Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и во Охридско, поради излевања реки, се дејствува со механизација. На подрачјето на Скопскиот Регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во општина Кочани е забележан значително ...

Се подготвува ски – стазата Михајлово, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница. -Покрај слабите природни врнежи, во ски – центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски – стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови ...

Последниот натпревар од 21.коло од Премиер лигата одигран синоќа меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без голови – 0:0. Нерешениот резултат на двата тима им донесе по еден бод, но љубителите на фудбалот очекуваа многу повеќе од лидерот Арсенал и шампионот Ливерпул. Домашниот тим имаше иницијатива во првиот дел и во финишот на дуелот, додека гостите ја контролираа играта во второто полувреме. Најзрелата шанса ја имаше бекот на Ливерпул Конор Бредли, ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао. Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2.минута донесе водство за својот тим, а во 55.минута му ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе достигне од три до девет степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...

На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на ...

Лидерот на Премиер лигата Арсенал според британските медиуми влегува во трка за трансфер на англискиот репрезентативец Марк Геи. Играчот летово беше пред премин во редовите на шампионот Ливерпул, но во последен момент на последниот ден од периодниот рок менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер го стопираше преминот. По повредите на последните дуели во редовите на Манчестер Сити на Јошко Гвардиол и Рубен Диас, „граѓаните“ покажаа сериозен ...

Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19, но тоа како да беше сигнал за македонските ...

Актуелниот европски шампион ПСЖ најверојатно во следната сезона ќе има нов тренер. Според француските медиуми шпанскиот тренер донел одлука да не го продолжува договорот со францускиот шампион. Понудата од клубот била и доживотен договор, па така на крајот на сезоната по истекот на договорот Енрике си заминува од Париз. Тој ланската сезона постигна брилијантни резултати со ПСЖ. Оваа негова одлука се поврзува со негово потенцијално заминување ...

Поради обилните врнежи од дожд на територијата на Републикава, заклучно до 18 часот, регистриран е зголемен водостој на реките, локални излевања и интервенции на надлежните служби во повеќе региони. -Во Штипско–Кочанскиот регион е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ – Кочани со механизација. Оризарска река е излеана кај село Грдовци, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата. -Во 17:35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат, информира МВР. Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај ...

Репрезентативците на Нигерија се подготвуваат за бојкот на саботниот дуел од четвртфиналето во АФКОН против Алжир. Нигеријците одбиваат да играат бидејќи не им се исплатени договорените бонуси за претходните натпревари од АФКОН. Ова не е првпат репрезентативците на Нигерија да се закануваат со бојкот. Тоа го направија во ноември ланската година пред дуелот од квалификациите за Мундијалот со Габон. Фудбалерите се во преговори со челниците на ...

Фудбалерите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првиот дел од подготовките ќе го одработуваат на својот тренинг центар, а потоа ќе следи делот во Анталија, Турција каде избраниците на тренерот Гоце Седлоски ќе одиграат и неколку натпревари. На стартот на подготовките недостасуваа африканските фудбалери. Во Сиде, Турција „црвено-црниот“ табор ќе замине на 13.јануари и ќе биде 21 ден, а планирано е да одиграат ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонија пат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои Попова Шапка, Стража, Маврово–Брод и Буково. И покрај ваквите временски услови, сите патни правци во моментов се проодни. Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на ...

Црвен крст на РСМ Општинска организација Кичево, во соработка со Општина Кичево во изминатите 24 часа обезбеди итна хуманитарна помош за евакуираното население. Како што сооопшти Црвениот крст обезбедени се душеци, ќебиња, креветчиња, облека, храна, вода, хигиенски средства, како и топли оброци. Во соопштението се потсетува дека поројните врнежи од дожд и эполемениот водостој на реките предизвикаа поплави на населени места и плодни површини ...

Обилните дождови што во изминатите денови беа присутни во поширокиот дебарски регион предизвикаа зголемување на дотеците на вода во реките Радика и Гарска Река, како и пораст на нивото на Дебарското Езеро. Сепак, поради конфигурацијата на теренот, на ова подрачје нема опасност од поплави. -Засега нема никакви проблеми предизвикани од интензивните врнежи од дожд, кој услови зголемено нивото на Радика и Гарска Река, а со самото тоа и во ...

Треј Јанг сака да ја продолжи кариерата во Вашингтон визардс. Се чини дека времето на Треј Јанг во Атланта завршува. Според инсајдерот Шамс Чаранија, играчот веќе го направил својот избор: доколку биде продаден, тој го гледа Вашингтон како најатрактивна опција за продолжување на кариерата. Атланта работи на размена на Јанг. Поради повреди, 27-годишниот плејмејкер одигра само 10 натпревари оваа сезона. Тој има просек од 19,3 поени и 8,9 ...

Фудбалерот Тијаго Силва го коментираше неговото враќање во Порто. Четириесет и едногодишниот Бразилец потпиша договор со португалскиот клуб до крајот на јуни 2026 година, со опција за продолжување на договорот за уште една година. – Поминаа повеќе од 20 години, но се чини како да беше вчера кога бев тука. Се вратив во овој прекрасен клуб и во градот каде што започна мојата европска авантура. Тоа е место кое можам да го наречам дом. Со ...

Актуелниот договор на играчот од средниот ред Ленарт Карл со Баерн Минхен автоматски ќе стане професионален кога ќе наполни 18 години следниот месец. Неговиот тековен договор е до 2029 година. Според „Билд“, Баерн Минхен сака да го продолжи договорот на играчот до 2031 година, заедно со зголемување на платата. Неговата моментална плата од 1-2 милиони евра годишно ќе се зголеми на 5-7 милиони евра. Оваа сезона, 17-годишниот Германец одигра 22 ...

Центарот за култура-Битола почнува со серијал музички концерти, а првиот ќе биде одржан вечер, најави Сашо Илковски, директор на таа национална установа. Во големата сала на НУ Центар за култура за вечер е предвиден „Божикен концерт“, а на 24 јануари во Битола ќе гостува хрватскиот уметник и актер Раде Шербеџија, посочи Илковски. – НУ Центар за култура-Битола како добар домаќин на сите креативни проекти продолжува со ланското темпо. На 24 ...

Некои од песните кои оставиле незаборавен белег во музичката индустрија, оваа година полнат 40 години. Тие и понатаму привлекуваат внимание на слушателите, вклучувајќи ја и помладата публика. Една од нив е „Живеејќи со молитва“ на групата Бон Џови. Како нивно првенче песната се најде на првото место на „Билборд“ („Billboard“) листа на најпопуларни рок- песни, како и за „најхит“ на „Билборд хот“ (Billboard Hot) 100 листата. Во 2013 година, ...

Возачот на Кадилак, Серхио Перез го критикуваше пристапот на Ред Бул кон своите возачи. Тој го сподели своето искуство додека беше дел од Ред Бул и клупски колега на Макс Верстапен. – Кристијан Хорнер, поранешниот извршен директор на тимот на Ред Бул беше брутално искрен со мене за време на нашиот прв разговор. Тој рече: „Имаме два автомобила затоа што тоа е она што мора да го направиме. Но, овој проект е создаден за Макс – тој е нашиот ...

За првпат во својата кариера легендата на НБА лигата Леброн Џејмс може да остане без индивидуално признание. Тоа ќе се случи доколку пропушти уште само еден натпревар. Според регулативите за еден играч да биде во конкуренција за индивидуална награда мора да одигра 65 натпревари од 82. Леброн Џејмс го „пропушти“ дуелот со Сан Антонио и веќе има 17 „отсуства“, а тоа значи дека ќе мора да игра на сите натпревари до крајот на регуларниот дел од ...

Рома и Атлетико Мадрид се во преговори за трансфер на напаѓачот Џакомо Распадори. Според инсајдер Фабрицио Романо, клубот од Рим сака да го позајми напаѓачот за 1,5 милиони евра со опција за откуп за 20-23 милиони евра. Мадридскиот тим е подготвен да ги прифати условите. Дваесет и петгодишниот Италијанец одигра 15 натпревари во сезоната 2025/26, постигнувајќи два гола и три асистенции. Во својата кариера, Распадори има настапувано и за Наполи ...

Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште. Post Views: 4 јануари 9, 2026 Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села Бараково и ...

Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен. Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. -Нашите екипи се на терен и ...

Поради електронско внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментално е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар. -Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија. Премиерот ја поздрави реализацијата на проектот и нагласи дека Владата интензивно работи на комплетна стратегија и план за финансирање во делот на детската заштита посочувајќи дека ...

Општина Свети Николе објави два јавни повици со цел прибирање, архивирање и промоција на културното и историското наследство, како и унапредување на туристичкиот развој на општината. Првиот јавен повик се однесува на доставување предлози и податоци за настани, манифестации, јубилеи и истакнати личности кои имаат значење за културниот, традиционалниот, верскиот и општествениот живот во Општина Свети Николе. Вториот јавен повик е наменет за ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.42
80%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
66%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
31%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
54%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Калај

43.91

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Сребро

2179.44