Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Гевгелија и следната сезона речиси сигурно ќе гледа второлигашки фудбал, по 55. минути игра во Кочани, екипата на Кожуф која ја предводи младиот штипски стратег Иван Варадиновски има предност од 3:0 против Борец. Шампионот на Трета лига – Југ игра во бледо издание и тешко дека може да се случи фудбалско чудо во Кочани, па јасно е оти некогашниот прволигаш од Велес и следната година ќе биде во Трета лига – Југ. Гевгелија се подготвува за ...
ГРК Охрид в недела ќе го игра најважниот натпревар во својата историја. По победата од 29-28 на гостувањето во Унгарија, охриѓани ќе ја пречекаат МОЛ Татабања во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, со можност пред своите навивачи да стигнат до европскиот трофеј. На денешната прес- конференција, голманот Кристијан Пилиповиќ изјави дека најважно за неговиот тим ќе биде да остане максимално фокусиран и дисциплиниран во текот на сите 60 ...
Охрид е во исчекување на големото финале од ЕХФ Европскиот куп против Татабања, а интересот за натпреварот е огромен. Салата „Билјанини Извори“ беше распродадена за рекордно кратко време, што е уште една потврда за ракометната еуфорија која владее во градот. Во пресрет на историскиот дуел, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација, Предраг Бошковиќ. На состанокот се разговараше за ...
По првите 45 минути во бараж натпреварите за влез во Втората лига, шампонот на Трета лига – Запад, Камјани има највисока предност од 0:2 над Победа Валандово, во меч кој се игра во Штип. Шампионот на Истокот, прими два погодоци за осум минути, а со тоа „калинкарите“ од Валандово во вториот дел ќе имаат многу тешка задача да надополнат два гола негатива против Камјани. Кожуф има предност 2:0 во бараж дуелот против Борец, тимот од Гевгелија е ...
Денес се играат три натпревари од баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига, стратезите на сите екипи ги отворија картите со што се познати составите. На Градскиот стадион во Кочани ќе се соочат Кожуф кој ќе се бори за опстанок во Втора лига против Борец, кој сака враќање во Втора лига. На Градскиот стадион во Штип ќе се одигра мечот меѓу третолигашите Победа Валандово и Камјани, шампионот на Истокот против шампионот на Западот. На ...
Шкендија Арачиново утре ќе го игра најважниот натпревар во својата клупска историја, откако во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со Пелистер, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, место кое буди убави спомени кај фудбалерите на Шкендија Арачиново. Токму на овој стадион минатата сезона екипата од Арачиново го совлада Осогово и обезбеди ...
Познати судиите за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига. Три натпревари ќе бидат одиграни во сабота, а еден меч во недела. Дуелот во Кратово меѓу Каменица Саса и Еуромилк ГЛ ќе го суди Доне Ристовски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Роберт Црвенов, а Боби Величков ќе биде четврт судија. Делегат ќе биде Илија Поп Костов, контролор ќе биде Сашо Лазаревски, комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Кренар Шуку, а комесар за ...
Фудбалерот на Новаци, Стефан Јовановски, зад себе има фантастична сезона во Втората македонска фудбалска лига и со своите настапи се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во второлигашката конкуренција. 26-годишниот Јовановски сезоната ја заврши како трет најдобар стрелец во Втората лига со постигнати 18 погодоци, шест помалку од лидерот на листата Виктор Ангелов од Скопје, кој постигна 24 гола. За Јовановски ова беше најдобрата сезона во ...
Иако сезоната во Трета лига – Исток донесе многу турбуленции, откажувања и дисциплински проблеми кај одредени клубови, сепак имаше и позитивни примери кои заслужуваат посебно внимание. Еден од нив е ФК Ударник од Пирава, кој официјално е фер-плеј екипа за сезоната 2025/2026. Тимот од Пирава покажа како треба да изгледа спортски и дисциплиниран колектив, завршувајќи ја сезоната со најмал број картони во лигата. Ударник доби само 16 жолти ...
Брегалница од Штип сезоната ја заврши на најдобар можен начин – со шампионска титула во Втората македонска фудбалска лига, експресно враќање во елитата и голема победа од 7:0 над Победа во последното 30. коло. Но, покрај славјето за пласманот во Првата лига, на стадионот во Штип беше одбележан уште еден значаен момент за клубот. Пред почетокот на натпреварот, управата на Брегалница предводена од претседателот Ангел Бојаџиев и директорот Емил ...
Македонскиот фудбал доби уште едно тренерско име со највисока лиценца, откако Александар Таневски успешно ја заврши програмата за стекнување со УЕФА Про лиценца. 42-годишниот стратег, кој во моментов е тренер на Скопје и селектор на новоформираната У20 репрезентација на Македонија, официјално се стекна со највисоката тренерска лиценца. Таневски веќе неколку години е присутен на македонската фудбалска сцена како тренер. Неговата тренерска ...
Екипата на Влазними Јуниор од Пресил е нов освојувач на Купот на ОФС Прилеп, откако во едно неверојатно и драматично финале славеше над Братство 07 од Житоше по изведување на пенали. Регуларниот дел донесе вистинска голеада и дури десет погодоци, а натпреварот заврши без победник со резултат 5:5. По големата борба и неизвесноста во текот на сите 90 минути, победникот мораше да биде решен преку пенал рулетот. Во серијата пенали повеќе ...
Дисциплинската комисија при Трета лига – Исток донесе одлуки за екипите кои не ги одиграа натпреварите од последното коло во сезоната. Екипите на Брегалница Делчево и Малеш Берово се казнети со парична казна од по 250 евра, а дополнително им беа одземени и бодови. Тимот на Брегалница Делчево не допатува во Валандово за натпреварот против новиот шампион Победа Валандово. Шампионскиот пехар од страна на претседателот на Трета лига – Исток беше ...
ГРК Охрид е пред историски момент и натпревар кој може засекогаш да остане запишан во македонскиот ракомет. По големата победа во Унгарија против МОЛ Татабања, охриѓани в недела ќе имаат шанса пред својата публика да го подигнат трофејот во ЕХФ Европскиот Куп. Во пресрет на реваншот, во изјава за Спортска Мрежа, ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски порача дека тимот е свесен за тежината на предизвикот, но и подготвен за последната битка ...
Фудбалерот на Осогово, Филип Димоски, зад себе има импресивна сезона во Втората македонска фудбалска лига, потврдувајќи дека е еден од најдобрите напаѓачи во второлигашката конкуренција. 26-годишниот голгетер сезоната ја заврши со вкупно 16 постигнати погодоци, од кои три во есенскиот дел во дресот на Победа од Прилеп, додека дури 13 голови постигна во пролетниот дел како фудбалер на Осогово, откако зимава направи трансфер во кочанскиот ...
На 31 мај, со почеток во 16:30 часот, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, каде силите ќе ги одмерат екипите на Брера Струмица и ФК Скопје. Станува збор за дуел од огромно значење за струмичкиот клуб, кој ќе се обиде да ја обезбеди победата и да остане дел од македонската фудбалска елита и во следната сезона. Очекувањата се натпревар со висок интензитет, ...
Женскиот кошаркарски клуб „Спорт тим“ ќе биде домаќин на завршниот турнир во кадетска конкуренција (М16), откако ја доби организацијата на лицитацијата спроведена од канцеларијата за младински лиги при Кошаркарската федерација на Македонија. Со овој турнир ќе биде заокружена сезоната 2025/2026 во кадетска женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Младост“ во Неготино, во „Ф4“ формат, а четирите најдобри екипи ќе се борат за ...
Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во машката М16 лига, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. До ваква одлука дојде откако ниту еден од четирите клуба-финалисти не поднесе пријава на лицитацијата за организација на Ф4 турнирот од „Адастра“ младинските лиги. Познат е и распоредот на натпреварите. Во полуфиналето, кое е закажано за 30 мај, ќе се сретнат Вардар и Работнички ...
Заврши сезоната во Трета лига – Запад, сега остануваат баражите да се одиграат и со тоа да се спушти завесата за оваа натпреварувачка сезона. Во Трета лига – Запад шампион е Камјани, кој ќе игра бараж за влез во Втора лига против шампионот на Трета лига – Исток, Победа Валандово. Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили, за Спортска Мрежа истакна дека е задоволен од тоа како судиите ја завршиле својата работа, ...
Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш на 3 јуни ќе биде центарот на македонскиот ракомет, откако Ракометната федерација на Македонија официјално потврди дека токму таму ќе се одиграат бараж натпреварите за пласман во Супер лигата во машка и женска конкуренција. Програмата започнува од 17:00 часот со женскиот бараж натпревар, во кој силите ќе ги одмерат ЖРК Пелистер 2012 и Ѓорче Петров 2. Битолчанки ќе се борат за опстанок во суперлигашкото ...
Еурофарм Пелистер со победа ја затвори сезоната и го обезбеди второто место во домашниот шампионат, откако во Битола го совлада Алкалоид со 31-26. Со овој триумф, битолчани обезбедија место во групната фаза од Европската лига на ЕХФ и ја исполнија главната цел пред крајот на сезоната. Натпреварот започна подобро за гостите од Скопје, кои преку цврста игра и сигурна реализација поведоа со 0-3. Домашниот состав имаше проблеми во нападот и не ...
ГРК Охрид в недела ќе го одигра најважниот натпревар во својата историја, реванш- финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања. По големата победа во Унгарија, охриѓани се на чекор до европскиот трофеј, а атмосферата во градот веќе е вистински спектакл, откако билетите за натпреварот беа распродадени за рекордно кратко време. Во пресрет на реваншот, од таборот на охриѓани- Давид Савревски за Спортска Мрежа, порача дека позитивниот ...
ГРК Охрид ги повика своите навивачи заедно да ја проследат најважната битка во клупската историја, реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања. Од клубот информираа дека за големото финале ќе биде организирана фан зона, каде сите поддржувачи ќе можат заедно да го следат натпреварот во живо на лед екран и да бидат дел од атмосферата во борбата за европскиот трофеј. Во Охрид веќе владее вистинска еуфорија пред историскиот меч, а ...
ГРК Охрид е на само еден натпревар од испишување историја, откако во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп успеа да слави на гостувањето кај МОЛ Татабања во Унгарија. Пред реваншот во преполната „Билјанини Извори“, во изјава за Спортска Мрежа, голманот на охриѓани- Бојан Блажески порача дека тимот има причина да жали што не обезбедил и поубедлива предност од Унгарија, но дека сега целиот фокус е насочен кон решавачките 60 минути во Охрид. ...
Ракометната федерација на Македонија одново се одлучи домаќин во баражот за Супер лигата да биде Прилеп, каде в среда од 20 часот ќе се соочат Младост од Богданци и Струга. Екипата од Богданци заврши на второто место во Првата лига и ќе мора по потешкиот пат односо преку бараж да бара влез во елитата, а пак стружани ќе се борат за опстанок втора година по ред. “Паткарите” и минатата сезона играа бараж токму во Прилеп против Мулти Есенс ...
Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев би можел кариерата да ја продолжи во словенечкиот гигант Целје. Според информациите, талентираниот десен бек е пред трансфер во поранешниот европски шампион, откако со своите настапи сезонава остави силен впечаток во домашниот шампионат. Дваесетгодишниот ракометар настапуваше за Бутел Скопје и беше еден од позабележителните млади играчи на својата позиција. Со добрите партии го привлече ...
Охрид е на чекор до историски успех во европските натпреварувања, откако во реванш- финалето од Европскиот куп на ЕХФ пред домашната публика ќе ја пречека унгарска Татабања. Македонскиот претставник во првиот натпревар во Унгарија успеа да слави со 28-29 и со минимална предност ќе влезе во битката за трофејот. Во пресрет на решавачкиот дуел, ЕХФ ги одреди и официјалните лица за натпреварот во „Билјанини Извори“. Правдата на теренот ќе ја ...
Салата „Боро Чурлевски“ вечерва ќе биде сцена на еден од најважните натпревари за Еурофарм Пелистер оваа сезона. Битолскиот состав од 18:00 часот ќе се соочи со екипата на Алкалоид, во директна борба за позициите во самиот врв на Супер Лигата. Во пресрет на средбата, Охрид се наоѓа на второто место со 52 бодови, додека пелистерци имаат два помалку и се трети на табелата. Со евентуален триумф, избраниците на битолскиот клуб ќе се израмнат со ...
Во битолско Црнобуки успешно беше организиран завршниот турнир од ФФМ Детската лига за Преспанско-пелагонискиот регион, каде младите фудбалски надежи низ неколкудневни возбудувања се бореа за пласман на големата завршница во Скопје. Одличниот терен во Црнобуки понуди максимално добри услови за игра, а младите фудбалери покажаа голема борбеност, талент и спортски дух во сите генерации. Пласман на завршниот турнир во Скопје обезбедија следните ...
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција. Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул. Капитенот на македонската ...