Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот Бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката вообичаено тргна од црквата „Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Свештено лице го пренесе благословот од митрополитот повардарски Агатангел, до сите во Повардарската епархија. ...

Над 500 деца на возраст од 3 до 18 години годинава учествуваа на Бадниковата поворка што ја организира Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани. Подготвувани за празничниот настан близу еден месец, учесниците со празнични песни посветени на раѓањето на Богомладенецот, поминаа од кочанскиот храм, преку централното градско подрачје до Градскиот плоштад, каде што во Општина Кочани беа пречекани од градоначалникот Владко Грозданов. ...

Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата за делење бесплатен бадников посен оброк, што годинава по петти пат се реализираше во централното градско подрачје. Свештено лице присутно на настанот рече дека целта е да се израдуваат сите луѓе и да се покаже како вистински христијани, како треба во дела да се прославува нашата света православна вера. – Ова е голем ден, петти пат заедно со општествено одговорни ...

Одбележувањето на Бадник, денот пред Христовото раѓање, во дебарскиот регион не се разликува многу од другите делови на државава, но поради се помалиот број православни, веќе се губат некои традиции, како за овој, така и за другите православни празници. На трпезата за Бадник се поставува само посна храна, а секако неизоставен дел е погачата со паричка. – Погачата со паричка е задолжителна. На трпезата поставуваме, секој според можноста, но ...

Синоќешните коледарски огнови и утринските коледари го најавија Бадник кој во Битола денеска се слави од пладне до полноќ. Битолчани претпладнево од градскиот пазар купуваат овошје, костени и ореви за празничната трпеза, но и бадникови гранчиња кои ги поставуваат на влезната врата од домот. – Подготвени го дочекуваме празникот. Посните питулици, а јас ги подготвувам со лук, подготвени се за печење, а на трпезата ќе има гравче и посни сарми. ...

Православните христијани се подготвуваат за чествувањето на Божик – Исусовото раѓање. Во штипскиот и овчеполскиот регион пред големиот христијански празник верниците се подготвуваат за Бадниковата вечер. Вишиот кустос – етнолог во Музеј на град Штип и Заводот за заштита на споменици, Бети Иванова, која низ годините има истражувано на оваа тема, за МИА вели дека еден од најбогатите празници со обичаи во целиот новогодишен обреден комплекс, ...

Во кругот на семејството, со богата посна трпеза и молитва стружани го слават Бадник, денот пред Христовото раѓање. Денот почнува со празнична богослужба во храмовите, а потоа најмладите преку Бадникова поворка, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, одат низ улиците во градот најавувајќи го празникот и споделувајќи ја радоста за раѓањето Христово. Лидија Николовска од организацискиот одбор на Бадниковата поворка во Струга годинава очекува околу ...

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од Општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ. Како што соопштија од Општината, градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, ги пречекал коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подарил празнични пакетчиња и им посакал добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата. Тој ...

Репрезентацијата на Шведска ноќеска ја победи Чешка со 4:2 во финалниот натпревар на Светското првенство во хокеј на мраз за играчи до 20 години. Натпреварот се одржа во Сент Пол, САД. Каспер Јустовора Карлсон, Виктор Еклунд, Саша Бумедин и Ивар Стенберг постигнаа голови за Шведска. Адам Јиричек и Матеж Кубиша постигнаа голови за Чесите. Во полуфиналето на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз во 2026 година, Шведска ја победи Финска ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да настапи на претстојниот АТП турнир во Аделаида бидејќи сè уште не е физички подготвен. „За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи. ...

Манчестер Сити официјално објави вечерва дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол претрпел сериозна повреда на десната нога и ќе мора да се оперира. Гвардиола се повреди на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Челзи, поради што мораше да го напушти теренот. „Манчестер Сити може да потврди дека Јошко Гвардиол претрпе фрактура на тибијата на десната нога“, соопшти Манчестер сити, додавајќи оти хрватскиот фудбалер ќе ...

Јувентус ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го врати од Ливерпул напаѓачот Федерико Киеза, јавија денеска италијанските медиуми. Според истите извори, торинскиот клуб е заинтересиран за услугите на 28-годишниот крилен напаѓач, но преговорите се во рана фаза. Одлуката ќе зависи од ставот на Ливерпул, како и на самиот Киеза. Киеза играше за Јувентус од октомври 2020 до август 2024 година, по што му се приклучи на Ливерпул. Во сезоната ...

Раководството на Манчестер јунајтед ги разгледува Томас Тухел и Роберто Де Зерби како водечки кандидати за нов главен тренер на тимот. Според авторитетниот инсајдер Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, овие двајца фудбалски стручњаци се фаворити да го заменат Рубен Аморим доколку Манчестер јунајтед одлучи да го одложи назначување до лето. На 5 јануари, „Црвените ѓаволи“ го отпуштија Аморим, кој беше во клубот од ноември 2024 година. Тухел е селектор ...

Православните христијани вечерва го одбележуваат Бадник, а утре празнуваат Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Верниците од Охрид во духот на православието за Бадник подготвуваат посна семејна трпеза со риба, леб, мед, ореви, костени, посна сарма, домаќинот го пали бадниковото гранче, како симбол на светлина, здравје и благосостојба. На Бадник младите коледари одат од куќа до куќа да носат благослов и да пеат божикни песни. На Божик ...

Најзначајни во циклусот на зимските празници се Бадник и Божик. Верските празници во кумановскиот крај и понатаму се поврзуват со верувања за плодност и бериќет во домот, што се манифестира преку бадниковите гранчиња, коледарските песни, посната трпеза, лепчето со паричка и палењето на бадниковите огнови. -Фолклорот во Куманово и кумановскиот регион се препознава како живо културно наследство во кое се сочувани народните верувања, обредни ...

За Господ, за лозјето, за куќата, домаќинот и домаќинката, за децата. Вака тиквешани делат лепче со паричка за Бадник, а среќата многу често може да се падне и во лозјето. Тоа значи надеж за плодна гроздоберска година, добар пласман и солидна цена за грозјето. Всушност, лозарството, грозјето, виното и ракијата, маџунот, се неизоставен дел од долгата традиција на најголемиот лозаровинарски регион во државата. Тие се дел од обичаите и за ...

Во Пијанечкиот крај, Бадник е ден полн со мириси, вкусови и обичаи што се предавале од генерација на генерација. Ранка Трајановска, родум од Раловци, за МИА раскажува како се подготвувале домаќинките за празнување на Бадник, ден пред Божик. – Најпрвин ставаме слама под масата, ја постеламе со чаршав и палиме свеќа, свртена кон исток. На трпезата секогаш има баница, зелник, ‘царевица’, ‘шушелки’ – суви сливи, печенки, тиква, пиперна сол, ...

На ден Бадник во Тетово со неколку народни обичаи и разни видови активности се одбележува денот во пресрет на Христовото раѓање-Божик. Од 2017 година овие одбележувања почнуваат со Бадникарска поворка. Голем број деца се собираат во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ од каде по добиениот благослов од митрополитот г. Јосиф во 10 часот почнува поворката. Групата деца минува низ градските булевари и улици пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, а на ...

Со коледарски песни во утринските часови, традиционално, најмладите струмичани го најавуваат денот на раѓањето на Исус Христос. Домаќинките ги пречекуваат пред вратите на домовите и ги даруваат со скромни подароци, ситни пари, овошје и колачи. Повеќе години главен настан во одбележувањњето на Бадник во Струмица се традиционалниот Бадникарски концерт и Бадникарската поворка, кои ги организира Фондација „Елеуса“ во соработка со Струмичката ...

Португалскиот стратег Рубен Аморим, кому денеска му беше врачен отказ на клупата на Манчестер јунајтед, го напушта „Олд Трафорд“ како статистички најнеуспешниот тренер во ерата по Алекс Фергусон. Јунјатед, под водство на 40-годишниот Аморим, ја имаше својата најлоша сезона за повеќе од половина век и не избори пласман во европските купови само втор пат за 35 години. Португалецот е шестиот тренер на Јунајтед со долгогодишен договор, откако ...

Премиерлигашот Астон Вила сака да го донесе во своите редови напаѓачот на Манчестер Сити, Омар Мармуш (26), кој постигна само еден гол на 15 настапи оваа сезона, јавија денеска британските медиуми. Мармуш само три пати се најде во почетниот состав на Сити од почетокот на сезоната, двапати во Премиер лигата и еднаш во Лигата на шампиони. Египетскиот напаѓач го привлече вниманието на Манчестер Сити со своите одлични настапи за Ајнтрахт ...

Шкотскиот фудбалски гигант Селтик го отпушти денеска тренерот Вилфред Нанси, два дена по поразот од Глазгов Ренџерс (1-3). Четириесетиосумгодишниот Французин, кој го замени Мартин О’Нил минатиот месец, го предводеше Селтик до само две победи на осум натпревари. Селтик е второпласиран во шкотската Премиерлига со 38 бодови, шест помалку од лидерот Хартс. „Фудбалскиот клуб Селтик денеска објавува дека донесе одлука да го раскине договорот со ...

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија ги засили денеска своите редови со поранешниот младински репрезентативец на Косово, Дрилон Ислами. Дваесетипетгодишниот дефанзивен играч за врска доаѓа во Шкендија од редовите на романскиот прволигаш Клуж, откако претходно настапуваше за косовските екипи Феризај, Дрита и Приштина. Ислами е првото засилување во јануарскиот преоден рок во редовите на Шкендија, која денеска официјално ги стартуваше ...

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите. Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а останата програма, освен за Главната вечер, ...

Не можам да ја опишам возбудата која ја чувствуваме сите тука вечерва. Без разлика каде бев, не постои чувство што ќе ми го замени овој настан, пред домашната публика. Ова е мојата најголема гордост! Овој филм настана без идеја дека ќе стигне толку далеку и настана за нашата публика. Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ми е мило што го видовте денес сите, што допрва ќе го гледа цела Македонија, бидејќи планираме да има премиери и ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денес ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка. – Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го ...

Рубен Аморим повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, откако раководството на премиерлигашот денес му додели отказ на Португалецот. Привремено, трнеерската функција ќе ја врши Дарен Флечер, кој го водеше тимот до 18 години. Аморим беше во Манчестер Јунајтед од ноември 2024 година. Под водство на 40-годишниот Португалец, „Црвените ѓаволи“ стигнаа до финалето на Лигата на Европа во сезоната 2024/25, каде што загубија со 1:0 од Тотенхем во ...

Почина Георги Сталев Поповски (1930, с. Витолиште, Прилепско – 2025, Скопје) – поет, прозаист, драмски писател, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор. -Со жалење ве известуваме дека нашиот ценет колега, проф. д-р Георги Сталев Поповски почина на 30 декември 2025 година. Погребот е извршен на 3 јануари 2026 година, во кругот на семејството, соопшти денеска Деканатот на Филолошкиот факултет на УКИМ каде што Сталев се ...

И денеска по втор пат протестираа кумановци кои со години работеле во американски фирми во Ирак и Авганистан пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово, против ретроактивното оданочување од шестиот месец од 2020 година. Тие побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена, побараа институциите да ги признаат доказите пасоши, печати и потврди од работодавците, ...

Триесет и еден студент ќе користи стипендија од Општина Кочани за академската 2025/2026 година. Студентите стипендисти на Општината денеска ги потпишаа договорите за користење на стипендијата за академската 2025/26 година Градоначалникот, Владко Грозданов им ги додели договорите на студентите и им посака успех во понатамошното студирање. – Очекувам општинската стипендија, која од оваа година е со зголемен износ, да биде добра мотивација и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
44%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.57
48%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.58
84%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
58%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
66%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
58%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
36%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
38%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

350443.14

Платина

60154.05

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Злато

166450.52

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Калај

43.90

Бакар

10.68

Цинк

3.07

Алуминиум

3.18