија од Коалицијата 'Флотила на слободата' (FFC), се обидуваше да донесе хуманитарна помош и да ја пробие нелегалната блокада на ...