
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Официјален Пекинг соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп со советот за жителите на Техеран да го напуштат градот и Иран да го потпише договорот „долева масло на огнот“ во израелско-иранскиот конфликт. Долевањето масло на огнот, упатувањето закани и притисокот нема да придонесат за смирување на ситуацијата, туку само ќе ги зголеми тензиите и ќе го продолжи конфликтот, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот. – Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада. Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите ...
Во рамките на апелот за поддршка на настраданите од пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани, Црвениот крст на Република Северна Македонија собра вкупно 153.931.166 денари во периодот од 16 март до 16 јуни 2025 година. Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица. -Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени ...
Студентите кои се во блокада денеска поднесоа кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против претседателот на Србија Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека „поради рејтинг“ ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Клиничкиот центар на Србија. „Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред зградата на обвинителството, пренесува Бета. Претставник на ...
Прес конференција на СДСМ, Миле Талески – пратеник Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс? Почитувани, Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја прикриваа вистината за трагедијата во Кочани и правеа сè за да ги заштитат полициските функционери поставени од нив. Наместо итно да се побара одговорност, власта штитеше, молчеше и манипулираше со јавноста. Целта беше јасна – да се спречи ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот. – Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена мене, туку е реплика на она што го прави и мора да го прави ЕУ за да покаже дека во моментов нема ...
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, беше осветлено во боите на македонското знаме – во црвена и жолта боја, од вчера во 20:00 часот до утрово во 6:00 часот, по локално време. Од македонската православна црква Пресвета Богородица во Лос Анџелес изразија солидарност со семејствата на настраданите и благодарност за организирањето на овој настан од ...
Започна расчистувањето на теренот во центарот на Штип. каде ќе се гради куќата на семејството Зикови и нивните четири близначиња – Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина. Плацот од 470 м2 е подарок од општината Штип, а изградбата со одлука на Советот на општината, е ослободена од давачки – комуналии и данок на промет. Се работи за плац, кој се наоѓа на една од штипските висинки и според компаниите кои доброволно го расчистуваат, е на прилично тежок ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството за финансии треба да испрати писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање. – Очекувам периодот формално да испратат дописи до потенцијалните заемодавачи. Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга што ќе значи многу во историска и транспортна смисла, изјави ...
Кочани овие денови е домаќин на седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска, која престојува во тридневна посета како чин на солидарност по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Во фокусот на посетата се средби, разговори и панел-дискусии со локалната заедница, со цел споделување на искуства, сочувство и поддршка во процесот на колективно заздравување. Шведската делегација е составена од социјални работници, пожарникари и преживеани од слична ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот. – Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, ...
Пораки со поддршка од бугарските власти во Софија и со зборовите дека „Бугарија стои зад него“ доби Љубчо Георгиевски од Битола, чие здружение „Културен клуб Иван Михајлов“, беше избришано од Централниот регистар на Македонија откако Министерството за правда не издаде решение со кое може да се користи името на Ванчо Михајлов. Беше побарана промена на името за здружението да биде регистрирано, но основачите одбиа. Претседателот Румен Радев на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш. На новинарско прашање при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев бил погоден преку ноќ од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 дронови и 32 ракети во масовна офанзива. Зеленски објави на „X“ дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировоград, Николаев и Киев. Зградите во осум области на Киев се оштетени, а спасувачките екипи бараат преживеани под урнатините на ...
Амбасадата на САД во Ерусалим денеска соопшти дека во овој момент не е во можност да ги евакуира Американците од Израел или директно да им помогне да ја напуштат земјата. Амбасадата соопшти дека денеска ќе биде затворена и им наложи на сите вработени во американската влада и нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до понатамошно известување. Во меѓувреме, Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел. ...
Двојка бугарски државјани е уапсена во Солун откако оставиле 11-месечно бебе да плаче на балконот, а тие легнале да спијат, јави телевизијата „Скај“. Според полициските информации, вчера, при патрола рано наутро полицијата слушнала плачење на бебе од балкон на еден стан. Бебето било оставено во количка на балконот, додека родителите со другите три деца спиеле внатре, со затворена балконска врата. Против 36-годишниот маж и 35-годишната жена, ...
• При контрола на автобус на граничниот премин Деве Баир на влез во државата кај патничка од Косово пронајдена е поголема количина на златен накит. Во патна торба, во кутија завиткана во пластична ќеса царинските службеници открија златни монети, ланчиња, брош, огрлица, обетки и др. Стоката е привремено задржана, а против лицето е поднесена кривична пријава. • Царински службеници на граничниот премин Блаце при контрола на автомобил открија ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува средба со бугарските високи претставници на Самитот на НАТО во Хаг, додека на претстојниот состанокот на Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент, бугарските европратеници да ги повлечат амандманите, со кои се дефинира македонскиот идентитет и јазик со зборот „сегашен“. Оваа изјава следи откако бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека неговата земја никогаш не ставила, ниту ќе стави вето ...
Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“. Се очекува Трамп да го напушти самитот на Г7 во Канада подоцна вечерва – еден ден порано поради случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Американската телевизија Фокс њуз ...
Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите. Претходно, сирени за воздушен напад се огласија во неколку израелски области. Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можеле да ги напуштат засолништата. Порано утрово, израелската армија објави дека извршила неколку големи напади преку ноќ ...
Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Серија ...
Владата има на располагање конкретни механизми за борба со високите цени, но не презема ништо, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „360 степени”. „Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи,” истакна Битиќи. Како клучен неискористен инструмент го посочи Законот за нефер ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави. „Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“, изјави Нетанјаху за Еј-Би-Си-Њуз во интервју кога беше прашан за извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер од загриженост дека тоа ќе ја интензивира ...
Сенаторот од Демократската партија Тим Кејн поднесе предлог-закон со кој се бара претседателот Доналд Трамп да не може да започне воени дејствија против Иран без претходна согласност од Конгресот. Кејн, сенатор од Вирџинија, со години се залага за враќање на конгресните овластувања за објавување војна. Во 2020 година, при првиот мандат на Трамп, тој внесе слична резолуција, која беше изгласана и во Сенатот и во Претставничкиот дом, но не го ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од ПС ОН Тетово, кој е осомничен за сериозно кривично дело – „оддавање на службена тајна“. Според соопштението, З.С. во текот на 2023 и 2024 година злоупотребувал пристап до доверливи информации, вклучувајќи билтени за дневни настани, анекс планови и акции кои ги планирале службите на МВР, УЈП, ДПИ и ДИТ. Станува збор за чувствителни податоци ...
Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите. Барањето доаѓа по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале наводите. – Како што веќе најавивме во саботата, ...
Во овој момент за нула евра сме ја задолжиле државата. Фискалниот совет за јавниот долг направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска. Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, дополнителен јавен долг создава проектот со „Бехтел и Енка“ на чие завршување Владата е сега фокусирана. Димитриоска Кочоска е децидна дека долгот се регистрира ...
Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување. Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од ...
Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска. Владата, како што напомена, ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи. -Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ќе се случува. На берзанските производи Владата не може да има ...