Првиот пакет компресивна облека за повредените од пожарот во кочанската дискотека Пулс, пристигна во Кочани. Според планираното, нарачателот, здружението Support Kocani, кое облеката ја плати преку донации, денеска ја доби пратката и веднаш ја испорача до кочанската Општа болница со проширена дејност, која понатаму треба да ги повика повредените и да им ја подели. Во меѓувреме ќе се земат мерки за втора тура нарачка на компресивна облека, која е ...

На регионалниот пат Прилеп – Битола вчеравечер се случила трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубил 49-годишен велосипедист од Прилеп. Несреќата се случила околу 21 часот, кога патничко возило марка „Рено“ со прилепски регистарски таблички, управувано од Т.Д. (51) од село Галичани, удрило во М.Б. (49), кој во моментот туркал велосипед. М.Б. со тешки телесни повреди бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде подоцна им ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на масовна акција за апсење и протерување на недокументирани мигранти, оценувајќи ја како „најголемата програма за масовна депортација во историјата“. Во објава на неговата платформа Трут Соушл (Truth Social) доцна синоќа, Трамп ги повика федералните агенти од Службата за имиграција и царина (ICE), како и други институции, да направат сè што можат за да ја спроведат оваа иницијатива, особено во ...

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани. Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес, се упатува повик за присуство на овој настан за ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата која стапува на сила од вечерва на полноќ. Одлуката донесува зголемување на цените на најкористените горива, додека екстралесното масло за домаќинство поевтинува. „Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 78 денари за литар, дизел гориво 67,50 денари, масло за горење екстра лесно 67,5 денари. Цената ...

Левица предлага во Собранието намалување на работниот ден на шест часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не сака да ги зголеми платите. Нашиот предлог е конципиран со внимание, да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо и сметаме дека доаѓа природно во ова време, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот од Левица Амар Мециновиќ. Осумчасовниот работен ден, како што рече, е остаток од индустриското време ...

Најмалку 287 лица повредени во воздушните напади на Иран врз израелски цели во текот на ноќта се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство. Едно лице е во сериозна состојба, а 14 имаат умерени повреди, вклучувајќи две лица хоспитализирани во детска болница во Петах Тиква. Повеќето, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, имаат полесни повреди или се во шок. Министерството за здравство не ја соопшти состојбата на 15-те ...

Спасувачките екипи го пронајдоа и снимачот на гласови од пилотската кабина (т.н. црна кутија), клучен елемент во истрагата за авионската несреќа на Ер Индија што се случи минатата недела. Снимачот беше откриен во остатоците од авионот во западниот индиски град Ахмедабад, соопшти денеска Владата. Податоците од летот (flight data recorder) биле претходно извлечени. Се очекува двете црни кутии да помогнат во утврдувањето на причините за трагедијата ...

Најцрната ноќ во македонската историја се случи на 16-ти март во кочанската дискотека „Пулс“ пред точно три месеци. Најавуваниот настап на македонското поп дуо ДНК го преполни просторот, во кој 2 часа по полноќ имало над 600 претежно млади лица. Пиротехничкиот перформанс на ДНК го запали плафонот над бината, по што пожарот започна бргу да се шири. За неколку минути настанало стампедо кон единствениот излез. Десетици луѓе останале заглавени во ...

Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат. Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар ...

Грчките медиуми му посакаа добредојде на славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој од септември со своето семејство се сели во Атина. Според информациите, двојката веќе посетила приватни училишта во северните предградија на градот, со цел да ја пронајдат вистинската средина каде што ќе се зборува англиски јазик за своите деца. Во исто време, тие бараат и идеален дом, нагласувајќи го мирот, безбедноста и поврзаноста со природата, без сепак да се ...

Шеесетина граѓани на Скопје добиле пресуда со доделен надоместок од Судот за човекови права во Стразбур, откако претходно се исклучиле од системот на парно греење, а потоа продолжиле да добиваат фактури за плажање. Има и такви граѓани, кои никогаш не се приклучиле на системот, а сепак биле задолжени со месечен надоместок. Овие граѓани ја тужат државата за прекумерна должина на граѓанските постпаки. Во пресудата на Судот за човекови права се ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Израел има право да се брани и дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Фон дер Лајен, додека беше во Канада за самитот на Г7, изјави дека разговарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека со длабока загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток. „Ја повторив нашата посветеност на мирот, стабилноста и дипломатските напори што водат кон деескалација. Во ...

Конфликтот меѓу Израел и Иран предизвика сериозни последици по цивилниот сообраќај и туризмот во регионот. Околу 40.000 странски државјани, главно туристи, моментално не можат да го напуштат Израел, откако бројни авиокомпании ги суспендираа летовите кон и од земјата, поради зголемената небезбедност. Израелските власти информираат дека националната авиокомпанија „Ел Ал“ ги откажала сите комерцијални летови најмалку до 23 јуни, оставајќи илјадници ...

Во раните утрински часови, поточно во 4:34 по локално време, југозападниот дел на Македонија беше погоден од земјотрес со умерена јачина. Податоците укажуваат дека потресот изнесувал 4,1 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил регистриран во околината на Охрид. Иако не се пријавени материјални штети или повредени лица, се забележува зголемена вознемиреност меѓу населението. Според информациите објавени на порталот ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека започнал воздушни напади врз Иран за да спречи „нуклеарен холокауст“. „Моравме да дејствуваме. Беше последен момент и дејствувавме. За да се спасиме себеси, но и за да го заштитиме светот од овој запалив режим. Не можеме да дозволиме најопасниот режим во светот да го има најопасното оружје во светот. Нема да имаме уште еден нуклеарен холокауст. Имавме еден и претходно, во минатиот век“, рече ...

Светскиот ден без тутун, кој се слави на 31 мај, не потсети за здравствените ризици поврзани со оваа нездрава навика која влијае и на финансиите. Иако најчесто се дискутира за нејзиното влијание врз белите дробови, срцето и кардиоваскуларниот систем, помалку се нагласува фактот дека пушењето директно влијае и на нутритивниот статус на телото. Зависноста од цигари не само што му штети на физичкото здравје, туку значително ја нарушува апсорпцијата ...

Како што ескалираат тензиите меѓу САД и Кина (со повремени отстапки), од царини до технолошки ограничувања, Европа се најде вовлечена во соперништво кое го тестира нејзиниот економски прагматизам и геополитичка усогласеност. Големиот број билатерални средби и самити во Европа е знак на трескава дипломатија, ако не и паника, во голема мера како одговор на вртлогот од настани што го започна втората администрација на Доналд Трамп, а сето тоа е ...

Ова беше објавено на министерски состанок за соработка меѓу Кина и Африка во кинескиот град Чангша, во време кога африканскиот континент се соочува со можно зголемување на царините за своите производи што се извезуваат во Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Нултата царина, доколку се спроведе, би била продолжение на договорот постигнат минатата година, според кој Кина ги отстрани царините за стоки од 33 африкански земји ...

Во текот на летото, строго треба да избегнувате употреба на омекнувач за чаршафи и пижами, бидејќи според експертите, ткаенината станува премногу мека и не може да ја апсорбира потта од вашето тело. Тие советуваат дека во летните месеци треба да се избираат само детергенти за чувствителна кожа за да се избегне иритација и оние без мирис. Тие исто така нè советуваат дека постелнината и пижамите дефинитивно треба да бидат изработени од памук, а не ...

Кофеинот, кој се наоѓа во кафето, чајот, чоколадото, енергетските пијалоци и многу безалкохолни пијалоци, има позитивен ефект врз концентрацијата во текот на денот, но има негативен ефект врз сонот. Во студија објавена во списанието Nature Communications Biology, тим истражувачи од Универзитетот во Монтреал фрлија нова светлина врз тоа како кофеинот може да го промени сонот и да влијае на закрепнувањето на мозокот, и физичкото и когнитивното, ...

Основниот суд и Јавното обвинителство да дадат детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, побараа денеска родителите во Кочани од „Маршот за Ангелите“. И не само тоа, туку во целиот процес да се вклучат и граѓанските организации како Коалицијата за правично судење и од „Транспаренси Македонија“. -Јавно ги повикувам да се вклучат во борбата за правда на мојот убиен и пеплосен ангел Моника Спасова, да бидат мониторинг, да ...

НАСЛОВИ Секоја сезона носи нов тренд во светот на диетите, но ова лето повторно доминира една од најконтроверзните – ладната диета. Популаризирана преку TikTok, оваа необична метода ветува забрзан метаболизам и полесно слабеење – само со помош на мраз. Но, колку е навистина ефикасна и безбедна? Што претставува ладната диета? Се работи за начин на исхрана и животен стил кој вклучува внес на мраз, ладна храна и пијалаци или надворешно ладење на ...

НАСЛОВИ Живеете во стан, но сонувате свежа салата од сопствена градина? Заборавете на изговори – потребна ви е само една пластична гajбa, малку земја и добра волја. Новиот урбан тренд – балконско градинарење – веќе ја освојува Европа, а сега може да започне и на вашиот прозорец или тераса! Идејата е едноставна: гajбa со неколку дупчиња за дренажа, малку лесна земја и внимателно избрани растенија што брзо растат, не бараат многу и притоа даваат ...

НАСЛОВИ Франција е потресена по трагедијата во училиште во Ножан, каде 14-годишно момче со нож уби наставничка асистентка. Насилството кое се случи среде образовна институција – место што треба да биде синоним за сигурност – ја разбуди државата и покрена национален аларм. Без двоумење, претседателот Емануел Макрон излезе со најави кои звучат како дигитална бомба: „Ќе предложам целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години – дури и ...

Во време кога чистотата се изедначува со добар изглед и мирис, прашањето дали треба да се тушираме секој ден добива се повеќе различни одговори. На едната страна се застапниците на секојдневното туширање, додека на другата – се оние што веруваат дека честото миење е штетно и непотребно. Професорот Стефан Шумак, претседател на Австралискиот универзитет за дерматологија, го споделува својот стручeн став: „Секојдневното туширање е навика што ...

Ноќеска по полноќ, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта. Виничанецот претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф” без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот. -Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот ...

Како на филм полицијата во Велес решавала случај во кој била нападната 25-годишна девојка. Напаѓачот бил агресивен, а и по неколку испукани куршуми од страна на полицијата, успеал да избега. По него се трага. Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера, (13.06.2025 година) околу 18.00 часот во Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте” во Велес. Татко овСВР Велес пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од ...

Израел денеска објави дека извршил напади врз Иран, еден ден пред разговорите меѓу Техеран и САД во Оман за нуклеарната програма на Иран. Тоа е нова ескалација од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, што би можела да се претвори во отворена војна меѓу двете земји, по децении тајни конфликти и копнени, морски, воздушни и кибер напади. Ова се главните настани во историјата на конфликтот. 1979 година – Иранскиот прозападен ...

Од заседанието на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска објави уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните Локални избори, со што бројот на имиња се искачи на 33. Поголемиот дел од кандидатите се актуелни градоначалници. За Кочани, како што рече Антонијо Милошоски, во моментов „има други приоритети“. До крајот на јули, како што најави, се очекува да бидат познати сите претенденти на ВМРО ДПМНЕ за Локалните избори. Во продолжение ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
82%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.51
86%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
92%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.45
57%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
56%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
48%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
73%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71