Со транспаренти и пораки „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“, граѓани и активистки денеска маршираа низ центарот на Скопје на протест против фемицидите и насилството врз жените. Протестот, организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, беше поттикнат од смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно пријавувала насилство и закани по живот, но не добила заштита. ...
МАКЕДОНИЈА ТРЕТА ВО ЕВРОПА ПО БРОЈ НА ФЕМИЦИДИ, СЕДУМ САМО ГОДИНАВА, ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ Со транспаренти, кренати гласови и имињата на жените чии животи беа згаснати со насилство, граѓаните маршираа низ Скопје барајќи правда за 17-годишната Билјана Кириќ и за крај на фемицидите. „Молкот е соучесништво“, „Жена, живот, слобода“ и „Ниту една повеќе“ беа пораките што одекнуваа низ улиците, заедно со барањето институциите конечно да преземат ...

