ИСТАНБУЛ (АА) – Мировните преговори меѓу Москва и Киев, што се одржаа во Истанбул на 16 мај, додадоа „нова димензија“ во потрагата по дипломатско решение, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата посета на Украина, јавува Анадолу. Фидан ги даде овие коментари на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега, Андриј Сибиха, во Украина. „Докажавме дека руско-украинските преговори во Истанбул ...

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, рече дека земјата е посветена на зачувувањето на трајниот мир и стабилноста во регионот, пренесува Анадолу. Муцунски учествуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, САД. Во обраќањето на сесијата ...

БЕРЛИН (АА) - Германија ќе мора да го зголеми бројот на војници за дури 45 отсто за да ги исполни барањата на НАТО и да одговори на заканата од Русија, предупреди претседателот на Здружението на Германските вооружени сили, полковник Андре Вестнер, пренесува Анадолу. Во изјава за редакциската мрежа РНД, Вестнер рече дека бројот на војници треба да се зголеми од сегашните 180.000 на 260.000 за да се одговори на новите безбедносни предизвици и ...

ЖЕНЕВА (АА) - Канцеларијата за хуманитарни работи на Обединетите нации денес соопшти дека доставата на хуманитарна помош во Газа е сериозно ограничена, велејќи дека моменталниот проток на храна е во многу мала количина, при што областа се соочува со катастрофални нивоа на глад, јавува Анадолу. Јенс Лаерке, портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), за време на прес-конференцијата во Женева изјави дека ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина е подготвена за траен прекин на огнот и продолжување на дипломатските напори, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, повикувајќи ја Русија да прифати безусловно запирање на непријателствата, јавува Анадолу. Сибиха ја даде оваа изјава по средбата со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кој престојува во официјална посета на Киев. „Украина е подготвена да го прекине огнот за подолг ...

СКОПЈЕ (АА) – Дванаесетгодишното палестинско девојче Метал Мухамед Абу Дабаг чека протетска нога откако беше сериозно повредена во израелски напад во градот Газа, јавува Анадолу. Додека илјадници Палестинци ги загубија животите во израелските напади врз Газа, многумина загубија екстремитети во нападите. Израел спроведува уништувачка офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени над 54.200 Палестинци, повеќето жени и деца. Според ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул денес започна второто издание на Самитот за глобална исламска економија, организиран од АлБарака, со цел зајакнување на исламските финансиски и нефинансиски институции во насока на постигнување одржлив економски раст и глобално влијание преку нови стратегии, јавува Анадолу. Самитот, кој ќе трае два дена, се одржува во соработка со Инвестициската канцеларија на Турција, Истанбулскиот финансиски центар (IFC), банката ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската економија порасна за 2% во првиот квартал од оваа година во однос на минатата година, објави денес Турскиот институт за статистика (ТуркСтат), јавува Анадолу. Бруто-домашниот производ (БДП) по тековните цени скокна за 36,7% на 12,12 билиони турски лири (335,5 милијарди долари) во периодот јануари-март во споредба со овој период минатата година, соопшти ТуркСтат. Во четвртиот квартал од минатата 2024 година турската ...

ПРИШТИНА (АА) – Косовското Собрание продолжува да биде блокирано поради неможноста на пратениците со мнозинство гласови да дадат поддршка за конституирање на законодавниот дом, јавува Анадолу. И по 23-ти пат по ред, мнозинските парламентарни групи во косовското Собрание не го поддржаа создавањето „ад-хок“ Комисија за тајно гласање за местото претседател на Парламентот, предложена од Движењето „Самоопределување“, со тоа што не назначија свој член ...

АНКАРА (АА) - Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ја задржа својата водечка позиција како највреден бренд во земјата во 2025 година, покажа неодамнешниот извештај на групата за проценка „Бренд фајнанс“, пишува Анадолу. Брендот „Туркиш ерлајнс“ достигна вредност од 2,2 милијарди долари оваа година, според годишниот извештај „Бренд фајнанс Турција 2025“. „Бренд фајнанс“ објавува годишни извештаи за вредноста на брендовите од 2007 година, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, имаше одделни телефонски разговори со катарскиот премиер и членовите на политичкото биро на палестинската група Хамас, објавија турски дипломатски извори, јавува Анадолу. Хакан Фидан разговараше со шеик Мухамад бин Абдулрахман ал-Тани за Газа и Сирија, велат изворите. Фидан во другиот телефонски разговор со Хамас се фокусираше на тековните напори за обезбедување прекин на огнот ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Илјадници луѓе, кои одговорија на повикот на таткото преку социјалните мрежи, пуштија шарени балони кон небото во Санџактепе, во областа на Истанбул, за да ја споделат среќата на Али Асаф Демир, кој ја победи болеста на 3-годишна возраст, откако му е дијагностициран рак кога имал само 8 месеци, јавува Анадолу. На Али Асаф, син на Есра и Самет Демир од Санџактепе, му е дијагностицирана леукемија кога имал 8 месеци. По две години ...

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани и туристи се собраа на 42. улица во Менхетен синоќа, со надеж дека ќе го фатат реткиот природен феномен познат како Менхетенхенџ, кога зајдисонцето совршено се усогласува со урбаната улична мрежа на Њујорк, јавува Анадолу. Иако густите облаци засенија најголем дел од погледот, љубопитните набљудувачи и љубителите на фотографии се собираа во центарот на раскрсниците, надевајќи се дека ќе фатат барем еден момент од ...

ГРАД ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската војска им нареди на Палестинците што живеат во делови на Северна Газа да се евакуираат кон запад, проширувајќи ја офанзивата кон трајна окупација на енклавата, јавува Анадолу. Портпаролот на израелската војска, Авичај Адраи, објави мапа на платформата X со зони за евакуација во областите Ал-Ататра, Џабалија, Шуџаја, Дараџ и Зејтун. Тој истакна дека воените операции во овие области ќе се интензивираат и ги ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Саудиска Арабија воведе напредни технологии и платформи базирани на вештачка интелигенција за да обезбеди квалитетни услуги на речиси два милиони муслимански верници кои оваа година го извршуваат аџилакот, јавува Анадолу. Надлежните открија неколку иновативни дигитални решенија кои имаат за цел да го олеснат ова длабоко духовно патување. Меѓу новитетите е и „Манара 2“ – робот базиран на вештачка интелигенција кој комуницира на ...

СКОПЈЕ (АА) - Турското Министерство за национална одбрана денес објави дека Командата на Воздухопловните сили на земјата за прв пат успешно извршила симултано лансирање на две ракети АГМ-65, пренесува Анадолу. Ракетите Маверик прецизно погодиле цели при тестното истрелување на стрелиштето Карапинар. Операцијата ја спроведе 181-та Команда на флотата во рамките на Турските воздухопловни сили, при што двете ракети ги погодија своите назначени цели ...

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе ја прогласи Сирија за држава која не го спонзорира тероризмот, изјави денес американскиот пратеник за Сирија, Томас Барак, јавува Анадолу. Барак, кој денес пристигна во Дамаск, рече дека целта на Трамп е да ѝ даде сила на сегашната влада на Сирија. Претходно овој месец, американскиот претседател нареди укинување на санкциите врз Сирија. Американскиот пратеник Барак се сретна со ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на Директоратот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес остро го осуди израелскиот напад во Појасот Газа, во кој беа убиени пет хуманитарни работници од Меѓународната хуманитарна организација во Истанбул, јавува Анадолу. Во изјава на социјалната мрежа X, Алтун изрази длабоко жалење за смртта на волонтерите од Меѓународната хуманитарна организација ИХХ, кои работеа во соработка со Светската ...

АНКАРА (АА) - Канадската покраина Манитоба прогласи вонредна состојба поради неколкуте пожари што брзо се шират, јавува Анадолу. „Со засилување на шумските пожари во северна Манитоба, нашата влада прогласува вонредна состојба на ниво на цела покраина за да се справиме со оваа криза“, изјави премиерот на Манитоба, Ваб Кинеу, на прес-конференција. „Безбедноста на граѓаните на Манитоба е, и ќе остане, наш приоритет број еден.“ Според соопштението, ...

СКОПЈЕ (АА) - Претставници на странските медиуми се собраа во Мека за да го документираат светото патување на аџиите, доловувајќи импресивни снимки од Ќаба и нејзината околина од Кралската саат-кула, висока 601 метар, јавува Анадолу. Муслиманите од целиот свет продолжуваат да ги исполнуваат своите верски обврски во светиот град за муслиманите, Мека, извршувајќи го аџилакот. Како дел од медиумската иницијатива организирана од саудиските власти, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 300 познати јавни личности од областа на уметноста и медиумите ја повикаа британската Влада итно да стави крај на своето „соучество“ во Газа, пренесува Анадолу. „Ве повикуваме да преземете итна акција за да ставите крај на соучеството на Обединетото Кралство во ужасите што се случуваат во Газа“, се наведува во отвореното писмо упатено до британскиот премиер Кир Стармер, кое денес го објави „Скај њуз“. Писмото го ...

ЕСКИШЕХИР (AA) - Во уникатен спој на археологија и гастрономија во Турција успешно е направен рецепт за леб стар 5.000 години, откриен на археолошкиот локалитет Кулуба, во близина на централниот анадолски град Ескишехир. Со ова древната кулинарска традиција доби нов живот, јавува Анадолу. Проектот е резултат на соработка меѓу археолози и Општина Ескишехир и првпат во светот еден археолошки пронајдок од леб да биде преработен за модерно ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека партнерството меѓу Турција и Азербејџан претставува светол пример за сите братски земји членки на Организацијата на туркиски земји (ОТС), јавува Анадолу. Говорејќи за новинарите за време на летот по неговата посета на Азербејџан, Ердоган им се заблагодари на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и на народот на Азербејџан за нивното гостопримство по повод прославата на Денот ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Сараевската декларација на „Трибуналот за Газа“, „народен трибунал“ формиран како независна иницијатива за истрага на тековните воени злосторства на Израел во Газа, денес го осуди израелскиот „режим“ и неговите постапки, јавува Анадолу. Изминатите три дена на Меѓународниот универзитет во Сараево беа одржани сесии на теми како што се политичката економија на геноцидот и уништувањето на Газа, злосторството на изгладнување, улогата ...

СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) направи значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу високото образование и јавните институции, со потпишување Меморандум за соработка со Министерството за транспорт на Република Северна Македонија, пренесува Анадолу. Церемонијата за потпишување, одржана во просториите на Министерството, го истакна заедничкиот ангажман на двете страни за унапредување на академскиот развој, соработка во ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Висок руски претставник денес изјави дека турската метропола Истанбул станува „главна платформа“ за преговори меѓу Москва и Киев, каде што претходно овој месец двете земји имаа први директни преговори по три години, јавува Анадолу. „Истанбулската платформа станува главна платформа за водење преговори во сите области - во врска со Црно Море, договорот за Црно Море, договорот за жито, а сега и руско-украинските преговори“, изјави ...

СКОПЈЕ (АА) – Од денес стапи во сила договорот за заедничка гранична контрола на преминот Јажинце-Глобочица меѓу Северна Македонија и Косово, јавува Анадолу. На отворањето на заедничкиот премин меѓу двете соседни држави присуствуваа вицепремиерот и министер за животна средина на Република Северна Македонија, Изет Меџити, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, ...

ГРАД ГАЗА (АА) - Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа ги отфрли израелските тврдења со кои се обвинува Хамас за складирање брашно во магацини низ Појасот Газа, опишувајќи го тврдењето како дел од „систематска кампања на дезинформации“ од страна на Тел Авив, насочена кон „избегнување на својата меѓународна одговорност за користење на гладот како оружје во војната“ против Палестинците, јавува Анадолу. Портпаролот на израелската армија, ...

СКОПЈЕ (АА) - Руските сили денес извршија напади со беспилотни летала во украинскиот регион Суми, предизвикувајќи пожари и оштетувања на цивилната инфраструктура, соопшти Државната служба за итни состојби на Украина, јавува Анадолу. Според информациите, сите пожари се ставени под контрола, а досега нема пријавени жртви. Русија ја започна својата таканаречена „специјална воена операција“ на 24 февруари 2022 година, со тврдења дека ја спроведува ...

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич ја критикуваше можноста за потпишување делумен договор за размена на заложници со палестинската група Хамас, велејќи дека тоа би било „глупаво“, пренесува Анадолу. Смотрич во објава на Х напиша дека Хамас последните денови е под огромен притисок поради промените во начинот на дистрибуција на хуманитарната помош и губењето контрола над населението во Газа. „Потребно е да ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
32%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
51%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
8.75
33%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
49%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
34%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.77
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60