
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Владата нa последната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа со што вршиме намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониските царински стапки да почнат да се применуваат од 1 јули 2025 година, односно од наредниот месец. Станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во ...
Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денеска премиерот Киер Стармер во интервју за Би-Би-Си. Одговарајќи на прашање дали Британија би морала да испрати војници во евентуален иден европски конфликт, Стармер потсети дека „сите знаеме што ѝ се случи на Украина пред три години“. Тој го најави новиот стратешки документ за одбрана, што треба да повика на зголемена подготвеност за справување со современите ...
Работната верзија од Извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е, важна, значајна, бидејќи, првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историска неправда и дека ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик, но европарламентарци имаат поинакви мислења. Тој напомна дека имал интензивни разговори со ...
Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Поради зајакнатите мерки за контрола, очекува бројот да биде уште помал на полагањето на вториот екстерен испит на 11 јуни кога, рече, ќе имаат информации за сите отстранети што препишувале, но дека „оваа бројка нема да биде многу ...
Во вториот круг од изборите вчера Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за свој нов претседател, историчар со хулиганско минато, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето MAGA. По пребројувањето на гласовите од сите избирачки места, Државната изборна комисија објави дека Навроцки, кандидатот на конзервативните популисти од партијата „Право ...
Палестинската милитантна група Хамас синоќа објави дека е подготвена за индиректни преговори со Израел за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Хамас објави дека е „подготвен веднаш да започне рунда индиректни преговори за постигнување договор за спорните точки“, објави „Тајмс оф Израел“. Во соопштението, Хамас наведува дека целта на разговорите е да се постигне договор што „обезбедува помош“ за народот во Газа „и става крај ...
Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА. Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. ...
„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…Кај што среќно пеев, душа остана… А, штом те спомнат тебе, знам дека си бесмртна…” дел од најновото музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски, насловено „Дома”. Темата всушност е првата композиција од проектот што Бојана го работи со Николче Мицевски, а кој е во фаза на реализација и кој јавноста ќе има можност да го слуша премиерно во периодот кој е пред нас. ...
„На 19-ти јули сите патишта ќе водат кон Охрид, а ние со особена чест и на ваше големо задоволство ви го најавуваме концертот на македонскиот актер и музичар Игор Џамбазов. На 19-ти јули 2025 година на Антички театар со почеток во 21 часот публиката ќе има можност да го слушне „Најдоброто од Игор Џамбазов“ – порачуваат организаторите на големиот концерт на отворено во Охрид. На сцената ќе го придружува и неговиот блуз – соборец Гуру Харе со ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во наредните денови ...
Додека го придружуваше својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, за време на државната посета на Индонезија, Брижит Макрон уште еднаш докажа дека дипломатскиот протокол и модните изјави не мора да се исклучуваат. Нејзината гардероба беше комбинација од рафинирана воздржаност и одмерена смелост, доказ за фактот дека стилот не познава возраст, а модата не толерира правила. По пристигнувањето во Индонезија, Брижит носеше беспрекорен ...
Оркестарот „Александар“ од Виена е добитник на гран-при наградата за најдобри изведувачи на годинашниот 51. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој вчера и денеска се одржуваше на Рудина, Долнени, лулката на гајдаџиството во Македонија. На фестивалот двата дена учествуваа околу 300 изведувачи од земјава и од странство. -Ние сме среќни што наоѓаме начини да ја негуваме оваа музика. Првпат во дијаспората може секој да дојде ...
Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило” по член 297-а од КЗ на РСМ. -Најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево- ...
Ракометната судиската двојка Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев денес испратија соопштение до медиумите и најавија повлекување од актуелното судење. Според нив, како што е наведено во соопштението, причината за предвремено завршувањена кариерите постојаното понужување на судиите и неправдата. -Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска ...
Ме загрижува обидот на еден европратеник којшто доаѓа од владејачката партија на нашиот источен сосед ГЕРБ, да вметне амандман со којшто македонскиот идентитет ќе го дефинира како „present“ или сегашност, со што јасно ја вади на површина политиката на „живковизмот“ која што, за жал, сѐ уште е жива кај политичарите во Софија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во ...
Илон Маск синоќа објави на X дека не користи дрога, еден ден откако „Њујорк Тајмс“ напиша дека за време на изборната кампања, довчерашниот соработник на Доналд Трамп зел значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки. „Да бидам јасен, јас НЕ земам дроги! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и тоа го објавив на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го земал“, напиша најбогатиот човек во ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево достави докази во Основното јавно обвинителство во врска со легализирани дивоградби во општина Чаир спротивно на закон. Арсовска посочи дека за повикот на Основото јавно обвинителство до Град Скопје дознала утрово од медиумите и нагласи дека документацијата, односно доказите би требало да бидат добавени од страна на Обвинителството по службена должност, бидејќи, како што рече, Град ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. -Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ...
Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се клучни за рано откривање на болестите. Пациентите, пак, кај кои тие веќе се откриени трагаат по што поскоро изнаоѓање термин за специјалистички преглед. Тие реагираат дека долго време, некогаш и со месеци чекаат за термин (кој го закажува матичниот лекар) за специјалистички прегледи во дел од клиниките и за ...
Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива загрижува многу граѓани. -Доколку Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качувате на Титаник, изјави Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест на кој се бараше задржување на бугарската валута – левот. Од јануари, противниците на воведувањето на заедничка европска валута во Бугарија ...
Покрај дискусија за банките и инвестирањето, тема на разговор во денешното издание на емисијата „Стадион“ беше и трагедијата во Кочани која покажа дека невниманието и неодоговрноста доведува до големи трагедии. Закажаа државните институции, но вината посочува и кон приватниот бизнис. Како сопственикот на дискотеката „Пулс“ лесно добил кредит за реновирање без да се обрне внимание за безбедноста? Кои се критериумите? „Ние бараме дозволи, не ...
Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. -Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да ...
Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето. Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите. Иднината, прогнозираат, не e ветувачка, но кои се решенијата? Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки кои би го ...
Видеото кое беше направено по концерт на Цеца го привлече вниманието на јавноста. За настапот, Цеца Ражнатовиќ избрала бели панталони и корсет во иста боја, што ги става нејзините гради во преден план. За да не се помрдне корсетот додека танцува на сцената, членовите на нејзиниот тим се погрижија тој да биде стегнат до тој степен што пејачката можеше да дојде до здив. По концертот, Цеца Ражнатовиќ истрча побрзо и подобро кон гардеробата за да се ...
Врховниот суд на САД денеска и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во земјата, олеснувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите. Судот ја суспендираше одлуката на федералниот судија кој ја запре намерата на администрацијата да ја прекине привремената дозвола за ...
Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов ќе се одржува на Рудина, Долнени кога ќе настапат околу 300 изведувачи на народните инструменти и песни, денеска во ликовниот салон од прилепскиот центар за култура „Марко цепенков“ се востанови Ден на гајдата и се одржа Симпозиумот на кој беше промовиран зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“. Многу е значајно што гајдата како изворен ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека не го почитува билатералниот договор за царините. – Без големо изненадување Кина целосно го прекрши договорот, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), без да наведе детали за прекршувањата на Пекинг. И американскиот секретар за финансии Скот Бесент оцени дека трговските преговори помеѓу САД и Кина се „на мртва точка“. САД и Кина ги намалија ...
Холандија важи за земја каде што луѓето „премногу отворено“ го кажуваат своето мислење. Тука нема заобиколувања – сѐ е кажано јасно, гласно, буквално и без задршки. Имено, искреноста е така длабоко вкоренета во холандското општество што зборот „beskrivelsebaarheid“, што се преведува и објаснува како „способност да се зборува за сè, да се каже сè и отворено да се разговара“, пишува „Пункуфер“ (Punkufer .hr). Соговорничката на Би-би-си, Олга ...
Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе до акумулација на масно ткиво околу стомакот, на што особено се изложени децата и тинејџерите. Дијабетологот-ендокринолог д-р Луиза Напиорковска од Полска објаснува дека пропуштањето појадок ја зголемува концентрацијата на инсулин и ја влошува отпорноста на телото кон него, што всушност ја ...
Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител. Судењето треба да продолжи со завршни зборови на ...