Дебитантот во Втората женска фудбалска лига продолжува со промоција на нови играчи, а најново засилување е Даниела Волческа. 18-годишна фудбалерка која игра во везната линија и доаѓа од младинската екипа на ЖФК Љуботен и треба да биде одлично засилување во тимот на новајлијата за сезона 2026/2027 во ВЖФЛ. Медана од Тетово продолжува да го креира ростерот за дебито во Втората лига, а во следниот период ќе бидат промовира уште девојки за ...

Женскиот фудбалски клуб Речица, со поддршка на Општина Куманово и ОСС Куманово, ќе биде организатор на традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012-2026“, со кој уште еднаш се става акцент на промоцијата и унапредувањето на женскиот фудбал во кумановскиот регион. На турнирот ќе учествуваат четири екипи – ЖФК Речица, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Љуботен и ЖФК Истатов, кои ќе имаат можност да одиграат квалитетни контролни натпревари и да ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада, се засили со Тамара Петровска, која доаѓа од редовите на Слободен. Се работи за 22-годишна фудбалерка од Тетово која може да покрие повеќе позиции во средниот ред и ќе биде вистинско засилување и освежување во тимот кој за првпат ќе настапи во ВЖФЛ. Петровска кариерата ја започна во Шарпланинка, а потоа беше дел од Љуботен и Скопје. ЖФК Менада од Тетово продолжува да го комплетира ...

Пелистер продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во ростерот на битолчани е Кире Стојанов. 20-годишниот фудбалер пристигнува од Брера Струмица и игра на позицијата лево крило, а во досегашната кариера настапуваше и за Беласица. Младиот фудбалер зад себе веќе има искуство од највисокиот ранг на македонскиот фудбал, со 29 настапи во Првата лига, на кои постигна четири гола и ...

Башкими неочекувано рано направи промена на тренерската позиција, откако по само две кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, клубот од Куманово ја прекина соработката со Гајур Реџепи и го назначи Шабан Сулејмани за нов шеф на стручниот штаб. Од клубот потврдија дека е постигнат договор со Сулејмани, кој во изминатиот период работеше како помошник-тренер во Работнички. За новиот стратег ова ќе биде нов предизвик во ...

Овој викенд ќе се играат мечевите од третото коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и термините за сите пет натпревари. Третата рунда ќе биде отворена в петок од 16:30 со мечот во Гостивар меѓу Арсими и Башкими. Во сабота ќе се играат два мечеви. Од 16 часот во Кратово ќе се соочат Силекс и Скопје, а од 16:30 ќе играат Тиквеш и Шкендија Арачиново во Кавадарци. В сабота од 16:30 часот се игра меѓу Струга Трим Лум и Вардар, а ...

ФК Росоман влегува во нова фаза од своето функционирање, откако клубот доби ново раководство со јасна визија за понатамошен развој, подобри услови за фудбалерите и враќање на публиката на трибините. За нов претседател на клубот е избран Душко Кареов, додека новото раководство го сочинуваат Адријан Филипов, кој ќе ја извршува функцијата секретар, Веле Темелков, Стефан Јованов како спортски директор, Душко Димитров како тренер на голмани, како ...

Второлигашот Беласица натпреварите од есенската полусезона ќе ги игра под рефлектори односно во вечерен термин поради високите температури, а со тоа и подобри услови за игра, но и фудбалски амбиент во кој може да ужива публиката. Тоа што Беласица го практикуваше и во ланската сезона ќе го продолжи и во новата сезона, а истите ќе се играат додека налагаат временските услови, посочуваат од клубот преку соопштение. Беласица новата сезона во ...

Пелистер новата сезона во Втората лига ја отвара на домашен терен против дебитантот Камјани, а битолскиот тим информираше дека воведниот меч од првото коло на Втората лига ќе бида одигран во вечерен термин под рефлектори. Натпреварот е закажан за недела од 20 часот, а со тоа битолчани ќе имаат можност да го бодрат својот Пелистер во атрактивен термин кој може да донесе многу публика во одличен фудбалски амбиент. Пелистер кој лани испадна од ...

Фудбалскиот стадион во Турново денес има целосно нов лик и претставува објект кој со својата уреденост и услови може да одговори на највисоките стандарди за одигрување фудбалски натпревари. Од теренот, преку трибините и соблекувалните, па сѐ до целокупниот простор околу игралиштето, објектот е доведен во одлична состојба. Посебно внимание се посветува на самиот тревник, кој редовно се одржува и подготвува за натпревари. Се врши навремено ...

Второлигашот Брера Струмица ги промовираше првите две летни засилувања за новата сезона која стартува веќе овој викенд. Поранешниот освојувач на Купот на Македонија ги претстави Владимир Жоглев и Стефан Наумчески. Жоглев го засилува нападот на струмичани, доаѓа од Шкендија Арачиново, а низ неговата кариера искусниот 27-годишен голгетер настапуваше и за Осогово, Борец, Беса од Добри Гол, Победа Скопје, Вардар и Тетекс. 26-годишниот Наумчески е ...

Фудбалскиот терен во Росоман денес е во одлична, речиси идеална состојба, што е вистинска слика за тоа колку редовното одржување може да направи разлика. Зелената трева, уредниот терен и посветеноста во неговото одржување овозможуваат одлични услови за тренинзи и одигрување натпревари. Теренот редовно се коси, наводнува и валира, а токму континуираната грижа придонесува тревната подлога да биде рамномерна и квалитетна. Денес фудбалерите во ...

Третолигашот Брегалница од Делчево го промовираше своето петто летно засилување за новата сезона во Трета лига регион 3, откако беше претставен еден од најдобрите стрелци во изминатите сезона, Марио Атанасовски. 35-годишниот Атанасовски пристига од редовите на Карбинци, а претходно настапуваше за Рудар од Пробиштип кој е негов матичен клуб, потоа беше дел од Овче Поле, Осогово, Беласица и Каменица Саса. Претходно, како што објави Спортска ...

Прволигашот од Чегране, Арсими, продолжува со засилувањето на составот, а клубот денес официјализираше уште две нови имиња. Нови членови на тимот се голманот Ристо Јанков и сенегалскиот централен дефанзивец Ел Хаџи Геј. Јанков во Арсими пристигнува со сериозно искуство од македонскиот и меѓународниот фудбал. 27-годишниот чувар на мрежата во досегашната кариера го бранеше голот на Македонија Ѓорче Петров, Шкендија, Тиквеш, Брегалница и ...

Екипата на Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во составот е Стефан Ивановски. Станува збор за 22-годишен десен бек кој во Новаци пристигнува од Пелистер и со себе носи и искуство од настапи во највисокиот ранг на македонскиот фудбал. Ивановски своите фудбалски почетоци ги имаше во битолски ЛГ Спорт, по што продолжи во Талент, а потоа направи трансфер во ...

Македонскиот прволигаш Арсими продолжува да го засилува составот, а клубот официјализираше две нови имиња во тимот – Маркел Гони повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, додека Мухарем Мислими пристигнува како засилување за одбранбената линија. Гони добро ја познава средината во Арсими, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона. Шпанецот остави позитивен впечаток со своите настапи, а во 13 натпревари во ПМФЛ постигна три гола. И ...

24-годишниот Лука Савичевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб. Савичевиќ пристигнува од Феникс 2010, каде што настапуваше откако претходно беше дел од Шпанската кошаркарска академија (СБА). Станува збор за кошаркар со искуство стекнато и во американската колеџ-лига НЦАА, каде што настапуваше за тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колеџ. Токму настапите во САД му овозможија да се стекне со значајно искуство и да ја ...

Актуелниот шампион Скопје со триумф од 1:2 ја доби Каменица Саса на тест-меч за проверка на формата за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Стрелци за тимот од Пржино беа Милевска и Коларовска, кои обезбедија триумф за Скопје. Новата сезона во ПЖФЛ стартува на 23 август, а Скопје одбраната на титулата ја започнува против Кочани на домашен терен, а пак Каменица Саса ќе гостува кај Љуботен во дерби меч на поранешни шампиони. ...

ЖФК Љуботен продолжува со засилување на стручниот штаб пред новата сезона, а ново име во тимот е Магдалена Лекоска, која ја презема функцијата тренер на голманите. За Лекоска ова претставува враќање во клубот во кој остави значајна трага како голман и капитен, но овојпат во нова улога. Нејзиното богато играчко искуство, репрезентативниот стаж и тренерските квалификации се очекува да бидат голем плус за голманките на Љуботен. Лекоска зад себе ...

Третолигашот Брегалница од Делчево ги промовираше првите четири летни засилувања за новата сезона. Поранешниот прволигаш се засили на голманската позиција со Мартин Димитров, на бековската позиција доаѓа Давид Тренчев, а пак во средината од теренот тимот е засилен со Дејвид Иванов и Славче Митовски. Димитров е 25-годишен голман кој претходно беше дел од Осогово и Слога Виница. Тренчев, пак има 20-години се работи за млад фудбалер кој во ...

Женскиот фудбал во Куманово испишува нова страница. ЖФК Башкими 2024 од оваа сезона 2026/2027 ќе биде дел од Втората женска фудбалска лига, со што клубот за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција. За Куманово, како најголем град во Македонија, ова е историски момент, бидејќи за првпат во историјата градот ќе има свој женски фудбалски клуб во сениорска конкуренција. Башкими 2024 зад себе има неколку сезони во кои се натпреваруваше ...

ГФК Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е 20-годишниот Мухамед Елмас. Елмас во Тиквеш пристигнува од редовите на Македонија ЃП, а во досегашната кариера има настапувано и за Работнички и Гостивар. Станува збор за млад и перспективен фудбалер, кој во Кавадарци доаѓа со желба за нов предизвик и можност за дополнителен развој. Дваесетгодишниот фудбалер зад ...

Прволигашот Вардар остана без тренерот Кристијан Фабијани, откако клубот и аргентинскиот стратег спогодбено го раскинаа договорот. Фабијани пристигна во Вардар со големи амбиции, но неговата мисија на клупата на „црвено-црните“ не траеше долго. Аргентинецот го презеде тимот на местото на Гоце Седлоски, но не успеа да ги исполни поставените цели. По елиминацијата од европските натпреварувања, Вардар вчера го претрпе и поразот во скопското ...

Осогово забележа триумф на „генералката“ против Тетекс со резултат од 2:1. Ова беше последен тест и за двете екипи пред стартот на новата сезона во Втората лига закажан за 15 август. Тренерите и на двете екипи имаа можност за проверка на сите играчи, ротација и комбинации на теренот за тоа што следува во новата сезона од аспект на остварување на целите. Осогово новата сезона ја отвара против Беласица, а пак Тетекс против Македонија ЃП. ...

Беласица со победа ги заврши подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако во последниот контролен натпревар славеше над Работнички со минимални 1-0. Одлични услови за фудбал на стадионот „Благој Истатов“ и пред солиден број на публика се одигра „генералката“ на овие два второлигаши. Дуелот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица беше последна проверка за двата второлигаши пред стартот на шампионатот, закажан за ...

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани на Националната Арена „Тодор Проески“ го совладаа Вардар со 0-2 и со важни три бода влегуваат во продолжението од шампионската трка. Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и во раната фаза имаше неколку ситуации пред голот на Ферат Рамани. Кастањеда и Пулеио се обидоа од далечина, а најсериозната прилика во почетните ...

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одиграа 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум. За „пиратите“ ова е прв освоен бод по враќањето во елитното друштво, додека Струга пропушти можност со триумф да ја потврди фаворитската улога. Гостите од Струга уште од почетокот ја презедоа иницијативата и создаваа повеќе опасности пред ...

Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите настапи во Косово, а неговата одлична сезона во дресот на Митровица веќе отвора можност за нов голем чекор во кариерата. Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, за 19-годишниот голгетер постои сериозен интерес од странство, а меѓу клубовите кои го следат е и Анталијаспор. Арифи во сезоната 2025/2026 имаше одличен учинок, постигнувајќи 23 ...

Актуелниот македонски шампион Вардар и вицепрвакот Шкендија уште во второто коло од новата сезона ќе ги одмерат силите во првото големо дерби. Националната Арена „Тодор Проески“ денеска од 17:00 часот ќе биде местото на големата пресметка меѓу двата најсериозни кандидати за шампионската титула. Вардар влегува во дуелот како бранител на трофејот, додека Шкендија со амбиција да го врати шампионскиот пехар во Тетово. Посебен мотив во овој ...

Меѓу двата настапи против шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Лигата на конференции, тетовска Шкендија се враќа на обврските во домашното првенство каде ја очекува големото дерби од второто коло во Првата лига, против актуелниот шампион, Вардар. По враќањето од Шкотска, „црвено-црните“ од Тетово имаа на располагање два дена за максимална подготовка пред овој натпревар. Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, ја потврди високата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
75%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
67%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
0.0
71%
1029
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.38
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
68%
1029
weather icon

Тирана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
77%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

321507.47

Цинк

3.76