
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев на свет беа донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат, од природно зачната тројна бременост, реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31-та гестациска недела, новороденчињата моментално се во стабилна состојба и се згрижени во Центарот за мајка и бебе под надзор на неонатолозите. Тие добиваат неинвазивна респираторна поддршка ...
Агенцијата за лекови на Европска Унија (ЕУДА) во годишниот извештај предупредува на растечката закана од синтетичките дроги, нагласувајќи оти во 2023 година во Европа се регистрирани 7.500 смртни случаи поврзани со синтетичките опијати. На европскиот наркопазар од 2009 година откриени се 88 нови синтетички дроги, а седум нови варијанти се идентификувани во 2024 година. Седумте новоидентификувани соединенија се нитазени, кои понекогаш се посилни ...
Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. -При контролата ...
Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата. -Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа седум се во ...
Црвениот крст ангажираше меѓународна ревизорска куќа, која ќе направи ревизија на сметката за донации за трагедијата во Кочани, што од независен пристап и аспект ќе напарви детална анализа на приливите, одливите, начините на исплата и се останато за да останеме максимално транспарентни и отчетни, изјави генерален директор на Црвен крст Саит Саити. Целта, како што појасни Саити на трибината „Кочани е нашиот приоритет“ е Црвениот крст да остане и ...
Злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДС за повластување на „шоферот на министерот“ за кабинетски службеник. Возач на министерот е лице определено од Службата за општи и заеднички работи и не е кабинетски службеник. Именување на претседател на УО на Македонската Опера и Балет е лице кое е вработено во МКТ но не е кабинетски службеник на министерот за култура и туризам, туку е професионалец кој работи во МКТ 15 години. Да не се навраќаме на ...
Авион на авиокомпанијата Рајанер што летал од Берлин кон Милано принудно слета на аеродромот Меминген во Германија откако наиде на силни турбуленции предизвикани од бура. Според информациите на германската полиција, седум патници се здобиле со полесни повреди, а двајца се пренесени во болница поради потешки повреди, јави ДПА. -Никогаш досега не сум почувствувал таков страв. Во тој момент мислев дека авионот ќе се распадне, изјави еден од ...
Иницијативата Support Kocani, која е активирана веднаш по страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска објави извештај за тоа што до сега е донирано, од пари до опрема за настраданите, повредените, но и болницата во овој град. Во својот транспарентен извештај тие наведуваат дека досега се соберени вкупно 600.000 евра, кои веќе се префрлени на семејствата на починатите и повредените. Според нив донирана е хипербарична комора, клучна ...
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина. На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа ...
За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците. Од прв до последен, велат од СДСМ. -Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците. Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање ...
Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп. -Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот отворен откако беше откажан реваншот од финалето на ...
Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. -По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...
Официјално овој месец Јуни започнува летниот театарски караван со детските хитовски претстави на најпосакуваниот театар на децата, а тоа е приватниот театар Хит, чии основачи се познатите актерски имиња и најпопуларниот актерски тандем Сашо Ристовски и Магдалена Ризова – Черних. Од менаџментот најавуваат долго театарско лето за децата ширум земјата со најпопуларните нивни претстави, а и со нови детски премиери. Овој проект на театар Хит е ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото ...
Опозициската партија Либерално-демократска партија (ЛДП) најави дека ќе го поднесе Предлог законот за отворени листи и една изборна единица, која исто така вклучува можност за кандидирање на независни пратеници. Ова е трет пат како ЛДП предлага ваква измена, откако претходните иницијативи не добија поддршка во парламентот. Иницијативата доби поддршка и од други политички субјекти. Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ја поздрави ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” по член 24 во врска со кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот ...
Бројот на доларски милионери во светот порасна за 2,6 отсто во 2024 година, но овој раст беше нерамномерен, со најмногу нови богаташи во САД, додека во Европа економската ситуација доведе до намалување на бројот на лица што можат да издвојат милион долари за инвестиции, покажува извештајот на меѓународната ИТ-консултантска компанија „Капџемини“. Светскиот извештај за богатство за 2025 година, објавен на 4 јуни, прецизира дека зголемувањето на ...
Легендарниот актер и режисер Клинт Иствуд, кој има 96 години, неодамна во едно интервју откри дека моментално е во фаза на предпродукција на својот следен филм. Иствуд рече дека обожавателите не треба да се грижат за неговото пензионирање „многу подолго“, објавува Variety. Clint Eastwood has a message for up-and-coming filmmakers: "do something new or stay at home": "We live in an era of remakes and franchises. I've shot sequels three times, but ...
-СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од село Путурус, општина Могила и две правни лица од село Долно Оризари. -Првопријавениот во текот на 2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од ...
МВРинформира дека во сообраќајка починало момче од 20 години. -На 03.06.2025 околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од селото Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од селото Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв” без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна ...
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана. Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи. – Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски ...
Турските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството метличини и се ...
Судскиот совет на РСМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка. – Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски. Во врска со ...
МВР информира дека е уапсен скопјанец, кој поседувл пиротехника без документација -На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет ...
Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила. -Заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање 473 ...
Белгија издаде предупредување дека е пронајден форматенат во замрзнати јагоди од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Како што е наведено, консумирањето на тоа овошје би претставувало сериозен ризик за здравјето на луѓето, е наведено на веб-страницата на RASFF. Ова не е првпат оваа година Белгија да се соочи со проблем со овошје од Србија. Во јануари, пронајде кадмиум во ...
Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на ...
Дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата “Ziekenhuisgroep Twente” во Холандија. Станува збор за две деца – едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст, пишува „НЛ Тајмс“. Портпаролот на болницата изјавил дека поради заштита на приватноста, не можат да откријат повеќе детали, но нагласил дека инцидентот на почетокот не бил сфатен сериозно. -На почетокот се шегувавме за ...
Осум дена е рокот кој општина Кочани им го даде на угостителите во трговскиот центар во градот да ги отстранат доградбите, кои биле поставени без соодветна дозвола. Во текот на вчерашниот ден комуналните инспектори од општината им доставиле решенија на угостителите, во кои меѓу другото е наведено и дека доколку не ги отстранат дивоградбите, ќе следи рушење од страна на општината. Претходно, општината распиша тендер за избор на фирма за рушење, ...