Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел – експресно враќање во елитата, откако минатата сезона испаднаа од Првата лига, губејќи во баражот од Шкендија Арачиново. Тимот од Битола се екипира за новата сезона откако беше продолжена соработката со Кире Ристевски, Стефан Спировски, Натаниел Димовски, Јован Мрмачовски, Христијан ...
Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за сезоната 2026/27, откако официјално ги потпиша првите договори со ракометарите кои ќе го носат дресот на клубот во новата натпреварувачка година. Во составот остануваат дел од играчите кои настапуваа и минатата сезона, а клубот укажа доверба и на неколку перспективни млади ракометари од сопствената младинска школа, кои со својата работа и развој ...
Македонскиот вицешампион Шкендија направи одличен чекор кон пласман во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако на гостувањето во Гибралтар ја декласира Европа со убедливи 5:0. Избраниците на Артим Положани одиграа сигурен и доминантен натпревар, во кој уште еднаш ја потврдија фаворитската улога и практично го решија прашањето околу победникот во двомечот уште по првиот натпревар. По неколку воведни обиди на двете ...
Новиот прволигаш Арсими продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона, а најново засилување во редовите на тимот од Чегране е колумбискиот напаѓач Диего Контрерас. 22-годишниот офанзивец пристигнува од албански Партизани, каде што со своите настапи во изминатата сезона се наметна како едно од најпријатните откритија во шампионатот и го привлече вниманието на повеќе клубови од странство. Пред ангажманот во ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, направи голем чекор кон пласманот во следното квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако славеше со минимални 1:0 против Динамо Минск во првиот натпревар одигран на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија. Кратовци одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, успевајќи да го неутрализираат белорускиот претставник и да стекнат значајна предност пред реваншот. Единствениот погодок ...
Младиот голман Антонио Шемкоски се раздели со второлигашот Кожуф, 21-годишникот за новата сезона ќе бара нова средина каде ќе ја продолжи средината. Се работи за голман кој покрај за Кожуф имаше настапи и за Големо Коњари и прилепска Победа. Минатата сезона на 16 мечеви го чуваше голот на тимот од Гевгелија. Во следниот период треба да биде познато каде Шемкоски ќе ја продолжи кариерата, а за негов ангажман веќе постои интерес од неколку ...
Куманово ќе има добро познато име во своите редови за претстојната сезона, откако Наум Костов повторно се враќа во клубот по тригодишна пауза. Десното крило, кое во минатото беше еден од лидерите на тимот, повторно ќе го облече кумановскиот дрес. Костов, зад себе има настапи за Охрид, Куманово, Аеродром и Струга. По периодот минат во овие клубови, повторно се враќа во средина каде ги одигра едни од своите најдобри партии. Во својот претходен ...
Екипата на Илинден сериозно го отвара трансфер пазарот откако го договори потписот на искусниот Дарио Десниќ, кој беше промовиран во дресот на третолигашот кој ќе има амбиции да обезбеди влез во Втора лига. Десниќ доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново, претходно 32-годишниот фудбалер настапуваше за Куманово, Вардар, Скопје, Борец, Кадино, Тетекс, Силекс. Со тимот од Арачиново обезбеди промоција од Трета лига – Север во ...
ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на „гладијаторите“ е искусниот лев бек Филип Талески. Триесетгодишниот ракометар стави потпис на договор за сезоната 2026/27, со можност соработката да биде продолжена и за уште една година. Во охридскиот тим ќе го носи дресот број 28. Талески во Охрид пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. ...
Раководството на ФК Пелистер го потврди ангажманот на искусниот фудбалер Мартин Мирчевски, кој по неколку години повторно се враќа во матичниот клуб каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Дваесет и деветгодишниот офанзивец зад себе има богата домашна и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Беласица, Вардар, Брера Струмица и Силекс, додека во странство го носеше дресот на српскиот ТСЦ Бачка Топола и на босански ...
ФК Арсими продолжува со активностите на трансфер-пазарот и го потврди новото засилување за сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот од Чегране е искусниот играч за врска Ибрахим Олаосебикан. 26-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Вардар, каде минатата сезона запиша 20 настапи. Олаосебикан претходно остави добар впечаток и во македонскиот шампионат со дресот на Брера, каде имаше две успешни сезони. Нигерискиот ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани се засили со Веби Ислами, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот Струга Трим Лум. Минатата сезона Ислами настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Кожуф од Гевгелија, а во сезона 2026/2027 ќе го носи дресот на Камјани. Ислами кариерата ја започна во тетовска Шкендија, а потоа премина во редовите на Струга Трим Лум, од каде минатата сезона ...
Прволигашот Скопје кој обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига ги започна подготовките за новата сезона со првиот тренинг на стадионот „Железарница“ во Автокоманда. „Пиратите“ кои минатата сезона го освоија второто место во Втората лига преку бараж совладувајќи ја Брера Струмица обезбедија промоција во елитата. Од клубот истакнаа дека со максимална посветеност и напорна работа влегуваат во новите предизвици. „Со максимална ...
Добри вести за ЖФК Љуботен. Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија повеќе не се наоѓа под забрана за регистрација на нови фудбалерки, откако ФИФА ја укина блокадата за трансфери. Со ова, тетовскиот клуб во целост е тргнат од „бан листата“ и повторно може слободно да регистрира нови засилувања во летниот преоден рок, со што добива можност да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона. Според ...
Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а најновите потврдени потези се продолжувањето на соработката со тројца фудбалери кои и понатаму ќе го носат зелено-белиот дрес. Искусниот Христијан Грозданоски останува дел од битолскиот клуб и во наредниот период, носејќи дополнителна сигурност и искуство во составот. Од Пелистер истакнуваат дека неговиот квалитет, професионален однос и долгогодишно искуство ...
Второлигашот Новаци денес ги започна подготовките за новата сезона која ќе започне на 15 август, откако новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски денес ја имаше првата прозивка со која се означи почеток на летните подготовки. Клубот досега официјално се засили со Петар Гугуљанов и Кирил Стојков кои во пакет пристигнаа од Кожуф, а во следниот период се очекува уште некое засилување. Носителите на играта односно костурот на тимот е ...
Македонскиот футсал шампион Проект ги доби противниците за настапот во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, по денешната ждрепка што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Тимот од Јосифово ќе игра во исклучително силна група, каде за ривали ќе ги има шампионите на Словенија – Врхника, Австрија – Атлетик Грац и Израел – Макаби. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 25 до 30 август. Од клубот ...
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го започна формирањето на тимот за новата сезона со ангажманот на првото летно засилување. Нов член на „сино-белите“ е македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој официјално го стави потписот на договорот со клубот. За 26-годишниот бек-шутер ова е враќање во добро позната средина, откако претходно беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2018/19. Во продолжение на кариерата настапуваше за Академија ...
Нови предизвици, нови европски возбудувања и големо враќање на меѓународната сцена за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клубот официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, со што по пауза од две ипол децении се враќа во ова европско натпреварување. Покрај настапите во АБА2 лигата и домашното првенство, „сино-белите“ ги очекува и европска авантура во која ќе се соочат со квалитетни противници од ...
Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола одбележа значаен јубилеј – 11 години од своето основање, период во кој клубот од скромен почеток прерасна во препознатлива спортска приказна во која место имаат повеќе од 120 млади фудбалери и фудбалерки. Клубот својата приказна ја започна во 2015 година со дваесетина деца и само еден тренер, а денес функционира со четворица тренери кои работат на развојот на новите генерации. Јубилејот беше одбележан на ...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот ракометен клуб „Струга 2024“, кои зад себе имаат успешна сезона, крунисана со освоеното трето место. На приемот, градоначалникот им честиташе за одличниот резултат и им посака уште поголеми спортски успеси во периодот што следува, истакнувајќи дека нивниот успех претставува гордост за Струга и пример за младите спортисти. Во разговорот со ракометарките, ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирањето на составот за новата сезона, а во своите редови ги доведе Божидар Илиески и Кристијан Симоноски. Најново засилување на тимот предводен од Ангеловски е средниот бек Божидар Илиески, кој во досегашната кариера настапуваше за Прилеп и Алкалоид. Во битолскиот клуб веруваат дека станува збор за ракометар со голем потенцијал, кој во иднина би можел да се избори и за место во првиот тим ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија со победа ги започна контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски. Во првиот тест, одигран во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ја совладаа селекцијата на Косово, иако по првата четвртина имаа негатива од 20 поени. Гостите отворија одлично и по десет минути игра поведоа со убедливи 34:14. Нашата ...
Фудбалерите на Силекс ги работат последните подготовки во Бугарија, каде утре ќе го одиграат првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА против белоруски Динамо Минкс. Избраниците на Александар Васоски се подготвуваа во Охрид, каде одиграа и пријателски меч против Динамо Тирана. Силекс веќе е на бугарско тло каде ги има последните подготовки утре првиот европски предизвик. Мечот против Динамо Минкс е закажан за утре од 19 ...
Пелистер Битола продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално потврди дека четворица фудбалери ќе ја продолжат соработката со битолскиот состав. Нов договор со Пелистер потпишаа Кире Ристевски и Стефан Спировски, кои со своето големо искуство треба да имаат значајна улога во тимот во новата натпреварувачка сезона. Покрај нив, верност кон зелено-белите бои продолжија и младите фудбалери Јован Мрмачовски и Натаниел ...
Вардар не успеа со позитивен резултат да ја започне европската авантура во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион на Арената „Тодор Проески“ загуби со 0:2 од финскиот првак КуПс, кој со оваа предност ќе патува на реваншот. Пред околу 4.000 гледачи, Вардар имаше неколку обиди преку Горан Закариќ и Бобан Николов, но не успеа да ја најде мрежата на противникот. Клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме, кога КуПс поведе по ...
Охрид ќе ја започне одбраната на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп од второто квалификациско коло, а противникот ќе го дознае по ждрепката, кога ќе биде јасно кој ќе му се најде на патот меѓу победниците од првата рунда и екипите што директно се пласирани во второто коло, но не се носители. Како актуелен освојувач на трофејот, македонскиот претставник ќе има статус на прв носител на ранг-листата за новата сезона, што значи дека до осминафиналето ...
Еурофарм Пелистер ќе биде македонскиот претставник во групната фаза од Лигата на Европа во новата сезона, додека ГРК Охрид ќе ги продолжи настапите во ЕХФ Европскиот Куп. Битолскиот тим ќе биде сместен во првиот шешир пред ждрепката за групите, која е закажана за 17 јули. Првите натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 29 и 30 септември. Местото во Лигата на Европа му припадна на Еурофарм Пелистер откако ...
Третолигашот БВК Коњаре ќе има високи амбиции за следната сезона, откако клубот го промовираше Јусуф Алиу, а ја продолжи соработката со Руфат Чилафи. Се работи за искусни фудбалски имиња со кои значително се подига квалитет во сопствените редови, потврда дека БВК Коњаре ќе цели на прво место и шампионски пехар во Трета лига Регион 1 и обезбедување на бараж за Втора лига. Алиу кој има 25 години кариерата ја започна во Шкупи, од каде потоа ...
Бутел Скопје продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најнови засилувања во редовите на суперлигашот се младите ракометари Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев. Двајцата имаат по 19 години и потпишаа договори со клубот на две сезони, со што ќе го носат дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година. Ѓорѓески игра на позицијата лев бек и пристигнува од Алкалоид, додека Аксентиев настапува како десен бек и доаѓа од Мулти Есенс. Со ...