Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во новата сезона 2026/2027 во Првата ракометна лига во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 14 екипи, меѓу нив има и два дебитанти. Нови екипи кои за првпат ќе заиграат во Првата лига се Сокол Саса од Македонска Каменица, како и РК Илинден. Во новата сезона ќе се натпреваруваат и два лански суперлигаши, Пролет и Радовиш, а пак Струга која иако испадна од Супер лигата ќе биде дел од елитата по откажувањето на Пролет од настап во ...
Македонскиот шампион Вардар не успеа да го искористи домашниот терен и со негатива ќе патува на реваншот во Летонија, откако загуби со 2:3 од Рига во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ не успеаја победнички да го одбележат 79. роденден на клубот, а ова беше втор домашен европски пораз сезонава, по елиминацијата од фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Рига прва сериозно ...
Детонит Плачковица денес ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја имаше првата прозивка. На првиот тренинг присуствуваше и новото засилување Махир Ајрули кој доаѓа од редовите на Каменица Саса, а од утре ќе се приклучи и Филип Димоски, напаѓач кој пристигна од тимот на Осогово, а ново име ќе биде и Бранимир Иванов од Брегалница. Во тимот се приклучени и ...
Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 официјално ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2026/27, во која ќе влезе со нов шеф на стручниот штаб и неколку промени во играчкиот кадар. Првиот работен состанок и тренинг на битолскиот состав беа одржани под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, кој ќе ја предводи екипата во новата сезона. Во неговиот стручен штаб ќе бидат Фарук Мемиќ како асистент тренер, Васко Димитровски како ...
Алкалоид и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првата прозивка во спортскиот центар „Автокоманда“, избраниците на Кирил Лазаров го означија стартот на новиот тренажен процес во пресрет на сезоната во која клубот ќе има бројни домашни и меѓународни предизвици. На првиот собир на екипата присуствуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој им посака ...
Денес на Градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Победа и второлигашот Осогово, меч кој заврши без победник, со по еден гол за конечни 1:1. Победа Валандово во новата сезона ќе влезе со значително изменет состав во однос на тој од минатата сезона и со неколку нови фудбалери. За „калинкарите“ стрелец на погодокот беше Столе Наков, а пак за „жетварите“ погоди новото засилување Алекс Димитров. Резултатот ...
Екипата на Алкалоид продолжува со екипирањето за новата сезона. Клубот официјално ги претстави трите летни засилувања – словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и црногорскиот интернационалец Вуко Борозан, кои треба да донесат дополнителен квалитет во составот на Кирил Лазаров. Од екипата на Охрид доаѓа Вуко Борозан, искусен лев бек кој зад себе има богата интернационална кариера. Триесет и двегодишниот Црногорец ...
Познати се пропозициите за Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027, а новитет во тоа е член 20б кој се однесува на обврска за настап на млади играчи. Сите клубови во Втората лига ќе треба натпреварот за го започнат и завршат со три домашни фудбалери кои немаат навршено 21 година и еден домашен фудбалер кој нема навршено 19 години. Обврска за настап на млади играчи Член 20б 1. Сите клубови учесници во Втората MФЛ, натпреварот ...
Фудбалската академија Мојсов од Кавадарци официјално ги отвори уписите за новата сезона и ги повикува сите деца на возраст од 5 до 14 години да станат дел од современа фудбалска средина, каде покрај спортскиот развој, големо внимание ќе се посветува и на градењето на карактерот. Академијата ќе работи под водство на Ѓорѓи Мојсов, поранешен фудбалер и докажан тренер со УЕФА Про лиценца, како и Даниел Мојсов, поранешен професионален фудбалер со ...
Повратникот во ракометната Супер лига, Младост од Богданци активно работи на формирањето на ростерот за новата сезона. Во дресот на клубот од Богданци и во новата сезона ќе настапува искусното лево крило Зоран Стојановски, кој беше еден од важните алки во тимот што избори пласман во Супер лигата. Со своето долгогодишно искуство, Стојановски претставува значајна поддршка и лидер на теренот, но и пример за помладите ракометари во екипата. ...
Прволигашот Брегалница продолжува да го задржува костурот на тимот кој минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди враќање во елитното друштво, а една од најважните вести за штипските навивачи е дека Лука Георгиев ќе остане во дресот на „сините“ и во новата сезона. 22-годишниот офанзивен играч од средниот ред беше еден од клучните фудбалери во шампионската кампања на Брегалница. Со својата енергија, ...
Македонскиот шампион Вардар ќе има дополнителен мотив во двомечот против летонска Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако клубот најави богата премија за успешен пласман во следната рунда. Од таборот на „црвено-црните“ официјално соопштија дека доколку Вардар успее да ја елиминира Рига, ќе биде исплатена премија во вкупен износ од 100.000 евра, која ќе биде поделена меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Вардар ...
Третолигашот Ржаничино го промовираше Андреј Данстак за нов чувар на мрежата, со што продолжува тимот да се екипира за новата сезона во Трета лига регион 1. Станува збор за 21-годишен талентиран голман, кој треба да донесе стабилност на голот на Ржаничино, а кариерата Данстак ја има започнато во школата на Вардар а минатата сезона беше дел од шампионот на Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ. „Сериозен проект се гради со јасна стратегија и ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...
Македонскиот фудбал доби уште еден свој претставник во еден од најголемите европски клубови. Дваесет и шестгодишниот тренер од Охрид, Адем Адем, официјално ја продолжува својата кариера во Турција, каде ќе биде дел од стручниот штаб на тимот до 19 години на Галатасарај. Младиот стратег, кој во досегашната кариера беше дел од стручните штабови на Работнички и Охрид, добива најголем професионален предизвик досега. Во турскиот великан ќе работи ...
Македонскиот второлигаш Охрид забележа висока победа од 3:1 над албанскиот второлигаш Орикум кој беше одигра на СРЦ „Билјанини Извори“. Во меч каде „рибарите“ одиграа фантастичен натпревар, Дамјан Масевски одново беше стрелец, кој погоди и на пријателската против Новаци, а стрелци беа и Валентин Кочоски и Благоја Спиркоски. Претходно, Охрид со минимални 1:0 го доби Новаци во меч кој директно можевте да го следите во живо на Спортска Мрежа. ...
Тоа што Спортска Мрежа го најави во претходните денови, денес Брегалница го потврди – Амир Јашар е нова „единица“ на повратникот во Првата македонска фудбалска лига. 35-годишникот доаѓа од тимот на Башкими, а пристигна од кумановскиот прволигаш Башкими. Во својата кариера беше дел од Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс, Дрита од Боговиње и последно Башкими, а меѓународна кариера градеше во Косово, каде го носеше дресот на Вуштрија и Влазнија. ...
Второлигашот Новаци го промовираше шестото летно засилување, откако беше договорена соработка со напаѓачот Никола Талески. 21-годишниот фудбалер доаѓа од тимот на Брегалница, а прилепчанецот низ неговата кариера настапуваше за Слога Виница, Брера, Беласица и Победа. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано осум настапи, како и четири настапи во Купот на Македонија. Покрај Талески, Новаци се засили и со Мартин Димоски – Робен, Петар ...
Брегалница во неколку минути промовираше двајца нови фудбалери, по Кристијан Костоски, ново име меѓу „сините“ е Филип Алексовски, кој пристига од екипата на Башкими. Се работи за квалитетен офанзивец, кој може да настапува во шпицот на нападот и како десно крилен напаѓач. Низ неговата кариера покрај за Башкими настапуваше и за Беса од Добри Дол, Кораб од Дебар и Македонија ЃП. Алексовски е поранешен младински репрезентативец, а во Првата лига ...
Прволигашот Брегалница се засили со Кристијан Стојкоски, кој пристига од Тиквеш, се работи за искусен офанзивен играч за врска. 34-годишникот низ неговата кариера покрај за Тиквеш настапуваше и за Тетекс, Македонија ЃП, Шкупи, АП Брера Струмица и Работнички. Стојкоски четирипати го освојуваше Купот на Македонија, првпат во 2018/2019 со екипата на АП Брера Струмица, потоа со Македонија ЃП освои две Куп титули, во сезона 2021/2022 и 2022/2023, ...
Додека македонскиот шампион и во сезоната 2027/28 ќе зависи од евентуална вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, ситуацијата е далеку поповолна кога станува збор за Лигата на Европа. Новиот рејтинг на Европската ракометна федерација ѝ донесе на Македонија дополнителен бенефит во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Според клупскиот ранкинг на ЕХФ, кој ги опфаќа резултатите од сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26, ...
Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги известува сите македонски кошаркарски тренери дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски стручњаци – Светислав Пешиќ. Станува збор за тренер чие име повеќе од четири децении е симбол на врвни резултати, лидерство и кошаркарска експертиза. Член е на Куќата на славните на ФИБА, ...
И покрај напредокот на клупски план, Македонија нема да има директен претставник во Лигата на шампионите ниту во сезоната 2027/28. Новиот клупски рејтинг на Европската ракометна федерација не ѝ овозможи на нашата федерација место меѓу десетте најуспешни. Според рангирањето на ЕХФ, кое е изработено врз основа на резултатите во сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26, Македонија се искачи за едно место, но остана на 11. позиција со коефициент ...
Второлигашот Новаци продолжува со екипирањето за новата сезона, а најново име кое пристигнува во тимот предводен од штипскиот стратег Иван Варадиновски е искусниот Мартин Димоски – Робен, кој доаѓа од редовите на прволигашот Брегалница. Станува збор за фудбалер со богато искуство, кој се очекува да биде значајно засилување за амбициозниот состав на Новаци во претстојната сезона. Во својата кариера, покрај за Брегалница, Димоски настапуваше и ...
Македонскиот футсал шампион Проект од Јосифово ги започна подготовките за новата сезона во која тимот на Игор Димов ќе цели кон одбрана на двојната круна и за предизвиците кои ќе бидат во квалификациите за Лигата на шампиони. Вечерва во Валандово беше означен старт на подготовките, со фокус на настапот во УЕФА Футсал Лигата на шампионите. На прозивката на тренерот Димов се појавија сите повикани фудбалери. „Овој тим е подготвен да работи, да ...
Третолигашот Дојранско Езеро од Дојран го промовираше новото лого и го назначи Кристијан Ристов за нов шеф на стручниот штаб, а го утврди и планот за подготовки. Дојранско Езеро го промовираше новото лого – симбол кој ги обединува минатото, традицијата и богатата историја на клубот со современ и модерен визуелен идентитет. „Ова не е само нов изглед. Ова е приказна за генерациите кои го граделе клубот, за навивачите кои секогаш биле неговата ...
Прволигашот Башкими ги започна подготовките за новата сезона, со која официјално стартува ново поглавје во клупската историја. Кумановскиот состав во новата сезона ќе го предводи новиот шеф на стручниот штаб Гајур Реџепи, додека негов помошник ќе биде Бесим Мустафи, кој доаѓа од клупската академија. Од клубот порачаа дека ги очекува долг пат исполнет со предизвици, напорна работа и позитивни изненадувања, нагласувајќи дека борбениот дух ...
Поранешниот шампион на Македонија, ЖФК Истатов ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, откако стратегот Кирил Изов ја имаше првата прозивка. „Истатовки“ се собраа и по првиот состанок го одработија првиот тренинг во рамки на летните подготовки за новата сезона 2026/2027. Минатата сезона ЖФК Истатов заврши на третото место во шампионатот и водеше борба за втората позиција, со што зад себе клубот има успешна ...
Второлигашот Шкупи официјално ја заврши постапката за промена на сопственичката структура и со тоа отвора ново поглавје во своето функционирање. Клубот доби нов сопственик, откако Беким Бафтјари стана сопственик на 100 проценти од акциите. Од клубот информираат дека процесот траел подолг период, бидејќи покрај стабилизацијата на клубот, било неопходно целосно да се завршат и сите административни и документациски процедури. Со решавањето на ...
Прволигашот Тиверија Брера денес ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Освојувачот на Купот на Македонија денес го имаше првиот тренинг на теренот со вештачка трева во Струмица со што стратегот Славе Велков означи почеток на летните подготовки. Овој подготвителен период како што потенцираат од струмичкиот клуб ќе биде можност и за неколку талентирани девојка од школата да се приклучат на тренинзите на ...