
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



На невообичаен начин, преку изложба на фотографии, лични предмети, артефакти, на неколку локации низ градот, во места пријатели на фестивалот, авторите на изложбата Звонко Димоски и Ана Стојаноска го доловија животот на овие уметници и приватно и професионално. Емотивна средба беше ова и за членовите на нивните семејства. – Прилеп е во тесна врска со својот театар, поточно, не може да се замисли животот во Прилеп без театарот, навиките за одење ...
Пливањето во морето во Атика сега чини колку авионска карта. И ова не е претерување. Во добро познат хотелски комплекс во Кавури, цената за кревет и чадор достигнува 320 евра на ден. Нема спа центар, нема личен келнер, нема ексклузивни погодности. Само лежалка – покрај води кои воопшто не се промениле. Истата плажа, истиот песок, истиот пејзаж. Единственото нешто што се промени се клиентите – а со нив и цената. Ова не е изолиран феномен. ...
Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во Основен Кривичен суд Скопје, таа денеска истакна дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“. Мотивирани од ветени високи парични суми, како што ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на ...
СДСМ жестоко реагира на прославата на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во време кога Македонија сè уште тагува по трагедијата во Кочани. Партијата ја нарече прославата „срамна и скандалозна“, посочувајќи дека додека 62 семејства жалат по загинатите деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата, ВМРО-ДПМНЕ организирала журка со пиротехнички средства и говори на омраза. „Срамно е што на оваа прослава се ...
Мјузикл, кабаре, театар, музика- се во едно беше споено вчера во МНТ и ја направија манифестацијата „Глумците пеат“ сосема поинаква од она што низ годините публиката е навикната да го гледа. Со сцени од познати филмови, како „Sister Act“, со нашите Славици-лавици, преку познати светски хитови од 80-тите и 90-тите, публиката уживаше во уметност. Наши актери од неколку театри во државава направија светски перформанс на кој невозможно беше да не се ...
Еурофарм Пелистер го победи Врадар и ја одбрани шампионската титула. Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 32:30 и стигнаа до трофејот. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17:15, а имаа и пет гола предност (15:10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше ...
Од денеска е во функција телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција. Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби. -Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација управувана од ...
Полицијата изутринава го лиши од слобода бизнисменот Ристо Крмзов, за кого беше отворена истрага за злоупотреби кои се проценуваат на околу 15 милиони евра. Крмзов е уапсен по налог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. -Почитувани, од страна на полициски службеници по насоки од јавен обвинител од ОЈО за ГОКК лицето Р.К. е лишено од слобода, потврдија за МИА од МВР. Истрагата за ...
Основниот кривичен суд во Скопје денес го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, кој беше обвинет во врска со набавката на луксузен автомобил „Ауди“ во вредност од 67 илјади евра. Според одлуката на судот, не било докажано дека Мерко имал намера да стори кривично дело при јавната набавка на автомобилите за општинските потреби, чија вкупна вредност изнесувала 114 илјади евра. Адвокатот на Мерко, Игор Петковски, изјави дека ...
Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони американски долари на крајот на мај 2025 година, што претставува зголемување од 3,6 милијарди долари или 0,11 отсто во споредба со крајот на април, покажуваат податоците на Државната управа за девизен надзор. Според Меѓународното кинеско радио (ЦРИ), комбинираните ефекти од валутните курсеви и промените во цените на активите придонеле за растот на девизните резерви во мај. Кинеската економија ...
Полски и авиони на други сојузници од НАТО беа подигнати рано утринава за да се осигури безбедноста на полскиот воздушен простор, откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, близу границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Во текот на ноќта, Русија ја нападна Украина со ракети, а сирените за воздушна тревога се огласија низ целата земја, соопштија украинските власти. Како што е наведено, ...
Како што соопшти Јавното обвинителство, со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Со истрагата се обезбедени докази за одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје. Согласно доказите, тој раководел со ...
Со завршни зборови на обвинителството, во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатото рочиште заврши доказната постапка од судењето кое започна во септември 2024 година. На судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа сослушани повеќе лица, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, службени лица, инспектори, ...
Како дел од меѓународниот проект NEWAVES, од 5 до 9 мај 2025 година во Осиек се одржаа два важни паралелни настани, во организација на Академијата за уметност и култура во Осиек: четвртиот координативен состанок на претставниците на партнерите и учесниците во проектот и образовна програма (Програма за мобилност) за радио новинари и вработени од четири европски земји – Португалија, Северна Македонија, Словачка и Хрватска. Станува збор за проект ...
Громогласни аплаузи и овации добија актерите на Народниот театар од Битола синоќа во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, по изведбата на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. Актерската екипа предводена од Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Горко, Петар Спировски, Никола Пројчевски… ја одушеви публиката со темата која е добро позната за нашиот ...
Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите. -Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на земјава со интензитет од ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година. Одигравме реми против моќната Белгија, но нашата репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем. Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси ...
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс. Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, јавија денеска британските медиуми. Со новото ...
„Официјално: АЕК службено го губи натпреварот со Алкалоид, а со тоа и европската титула“; „АЕК службено изгуби од Алкалоид-сериозна опасност да биде исклучен од Европа“; „АЕК на хартија го загуби финалето во ЕХФ Европскиот куп од Алкалоид“; се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на ЕХФ, според која Алкалоид е победник на Европскиот куп, јави дописничката на МИА од Атина. Од АЕК, засега, над 24 часа по соопштувањето на ...
Двајца малоленици од село Студеничани нападнале маж , а еден од нив го нападнал со нож. -На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал ...
Во Универзитетскиот клинички центар во Белград веќе нема пациенти кои се лекуваат од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи на 16 март оваа година. Двајцата последни пациенти кои се лекуваа во Белград од 17 март – Андреј Георгиев (23) и Ангела Бошковска (24), попладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС во добра здравствена состојба. Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март загинаа 62 ...
Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално започна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути, јави дописничката на МИА од Атина. Работите во проектот БорПрес2 од македонска страна официјално започнаа во март, додека, пак, вчера во општина Преспа беше означен почетокот и на грчка страна, со ...
МВР информира дека е уапсен уште еден несовесен возаќ од кочанско. -Денеска (06.06.) во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито” во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ...
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник. -Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. ...
Според новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој беше објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и даден на увид на јавноста, младите не постари од 40 години можат да добијат финансиска поддршка од 100.000 евра. Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 ...
ЈСП – Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време ...
Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка. „Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на X. „Каква неблагодарност“. Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти, веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за ...