Биоразновидноста меѓу морските треви во крајбрежниот појас на Каш, Анталија, област позната по богатото подводно богатство, го привлекува вниманието на еколозите и љубителите на природата, јавува Анадолу. Подводните ливади од морска трева (Posidonia oceanica), наречени „бели дробови“ на Медитеранот, се од суштинско значење за зачувувањето на биолошката разновидност и за борба против климатските промени. Сепак, тие се соочуваат со сериозна закана ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Се верува дека сите 242 лица што биле во авионот на „Ер Индија“ на лет кон Велика Британија, што се урна во западна Индија денес, се мртви, објави „Њуз18“, јавува Анадолу. Најмалку пет студенти загинаа, а неколку беа повредени кога авионот се урнал врз студентски дом на медицински колеџ, а полицијата во Ахмедабад потврди дека 25 лица се повредени во околината. Авионот на летот „AI171“ на „Ер Индија“, со 242 патници, се урна во ...

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за домување, Јицхак Голдкнопф, денес поднесе оставка поради неуспехот на Владата да го донесе законот со кој ќе се ослободат ултраортодоксните Евреи од задолжителната воена служба, јавува весникот „Једиот ахронот“, пренесува Анадолу. Оставката следуваше откако ултраортодоксната заедница продолжува со протестите против служењето војска, откако Врховниот суд на Израел на 25 јуни 2024 година донесе одлука со ...

ОВИЕДО (АА) - Шпанија денес ги повика земјите низ светот да ја поддржат резолуцијата на ОН, подготвена од Шпанија, со која се осудуваат израелската блокада на Појасот Газа и насилството на палестинските територии, јавува Анадолу. „Сакаме сите нации да се изјаснат против нехуманата блокада што Израел ја наметнува врз Појасот Газа - блокада на хуманитарната помош, на храната, на лековите“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел ...

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот министер за културно наследство, Амихаи Елијаху, денес изјави дека евентуален израелски воен напад врз Иран би бил „изненадување“, во услови на зголемените тензии во регионот, јавува Анадолу. „Не е сигурно дека некој од нас знае кога и како ќе се случи нападот врз Иран“, изјави Елијаху, пренесува весникот „Једиот ахронот“, во време кога израелските медиуми известуваат за можни планови за напад врз Иран. ...

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, изјави дека е разочарана што шведската помош не стигнува до оние на кои им е потребна во Газа и истакна дека употребата на овој метод од страна на Израел е воено злосторство, известува Анадолу. Стенергард на прес-конференција во главниот град Стокхолм истакна дека Шведска ја удвоила својата хуманитарна помош за Газа. Изразувајќи го своето разочарување што Израел ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Интернетот и телефонските услуги целосно се прекинати низ Појасот Газа денес, откако израелските сили извршија напади врз телекомуникациската инфраструктура, соопшти Палестинската регулаторна управа за телекомуникации, јавува Анадолу. Во соопштението се наведува дека дигиталната изолација на Газа се продлабочува поради „систематското таргетирање“ на телекомуникациските мрежи од страна на Израел и покрај долгогодишните обиди да се ...

АНКАРА (АА) - „Ер Индија“ соопшти дека во патничкиот авион што се урна во близина на аеродромот во Ахмедабад, во индиската сојузна држава Гуџарат, се наоѓале 242 лица, 230 патници и 12 членови на екипажот, известува Анадолу. Според вестите објавени на индиските медиуми, патничкиот авион што летал од Меѓународниот аеродром „Сардар Валабхаи Пател“ во Ахмедабад до аеродромот „Гетвик“ во Лондон се урнал кратко време по полетувањето. Генералниот ...

АНКАРА (АА) - Извори што зборуваа за американските медиуми тврдат дека Израел планира да спроведе воена операција против Иран во рок од неколку дена, известува Анадолу. По најавата дека разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат во Оман на 15 јуни и со развојот на настаните дека САД ќе дозволат американскиот персонал на Блискиот Исток што не е битен да ги напушти земјите каде што дејствуваат, агендата во врска со регионот не стивнува. Во веста што ...

СКОПЈЕ (АА) - Полна јагодеста месечина се издигна на хоризонтот над Менхетен и Емпаер стејт билдинг во Њујорк синоќа, создавајќи спектакуларен поглед над градот што никогаш не спие, јавува Анадолу. Јагодеста месечина е шеста полна месечина во годината и позната е како најниска полна месечина во 2025 година, а наедно и една од најоддалечените од Сонцето. Името потекнува од традициите на домородните народи на Северна Америка, особено од племето ...

ЊУЈОРК (АА) - Протестите што се организираат во знак на поддршка на нерегуларните имигранти приведени од Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) продолжуваат во Њујорк, известува Анадолу. За време на демонстрациите повремено доаѓаше до судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата приведе дел од демонстрантите. Протестите избувнаа уште во петокот откако агенти на ИЦЕ извршија рации во локални бизниси и приведоа стотици лица за кои се ...

БОГОТА (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го обвини американскиот државен секретар Марко Рубио, велејќи: „Се спроведува план за соборување на Владата на (колумбискиот претседател Густаво) Петро“, известува Анадолу. Во изјавата дадена за државната телевизија ВТВ, Мадуро се осврна на неодамнешното зголемување на насилството во Колумбија. Претседателот Мадуро во својата изјава истакна: „Се спроведува план за соборување на Владата на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 55.104 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството за здравство на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 123 тела, а 474 лица биле повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 127.394. „Многу жртви сѐ уште се заробени ...

ХАМИЛТОН (АА) - Израелските власти одбиле 29 од вкупно 35 обиди на ОН за пристап до резервите на гориво во Рафа од 13 април досега, соопштија ОН вчера, предупредувајќи дека недостапноста до гориво ја загрозува критичната инфраструктура низ Појасот Газа, јавува Анадолу. Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), портпаролот на ОН, Фархан Хак, на прес-конференција изјави дека „недостигот на достапно гориво може ...

СКОПЈЕ (АА) - По повеќе од четири месеци од општите избори одржани на 9 февруари во Косово, конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 30. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу. Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија и Украина денес ја потврдија првата размена на тела на загинати војници како дел од договорот постигнат на мировните преговори што се одржаа минатата недела во Истанбул, јавува Анадолу. На 2 јуни Истанбул беше домаќин на втората рунда руско-украински мировни преговори, по првата рунда што се одржа на 16 мај. Во рамките на последната средба двете страни се согласија на зголемување на размената на воени заробеници – со ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, формира врвен тим од експерти за вештачка интелигенција со цел развој на т.н. „суперинтелигенција“ – напреден тип вештачка интелигенција што ги надминува човечките способности, јавува Анадолу. Според извештајот на Блумберг објавен вчера, Цукерберг, незадоволен од досегашниот напредок на Мета во областа на вештачката интелигенција, започнал интензивна и дискретна регрутација на водечки ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Југоисточен Тајван денес, според Геолошкиот завод на САД (USGS), јавува Анадолу. Земјотресот се случи во водите на Општина Чангбин во Округот Тајтунг околу 19 часот по локално време (11:00 часот по Гринич), соопшти Американскиот геолошки завод. Земјотресот се случил на длабочина од 31,1 километар. Централната метеоролошка управа на Тајван објави дека ...

СКОПЈЕ (AA) – Синоќа полната месечина во Истанбул создаде магична сцена додека се издигнуваше над иконскиот Босфорски мост, привлекувајќи го вниманието на жителите и фотографите, јавува Анадолу. Многумина застанаа за да ја овековечат оваа ретка глетка, додека сјајната месечина совршено се појави над гигантските столбови на мостот. Овој небесен спектакл понуди редок момент на спокој во метрополата преполна со живот, потсетувајќи ги жителите на ...

Осуммина странски активисти од хуманитарниот брод „Мадлин“, кој тргна кон Газа, сè уште се наоѓаат во израелски притвор, соопшти денес организацијата за човекови права Адала, јавува Анадолу. „Продолженото притворање на волонтерите од ‘Мадлин’ е целосно незаконско“, наведува организацијата за човекови права. „Волонтерите мора веднаш да бидат ослободени и безбедно вратени - или на бродот ‘Мадлин’ за да ја продолжат својата хуманитарна мисија за ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Мразот на ледената покривка на Гренланд се топел 17 пати побрзо од просекот во текот на топлотниот бран во мај, соопшти денес Светската сеопфатна иницијатива за време (ВВА), јавува Анадолу. „Во мај температурите на Исланд беа рекордни, над 13 Целзиусови степени повисоки од просечните дневни максимални температури во мај во периодот од 1991 до 2020 година“, соопшти ВВА. Според Метеоролошкиот институт на Гренланд, 84 отсто од ...

Украина денес соопшти дека најмалку три лица се убиени, а 60 други повредени во напад со руски беспилотни летала врз градот Харков во текот на ноќта, јавува Анадолу. „Во Харков загинаа две лица, а 60 се повредени, вклучувајќи девет деца на возраст од 2 до 15 години“, изјави гувернерот Олех Сињехубов во соопштение на Телеграм, а подоцна објави дека еден од повредените починал од повредите. Велејќи дека нападите биле насочени кон областите ...

Tурција ќе произведе и ќе извезе 48 борбени авиони, наречени КААН, во Индонезија во рамките на новиот договор за одбрана, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес, јавува Анадолу. Во објавата на платформата X, Ердоган им се заблагодари на сите што придонесоа за проектот КААН, особено на Секретаријатот за одбранбени индустрии (ССБ) и Турската аеронаутичка индустрија (ТАИ), по потпишувањето на рекордниот договор за извоз. Претседателот ...

СОФИЈА (АА) – Утврдено е дека 205 стари лица биле малтретирани во 5 дома за стари лица во Бугарија, известува Анадолу. Во соопштението на бугарското Министерство за правда се наведува дека е спроведена операција во 5 дома за стари лица кои обезбедувале нелегални услуги во градовите Стара Загора и Варна. Во соопштението се наведува дека 205 стари лица биле малтретирани во 5 дома за стари лица. Споделени се фотографии од старите лица кои биле ...

ВАШИНГТОН (AA) - Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, синоќа прогласи полициски час во центарот на градот во обид да спречи уште една ноќ на судири меѓу демонстрантите кои се противат на имиграциските рации на претседателот Доналд Трамп и безбедносните сили, јавува Анадолу. „Прогласив полициски час што започнува вечерва во 20 часот за центарот на Лос Анџелес, со цел да се спречат злоупотребите од страна на лица кои ја користат хаотичната ...

ИСТАНБУЛ (AA) - Технолошкиот милијардер Илон Маск денес изјави дека жали за некои од објавите на социјалните мрежи што ги напишал минатата недела за американскиот претседател Доналд Трамп, по нивната јавна расправија, јавува Анадолу. „Жалам за некои од објавите што ги напишав минатата недела за претседателот Доналд Трамп. Отидоа предалеку“, напиша Маск на платформата X. Јавниот спор меѓу Трамп и Маск избувна минатата недела откако претседателот ...

ВАШИНГТОН (AA) - Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, синоќа прогласи полициски час во центарот на градот во обид да спречи уште една ноќ на судири меѓу демонстрантите кои се противат на имиграциските рации на претседателот Доналд Трамп и безбедносните сили, јавува Анадолу. „Прогласив полициски час што започнува вечерва во 20 часот за центарот на Лос Анџелес, со цел да се спречат злоупотребите од страна на лица кои ја користат хаотичната ...

МЕРСИН (АА) - Нуркачот Ирфан Алинч, кој нуркаше покрај брегот на Мерсин, со подводна камера ги сними моментите кога се сретна со јатото делфини, известува Анадолу. Нуркачот Алинч со брод тргнал покрај брегот на округот Ајдинџик и нурнал во длабочините на сините води за да го набљудува подводното подрачје. Додека нуркал, Алинч со својата подводна камера го снимил јатото делфини кои пливале покрај него. На снимките се гледа дека Алинч ги храни со ...

ЊУЈОРК (АА) - Десетици демонстранти беа приведени синоќа за време на протест против американската Служба за имиграција и царина (ICE) во долниот дел Менхетен, јавува Анадолу. Демонстрантите се собраа на плоштадот „Фоли“ пред да маршираат до Федералниот плоштад, блокирајќи ги улиците и извикувајќи слогани во кои ги осудуваат политиките на ИЦЕ. Протестите избувнаа уште во петокот, откако агенти на ИЦЕ извршија рации во локални бизниси и приведоа ...

АНКАРА (AA) – Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, утринава повторно влезе во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Анадолу. Во кратко соопштение, Одделот за исламски фондови во Ерусалим соопшти дека Бен-Гвир влегол во комплексот на џамијата под силна заштита на израелските безбедносни сили. Најновиот упад во комплексот Ал-Акса беше осми од крајно десничарскиот министер откако се ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
73%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
41%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
4.63
37%
1022
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
34%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
9.28
26%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
50%
1022
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
39%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
39%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
9.26
43%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
33%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
65%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60