Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Фенербахче го победи Галатасарај со 2:0 вечерва во турскиот Суперкуп. Матео Гендузи го отвори резултатот во 28. минута. Тој се приклучи на турскиот клуб од Лацио на 8 јануари. Џејден Остерволде го дуплираше водството во 48. минута. Фенербахче го освои својот прв трофеј под водство на тренерот Доменико Тедеско. Тимот се изедначи со Бешикташ и Трабзонспор за најмногу победи во Суперкупот, со по 10 победи. Галатасарај останува рекордер на ...
До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во ...
Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е ...
Источен регион – Штип Во моментов нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање. Активностите за средување на коритото на Оризарска Река во Чешиново–Облешево ќе продолжат во понеделник. Поради претходните врнежи има зачестени одрони и свлечишта, особено на патниот правец Истибања – Делчево и кон граничниот премин. ЈП „Македонија Пат“ и СВР Штип ги одржуваат патиштата проодни. Скопски регион Нема нарушување на редовната ...
Во понеделник (12 јануари), со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина поврзана со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“. Општина Кочани информира дека заклучно со 11 јануари 2026 година активна е електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа ...
Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација. – Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето ...
Автобусот со кој членовите на машката ракометната репрезентација на Кипар се пренесувале од Талин во Пилва во Естонија, во пресрет на утрешниот натпревар, веројатно поради снегот, се превртел од патот, без посериозно повредени лица, единствено двајца членови на делегацијата потребно било да се пренесат во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од Кипарската ракометна федерација соопштија дека несреќата се случила во раните утрински ...
Францускиот фудбалер Темоје Бакајоко би можел да ја продолжи кариерата во Мец. Според „Л’Екип“, 31-годишниот Французин, кој стана слободен агент откако го напушти ПАОК минатото лето, е во преговори со клубот за враќање во Лига 1. Одбранбениот играч претходно во кариерата има настапувано за Милан, Челзи, Лориен, Рен, Наполи и Монако. Бакајоко одигра 341 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и девет асистенции. Post Views: 2 ...
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година, објави прес-службата на Норвешката фудбалска асоцијација. Дваесет и петгодишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред. Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 34 гола и пет асистенции. За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет ...
Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот. Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба ...
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ чие авторско дело е на Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“ – Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик. Со задоволство и гордост можам да кажам дека од печат излезе моето авторско дело- разгледницата посветена на областа Гора. Ваква разгледница за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 8 фотографии главно со македонски народни носии од ...
Од недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки. -Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски дeнеска во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата. „Одржав работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговаравме за предлог програмите за 2026 година. Дискутиравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор“, напиша министерот на Фејсбук. Тој посочи дека на средбата ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, претрпе оштетување на лигаментите на левата рака, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалните мрежи. Триесет и двегодишниот Американец според првичните прогнози ќе биде надвор од терените неколку месеци доколку му е потребна операција. Наскоро ќе му бидат извршени дополнителни медицински прегледи. Оваа сезона, Дејвис играше во 20 натпревари од регуларната сезона на НБА и веќе пропушти дел ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за играч на месецот во Ла Лига за декември, објави прес-службата на шпанското првенство. Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач ја освои наградата втор пат по ред. Претходно беше прогласен за најдобар во ноември. Во декември, Јамал одигра пет натпревари во Ла Лига и постигна два гола. Тој постигна девет гола и 11 асистенции во 22 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Post ...
Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Во општините Кочани и Штип, кај Оризарска ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Чехињата Каролина Мучова во полуфиналето во Бризбејн со 6:3 и 6:4. Меќот се одигра ноќеска и траеше 1 час и 30 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше две од осум брејк топки. Нејзината противничка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од четири шанси за топки. Во мечот за трофејот Сабаленка ќе ...
Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Дурант, се искачи на седмото место по број на поени во најсилната лига на светот – НБА. Рано утрово на гостувањето кај Портланд во поразот од 105:111, Дурант постигна 30 поени. Вкупниот број на поени во кариерата на Дурант сега изнесува 31.420 со што го надмина легендарниот центар Вилт Чемберлен кој застана на 31.419. Пред Дурант се: Дирк Новицки (31.560), Мајкл Џордан (32.392), Коби Брајант (33.643), Карл ...
Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, денес ќе разговара за враќање во клубот, објави „Sky Sports“. Солскјер би можел да го води клубот до крајот на сезоната 2025/26. Според британските медиуми, Мајкл Карик, кој е исто така кандидат за функцијата, веќе се сретнал со раководството на клубот. Солскјер го водеше Манчестер Јунајтед од 2018 до 2021 година, првично како привремен главен тренер, пред да ја преземе функцијата ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни. Како што информираат од ЈП Македонијапат на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Од ...
Минималните утрински температури се под нулата во повеќе места, со најниска измерена температура од -3 степени во Скопје-Петровец и Пожаране, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија и Ѓуриште измерени се -2 степени, -1 во Куманово, Кавадарци, Велес, Тетово, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Берово и Штип, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Mаврови Анови, Kрушево и Охрид, 4 во Претор и ...
сумкратниот победник во Светскиот куп во алпско скијање, Австриецот Марсел Хиршер, го заврши својот обид да се врати на патеката и да избори настап на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина. Триесет и шестгодишниот Хиршер минатата сезона се врати на професионалното скијање по петгодишна пензија и се натпреваруваше во Светскиот куп под холандско знаме, но по само три трки ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. ...
Јапонскиот фудбалски великан Казујоши Миура (58) изјави денеска дека речиси се откажал од враќањето во Џеј-лигата пред да потпише за Фукушима Јунајтед, изразувајќи надеж дека ќе придонесе со голови и асистенции во најновото поглавје од неговата кариера која им пркоси на годините. Миура, познат како „Кралот Казу“, минатиот месец потпиша договор со јапонскиот третолигаш, обезбедувајќи ја својата 41. сезона како професионален фудбалер. Овој ...
Калчолигашот Интер е заинтересиран за услугите на 18-годишниот крилен напаѓач на Сантос, Робињо Жуниор, кој е син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, јавија денеска италијанските медиуми. Иако Интер досега не испрати официјална понуда до Сантос, медиумите наведуваат дека италијанскиот гигант е подготвен да плати 22 милиони евра за потписот на Робињо Жуниор, кој беше во Италија за време на божиќните празници и го посети тренинг ...
Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Општина Кичево има за цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции, напиша премиерот Христијан Мицковски на својот фејсбук профил. Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и трошоците за ...
Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вечерва триумфираше над Украина со 31-26 (13-17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина замина на пауза со предност од 17-13. Почетокот на второто полувреме донесе поинаква ...
Англискиот репрезентативец Букајо Сака се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Арсенал, јави денеска „Скај Спортс“. Тековниот договор на Сака истекува во јуни 2027 година, но според британските медиуми, Арсенал му понудил нов договор со подобри услови што ќе го задржи во лондонскиот премиерлигаш до 2031 година. Дваесетичетиригодишниот Сака е производ на академијата на Арсенал и во изминатите осум сезони одигра 290 натпревари за ...
Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0. Голот за пласман во полуфиналето го постигна Илиман Ндијаје во 27. минута. Репрезентацијата на Мали во второто полувреме беше со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Ив Бисума. Во полуфиналето, Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска. Post ...
Арсенал е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата и има речиси 87 проценти шанса да стане нов англиски шампион, покажува најновата симулација на статистичката компанија Опта. Арсенал ремизираше 0-0 во четвртокот вечер во дербито со Ливерпул, но е лидер на табелата по 21 коло со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Според Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанса за освојување на титулата, додека Сити има 8,9%. Астон ...