
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Гувернерот на украинската област Суми, Володимир Артјух, потврди дека во градот имало собир на воен персонал за време на рускиот ракетен напад, но рече дека тоа не било на негова иницијатива, јави ДПА. Володимир Артјух синоќа за информативната веб-страница „Суспилне“ изјави дека бил поканет на собирот. Тој не откри кој ја иницирал средбата, истакнувајќи: „Тоа е друга тема“. По ракетниот напад во неделата, властите соопштија дека бројот на ...
„Најдобриот продавач во историјата“. Така Доналд Трамп еднаш го нарече Володимир Зеленски поради количината помош што Соединетите Американски Држави и ја дадоа на Украина. Без разлика дали таа споредба е фер или не, улогата на Зеленски во задржувањето на светското внимание на неговата земја беше секако клучна за украинската борба. Неговата трансформација од телевизиски комичар во воен претседател е одамна позната, а датира од 2022 година кога ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп и претседателот на Ел Салвадор, Наиба Букела, јасно ставија до знаење за време на состанокот во Овалната соба дека маж од Мериленд, кој неправедно беше депортиран во Ел Салвадор, нема да биде вратен во Соединетите држави. Иако американскиот Врховен суд одлучи дека американските власти мора да го „олеснат“ враќањето на Килмар Армандо Абрего Гарсија, претставници на Белата куќа тврдат дека одлуката ...
Американското Министерство за образование синоќа објави дека ја замрзнува федералната поддршка за Харвард универзитет во износ од приближно 2,3 милијарди долари. Причината е одбивањето на универзитетот да ги исполни барањата на Белата куќа, вклучувајќи и укинување на програмите за различност, еднаквост и инклузија. „Изјавата на Харвард ја отсликува загрижувачката перцепција за граѓанските права која владее на врвните универзитети во САД – дека ...
Рускиот суд синоќа пресуди дека државјанин на САД не може кривично да одговара за своите постапки во врска со нападот на полицаец и го префрли на лекување во руска психијатриска болница, соопшти Градскиот суд во Москва. Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со инцидентот. Тој е во притвор од август минатата година. Судот донесе одлука да му бидат изречени ...
На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили. Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1 ...
Делот од Алијансата за Албанците што ја предводи Арбен Таравари, актуелниот министер за здравство, денеска ќе одржи Централно претседателство на кое ќе се одлучува за настапот на претстојните локални избори. Таравари вчера изјави дека не е точно оти преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции - едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, во своето гостување меѓу другото тој зборуваше и за платформата за интероперабилност, која што како што рече бележи зголемување на извршени трансакции. -Во првите месеци од 2025 година, бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност е зголемен до 20% во март, споредено со просекот на трансакции од минатата ...
Веќе не е важно што прави Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, ова ќе биде нивната најлоша сезона во историјата на Премиер лигата. По поразот на гости кај Њукасл во неделата вечерта (4:1), Јунајтед падна на 14. место на табелата, па дури и да забележи шест победи во преостанатите шест натпревари, тоа ќе биде најлошиот учинок на клубот во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ можат да ја завршат сезоната со максимални 56 бода, два бода помалку ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, им вети специјален бонус на своите играчи доколку успеат да го елиминираат Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот човек на кралскиот клуб е задоволен од атмосферата по победата над Алавес и сакал дополнително да ги мотивира пред клучниот натпревар во сезоната со тоа што им ветил специјален бонус во случај да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите. ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека протерувањето на Хрватите од Србија веќе не се изолирани случаи, туку „некаков систем“ што мора да престане. -Секое внатрешно-политички прашања на Србија не треба да има никакво влијание врз Хрватска или нејзините граѓани, изјави денеска Пленковиќ, откако минатата недела хрватската амбасада во Србија беше информирана за протерувањето на уште тројца хрватски државјани од таа земја. ...
Договор за набавка на 16 француски противбродски ракети „Exocet“ потпишаа Грција и Франција по средбата во Атина на надлежните министри на двете земји Никос Дендиас и Себастиен Лекорну, кои меѓу другото разговарале и за грчко-француската соработка во одбраната и безбедноста, како и за нејзино дополнително зајакнување, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за одбрана на Грција рече дека на средбата го потврдиле „она што се подразбира, ...
Отворањето на нов Кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа отворени преговорите по Кластерот 2 „Внатрешен пазар“. - Албанија е навистина ...
Ако погледнеме на мапата, Западниот Балкан географски е во Европа и затоа земјите од тој регион треба да бидат во Европската Унија, што го прави процесот на проширување многу важен и треба да продолжиме со него, изјави денеска во Луксембург високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. На прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде синоќа се одржа и ...
Студентите во блокада повикаа вечерва на итна блокада на РТС, јави дописникот на МИА од Белград. „Протестот ќе трае се додека не се распише нов конкурс за РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) или додека РТС не се затвори“, наведуваат студентите во повикот преку социјални медиуми. Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните да им се придружат во блокадата на просториите на Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата Таковска во Белград ...
Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 65 долари, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од олеснувањето на американските трговски ограничувања и закрепнувањето на кинескиот увоз. На лондонскиот пазар барел нафта попладнево се тргуваше по 45 центи повисока цена отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела, по 65,21 долари. Во петокот го затвори тргувањето во плус 1,43 долари. На американскиот пазар барелот ...
Фармацевтската компанија Фајзер денеска го запре развојот на лек против обезност, откако беше откриено дека учесник во тестирањето на лекот претрпел оштетување на црниот дроб, што е потенцијално поврзано со лекот. Компанијата соопшти дека ќе престане да го проучува „дануглипрон“ откако еден учесник во едно од испитувањата доживеал оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови. Верзијата на пилулата која се дава еднаш дневно беше во рано ...
Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата. Правниците и критичарите ја оценија одлуката на унгарскиот парламент како уште еден чекор кон авторитаризам, наведувајќи дека популистичката влада продолжува да ги ограничува правата на ЛГБТКју+ заедниците. Амандманот го предложи владејачката коалиција Фидес-КДНП, на чело со премиерот Виктор Орбан, а пред гласањето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран мора да се откаже од секакво тежнеење по нуклеарно оружје или да се соочи со можен американски воен напад врз неговите нуклеарни постројки. Трамп на новинарите во Белата куќа им рече дека мисли дека Иран намерно го одложува нуклеарниот договор, а неговата изјава доаѓа откако американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас ...
Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго се искачи на 231, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Доминиканската Република Фариде Рафул. Трагедијата се случи пред една недела во преполниот ноќен клуб „Џет сет“, за време на концерт на пејачот Руби Перез, кој е меѓу загинатите. Рафул појасни дека на лице место биле регистрирани 221 жртва, а уште 10 починале подоцна во болниците. Повеќе од 4.500 ...
Турција треба да почне со реставрација на куполата на џамијата Аја Софија, што ќе биде еден од најголемите проекти за реставрација на овој објект стар 1.486 години, изјавија денеска експерти. Аја Софија била најголемата христијанска црква во Византиската империја, сè додека не била освоена од отоманскиот султан Мехмед во 1453 година, по што била една од најпознатите џамии цели 500 години. „Аја Софија“ служеше како црква до 916 години сè до ...
Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини. Цената на златото денеска изнесува 3.223,12 долари за унца, а Голдман Сакс останува меѓу најоптимистичките големи банки кога станува збор за цената на овој благороден метал. Наведувајќи ја поголемата побарувачка од централните банки и ...
Судот во Струга го прифати супервештачењето од вештите лица избрани од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, ќе продолжи на 16 мај со презентација ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска денеска рече дека покрај зголемената наплата на приходите, има покачување и на наплатата кај даночните приходи. Според неа, реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, а со оглед дека Владата е фокусирана на инфраструктурните проекти, во периодот што следи, може да се очекува поголема реализација на капиталните инвестиции. Потсетувајќи дека има нова методологија за ...
Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во рамки на социјалниот дијалог, но договорот да се заснова врз бруто домашниот производ односно да ги има предвид економските параметри. Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Комората не е против покачување на минималната плата, но таа треба да биде формирана врз основа на ...
СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државатаСДС не може да се дистанцира од своето минато. Колку и да не сака Кристина Костова да зборува за тоа што било порано, тоа е неизбежно. Особено ако се има во предвид фактот што сегашниот претседател СДС, Венко Филипче е активен учесник во минатото за време на практикувањето на власта. Тој како министер за ...
Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија кои ги исполнуваат условите. Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа има дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, актери, музиколози, продуценти, електроинженер и доктори на науки. Дел од пријавените се членови ...
Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието. Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој го образложи пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во ...
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска на 14. седница ги проследи на натамошна постапка во Собранието, двете Предлог-одлуки за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територија на државата. Едната предлог одлука се однесува на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на јужната и северната граница на државата (заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти) до 31 ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) согласно надклежностите, во делот на водењето на здравствената евиденција нема констатирано недостатоци, додека во делот на стручното работење на здравствените работници иницира формирање комисија за стручен надзор од страна на министерот за здравство, потврди попладнево за МИА, директорот на Инспекторатот, доктор Кирил Лазов. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ...