Следната недела, од понеделник до четврток, од 16 до 18 јуни 2025 година, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани за меѓусебни дискусии со локалната заедница. Како чин на солидарност по трагедијата во Кочани, шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години – пожар во дискотека што се случи во 1998 година во Гетеборг. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели ...

Предлогот на Либерално-демократска партија да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи пропадна. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. Иако од владечката партија првично рекоа дека истото ќе го направат, сепак во Собрание предлогот не доби поддршка. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова за ММС.мк вели дека Законот не добил гласови против, но не добил ниту поддршка за да помине. „Рекоа дека ќе го ...

Трагедија го потресе индискиот град Ахмедабад кога патнички авион на „Ер Индија“, со 242 луѓе на бордот, се урна само неколку секунди по полетувањето кон Лондон. Летот AI171, кој требаше да стигне до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, ја изгубил врската со контролата на летот на висина од само 625 стапки (околу 190 метри), објави платформата Flightradar24. Последниот сигнал е примeн буквално неколку секунди по поаѓањето, што укажува на ненадеен и ...

Претседателот на Домот на народите, Томислав Мартиновиќ, инсистираше одговорните институции да истражат како змијата се нашла во парламентот. Седницата на еден од двата дома на парламентот во муслиманско-хрватската федерација Босна и Херцеговина беше ненадејно прекината вчера откако во салата се појави мала змија и предизвика паника кај пратениците, објави босанското издание на телевизијата Н1. По инцидентот, властите наредија целосна инспекција ...

Патнички авион Боинг 787-8, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз хостел за лекари. Авионот се урна во зграда која е хостел за лекари, потврди портпаролот на полицијата Џаипал Синг Раторе. Зградата е студентски дом на медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Според официјалните информации во авионот имало 232 патници и 12 ...

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски. Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен. Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо ...

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените. По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. „Поради моменталната безбедносна состојба, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути“, рече министерот за ...

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје. Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански ...

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, се најде на удар на јавноста, но и на опозицијата поради контроверзните изјави дадени во интервју за ТВ21, во кое изрази став дека минималната плата не гарантира достоинствен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. „Не се сите како него – со државна плата од над 3000 евра. Граѓаните не живеат во фотелји, туку во реалност на инфлација, скапа храна и зголемени животни ...

Царините од 55 проценти за кинескиот увоз што ги наметнаа САД нема да бидат променети по склучувањето на нов трговски договор меѓу Пекинг и Вашингтон, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник. Трговскиот договор меѓу САД и Кина е „завршен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска, неколку часа откако преговарачите од двете страни се согласија да постигнат заедничка рамка за враќање на кревкото трговско ...

Косовската влада одлучи да прифати до 50 мигранти од САДво рок од една година, јавија косовските медиуми. Таа одлука е донесена на вчерашната електронска седница на косовската влада. Според Коха, мигрантите ќе останат во Косово – „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во земјата на потекло“. „Владата на Косово ја одобри одлуката за обезбедување привремена и непосредна заштита на педесет (50) лица, како дел од соработката меѓу Владата на ...

Глобалната перцепција за САД значително се влоши откако Доналд Трамп се врати на претседателската функција, според ново меѓународно истражување на истражувачкиот центар Пју. Во истражувањето спроведено од крајот на февруари до почетокот на април, испитаниците беа прашани во 24 земји, вклучувајќи десет европски. Во повеќето од нив, имаше пад на поволното мислење за САД во споредба со пролетта 2024 година. Според резултатите, јавноста ширум светот ...

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието. -Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со ...

За три дена од пуштање на телефонската линија 070/355-526, наменета за повредените лица во пожарот во Кочани и нивните семејства директно да комуницираат со Канцеларијата на Претседателот на Владата, 109 граѓани ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. -Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја. Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и ...

Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“. – Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку, наведе Маск на Икс. Трамп и Маск минатата недела разменија навреди на социјалните мрежи, при што извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ законот за трошоците ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до моментов нема потврда дека ќе има средба на македонска и бугарска делегација на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, овој месец, но напомена дека деновиве лично ќе стапи во контакт со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за да се информира дали има одговор од другата страна. -До овој момент таква потврда немам, но планирам деновиве лично да се слушнам со претседателот на Европскиот ...

На автопатот Скопје-Тетово вчера во 14.42 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од тетовското село Нераште. Од МВР денеска соопштија дека при сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена ...

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот, изјави бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, по ...

Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени. По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој е поврзан со трагедијата во Кочани, прашан какви конекции има ...

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници. На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле ...

Основното јавно обвинителство денеска во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Како што посочи обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, исказите на обвинетите ...

На информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување што денеска се одржа во Струмица, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повикал сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од мерката Поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент е ставена на поддршката на младите лица. -Со историски висок буџет ...

Владата на вчерашната седница ги отпочнала првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Како што се наведува во соопштението денеска од Министерството за транспорт, покрај вицепремиерот Николоски, членови на ...

Специјалниот Врховен суд на Грција во чија надлежност е и да одлучува за валидноста на парламентарните избори, но и да разрешува пратеник од конкретната функција, донесе одлука, поради изборна измама да им ги одземе пратеничките места на тројца пратеници од малата грчка радикално десничарска партија Спартанци, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е поради поврзаноста на тројцата пратеници, меѓу кои и лидерот на партијата, со поранешниот ...

Вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица пронајдени биле една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, информираат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оттаму апелираат до граѓаните во случај да пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат туку едноставно да се јават на бројот за итни случаи 112 за службите да можат да се погрижат за безбедно отстранување или неутрализирање. -Така ќе бидат ...

Support Kocani ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари – средства целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16ти и 17ти јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне процесот на земање мерки. Од Support Kocani изразија голема благодарност до фирмите Julius Zorn GmbH и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес. Тој додаде дека Националната гарда ќе биде распоредена во Калифорнија сè додека е потребно. Трамп повтори дека ако не ја испрател Националната гарда, Лос Анџелес сега би горел до темел. Трамп повторно ги нарече демонстрантите „платени ...

Главните преговарачи на Србија и Косово одржаа нова рунда разговори во Брисел со посредство на специјалниот претставник на ЕУ Петер Соренсен, кој информираше дека е постигнат договор за продолжување на дијалогот наскоро. „Бев домаќин на долга средба со преговарачите од Белград и Приштина. Разговаравме за напредокот, нерешените прашања и подготовки за следна средба на високо ниво“, објави Соренсен на платформата Икс. Белград бара формирање на ...

Четири земји од Западен Балкан се меѓу првите 20 земји во светот со најголем пад на населението, со што регионот претставува најзначајна зона на депопулација во Европа со ниски стапки на наталитет и со поголема емиграција од имиграцијата. Истражувањето на Армас (2023), кој ги разгледа моменталните трендови и процени дека помеѓу 2020 и 2050 година населението во Србија ќе се намали за 19%, во Босна и Херцеговина за 18,2%, во Албанија за 16% и во ...

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
94%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
78%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
64%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
74%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
6.38
80%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
91%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
53%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
34%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
69%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
73%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71