Синоќа во Кочани спроведена е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК. Како што објавуваат медиумите во Кочани и во Штип вечерва се приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. ...

Нашата болка е тешка, но борбата е праведна. Бараме одговорност и вистина. Ова се зборовите на мајка чиј син загина кобната коќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На „маршот на ангелите“ кој започна во 18.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, побараа од Обвинитеството на едноставен начин, без членови и закони да им го објасни текот на постапката, зашто тие не се правници и не можат да разебрат за што станува збор. - ...

34 физички лица и три правни се опфатени со предлог-обвинението за трагедијата во Кочани. Обвинителството утврдило дека пиротехниката ја донела музичката група и била нелегално купена, а првообвинети во предметот се сопственикот на Пулс и дел од неговото семејство. „Поради вградените материјали во објектот кои биле без огноотпорни својства и небезбедните конструктивни зафати почнал стихијно да се шири отворен оган проследен со чад и висока ...