
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, велат од Влад За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и ...
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, неодамна презеде нова улога во Фудбалската федерација на Македонија со единствена цел да изгради подобра иднина на мак-фудбалот. „Гранде Пандев“ кој пред шест месеци беше назначен за спортски директор на македонските репрезентации интервју „FotMob“ зборуваше за големите предизвици кои стојат пред новото раководство на федерацијата. – По долги години гордо носење на дресот на ...
Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека продолжува со дигитализација и приближување на услугите до граѓаните, односно две нови дигитални услуги се достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk – Преку порталот uslugi.gov.mk пуштени се во функција две нови дигитални услуги и тоа: Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица ...
Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции. Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот. Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е ...
“Оди си” е насловот на најновото музичко издание на младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска, која полека, но сигурно го гради својот музички пат на македонската сцена. “Оди си” беше вчера објавена на скоро сите музичките платформи, а веднаш потоа Драгана ја сподели и на социјалните мрежи. Ако може да се суди по првите коментари, тогаш ќе заклучиме дека младата пејачка има одлична летна нумера. “Драго ми е што може да прочитам позитивни ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. МВР денеска соопшти дека првопријавениот во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Р.С. ...
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. -Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата “Кемал Сејфула” во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како ...
Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата на најдобрите 2.000 универзитети во светот, покажа најновото рангирање на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) за 2025 година. Од вкупно над 21.000 евалуирани високообразовни институции ширум светот, Македонија оваа година остана без претставник на престижната листа. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, кој во 2024 година се најде на 1.990-тото место, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на бруто домашниот производ, откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 проценти. Ова е бројката којашто ја објавува „Евростат“. -Македонската економија е рангирана ...
Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со неа во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалог, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа очекува во Европскиот парламент (ЕП) да биде поддржана Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Во спротивно, како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот ...
На 2 јуни 2025 година, во 13:25 часот, во СВР Штип беше пријавен инцидент во кој учествувале странски државјани и вработен во локален угостителски објект. Пријавата ја поднел Г.С.Д. (48) од Велика Британија, кој информирал дека претходниот ден, на 1 јуни, во угостителски објект во Штип, лицето Д.Н. физички ја нападнало неговата сопруга, Џ.С. Според пријавата, кога Г.С.Д. се обидел да интервенира, вработениот во објектот, Б.Ј., го нападнал со ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик и една тешка кражба која останала во обид. -Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. Најпрво на почетокот на август 2024 насилно откорнал метална решетка на прозорец и од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во пожарот во Кочани, за непостапување на полицијата и за наводно штитење началници, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, а инстиуциите се должни да најдат одговори. -Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се тие коишто заедно со сите нас патат, жалат и ги боли ова што се ...
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески ...
Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование, велат од Владата. Додаваат дека ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што, како што ...
Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика. Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку ...
Во екот на скандалот со дивоградбите во општина Чаир, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се огласи преку „Фејсбук“ со остар јавен апел до премиерот Христијан Мицкоски. Арсовска во своето обраќање го повика премиерот да дејствува против, како што ги нарекува, „криминалците од ДУИ“, меѓу кои ги посочи Висар Ганиу, Ејуп Адеми и Меџити. Таа тврди дека овие функционери, иако се дел од власта повеќе од 20 години, сега преку коалицијата ВЛЕН ...
Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. – Бугарија и Северна Македонија треба да ...
Како е можно да трае со децении, да не е досадно да му се слушат песните со ист интензитет и жар по безброј пати и три часа без пауза да пее и да не се измори, а е веќе во зрела доба! Тоа е феноменот Здравко Чолиќ, кој по шест години три дена ја полни Арената „Борис Трајковски“, а првиот концерт се одржа вчера вечерта. Чола пристигна со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад, со специјално избран ...
Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на ...
Отоманскиот патеписец Евлија Челебија уште во 1670 година кога поминувал низ тогашна Уструмџа, а денешна Струмица запишал: „ Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа, писок и песна…“. Ова јасно укажува дека станува збор за тримерските карневалски свечености во Струмица, што значи дека за секоја пофалба се струмичани што успеале да му одолеат на времето и ...
МВР информира за несовесен, пијан возач од Пробиштип, кој предизвикал сообраќајка. -На 02.06.2025 во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип. Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски” во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо” со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано ...
Пејачката Марија Шерифовиќ моментално престојува во Соединетите Американски Држави, а овој пат им се јавила на своите следбеници директно од улиците на Лос Анџелес, каде што се одржува голема геј парада. На видеата што Марија ги сподели на Инстаграм, можете да се види шарена атмосфера, многу луѓе, музика и знамиња во боите на виножитото, кои се неопходен симбол на ЛГБТ заедницата. Иако одамна е познато дека Марија е членка на ЛГБТ заедницата, ...
Синот (13) на австралиската актерка Клер Мекан си го одзел животот по брутално врсничко насилство, а неговата мајка сега очајно се обидува да собере пари за криопрезервација – верувајќи дека би можел да се врати во живот во иднина. Клер Мекан, австралиска актерка, го загуби својот единствен син, Атреус, кој на 13-годишна возраст си го одзеде животот поради месеци малтретирање во училиште. Во длабока тага и очај, мајката сега се обидува да собере ...
Водителката Сања Кужет има три сина и има 41 година, но нема тело за да го докаже сето тоа. Сања се грижи за својот изглед, а колку е посветена на здравата исхрана и тренингот, нејзиниот изглед најдобро се покажува во костим за капење. Сања отпатувала во Дубровник, каде што ја „отвори сезоната на пливање“ и позираше во костим за капење. View this post on Instagram A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet) Објави неколку фотографии на кои ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, во пријавата навел дека за ист или сличен ...
Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до ...
Партијата за движење на Турците (ТХП) смета дека треба да има посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица, соопштуваат денеска оттаму, партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Од партијата сметаат дека со ваквиот изборен модел, не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат ...
Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два ...
Медицинскиот персонал од Клиничка болница Тетово кои работат со договори на дело и денес протестираа собирајќи се пред Ургентниот центар. Велат дека секој ден ќе ја прекинуваат работата на кратко за јавно да го изразат својот револт од тоа што немаат нови договори и ветените решенија за вработување на неопределено време, како и две неисплатени плати. Ивона Неделковска пред медиумите посочи дека како медицински персонал, и покрај овие услови се ...