Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на главниот град Софија и другите градови во Бугарија за да бараат фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција. Овие демонстрации следеа по протестите од минатата недела предизвикани од плановите на владата за повисоки даноци и зголемени владини трошоци. Потоа владата го повлече контроверзниот буџетски план за 2026 година, но на крајот ги исполни ...

Шефовите на држави или влади на членките на Европска Унија рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за периодот 2026–2027 година, во рамки на Самитот што започна вчера. Поддршката ќе се реализира преку кредит во износ од 90 милијарди евра, при што средствата ќе бидат обезбедени со задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поткрепено од долгорочниот буџет на ЕУ. „Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа вториот пораз во петтиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лига. Македонскиот шампион доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Златибор Чајетина, кој славеше со 102-74, откако целосно ја презеде контролата во второто полувреме. МЗТ одигра одлично прво полувреме и беше рамноправен ривал на фаворизираниот домаќин. „Металците“ минимално ја загубија првата четвртина со 29-28, а во вториот период прикажаа уште ...

Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во целосен прекин. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто-мото сојуз на Македонија апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европско првенство во ракомет, кое ќе се одржи во Данска. Првиот собир на националниот тим е закажан за 22 декември, со почеток во 13:30 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје. На списокот нема изненадувања, а Лазаров за континенталниот шампионат се одлучи за најдобрите ракометари со кои располага во овој момент. ...

Украински напад со дрон врз танкер во јужното руското пристаниште Ростов на Дон усмртил неколку лица и го оштетил бродот. Гувернерот на Ростовската област рано утрово соопшти дека меѓу загинатите има членови на екипажот на бродот, а уништена била и блиска станбена зграда во изградба. И руските сили синоќа извршија напади врз Украина. Во југоисточниот град Запорожје, најмалку 32 лица се повредени во воздушни напади. Во меѓувреме и двете земји ...

ЕУ полесно ќе депортира мигранти и баратели на азил. Имено, претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент утрово постигнале договор за новите правила што им дозволуваат на земјите-членки да ги депортираат барателите на азил во „безбедни трети земји”, јави ДПА. Спогодбата ќе овозможи испраќање на барател на азил во земја надвор од ЕУ што се смета за безбедна, дури и ако нема претходна врска со неа, на пример кога постои договор ...

САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од околу 11,1 милијарди долари, со цел да се зајакне одбранбената способност на островот. Пакетот вклучува самоодни хаубици и сродна опрема, како и високомобилни артилериски ракетни системи. Договорот веројатно ќе предизвика гнев во Пекинг. Властите во Кина го сметаат Тајван за дел од Народна Република Кина, иако островот има своја независна влада од 1949 година. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Многу загадениот воздух се вдоми во Скопје и не си заминува. На скопјани веќе не им треба поглед во мерни станици за да знаат каков е воздухот кој го дишат, треба само да излезат на тераса и се им е јасно. Јасно ли им е на надлежните институции дека треба да се размислува за итни, вонредни мерки? Вчера Скопје беше втор најзагаден град во Европа. Денес загадувањето сите го чуствуваме без да ја погледнеме табелата. Со години се доцни со ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан, вклучувајќи камп за обука за членови на милитантната група и дополнителна воена инфраструктура. Во соопштението на ИДФ се обвинува Хезболах дека го користи кампот за обука на оперативци за пукање со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање оружје, објавува „Тајмс оф Израел“. ИДФ потврди дека во нападите ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го исмеа поранешниот претседател Џо Бајден со плоча поставена на Белата куќа. На плочата Бајден е опишан како „најлошиот претседател во американската историја“ и се тврди дека ја донел нацијата „до работ на уништување“. Таа го содржи и прекарот „Заспаниот Џо Бајден“ (Sleepy Joe Biden), кој Трамп постојано го користеше за време на претседателската кампања за да го прикаже својот ривал ...

Американски и руски претставници се очекува викендов да се сретнат во Мајами, како дел од напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши речиси четиригодишната војна меѓу Киев и Москва, објави Политико, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата. Бидејќи напорите на претседателот Трамп да го заврши конфликтот пропаѓаат, САД го засилија притисокот врз Украина да направи отстапки што би ја завршиле ...

Мислам дека прашањето за заемот за репарации е затворено, затоа што нема доволна поддршка меѓу земјите членки на Унијата за таквиот предлог, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел. – Целата идеја е глупава. Постојат две земји кои се во војна. Тоа не е Европската Унија, туку Русија и Украина и Европската Унија би сакала да ги одземе парите од една од завојуваните страни, а потоа да и ги даде на ...

Фонтаната Треви, една од најпознатите атракции во Рим, секојдневно привлекува голем број туристи кои ја следат старата традиција на фрлање парички за среќа и исполнување желби. Годишно, според проценки, од фонтаната се собираат повеќе од 900 илјади евра, кои потоа се донираат за хуманитарни цели. Сепак, огромниот број посетители создава сериозни предизвици за градот. Само во првата половина од 2025 година, фонтаната ја посетиле повеќе од 5,3 ...

Филозофскиот факултет во Скопје синоќа одбележа 105 години од својот прв академски час. Голема традиција и јубилеј. Првите студенти уште во 1920 година почнале да одат на предавања на насоките по Историја, Филозофија, Педагогија и Книжевност. Деканот Оливер Бакревски, како и останатите професори и асистенти од оваа најстара високообразовна институција во Македонија уверуваат дека факултетот и понатаму ќе биде расадник на квалитетни кадри и ...

Филозофскиот факултет во Скопје синоќа одбележа 105 години од својот прв академски час. Голема традиција и јубилеј. Првите студенти уште во 1920 година почнале да одат на предавања на насоките по Историја, Филозофија, Педагогија и Книжевност. Деканот Оливер Бакревски, како и останатите професори и асистенти од оваа најстара високообразовна институција во Македонија уверуваат дека факултетот и понатаму ќе биде расадник на квалитетни кадри и ...

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови падна на речиси најниското ниво во неговиот актуелен мандат, бидејќи гласачите од Републиканската партија се незадоволни од управувањето со економијата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос. Тридневната анкета, објавена од Ројтерс, покажа дека 39 проценти од возрасните Американци го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување од претходниот 41 процент ...

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање што се случи во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно 59 кривични дела, меѓу кои 15 точки за убиство и една за извршување терористички акт, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Вториот напаѓач, неговиот татко Саџид Акрам, на возраст од 50 години, бил убиен во престрелка со полицијата на самото место. Во нападот загинаа 15 лица, а десетици други беа повредени. Според ...

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод настаните што се случија по дерби дуелот од последното коло од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер. Охрид го победи Еурофарм Пелистер, а настаните кои се случија потоа, отворија работа и за дисциплинската комисија. Официјални суспензии добија ракометарот Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изрази надеж дека Европската Унија нема да пропадне поради наметнување на едноумие, како што тоа им се случи на Југославија и Советскиот Сојуз. Милановиќ е во дводневна посета на Словачка, каде што утре ќе се сретне со словачкиот колега Петер Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо. На состанокот со претставниците на хрватското национално малцинство во хрватската амбасада во Братислава, Милановиќ рече ...

Мирен протест, но со мал одзив од граѓаните, се одржа пред грчкиот Парламент во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во државниот сектор поради гласањето на буџетот за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците“, што воедно беа и пораките што ги ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поднесе тужба од 10 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари 2021 година, во документарецот „Панорама“. Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер за клевета и кршење на законите за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Тој бара отштета од пет милијарди долари за секое од двете обвиненија. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не сака привремено примирје што би ѝ дало пауза на Украина за да ја продолжи војната, туку целосен мир. „Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи го предлогот на Киев за божиќно примирје. Песков додаде дека Москва ќе учествува во разговорите само ако постои искрена желба ...

Сериозен и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетник со нож нападнал луѓе во образовната институција. Петнаесет-годишник е уапсен во селото Горки, во близина на Москва, откако е осомничен за убиство на десет-годишно момче. Тешко ранил уште тројца ученици и еден обезбедувач, во напад врз училиште. Според достапните информации, тинејџерот Т.К. е ученик во деветто одделение во училиштето. Тој го започнал ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во работната група формирана од Министерството за правда и беа одржани 15 состаноци и две јавни ...

Со по двајца претставници од шестте пратенички групи од најголемите партии ќе се формира работна група која ќе работи на новиот Изборен законик. Со неа ќе претседава претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој најави дека работната група ќе организира широка дебата во врска со новиот закон. Неодамна премиерот Христијан Мицкоски изјави дека предлогот на новиот закон е готов, а дебатата за него ќе почне по завршувањето на дополнителните локални ...

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа вистински спектакл на „Олд Трафорд“, кој заврши без победник, но со неверојатни осум погодоци – 4-4. Во натпревар полн со пресврти, двата тима неколкупати водеа и се враќаа од негатива, приредувајќи еден од највозбудливите дуели сезонава. Јунајтед тргна офанзивно и уште во првите десет минути создаде сериозен притисок со шест удари кон голот на гостите. Иницијативата беше крунисана во 13. минута, кога Амад ...

Џаред Кушнер се повлече од планираниот проект за изградба на хотелот „Трамп“ во Белград, откако иницијативата предизвика масовни протести и кривични постапки против високи српски функционери, објави „Волстрит џурнал“. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и во овој момент се повлекуваме“, изјави портпарол на инвестициската фирма ...

Во Австралија знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на жалост за жртвите од масовното пукање на плажата Бондаи во Сиднеј, соопшти австралискиот премиер Ентони Албанезе. На прес-конференција, Албанезе истакна дека Австралија нема да дозволи поделби, насилство и омраза да ја разнишаат државата и порача дека нацијата ќе помине обединета низ овој тежок период. Во меѓувреме, министерот за здравство на сојузната држава Нов Јужен Велс, ...

Недостатокот на редовна сексуална активност не влијае само на интимниот живот, туку може да има последици и врз целокупното здравје, предупредуваат експерти. Иако сексуалната активност е личен избор и зависи од многу фактори, бројни истражувања покажуваат дека подолг период без секс може да се одрази и физички и психички. Редовниот секс придонесува за подобро расположение, бидејќи при интимен однос се ослободуваат хормони како ендорфин и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
76%
1027
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.23
77%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
96%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1027
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.24
85%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
94%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1028
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Кобалт

58.42

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Калај

43.15

Бакар

10.93

Цинк

3.04