
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Да се зборува за Тоше Поп Симонов треба многу време и испишани страници, бидејќи толку богат живот само така се раскажува. Но, дел од се она што тој направи и како музичкар, продуценти и како човек се обидоа да раскажат околу 15-ина македонски музички ѕвезди, новинари, колеги, пријатели, соработници со кои тој соработувал и се дружел во текот на животот и музичката кариера. Нивните сеќавања беа илустрирани со мноштво фотографии, видеа и музички ...
Штип годинава ќе биде домаќин и на уште еден од најпознатите музички фестивали во земјава „Тhe Festival“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во наредните денови се очекува официјално објавување на фестивалската програма. Градот очекува наплив на гости, а со тоа и зголемен туристички и економски придонес. Организаторите најавуваат богата програма и бројни изведувачи, а Штип се подготвува да ги пречека љубителите на ...
Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со ...
Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. Мицкоски упати честитка до сите полициски припадници за нивната посветеност и храброст, испраќајќи порака дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. – Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички ...
Во Газа не е влезена никаква хуманитарна помош повеќе од два месеци, што претставува најдолга ваква блокада и предизвикува голема загриженост, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за Медитеранот и за еднаквост, подготвеност и справување со кризи, Дубравка Шуица и Хаџа Лабиб. Во неа се додава дека ЕУ го повторува својот итен повик до Израел ...
Кочанско основно училиште има заостанат ненаплатен долг кон комуналното ЈП Водовод во висина од 2.078.377 денари. Така вели Решението за издавање на нотарски платен налог НПН. Бр. 1117/22 од 30-ти јуни 2022 година, обзнани денеска в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски. Решението училиштето не го обжалило, а сепак не било ниту наплатено. Долгот на училиштето кон КЈП Водовод е иницијална каписла за ангажирањето на ревизорска фирма од ...
На прес конференцијата, каде беа претставени резултатите од проектот Њувејвс пред триесетина новинари во Осијек, Хрватска, беше нагласен фактот од праска – дека радијата, пред се локалните, се првите од кои граѓаните дознаваат што се случува. Така беше трагедијата во Кочани, неодамнешното снемување на струја во Португалија и Шпанија, каде со часови луѓето беа без струја, или големиот шумски пожар во Португалија во 2017 година, каде луѓето ги ...
Европската комисија денеска одлучи да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија поради несоодветно усогласување на националното законодавство со Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето. Во одлуката ЕК посочува дека во јануари 2017 година покренала прекршочна постапка против Бугарија поради нецелосно спроведување на Директивата, по што Софија презела мерки за целосно усогласување. ...
ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на 37 – от „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. За таа цел, од 8.05.2025 год. (четврток) до 14.05.2025 год. (среда), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион. Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз. Возен ред на ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка. ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. -На 5 мај утрото двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил БМВ Х5. Во возилото и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници по главата и лицето и барајќи од ...
Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави. Што би се случило доколку конфликтот ескалира до употреба на нуклеарно оружје? Научници од Универзитетот Рутгерс во САД пред неколку години спроведоа анализа на можните последици од нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, предупредувајќи дека таков конфликт би можел да има катастрофални последици не само за двете земји, туку и за целиот ...
На 9, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се случи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – Генералка викенд (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните), создадена од Мен енд Маунтен. Над 20.000 волонтери ќе ја чистат нашата татковина на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, ...
Индија и Пакистан, две нуклеарни сили кои настанаа по распадот на Британската империја во 1947 година, до денес војувале шест пати. Центар на речиси сите конфликти беше Кашмир, планинска област која е поделена меѓу двете држави, но двете тврдат дека е нивна територија. Откако двете земји стекнаа независност, регионот беше повод за повеќе војни и бројни крвопролевања. Индија контролира поголем дел од територијата, додека Пакистан го оспорува ...
Дете(12) која била во „пунтото“ што било украден синоќа околу полноќ на бензинската пумпа во Обреновац, Србија, успеала да се спаси скокајќи од возилото, а за среќа не претрпела никакви повреди. Надзорните камери во објектот го снимиле крадецот, а полицијата моментално го бара. Што се случило? Девојка (26) дошла до пумпата со нејзината внука за да наполни гориво. Кога отишла да плати, ги оставила детето и клучевите во возилото, што крадецот го ...
Индиските вооружени сили синоќа извршија напади врз девет локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир, што го администрира Исламабад, сопшти денеска индиската армија. Индиската армија објави дека нападите во рамките на операцијата „Синдор“ биле „фокусирани, умерени и неескалирачки по природа“ и дека не биле насочени кон пакистанската армија. „Нашата акција беше насочена, одмерена и не предизвикуваше ескалација. Ниту една пакистанска ...
На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите. За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради ...
Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид. Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и ...
Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов. Вчерашната средба на Мицкоски и Таравари, закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ, како што брифираа од владината прес-служба за МИА, поминала во конструктивен ...
Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај Градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, метал и секаков вид цврст отпад депониран во езерото. Целта на акцијата што се организира ...
Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници. Поради посетата на хрватскиот претседател Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник. Како што информира Јавното обвинителство, обвинетиот на 24 август 2024 година во парк во населбата Чаир извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој ...
Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија прослави 20 години од своето основање, период во кој успешно ја исполнува својата клучна улога во заштитата на здравјето на граѓаните и на животната средина од опасностите од радијација. Улогата на Дирекцијата и резултатите кои ги има постигнато досега се од суштинско значење за безбедноста на државата и регионалната стабилност. На прославата на јубилејот присуствуваше заменик ...
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата вчера околу 12.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(30) од Република Грција. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки. Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против ...
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик со дејствија со кои на Буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола му предизвикале значителна имотна штета во износ од 178.370.319 денари. Обвинение е поднесено и за 3 службени лица од Бирото за јавни набавки, кои ...
Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра, а истовремено му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во судот. По жалбата на ...
Веќе легендарната платформа за интернет-разговор на „Мајкрософт“ – „Скајп“ (Skype) замина во историјата. Постоечките корисници на „Скајп“ ќе можат бесплатно да се префрлат на „Мајкрософт тимс“ (Microsoft Teams) користејќи ги нивните имиња и лозинки за најавување. Така, и нивните контакти и историјата на разговори ќе се префрлат на другата платформа. Исто така, треба да се напомене дека корисниците имаат рок до јануари 2026 година да ги префлат ...
Познатата пејачка и дизајнерка од Барбадос, Ријана откри дека го очекува своето трето дете со партнерот АСАП Роки – покажувајќи го својот труднички стомак на црвениот тепих на „Мет-галата“ за 2025 година. Пејачката се појави во скратена сако-јакна, на Марк Џејкобс, волнен корсет и здолниште со пруги и висок шлиц, како и со интересен детаљ во форма на друга јакна. Сѐ тоа, таа го надополни со високи потпетици, елегантна пунџа-фризура, впечатлива ...
Хали Бери се појави на црвениот тепих на „Мет-гала 2025“ во Њујорк синоќа, во „една од нејзините најхрабри изданија“ досега, пишува „Индекс“. Имено, американската глумица, која се движи кон крајот на шестото десетлетие од својот живот, носеше проѕирен фустан со длабоко деколте… Тоалетата во стил на сирена, инаку дизајнирана од американкиот дизајнер Лакуан Смит, е речиси целосно проѕирна, освен на неколку „стратешки точки“, покриени со црни риги. ...
Вицепремиерот во Владата на Србија денеска ја отфрли идејата за вонредни парламентарни избори откако доцна синоќа студентите во блокада објавија за првпат дека бараат распуштање на Народното собрание. Ивица Дачиќ, кој е и министер за внатрешни работи на Србија, изјави утрово дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и дека таквите барања на студентите би можеле да значат „крај на нивниот сон“. „На Србија и е потребна политичка ...