ИСТАНБУЛ (АА) - Во напад на израелската армија убиени се 24 Палестинци додека чекале да земат хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу. Израелската армија повторно целеше кон палестинските цивили што се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел предизвика хуманитарна катастрофа. Министерството за здравство во Газа објави дека овие Палестинци биле убиени, а голем број биле повредени кога израелската армија ги ...

ИДЛИБ/ИСТАНБУЛ (АА) – По години поминати во страдање и тешки услови во бегалски кампови, илјадници сириски цивили почнаа да се враќаат во својата татковина откако во земјата се воспоставени мир и безбедност по падот на режимот на Башар ал-Асад. Милиони Сиријци беа принудени да ја напуштат својата земја и да побараат прибежиште во соседните држави, бегајќи од масовното уништување и влошената хуманитарна криза за време на владеењето на Асад. ...

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека сака лидерите на Русија и Украина да ги доведе во Турција, дури и Трамп да им се приклучи, и на тој начин Истанбул да го направат центар на мирот, известува Анадолу. Претседателот на Турција Ердоган им се обрати на новинарите по состанокот на кабинетот што се одржа во претседателскиот комплекс. Зборувајќи за мировниот процес за војната меѓу Русија и Украина, претседател ...

АНКАРА (АА) - Средбата меѓу делегациите на Турција, Русија и Украина е планирана да започне во 12:00 часот под водство на министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, известува Анадолу. Турското Министерство за надворешни работи објави дека трилатералниот состанок Турција - Русија - Украина се очекува да започне во 12:00 часот. На состанокот, кој ќе го води министерот Фидан, се очекува да присуствува и директорот на Националната ...

АТИНА (АА) - Голем дел од југоисточниот кратер на вулканот Етна се распадна, предизвикувајќи моќна ерупција поради што настана облак од пепел неколку километри високо во воздухот, потврдија италијанските власти, јавува Анадолу. Распаѓањето предизвика пирокластичен тек – брз и многу топол бран од вулкански гасови, пепел и камења, според Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, цитирајќи ја државната новинска агенција АНСА. ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 54.470 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека 52 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, а 503 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 124.693. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на ...

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека сојузниците мора значително да го зголемат трошењето за одбрана над моментната референтна вредност од 2 отсто од БДП, укажувајќи на растечките закани од Русија, Кина и Северна Кореја, јавува Анадолу. Говорејќи во Вилнус, пред самитот на НАТО што ќе се одржи подоцна овој месец во Хаг, Руте потенцираше дека целта од 2 отсто „воопшто не е доволна“ за долгорочните одбранбени ...

ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 830 екстремно десничарски Евреи фанатици упаднаа во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим под надзор на израелската полиција, известува Анадолу. Според соопштението на Администрацијата на исламскиот фонд во Ерусалим, 830 фанатици Евреи упаднале во џамијата Ал-Акса во утринските часови. Израелската полиција им дозволи на екстремните десничарски Евреи во групи да влезат во џамијата Ал-Акса низ портата Магарибе. ...

СКОПЈЕ (АА) - Италија денес ја одбележа 79-годишнината од преминот од монархија во република со национални свечености по повод Денот на Републиката, јавува Анадолу. Во рамките на официјалните церемонии што се одржаа во главниот град Рим, акробатскиот тим на италијанското воено воздухопловство, Фрече Триколори, изведе спектакуларен прелет на ниска надморска височина над споменикот на Виктор Емануел II. Тие зад себе оставија траги во боите на ...

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Анадолу. Како што објави Мицкоски на неговиот профил на социјалните мрежи, разговорот бил фокусиран на „одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија“, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. „Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на ...

ДАМАСК (АА) - Енергетски договор вреден 7 милијарди долари, потпишан од страна на турски, катарски и американски компании, значително ќе го зголеми снабдувањето со електрична енергија во Сирија и ќе ги подобри условите за живот на милиони луѓе, изјави за Анадолу сирискиот министер за енергетика, Мухамед ал-Башир. Соработката вклучува изградба на четири електрани на природен гас и една соларна централа, а во договорот учествуваат турските ...

СКОПЈЕ (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание денес по 25-ти пат повторно беше прекината, известува Анадолу. Денес во Приштина се одржа седница за избор на претседател на Косовскиот парламент. На седницата парламентарните групи во косовското Собрание не го поддржаа формирањето на ад-хок Комисијата за тајно гласање за претседател на законодавниот дом, со тоа што не предложија свој член (пратеник) за оваа комисија, чие формирање е ...

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес потврди дека Украина започнала масовен воздушен напад во текот на ноќта со употреба на 162 беспилотни летала, јавува Анадолу. Министерството во соопштението наведува дека воздушниот напад бил насочен кон девет руски региони, тврдејќи дека повеќето од беспилотните летала биле или блокирани или соборени. Во меѓувреме, украинските медиуми објавија, повикувајќи се на разузнавачки извори, дека ...

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц во телефонски разговор му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е неопходно итно зголемување на хуманитарната помош за разурнатиот Појас Газа, соопшти портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, јавува Анадолу. „Канцеларот ја изрази својата надеж за брзо постигнување договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот. Воедно, ја потенцираше итната потреба да се дозволи ...

ПРИШТИНА (АА) – Фестивалот на класични автомобили „Олдтајмер“ се одржува во косовскиот град Призрен, јавува Анадолу. Над 80 класични автомобили што дојдоа во Призрен од различни земји за фестивалот, кој се одржува по 20-ти пат оваа година, се изложени на историскиот плоштад „Шадерван“. Директорот на фестивалот, Ехат Орешка, за Анадолу изјави дека оваа година, фестивалот, кој традиционално се организира на меѓународно ниво, привлече многу ...

СКОПЈЕ (АА) – Во Холандија, велосипедот е незаменлив дел од секојдневниот живот, користен од луѓе на сите возрасти – од седум до седумдесет години, јавува Анадолу. Со население од 17 милиони, земјата има 23 милиони велосипеди. Според податоците на Холандската унија на велосипедисти, Холандија поседува 2,3 % од вкупниот број велосипеди во светот, кој се проценува на околу една милијарда. Годишно, во Холандија се продаваат околу еден милион нови ...

ЊУЈОРК (АА) - Илон Маск, американскиот бизнисмен кој е сопственик на компаниите „Тесла“ и „Спејс икс“, изјави дека на Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) му е нанесена неправда и го нарече „жртвено јагне“, известува Анадолу. Маск во интервју емитувано на “Си-би-ес“ (CBS) рече: „Она што почна да се случува е малку неправедно, бидејќи DOGE стана жртвено јагне за сè“. Маск во разговорот рече дека што и да прави Владата во врска со ...

ГАЗА (АА) - Џамијата „Ансар“ во централниот дел на Појасот Газа е разрушена во најновиот израелски воздушен напад, додека бруталната војна на Израел против палестинскиот народ продолжува без прекин. Во нападот се погодени и соседните гробишта, јавува Анадолу. Снимките од местото на настанот ги прикажуваат целосно уништените ѕидови на џамијата, со сериозно оштетени столбови и централна купола која делумно сѐ уште стои. Расфрланите и искинати ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан за билатералните односи и регионалните и глобални случувања, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу. За време на разговорот, Ердоган ја изрази посветеноста на Турција за зајакнување на односите со Унгарија во сите сектори. Тој истакна дека претстојните состаноци на Советот за стратешка ...

МОСКВА / ИСТАНБУЛ (AA) – Висок руски официјален претставник во неделата изјави дека Москва официјално го добила нацрт-меморандумот од Украина, кој предлага можни насоки за мирно решавање на тековниот конфликт. Советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, кој ќе ја предводи руската делегација на мировните преговори во Истанбул денес, за „Русија денес“ изјави дека документот бил доставен на украински и англиски јазик. ...

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (AA) – Целото внимание на меѓународната јавност е насочено кон новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, што ќе се одржат денес во Истанбул, додека вооружените конфликти меѓу двете страни продолжуваат со несмалено темпо, јавува Анадолу. Првата средба меѓу руската и украинската делегација, веднаш по почетокот на војната во февруари 2022 година, беше организирана од страна на Турција во Анталија и Истанбул. Во мај ...

ВАРШАВА (АА) - Карол Навроцки победи во тесна битка во вториот круг од претседателските избори во Полска, освојувајќи 50,9 % од гласовите, известува Анадолу. Во вториот круг од претседателските избори во Полска што се одржа во неделата, 29 милиони регистрирани гласачи излегоа на гласачките места за да изберат меѓу градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, и кандидатот на опозициската конзервативна Партија на правото и правдата, историчарот ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Градот Газа се соочува со невидена криза за вода, бидејќи резервите паднаа под 25% од минималните потреби, предупредија денес локалните власти, јавува Анадолу. Општина Газа соопшти дека 75% од бунарите за вода во градот се уништени од израелската армија од октомври 2023 година. Преостанатите бунари за вода работат неколку часа дневно со ограничена количина на гориво поради израелската блокада и затворањето на граничните премини ...

ИСТАНБУЛ (АА) — Украинската војска спроведе напад од големи размери врз Русија, а државните медиуми денес објавија дека над 40 стратешки бомбардери биле уништени во нападот со употреба на беспилотни летала во различни региони, вклучувајќи го и сибирскиот регион Иркутск, оддалечен над 4.000 километри од границата, пренесува Анадолу. Безбедносната служба на Украина (СБУ) спроведе „голема специјална операција“ за уништување на руски бомбардери, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 54.418 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во болниците во последните 24 часа донесени се 37 тела, додека 136 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 124.190. „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не ...

АНКАРА (АА) - Речиси 50 Палестинци се убиени, а над 200 се повредени денес кога израелските сили отворија оган врз цивилите кои дошле за хуманитарна помош во Ал Маваси, западно од Рафа во јужна Газа, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу. Во соопштението на Министерството се вели дека телата на 28 лица се префрлени во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис, а 21 во теренската болница на Црвениот крст, додека над 200 лица се ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека најмалку 12 нејзини војници се загинати, а над 60 се повредени во руски ракетен напад врз тренинг центар во земјата разурната од војна, пренесува Анадолу. Во соопштението на Копнените сили на Вооружените сили на Украина објавено на Телеграм се вели дека Русија лансирала ракета „врз локацијата на една од тренинг единиците“ на Копнените сили, без да даде дополнителни детали за тоа каде се случил нападот. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес соопшти дека министерот за одбрана Рустем Умеров ќе ја предводи делегацијата на Украина во планираната втора рунда директни преговори со Русија утре во Истанбул, јавува Анадолу. „Правиме сè за да ја заштитиме нашата независност, нашата држава и нашиот народ. Ги изложив задачите, а исто така ги дефинирав и нашите позиции пред состанокот во Истанбул утре“, рече Зеленски на X. „Прво - ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Полска денес се одржува вториот круг претседателски избори, каде речиси 29 милиони регистрирани гласачи бираат помеѓу либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, и конзервативниот националист Карол Навроцки, во доста тесна трка, јавува Анадолу. Избирачките места се отворија во 7 часот наутро по локално време, а ќе се затворат во 21 часот, според Националната изборна комисија на земјата. Вториот круг се одржува ...

ТИРАНА (АА) - ЏИХАТ АЛИЈУ - Поранешниот антинуклеарен бункер во главниот град на Албанија, Тирана, сега познат како „BunkArt 2“, им нуди на посетителите патување во длабочините на историјата, фрлајќи светлина врз она што се случило за време на комунистичката ера во земјата, пишува Анадолу. Познат и како тунел на Министерството за внатрешни работи, изграден помеѓу 1981 и 1986 година, објектот е евидентиран како дел од проектот за изградба на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
33%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
34%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
37%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
28%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.43
25%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
46%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
6.17
33%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
22%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
44%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
29%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
10.8
100%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60