
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



АНКАРА (АА) - Најмалку 54.927 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека 47 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, а 388 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 126.615. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на ...
СКОПЈЕ (АА) - Бродот „Мадлин“ на Коалицијата „Флотила на слободата“, кој тргна да ја пробие блокадата на Газа и да им донесе хуманитарна помош на Палестинците кои се соочуваат со глад поради израелските напади и блокадата за влез на хуманитарната помош, беше нападнат од израелските морнарички командоси во Медитеранот, известува Анадолу. Група Израелци и странски активисти се собраа на пристаништето Ашдод во Израел, каде што се очекуваше да биде ...
АНКАРА (АА) - Демонстрациите што започнаа како поддршка на нелегалните имигранти приведени во американскиот град Лос Анџелес продолжуваат трет ден, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека демонстрациите „се влошуваат“ и нареди: „Вклучете ја војската“, известува Анадолу. Трамп даде изјави за протестите на својот профил на социјалната мрежа Трут социјал откако се интензивираа демонстрациите во Лос Анџелес, каде што е вклучена и ...
АНКАРА (АА) - Според информациите објавени на веб-страницата на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), регистриран е Земјотрес со јачина од 5,2 степени со епицентар во Агион Орос, известува Анадолу. Епицентарот на земјотресот е во водите на Егејското Море во близина на третиот крак на Халкидики, наспроти Света Гора. Земјотресот што го потресе подрачјето на Света Гора бил на длабочина од 7 километри. ...
АНКАРА (АА) – Палестинското движење Хамас денес го осуди пресретнувањето на хуманитарниот брод што се движеше кон Појасот Газа, нарекувајќи го чинот „организиран државен тероризам“, јавува Анадолу. Бродот „Мадлин“ под британско знаме имаше за цел да ја пробие блокадата што Израел ја има наметнато врз Појасот Газа, каде што од октомври 2023 година досега се убиени речиси 55.000 луѓе, главно жени и деца. Израелските воени сили го пресретнаа бродот ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турските власти соопштија дека со внимание ја следат состојбата со турските државјани што се наоѓаа на бродот со хуманитарна помош „Мадлин“, кој беше нападнат од израелските сили додека пловеше кон Појасот Газа, јавува Анадолу. Според дипломатски извори, Амбасадата на Турција во Тел Авив веднаш ги презела потребните чекори за ослободување на турските државјани штом бродот пристигнал на копно во израелското пристаниште ...
АНКАРА (АА) – Меѓународниот комитет за пробивање на блокадата на Газа (ICBSG) денес соопшти дека нема да се откаже од напорите за испорака на итна хуманитарна помош за палестинскиот Појас Газа, откако израелските сили го пресретнаа и запленија бродот „Мадлин“, кој носеше помош за опколениот регион, јавува Анадолу. „Иако се чувствуваме немоќни и нашите можности се ограничени, продолжуваме да правиме сè што можеме, заедно со слободните луѓе во ...
СКОПЈЕ (АА) – Палестинските деца кои побегнаа од своите домови и најдоа засолниште со своите семејства во градот Хан Јунис, на јужниот дел од Појасот Газа, во обид да се заштитат од израелските бомбардирања, се обидуваат да преживеат во тешки услови, сместени во привремени шатори, јавува Анадолу. Група млади палестински волонтери организираа настан со цел да измамат насмевка на лицата на децата израснати со звуците на оружје и експлозии, да им ...
ГАЗА (АА) - 8-годишната Рахаб Матар, која беше повредена во израелски напад додека си играше во парк во Газа изминатиот Рамазан, не може да ја надмине траумата што ја доживеа, известува Анадолу. Матар, која беше повредена во главата од шрапнел од израелска ракета што падна во нејзина близина, има делумна парализа на левата страна од телото. Рахаб не зборува од тој ден и само тивко гледа наоколу. Таа и нејзиното семејство беа принудени да ...
АНКАРА (АА) – Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денес телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Ли Џе-мјонг, за билатералните односи меѓу двете земји, пренесе агенцијата со седиште во Токио, „Кјодо њуз“, повикувајќи се на анонимен владин извор, јавува Анадолу. Ова беше првиот контакт меѓу двајцата лидери откако Ли ја презеде функцијата во средата. Во веста се наведува дека Ишиба и Ли разговарале за можноста за нивна прва ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, повика на ослободување на бродот „Мадлин“, задржан од Израел со 12 активисти за човекови права, и прекин на блокадата наметната врз Газа, известува Анадолу. Во објава што ја сподели на својот профил на X, Албанезе истакна дека бродот „Мадлин“, кој имаше за цел да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, „мора под итно да биде ослободен“. ...
ВАН (АА) - Четири исцрпени младенчиња на волк пронајдени се во турската област Муш и земени се под заштита во Центарот за заштита и рехабилитација на диви животни при Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван, известува Анадолу. Четирите младенчиња на волк се пронајдени исцрпени од семејство кое се занимава со сточарство на висорамнината Искендер во турската област Муш и им биле предадени на екипите на Дирекцијата за зачувување на природата и ...
ХЈУСТОН (АА) – Стотици демонстранти трета вечер по ред се судираат со полицијата во Лос Анџелес, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп продолжува со имиграциските рации во сојузната држава Калифорнија, јавува Анадолу. Во неделата, демонстрантите се собраа пред федералната зграда во центарот на Лос Анџелес, барајќи веднаш да запрат рациите на Имиграциската и царинската служба (ICE) на работните места низ вториот најголем град во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - По интервенцијата на израелската армија изгубен е контактот со бродот „Мадлин“, кој тргнал да достави хуманитарна помош во Појасот Газа. На бродот се наоѓаа 12 активисти за човекови права, известува Анадолу. Коалицијата „Флотила на слободата“ на својот профил на на платформата Телеграм објави соопштение во кое даде информации за ситуацијата во врска со бродот. Посочувајќи дека израелската армија интервенирала врз бродот „Мадлин“, ...
ГАЗА (АА) - Израел денес ослободи 12 затвореници Палестинци, по повеќемесечно заробеништво во кое биле изложени на изгладување и тортура. Станува збор за Палестинци кои биле приведени за време на геноцидната војна на Израел во Појасот Газа, објави Анадолу. Службата за медиуми на затворениците, поврзана со палестинската група Хамас, соопшти дека 12-те ослободени затвореници пристигнале преку израелскиот контролен пункт Кисуфим и дека се префрлени ...
САРАЕВО (АА) - Папата Лав XIV денес ја критикуваше појавата на националистички политички движења во светот, нарекувајќи ги жални, но не именуваше ниту една земја или поединец, пренесува Анадолу. Папата Лав XIV го кажа тоа на миса пред десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар и се помоли Господ да ги отвори границите, да ги сруши ѕидовите и да ја растера омразата, известува ХИНА. „Нема место за предрасуди, безбедносни зони што нè ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 32 Палестинци, вклучувајќи и деца, се убиени, а десетици се повредени додека во време на тековните брутални напади на Израел врз Појасот Газа третиот ден од Курбан бајрам, еден од најсветите исламски празници, известува Анадолу. Палестинската официјална новинска агенција Вафа објави дека 8 лица се убиени во израелски воздушен напад во градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа. Претходно, локалното радио Ал-Акса ...
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека од вчера вечер до утрово собориле 64 украински беспилотни летала над различни региони, вклучувајќи ја и Москва, известува Анадолу. Во соопштението се наведува дека Украина извршила напади на руска територија со беспилотни летала. Се истакнува дека 61 беспилотно летало се соборени од руските системи за противвоздушна одбрана помеѓу 23:00 часот синоќа и 07:00 часот ова утро по локално ...
АНКАРА (АА) - Израелската морнарица се подготвува да го пресретне хуманитарниот брод „Мадлин“ кој се приближува кон водите на Газа, со планови насилно да го пренасочи кон пристаништето Ашдод, објави денес израелскиот Канал 12 , известува Анадолу. Израелската војска има за цел да го запре бродот пред да влезе во територијалните води на Газа, повикувајќи се на спроведување на поморска блокада, објави каналот. Активистите на бродот ќе им бидат ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шабаз Шариф, известува Анадолу. Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство информираше дека за време на разговорот биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Пакистан, како и регионални и глобални прашања. Во соопштението се наведува дека претседателот Ердоган истакнал дека со преземените чекори се зацврстени ...
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес објави дека чека официјален одговор од Украина во врска со размената на воени затвореници и тела на загинати војници, која требаше да започне вчера, известува Анадолу. Киев сè уште не дал дозвола за спроведување на хуманитарните операции, изјави заменик-министерот за одбрана, генерал-потполковник Александар Фомин. „Претставниците на украинската група за врска не пристигнаа на назначеното место ...
АНКАРА (АА) - Меѓународниот комитет за прекин на опсадата на Газа денес објави дека бродот за помош „Мадлин“ се наоѓа во египетските води на пат кон Газа, и покрај предупредувањето од Израел дека нема да му биде дозволено да влезе во блокираната енклава, објави Анадолу. Од Комитетот, кој е еден од организаторите на флотилата за помош, истакнуваат дека бродот поминал низ Александрија во северен Египет и се очекува на пат кон Газа да стигне во ...
СКОПЈЕ (АА) - Мервет Хиџази (38), која го загуби сопругот во израелските напади врз Газа, се бори да преживее во шатор со своите 9 деца во градот Газа, известува Анадолу. Мајката Хиџази секојдневно се соочува со проблеми во изнаоѓањето на храна за своите деца поради блокадата наметната од Израел и затворените гранични премини. Семејството Хиџази не може да пристапи до доволно храна и чиста вода за да се прехрани и преживее. Блокадата на ...
ИСТАНБУЛ (АА) — Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на „многу сериозни последици“ доколку милијардерот Илон Маск ги финансира демократските кандидати против републиканците кои го поддржуваат сеопфатното буџетско законодавство на Републиканската партија, известува Анадолу. „Тој ќе се соочи со многу сериозни последици доколку го стори тоа“, изјави синоќа Трамп во телефонско интервју за Ен-Би-Си Њуз, одбивајќи да објасни какви би биле ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) вчера соопшти дека гладните цивили во Појасот Газа се изложени на интензивни израелски напади додека се обидуваат да стигнат до храна во центрите за дистрибуција на хуманитарна помош, известува Анадолу. УНРВА објави соопштение во кое цитира сведоштва на преживеаните од нападите врз центарот во Рафа, формиран под маската на хуманитарни цели од ...
ВАШИНГТОН (АА) - Том Хоман, шефот на граничната полиција на американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека сега ќе интервенира и Националната гарда во протестите што продолжуваат втор ден во Лос Анџелес, известува Анадолу. Хоман во изјава за ‘Фокс њуз’ објави дека синоќа е дадена наредба да се преземат нови чекори за да се осигура безбедноста во градот. Хоман рече дека ќе ја испратат и Националната гарда во градот по зголемувањето на ...
АНКАРА (АА) - Израелската армија денес уби уште 10 Палестинци, меѓу кои има и деца, во напади врз раселените лица во Хан Јунис, во јужниот дел на Појас Газа, третиот ден од Курбан бајрам, еден од најсветите празници во исламот, известува Анадолу. Локалното радио Ал-Акса објави дека во израелските напади врз домовите и шаторите на раселените лица во Хан Јунис убиени се најмалку 10 Палестинци, меѓу кои има и деца. Ова е четвртиот Курбан Бајрам за ...
БОГОТА (АА) - Во вооружен напад сериозно е повреден сенаторот Мигел Урибе Турбај, кој се истакнува меѓу претседателските кандидати на десничарската партија на општите избори во Колумбија закажани за 2026 година, известува Анадолу. Урибе (39), кој имаше средба со граѓани во населбата Моделија, во западниот дел на главниот град Богота, беше нападнат со оружје додека држел говор. По нападот Урибе бил пренесен во приватна клиника со сериозни ...
ЛОНДОН (АА) - Илјадници демонстранти маршираа низ центарот на Лондон денес на големи демонстрации наречени „Штедење 2.0“ против владините мерки за намалување на владините трошоци и реформите на социјалната помош, известува Анадолу. Организаторите на протестот против владините мерки за штедење претходно изјавија дека очекуваат голем одѕив на демонстранти, кои ќе „испратат порака“ до британскиот премиер Кир Стармер. Демонстрантите порачаа дека ...
ГАЗА (АА) - Речиси 50 Палестинци беа убиени, а околу 100 се повредени вториот ден од Курбан бајрам во воздушните напади и истрели од огнено оружје на израелските сили во неколку подрачја на Појасот Газа што започнаа ова утро, објавија палестински извори, известува Анадолу. Медицински извори за Анадолу истакнаа дека најмалку 15 Палестинци се убиени, вклучувајќи шест деца, а над 50 се повредени кога израелските воени авиони погодија станбена ...