Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови. ...

Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени, -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7, во Гевгелија – 5 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во ...

Македонската опера и балет вчера и денеска, од 20 часот, го организира традиционалниот концерт по повод празникот Василица, годинава насловен „Диско вечер“, со програма која ги претставува во современа интерпретација најпознатите диско и поп хитови од 1970-тите и 1980-тите години. Публиката ќе има можност да ги слушне делата на светски признати автори и изведувачи како Глорија Гeјнор, Дона Самер, АББА, Би Џис (Bee Gees), Мајкл Џексон и многу ...

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во светот. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Се верува дека преку маските Василичарите го ...

Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги очекуваат настапите во домашните натпреварувања, но и во главната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ се лидери на табелата во првенството и мотивирани влегуваат во зимските подготовки. – Сите знаеме дека првиот дел беше добар. Но, сега ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а игра во Европа и Купот. Многу работа е пред нас. Имаме некои кои се ...

Дисциплинската комисија на ФИФА одреди нова казна – парично е казнет фудбалскиот сојуз на Црна Гора со 46.500 швајцарски франци поради инцидентот на навивачите на дуелот со Хрватска од квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот беше одигран на 17.ноември во Подгорица, а Хрватска победи со 3:2, иако домаќинот водеше со 2:0. Во соопштението се наведува дека 1.500 франци е казна за фрлање предмети на теренот, додека 25.000 франци за ...

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело ќе потпише договор со Барселона. 31-годишниот фудбалер ги мина лекарските прегледи и се очекува утре да потпише договор и да биде претставен како нов играч на „каталонскиот клуб“. Ова всушност е негово „враќање“ во Барселона откако во сезоната 2023/24 настапуваше во Барселона како позајмен играч. Во Барселона тој доаѓа од Ал Хилал. Во својата кариера португалскиот репрезентативец има настапувано за ...

Англискиот фудбалер кој настапува за Атлетико Мадрид Конор Галагер е пред враќање во Премиер лигата. Играчот не е во комбинациите на тренерот на Атлетико Диего Симеоне, со што значи дека постои варјанта за враќање. Интерес веќе има кај екипата на Астон Вила, а менаџерот Унаи Емери бара играчи во ротација особено што екипата се наоѓа при врвот на табелата. На Галагер сметаат и во Тотенхем, екипа која е во долниот дел од табелата. Галагер ...

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл на повеќе од четири билиони долари. Оваа соработка ќе се фокусира на радикално унапредување на асистентот на Епл, Сири, чија нова верзија се очекува подоцна оваа година, пренесува Си-Ен-Би-Си. Епл истакна дека по ...

Легендарниот јапонски ски скокач Нориаки Касаи ќе се натпреварува на 54.годишна возраст. Тој ќе се појави на натпреварувањето кое ќе се одржи претстојниот викенд на скокалницата Сапоро. Касаи обезбеди место во јапонската репрезентација. Јапонија како домаќин на натпреварот има право на повеќе натпреварувачи, а на тој начин Касаи доби прилика да се натпреварува. Во својата кариера има 17 победи на натпреварите, 63 пати се искачил на ...

Почетокот на преодниот рок (зимски) повторно актуализираше дел од потенцијалните трансфери. Според шпанските медиуми напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е можно да направи трансфер во екипа од Премиер лигата. Челзи е екипата која е подготвена да понуди 150 милиони евра, а со тоа ова би бил трет најголем трансфер на сите времиња, по премините на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони евра) и Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ (180 милиони ...

Изложба на фудбалски дресови на успешни тиквешки и македонски таленти, беше отворена вечерва во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Изложените дресови се дел од колекцијата на Николчо Делов, посветена на спортските успеси, пријателствата и човечките приказни што произлегуваат од Тиквешијата и пошироко и го освојуваат светот. -Претставени се 50 автентични спортски дресови од фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и пингпонг – ...

Реал Мадрид го отпушти досегашниот тренер Чаби Алонсо, а на негово место ќе биде Алваро Арбелоа. Отказот стигна по поразот во финалето во шпанскиот Супер куп од Барселона. Инаку, Алонсо на клупата на „кралскиот клуб“ дојде летово од екипата на Баер Леверкузен. Во соопштението не е наведено кои се причините за прекинот на соработката, но никој не беше задоволен од резултатите, а Алонсо имаше недоразбирања и со играчот Винисиус. Новиот тренер ...

Состојбата предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег на територијата на целата држава се следи и е стабилна, оцени вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолски регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за ...

о Драмскиот театар во Скопје од 14 до 17 јануари ќе се одржуваат „Деновите на претстави од независна продукција“, каде ќе се играат претставите на четири независни продукции. Како што информираат од Драмски театар, на сцените „Ристо Стефановски“ и на Малата сцена ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од ...

Селото Ѕвегор во општина Делчево и годинава ќе биде домаќин на една од најстарите и најавтентични традиционални манифестации во источна Македонија – „Ѕвегорска Сурова 2026“, која ќе се одржи на 14 јануари, на денот на Старата Нова година. Станува збор за вековен обичај што се пренесува од колено на колено со цел симболично истерување на злото и повикување на здравје, среќа и бериќет во новата година. Како што информираат кумовите на обичајот, ...

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска за МИА портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа д-р Славица Нешова Пановски. Таа потенцира дека постојано имаат ...

Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи Куманово. Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, неземајќи ги предвид реалните ...

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства. Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години ...

Средниот бек на македонската ракометна репрезентација, Марко Митев, ги искажа очекувањата за претстојниот натпревар со Данска во 1. коло на Европското првенство 2026. – За четири дена почнуваме со настапите на Европското првенство. Фокус е на првиот наш натпревар, против Данска. Тие се фаворити, но ние ќе го дадеме максимумот во обид да избориме добар резултат. Ни останува добро да се подготвиме до натпреварот, како тактички, така и колку што ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали напаѓачот Габриел Мартинели, кој вчера постигна хет-трик во натпреварот од третото коло на ФА Купот против Портсмут (4:1). – Тој е лик кој зборува за себе на теренот. За да играте за голем клуб, ви треба силен карактер. Можеш да пропуштиш шанса или да направиш грешка што те чини натпреварот, а потоа три дена подоцна имаш уште еден натпревар, па мора да се кренеш и да се докажеш. Денес постигна три ...

Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и в среда ќе се одржува на улиците во Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски. Забавниот дел од манифестацијата почнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“. Традиционално, забавата ќе продолжи утревечер со фолк-музика за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со ...

На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Како што информираат од издавачката куќа Арс Ламина, пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова ...

Издавањето на првата „Барбика“ со аутизам е поздравено од активистите и добротворните здруженија како чекор кон „поавтентична, а радосна“ претстава за деца со невродивергентни нарушувања. Новата кукла има специфични дизајнерски решенија со цел да одразат некои искуства со коишто би можеле да се поврзат лицата со аутизам. Тие вклучуваат лабава облека за да се обезбеди помал контакт ткаенина-кожа и поглед малку настрана, за да се претстави ...

Со инвестиција речиси 30 милиони денари се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница. – Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици ...

Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години. – Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат ...

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Марио Балотели, се приклучи на Ал-Етифак од Дубаи, објави прес-службата на клубот. Триесет и петгодишниот фудбалер потпиша договор на две и пол години. Балотели ќе игра надвор од Европа за прв пат во својата кариера. Напаѓачот ја напушти Џенова во летото 2025 година. Претходно играше за турскиот Адана Демирспор, швајцарскиот Сион, италијанските клубови Монца, Милан и Интер, англиските ...

Научниците успеаја првпат „да подмладат“ човекови јајце-клетки. Тоа би можело значително да ја зголеми стапката на успех на ин-витро оплодувањето (ИВФ) кај повозрасни жени, покажаа најновите резултати од истражувањето. Експериментот посочува дека дефектите поврзани со возраста, коишто предизвикуваат генетски грешки кај ембрионите, можат да се намалат со додавање на протеин Шугошин 1) во јајце-клетките. Во испитувањата врз јајце-клетки ...

Ирската ѕвезда Џеси Бакли доби „Златен глобус“ за најдобра женска улога за нејзината улога на Агнес Хатавеј – Ана, сопругата на Вилијам Шекспир, во „Хамнет“. Истовремено, Стивен Грејм, Овен Купер и Ерин Доерти ја почнаа својата победничка низа на мини серијата „Адолесценција“ (Adolescence), бидејќи сите тие обезбедија награди. Грејм ја има најдобрата машка улога во мини серија, Купер – најдобрата споредна машка улога, а Доерти најдобрата ...

Пред девет години, анонимен автор на Јутјуб објави видео со наслов „Камин- 10 часа“ (Fireplace 10 hours). Станува збор за десет часа непрекината снимка од пламен во камин, проследена со звукот на пукање на дрвата, без нарација или музика. Овој видеозапис и денес останува единствената содржина на тој канал, но сепак, токму тој донел заработка од меѓу 1 и 1,2 милиони долари од реклами во период од речиси една деценија. Каналот во моментов има ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
58%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
84%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
68%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
51%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
65%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
47%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Бакар

10.65

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00