ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а првиот противник ќе биде домаќинот Атлетик Футсал Клуб Грац. Местото на првиот натпревар, но и на сите од групата е „Blue Box“ – модерна троделна спортска сала во Грац, која е изградена како дел од комплексот на BG/BORG Graz-Liebenau. Иако однадвор впечатокот е дека станува збор за ...

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат пред својата публика. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува црногорскиот шампион Ловќен, а почетокот на натпреварот е закажан за 18:00 часот. Пелистерци ја отворија сезоната со победа над Партизан од 35-31 во натпревар одигран пред полни трибини. Избраниците на Лино Червар одиграа сигурно и ...

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Македонскиот претставник го очекува дуел на домашен терен, во салата во Автокоманда, каде што од 19:00 часот ќе се соочи со српскиот тим. Алкалоид со амбиции влегува во новото регионално натпреварување, а првиот натпревар ќе биде можност тимот да го покаже својот потенцијал уште на стартот. Средбата ќе може да се следи ...

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе се соочи со домаќинот на групата, Атлетик Футсал Клуб Грац, во салата Bluebox Arena во Грац, Австрија. Проект во Австрија пристигна со позитивна атмосфера и големи амбиции, по фантастичната сезона 2025/2026 во која ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а првенството ...

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август, но натпреварот е одложен по барање на македонскиот шампион. Причината за ваквата одлука се кадровските проблеми во составот на црвено-црните, кои во овој период се соочуваат со повеќе повредени ракометари, но и вирус кој зафати дел од екипата. Од Вардар потврдија дека барањето за промена на терминот е ...

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора. Натпреварот во Будва е закажан за 19:00 часот, а избраниците на Борис Ројевиќ влегуваат со јасна цел – нова победа. Охрид во првото коло славеше над Војводина со 36-30, па со позитивна атмосфера го очекува и вториот натпревар во новото регионално натпреварување. Пред гостувањето во Будва, ...

Дарко Ѓукиќ останува дел од Охрид и во новата сезона, со што паднаа во вода најавите за негово можно заминување од клубот и трансфер во Партизан. Искусното крило ќе продолжи да го носи дресот на охриѓани и ќе биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ и во сезоната која следува. Ѓукиќ минатата сезона имаше значајна улога во составот на Охрид, со важни погодоци во битката за третото место во Супер лигата, но и во историскиот европски успех ...

ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата дебитантска сезона во Втората женска фудбалска лига, со јасна цел – веднаш да атакува на историски пласман во Првата лига. Тетовскиот клуб промовираше две искусни и добро познати имиња во македонскиот женски фудбал – Елена Петровска и Сара Хусеин, кои со своето искуство треба да бидат меѓу главните носители на тимот. Петровска, позната и по прекарот Ецка, има 28 години и ...

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите. За сите навивачи кои сакаат да го следат настапот на Проект, ги издвојуваме точниот распоред, термините и салата во која ќе се играат натпреварите. Сите три натпревари на македонскиот шампион ќе се одиграат во Bluebox Arena во Грац. Распоред на натпреварите: 📅 26 август – 20:00 часот 🇲🇰 ...

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27. По разгледувањето на пристигнатите пријави и целокупната документација, Комисијата за лиценцирање при Кошаркарската федерација на Македонија утврди дека штипскиот клуб ги исполнува сите потребни услови за пополнување на слободното место во Суперлигата. За местото конкурираа три клубови, но правото за настап во ...

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во период од петок до понеделник. Колото ќе го отворат Силекс и Шкендија, кои ќе се сретнат во Кратово во дербито на оваа рунда. Натпреварот е закажан за петок со почеток од 16:00 часот. Истиот ден, од 17:00 часот, Струга на домашен терен ќе ја пречека Брегалница. Во сабота на програмата е натпреварот меѓу Арсими и Скопје. Тимот од Чаир гостува во Гостивар, а ...

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната комисија и по завршената постапка за лиценцирање, осум екипи ги исполнуваат условите за настап во Првата лига – жени во сезоната 2026/27. Во елитната женска конкуренција ќе играат: ЖКК Гевгелија обезбеди место во највисокиот ранг како победник на Втората лига – жени во сезоната 2025/26. КФМ ќе продолжи да го следи исполнувањето на условите за ...

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за Грац, Австрија, каде што од 26 до 29 август ќе настапи во претквалификациската група А од Лигата на шампионите. Проект зад себе има одлична сезона 2025/2026, во која тимот ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а првенствената сезона ја заврши без ниту еден пораз и без ниту едно реми, со максимален ефект. Пред европскиот предизвик, македонскиот ...

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Ерен Парталко, кој доаѓа од редовите на Охрид. Низ кариерата 24-годишниот Охриѓанец беше дел и од Пелистер, Вардар, Брера Струмица, а кариерата ја започна во Академија Пандев 10 од Охрид. Парталко веќе го запиша и своето деби во новиот клуб, откако настапи за Кожуф во мечот од второто коло против Шкупи, кога тимот од Гевгелија со 2:0 го доби ланскиот второлигаш. Во рамки на третото коло Кожуф ќе ...

Третолигашот Ударник триумфираше со 2:0 на пријателскиот натпревар против новиот третолигашот Победа од неготинско Пепелиште, во меч кој се одигра во Пирава. До овој триумф Ударник стигна преку погодоците на Славе Ризов и Благој Тодоров, а резултатот беше во втор план бидејќи шанса добиваа сите фудбалери, а тимот од Пирава имаше уште неколку чисти шанси кои не ги претвори во гол. Според информациите на Спортска Мрежа задржан е комплетниот ...

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона, забележувајќи три победи во исто толку одиграни пријателски натпревари. Екипата најпрво со убедливи 5:0 го совлада Мало Коњари, а во вториот меѓусебен дуел повторно беше подобра, овојпат со 3:1. Во третиот контролен натпревар Големо Коњари одигра уште еден одличен меч и со 5:1 славеше против Напредок од Ношпал. Резултатите од подготовките се најава ...

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува ФК Готен, клуб од Подареш, радовишко село, поранешна општина. По долги години без никакви активности ФК Готен одново ќе се натпреварува, откако пријави учество за настап во Општинската фудбалска лига во Струмица, во која лига се натпреваруваа екипи од општина Радовиш, општина Струмица, општина Василево, општина Босилово и општина Ново Село. Клубот веќе ги презема ...

Шкендија продолжува со перфектен учинок во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци во дербито од четвртото коло ја совладаа Струга Трим Лум со 2-1 и со четири победи од исто толку натпревари останаа единствениот тим со максимален број бодови. Натпреварот на „Петар Милошевски“ во Скопје донесе борба и неизвесност до самиот крај. Шкендија прва го пронајде патот до мрежата во 29. минута, кога Албин Зејнулаи испрати одлично ...

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта Вардар и ќе продолжи во Бахреин, откако стави потпис на договор со Ал-Калдија. Велковски во јануари годинава се врати во Вардар и повторно стана важна фигура во одбраната на „црвено-црните“. 31-годишниот стопер беше стандарден и на стартот од новата сезона, но добрата понуда од Бахреин го натера да направи нов интернационален чекор. Ова е негово второ ...

Вардар ја запиша втората победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако на Националната арена „Тодор Проески“ со убедливи 4:1 го совлада Силекс. По поразите од Шкендија и Струга, „црвено-црните“ одиграа многу подобар натпревар и заслужено стигнаа до трите бода. Домашниот состав одлично го започна натпреварот и уште во 3. минута дојде до предност. Спахиу одлично проби по левата страна и го пронајде Димитар Данев, кој со ...

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари. Вечерва на програмата е дуелот меѓу Италија и Алжир до 21 година, на кој главен судија ќе биде Ангелчо Ристов. Негови асистенти ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја има Анди Кочи од Албанија. Соклевска Илиевски и ...

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како помошен тренер на првиот тим, откако во изминатиот период беше дел и од стручниот штаб на македонската репрезентација до 16 години. Покрај ангажманот со сениорскиот тим, Старделов од оваа сезона ќе има задача и да ја предводи М16 екипата на Кожув во младинската лига. Млад, амбициозен и посветен на кошарката, ...

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот состав пред домашната публика се израдува на трофејот. Во мечот за трето место Еурофарм Пелистер 2 славеше со 32:29 над Мулти Есенс, со што битолскиот тим заврши на третото место, а скопскиот на четвртото место. Во мечот за петтото место Бутел го доби Младост со 30:32, со што тимот ...

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, кој испрати јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат и да започнат ново спортско поглавје. На фудбалскиот терен во Ораовица, под рефлектори, настапија околу 40 млади фудбалерки, кои имаа можност да одиграат неколку меѓусебни пријателски натпревари. Се играше секој со ...

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци беше најзаслужен за победничкиот старт на Еурофарм Пелистер во Регионалната лига. Битолчани пред својата публика го совладаа српскиот шампион Партизан со 35-31. Уште во првите 30 минути домаќинот наметна ритам кој гостите тешко го следеа. Еурофарм Пелистер на паузата замина со седум гола предност (20-13), а во продолжението разликата во еден момент достигна и девет ...

Со мечевите од првото коло стартуваше 25. издание на Првата женска фудбалска лига, а првата рунда донесе погодоци на сите натпревари и едно изненадување. Шампионот Скопје без воопшто и да се „испоти“ до доби убедливо Кочани со 4:0 и победнички ја започна одбрана на титулата. Резултатот го отвори радовишанката Глорија Тодорова која погоди во 13. минута за водство на тимот од Пржино. Во 28. минута Сара Коларовска погоди за водство од 2:0, а ...

Македонски судии ќе делат правда на Медитеранските игри во Италија, каде четворица наши арбитри добија ангажмани на меѓународната сцена. Како меѓународни асистент-судии правдата ја делат искусната Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека Ангелчо Ристов е ангажиран како главен судија со статус на национален судија, а Александар Николоски како асистент судија со статус на национален судија, се работи за перспективни судии. ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го посакал – огромна поддршка од трибините, а меѓу најверните навивачи се издвојува Томица Тасев, човекот кој не пропушта натпревар на својот омилен клуб. Тасев денес е во Прилеп, каде што Младост настапи на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Богданчани во натпреварот за петтото место загубија од Бутел со 32:30, но резултатот не беше причина Тасев да изостане од трибините. ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада од Тетово се засили со Марија Колевска и Ивана Димовска. Колевска во редовите на тетовскиот второлигаш доаѓа од Слободен, таа може да покрие повеќе позиции во тимот и ќе биде важно засилување за Менада. Низ кариерата 23-годишната фудбалерка настапуваше уште и за матичниот Џи-Џи. Димовска доаѓа од Љуботен, тим со која ја освои и шампионската титула и ќе биде одлично засилување за Менада. ...

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија. Штипскиот состав веќе е во полн тренажен процес, а до почетокот на првенството останува да се одиграат уште неколку пријателски натпревари. Во клубот се задоволни од досегашниот тек на подготовките, а тренерот Бобан Попов го истакнува добриот интензитет на тренинзите. Управата успеа во најголем дел да го задржи ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1031
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
73%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
78%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
55%
1031
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.34
72%
1032
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
58%
1030
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
73%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
3.13
53%
1032
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
71%
1030
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
88%
1031
Currency

61.626

Currency

54.969

Currency

73.835

Currency

38.092

Currency

39.24

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76