Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата ...

Меѓународниот ден на писменоста се одбележува на 8 септември секоја година за да ги потсети креаторите на политики, експертите и јавноста за клучната важност на писменоста во создавањето пописмено, праведно, мирно и одржливо општество, а темата за оваа година е „Промовирање на писменоста во дигиталното доба“. УНЕСКО наведува дека писменоста, како фундаментално човеково право, ги отвора вратите за уживање на други човекови права, поголеми ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека европските лидери ќе ги посетат Соединетите Американски Држави поединечно денес или утре за да разговараат за можни решенија за војната меѓу Русија и Украина. Трамп, исто така, им рече на новинарите дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Ројтерс“. Трамп додаде дека „не е задоволен“ од состојбата на војната меѓу Русија и Украина, откако новинарите го прашаа за ...

„Граѓани и граѓанки на Македонија, дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија…“. Со овие зборови, тогаш првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, пред точно 34 години го означи еден од најзначајните настани во поновата македонска историја: успехот на граѓанскиот референдум што се одржа таа недела на 8 септември 1991, година со што беше донесена одлука ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за претквалификациите за Евробаскет 2029. Македонија се најде во групата А заедно со селекциите на: Луксембург, Ирска и Азербејџан. Првопласираните три селекции и најдобрата второпласирана ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза. Првата фаза од претквалификациите ќе се игра во три прозорци. Првиот е од 24.номеври до 2. декември, 2025 година, вториот е во периодот од ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во честиката Гаши повикува на обединување околу вредностите на сплотеност и посветеноста за исполнување на аспирациите на земјата. – Денот на независноста е посебен момент, можност да се потсетиме на големите достигнувања на нашата држава и да не потсети дека независноста не е само подарок, туку завет наследен од ...

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА). – Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на ...

Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во Измир, западна Турција, соопштија денес безбедносни извори. Напаѓачот, за кој се вели дека има 16 години, е приведен откако отворил оган врз полициската станица Салих Исгорен во населбата Балкова, објави телевизијата НТВ. Турција во минатото беше цел на напади од курдски милитанти, исламистички групи и крајно левичарски организации, а меѓу целите често беа ...

Студентите во блокадата ќе одржат протест денес, 8 септември, „Индексот е посилен од пендрекот“. „Сè запира во понеделник. Понеделник не смее да биде само уште еден работен ден. Се гледаме на улица“, велат студентите во соопштение на Инстаграм. Собирот ќе започне во 14 часот пред зградата на Владата на Србија. Тие ќе пешачат до Палатата на правдата, до зградата на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти, како и до Секторот за ...

Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. ...

Потпретседателката на британската влада Ангела Рејнер, денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом, што е нов удар за лабуристичкиот премиер Кир Стармер. Рејнер е осмиот висок функционер кој ја напушта владата на Стармер. Лабуристичкиот премиер претходно ѝ даде целосна поддршка кога беше обвинета за намерно избегнување на плаќање на целосен данок. „Длабоко жалам за мојата одлука да не побарам ...

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7.. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, ...

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите. Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец. Тензиите се пренесоа во долниот дел ...

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, слично време со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ...

Зголемени гужви се забележуваат на граничните премини во Македонија, каде што возачите се соочуваат со подолго чекање поради продолжениот викенд и летните патувања. Најголем застој има на Богородица, Табановце и Меџитлија, каде колоните од возила растат од час во час. На граничниот премин Богородица чекањето за излез од државата е околу половина час, додека на Табановце задржувањата за влез и излез се движат од 40 минути до еден час. Слична ...

Двајца млади разбојници утринава завршија во полициски раце откако се обиделе насилно да ограбат маркет на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир. „Околу 04:50 часот беше пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагираа екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар“, соопшти МВР. Кога ги забележале полицајците, напаѓачите се дале во бегство, по што еден полициски службеник бил принуден да ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување. – Искрена благодарност до ...

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Претеникот Бране Петрушевски истакна дека ова признание открива целосно злоупотребување на државниот апарат за политички цели. „СДСМ прво тврдеше дека не прислушкувале и не следеле никого, а сега, преку ова признавање, се обидуваат да ја свртат приказната за 180 степени со глупи тези за наводната ...

Седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање (АР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која требаше да се одржи денеска не е одложена, туку е поништена. Ова денеска на прес-конференција го изјави нејзиниот претседател Скендер Реџепи, кој рече дека доколку седницата се одржела тоа ќе било прекршување на Деловникот за работа на Собранието. Имено, како што кажа Реџепи, кој доаѓа од редовите на ...

Српската полиција доцна синоќа интервенираше и се судри со демонстрантите собрани на антивладиниот собир во Нови Сад кој се одржа под слоганот „Србија, дали се слушаме?“. Протестот е во организација на студентите во блокада кои велат дека собирот е одговор на полициската бруталност и неоправданото присуство на полициски службеници во зградите на два факултета во Нови САД, односно на Филозофскиот и Факултетот за спорт и физичко образование. За ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ...

Иако беше исчистена пред 10 дена, дивата депонија во Никуштак повторно е полна со отпад од камиони на јавното претпријатие на Општина Липково „Пиша“. Жителите на селата околу Орланце, Грушино и Никуштак од општините Арачиново и Липково протестираа, барајќи трајно решение. Во спротивно, предупредија на континуирани блокади на патот. „Селото има лозја. Грозјето, доматите, сè затруено е. Кога дува ветер од овој правец, оди сè до Куманово. Тука има ...

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. -Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со ...

На 7 и 8 септември 2025 година реткото усогласување на Земјата, Месечината и Сонцето ќе овозможи делови од нашата планета да бидат обоени во црвеникав сјај по целосното затемнување на Месечината. Ова ќе биде најдолгото целосно затемнување на Месечината од 2022 година наваму, што ќе трае околу 1 час и 22 минути. Во тој период природниот сателит на Земјата ќе изгледа како да е обоен во крваво-црвена нијанса. За да биде уште повозбудливо, настанот ...

Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини. – Движењето ЗНАМ – За ...

Скопското Основно јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт против уште едно лице за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март годинава, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Според обвинителскиот тим што работи на предметот, ова лице, како реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, како и другите обвинети, се товари за сторени тешки дела против општата сигурност. ...

Вашите WiFi уреди сега може да прават многу повеќе од стримување филмови; може да го почувствуваат отчукувањето на вашето срце. Инженери од Универзитетот Калифорнија развија систем кој ги претвора секојдневните безжични сигнали во медицинска алатка. Истражувањата покажале дека едноставен WiFi предавател и приемник може да го мерат срцевиот ритам со точност на клиничко ниво без да имаатпотреба од паметен часовник, ремен за гради или болнички ...

Тим од истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска биле примени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување. На средбата, како што информираат од Обвинителството, била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата на АНБ на која се однесува предистрагата. „Во рамки на денешниот работен ден ...

Мајмунските сипаници повеќе не се јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес, изјави денес генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО). Вирусна инфекција се шири преку близок контакт и обично е придружена со гнојни лезии и предизвикува симптоми слични на грип, објави Ројтерс. „Оваа одлука се базира на континуираното намалување на бројот на случаи во Демократска Република Конго и другите погодени земји, ...

Единствен услов за Северна Македонија да го продолжи својот пат кон Европската Унија (ЕУ) е да го спроведе договореното од јули 2022 година. Ова го порачаа бугарскиот премиер Росен Жељазков и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на брифингот за новинарите што го одржаа вчера, пренесоа бугарските медиуми. Во таа насока, премиерот на Бугарија, Жељазков, изјави дека кога станува збор за Република Северна Македонија, позицијата на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
51%
1029
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1028
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.0
76%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 11ᴼ
0.51
45%
1029
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.78
47%
1028
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1028
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.92
48%
1024
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1024
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1025
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 17ᴼ
0.45
76%
1027
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1025
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976