Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Македонскиот шампион Вардар ги утврди плановите за подготовките пред новата сезона, во која повторно ќе биде дел од елитната Лига на шампионите. Избраниците на Иван Чупиќ ќе го започнат новиот циклус на 27 јули, а летниот период ќе биде исполнет со тренинзи и силни контролни натпревари. Првата прозивка е закажана за 27 јули во Скопје, кога ќе биде одржан и првиот официјален тренинг. По неколку дена работа во главниот град, „црвено-црните“ од ...
Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување во редовите на скопскиот тим е десниот бек Кристијан Стаменковиќ, кој потпиша договор на две години. 21-годишниот ракометар пристигнува од актуелниот шампион Вардар, каде што мина две успешни сезони и освои двојна круна. Пред трансферот во Вардар, Стаменковиќ настапуваше за Голден Арт, каде што беше препознатлив како еден од ...
Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново засилување во редовите на штипските „сини“ е искусниот голман Амир Јашар. 35-годишниот чувар на мрежата пристигнува од Башкими, каде што настапуваше повеќе од година и пол. Во минатата прволигашка сезона бранеше на 24 натпревари и на шест од нив успеа да ја сочува својата мрежа недопрена, потврдувајќи ги своите ...
Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател и сопственик Марјан Нацев се повлече од функцијата поради здравствени причини. Во наредниот период клубот ќе биде раководен од Управен одбор, кој допрва треба да биде конституиран. Очекувањата се новото раководство да постави цврсти темели за стабилно функционирање на клубот и успешно да го подготви тимот за настап во новата сезона во Третата ...
По долг период на неизвесност, во Општинскиот фудбалски сојуз Кичево и официјално започнува ново поглавје. На вонредното собрание, одржано вчера, делегатите едногласно го избраа новото раководство на досегашниот суспендиран ОФС Кичево, со што беа поставени темелите за нов почеток и стабилизација на сојузот. Со едногласна поддршка, за нов претседател на ОФС Кичево беше избран Марјан Стојановски, кој ја доби довербата да го предводи сојузот во ...
Охрид со победа ги отвори пријателските натпревари, откако на „СРЦ Билјанини Извори“ со минимални 1:0 го доби Новаци, а стрелец на единствениот победнички гол беше Дамјан Масевски, кој со погодок се врати меѓу „рибарите“. Натпревар каде тренерите Ромео Кочоски и Иван Варадиновски им даваа шанси на сите играчи со цел да ја проверат нивната форма и вклопувањето во тимот за следната сезона. Охрид во првиот дел креираше огромни шанси кои не ...
ГРК Овче Поле 1958 официјално ги започна активностите за формирање на тимот за натпреварувачката сезона 2026/2027. Раководството на клубот, во координација со стручниот штаб, интензивно работи на комплетирање на играчкиот кадар со јасна цел – да изгради конкурентен, квалитетен и амбициозен состав кој ќе биде подготвен да одговори на сите предизвици што ги носи новата сезона. Од клубот потенцираат дека нивната определба останува непроменета – ...
Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите клубови дека официјално започнува преодниот рок за натпреварувачката сезона 2026/27, кој се однесува на сите сениорски и младински натпреварувања под организација на Федерацијата. Согласно Регистрацискиот правилник на КФСМ, преодниот рок за сениорските лиги трае од 15 јули 2026 година и завршува 24 часа пред почетокот на вториот дел од сезоната во соодветното натпреварување. Клубовите ...
Денес на YouTube каналот на Спортска Мрежа, со почеток од 17:30 часот, во ЖИВО ќе можете да го проследите пријателскиот натпревар помеѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој ќе се одигра на стадионот „СРЦ Билјанини Извори“ во Охрид. Натпреварот ќе биде реализиран со три камери и коментатор, со што на гледачите ќе им биде овозможено квалитетно телевизиско доживување и вистинска атмосфера директно од стадионот. За двата тима ова ќе биде првиот ...
Општина Кочани официјално станува дел од меѓународната програма „KNVB WorldCoaches – Фудбал за животни вештини“, која ја реализира Кралската холандска фудбалска федерација (KNVB) со поддршка на УЕФА. По тој повод беше одржана заедничка средба на која присуствуваше и амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел. Претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, истакна дека станува збор за ...
Прволигашот Брегалница продолжува да се екипира за новата сезона која стартува на 25 јули. „Сините“ ја продолжија соработката со Анџело Николовски, кој по одличната сезона одлучи да ја продолжи соработката со Брегалница и за следната сезона. Николовски по вторпат успеа со Брегалница да обезбеди промоција од Втора во Прва лига, а во неговата кариера тоа му успеа и со Македонија ЃП како шампион, а пак како вицешампион обезбеди промоција во ...
По одличната сезона во дресот на Осогово, искусниот напаѓач Филип Димоски и официјално се раздели со кочанскиот второлигаш, оставајќи зад себе значаен белег во редовите на „жетварите“. Димоски беше еден од најзаслужните за успешната сезона на Осогово, која клубот ја заврши на високото шесто место во Втората македонска фудбалска лига. Во пролетниот дел од шампионатот, по зимскиот трансфер од Победа, 26-годишниот голгетер постигна дури 13 ...
Селекторот Жозеп Марија Берокал порача дека најважно е Македонија да ги има на располагање сите репрезентативци, за националниот тим да настапи во најсилниот можен состав. Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги дозна своите противници во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според ждрепката одржана во Минхен, Македонија ќе биде дел од групата „Ф“, каде што ќе ги одмери силите со Австрија и Кипар. ...
Македонскиот второлигаш Пелистер в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар против грчкиот второлигашот Панионис. Натпреварот ќе се одигра во Птолемаида, во 17 часот по македонско време. Новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов утре ќе ја првата проверка за тоа како оди подигањето на формата, а потоа ќе следуваат и други контролни средби. Пелистер минатата сезона испадна од Првата македонска фудбалска лига, а целта во новата сезона ќе ...
Силекс ја заврши европската авантура уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако по голема драма и изведување пенали беше елиминиран од белорускиот Динамо Минск. По победата од 1-0 на првиот натпревар, кратовци загубија со идентичен резултат на реваншот, а по продолженијата без голови, гостите славеа со 6-5 на пенали и обезбедија пласман во следната рунда. Белорускиот состав уште во 16. минута успеа да ја анулира ...
Шкендија успешно ја заврши својата задача во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако и на реваншот славеше над Европа од Гибралтар со 1-0 и со убедливи 6-0 во вкупниот резултат обезбеди место во следната рунда од натпреварувањето. По убедливите 5-0 на првиот натпревар, тетовчани без поголем притисок го дочекаа реваншот во Скопје. Избраниците на стратегот на Шкендија имаа контрола врз играта во текот на целиот натпревар, но ...
Второлигашот Охрид го потврди трансферот на Дамјан Масевски, трансфер кој ексклузивно го најави Спортска Мрежа пред неколку дена. Голгетерот Масевски во таборот на „рибарите“ доаѓа од редовите на Брегалница, каде настапуваше изминатата сезона, а со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Прва лига. Масевски низ својата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Кадино, Тетекс, Силекс, Пелистер и Детонит Плачковица, а меѓу „рибарите“ е ...
Второлигашот Камјани кој за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига продолжува да се екипира и да го подига квалитетот во сопствените редови. Најново име кое пристигна во редовите на новајлијата е Аљбан Мемеди, кој пристигна од тимот на Брегалница. 22-годишникот со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига, а низ кариерата беше дел од Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, тетовска Шкендија, ...
КК Пелистер влегува во нова етапа од своето функционирање, откако на редовното годишно собрание беа избрани новите раководни тела на клубот. Нов претседател е Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот тим, додека функцијата спортски директор ќе ја извршува Предраг Созовски, кој во минатото беше дел од Пелистер и како кошаркар и како тренер. Формиран е и нов Борд на директори кој ќе биде задолжен за управувањето со клубот, а единствен ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
Христијан Поп-Антоски по одличната сезона во редовите на Осогово ќе менува средина откако се раздели со второлигашот од Осогово. 22-годишниот лев бек од Прилеп зад себе имаше фантастична сезона во дресот на „жетварите“ со 5 погодоци и 8 асистенции и учествуваше директно во многу победи и освоени бодови за тимот од Кочани. Низ кариерата младиот фудбалер настапуваше за Победа, кој е негов матичен клуб, Братство, Македонија ЃП и Детонит ...
Второлигашот Новаци го промовираше Стефан Спировски како ново засилување, се работи за 20-годишен фудбалер кој е дете на Пелистер. Спировски може да ја покрива десната страна од теренот, односно може да игра како десен бек и десно крило, а минатата сезона настапуваше за второлигашот Преспа од Ресен. За Спировски ова ќе биде враќање во второлигашот Новаци, бидејќи во период од јануари до август 2024 година го носеше дресот на Новаци. Новаци ...
Македонските фудбалски љубители ќе имаат можност во живо да го проследат реванш натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Дуелот ќе биде емитуван во директен пренос на телевизискиот канал Арена М1 Премиум. Кратовчани во реваншот влегуваат со голема самодоверба, откако на првиот натпревар славеа со минимални 1:0 против белорускиот претставник. Натпреварот се одигра во Бугарија, каде ...
Фудбалската федерација на Македонија официјално го започна процесот за пријавување на екипите кои сакаат да настапуваат во Втората футсал лига во натпреварувачката сезона 2026/2027. Право на учество имаат сите заинтересирани футсал клубови кои ги исполнуваат условите предвидени со Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ. Пријавите, заедно со целокупната потребна документација, треба да бидат доставени во архивата ...
Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27, а раководството на клубот обезбеди уште еден важен потпис. Средниот бек Ана Стојчевска и во новата сезона ќе остане дел од битолскиот состав. Стојчевска во Пелистер пристигна минатото лето од Младост Ресен и со своите настапи се наметна како една од најважните ракометарки во екипата. Добрите игри беа доволна причина клубот да ја продолжи соработката ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани продолжува да се засилува за новата сезона која стартува на 15 август. Најново име кое дебитантот го обезбеди и искусниот Енис Дервиши кој доаѓа од редовите на прволигашот Шкендија Арачиново. Станува збор за фудбалер кој речици една деценија е активен во фудбалот и со себе носи огромно искуство и квалитет. 28-годишниот Дервиши низ неговата кариера покрај за тимот од Арачиново ...
Второлигашот Осогово денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Крсте Крстев денес ја имаше првата прозивка со која беше означен почетокот на летните подготовки. Костурот на тимот е сочуван, но истиот и ќе биде освежен со неколку засилувања, кои веќе се пристигнати во Кочани и денес присуствуваа на првиот тренинг. По воведниот состанок беше одржан и првиот тренинг на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во ...
Македонскиот прволигаш Скопје влегува во ново поглавје пред стартот на сезоната 2026/27. Клубот официјално го промовираше Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб, кој на клупата ќе го наследи Александар Таневски. Скопје најпрво му се заблагодари на Таневски за сè што направи во изминатиот период. Под негово водство „пиратите“ од Автокоманда успеаја да обезбедат враќање во Првата македонска фудбалска лига, а новата сезона ја започнуваат на ...
По историската сезона во која го освои првиот европски трофеј, ГРК Охрид на 24 јули ќе ги започне подготовките за новите предизвици. „Гладијаторите“ ја комплетираа екипата за сезоната 2026/27 и со 22 ракометари ќе влезат во новото поглавје, во кое ќе се обидат да ги повторат успесите од минатата година. Првата прозивка на тренерот Борис Ројевиќ е закажана за 24 јули, кога официјално ќе стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона. ...
Прволигашот Брегалница продолжува со формирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а раководството на клубот обезбеди уште две важни продолжувања на соработката. Во дресот на „сините“ и во сезоната 2026/2027 ќе настапуваат Давид Калпачки и Благој Хаџи-Кимов, фудбалери кои беа дел од шампионската генерација што ја врати Брегалница во елитата. Давид Калпачки пристигна во Штип во јануари 2023 година и во изминатите години се покажа како едно ...